-
Грофот Магнус и други приказни за духови
0349,00 денМонтегју Роудс Џејмс (1862 – 1936) е еден од најпознатите автори на хорор-приказни во светот и „татко“ на модерната приказна за духови на англиски јазик. Медиевист по професија и долгогодишен професор на Кембриџ, тој е најмногу запаметен по неговите приказни за духови кои се читаат до ден-денес.
Стари цркви и палати; пронајдени стари ракописи, дневници и приказни; студените предели на Скандинавија и мирните пејзажи на Англија; духови и демони од непознато потекло и со мистериозни намери. Такви се морбидната атмосфера и тивкиот ужас што провејуваат низ овие приказни во кои вешто ни се обзнанува хоророт скриен зад обичното секојдневие.
Оваа збирка ги содржи неговите најпознати раскази, некои од нив веќе класици на жанрот: „Бројот 13“, „Грофот Магнус“, „Опседнатата куќичка за кукли“ итн. Таа претставува основно четиво за секој вистински љубител на хоророт и на духовите, но и на мајсторски напишаната кратка проза.
-
Авантурите на лошото девојче
0500,00 денТаа секој миг може да исчезне не кажувајќи збогум.
Рикардо е опсесивно вљубен во една необична девојка која постојано исчезнува и ненадејно се појавува. Луд по неа уште од тинејџерските години, влегува во еден маѓепсан круг од кој не сака да излезе. Како и да се појави, како жена на француски дипломат, како љубовница на мистериозен јапонски бизнисмен или како сопруга на богат Англичанец, Рикардо жедно ја прифаќа поканата на неодоливата измамничка.
Ќе дознае ли некогаш која е таа навистина? Тешко прашање, исто како и дилемите околу идентитетот, и личниот и националниот. Сите ликови расфрлени низ светот како семиња на ветер, опседнати со своите амбиции и желби, се луѓе кои се борат за своите идеали, подготвени да го сменат својот идентитет како да облекуваат нов костум.
Во својот обичен живот во саканиот Париз, во свет на лаги и брзи промени, Рикардо не престанува да го очекува враќањето на своето лошо девојче. Ќе паднат ли на крај маските и ќе се открие ли вистинското лице на љубовта?
„Приказна која опфаќа децении и континенти, раскажана со таква умешност што се граничи со вешто премостување на личното и универзалното.“
Сан Франциско кроникал
-
Дебитант
0350,00 ден„Дебитант“ е совршен, смртоносен отров, кој не остава траги.
Неговиот создател, хемичарот Калитин, работел во тајната советска лабораторија, но по распаѓањето на Советскиот Сојуз избегал на запад. Потполковниот Шершнев добива наредба да го отруе предавникот со истиот отров што тој го создал…
Трилерот „Дебитант“ е книжевна студија за отровите како алатка на советските и руските разузнавачки служби, а истовремено брилијантна проза за современиот Фауст, кој му ја продал душата на ѓаволот, како и за вечните теми: суштината на доброто и злото, врската меѓу творецот и неговата творба, науката и моралот.
-
Правило против убиство
0500,00 ден#4 АРМАНД ГАМАШ
Во екот на летото, брачниот пар Арманд и Рен-Мари Гамаш ја слават својата годишнина во „Маноар Белешас“, изолиран, луксузен хотел недалеку од селото Три Пајнс. Но, тие не се сами. Семејството Фини – богато, културно и угледно – исто така пристигна на своја прослава.
Прекрасниот „Маноар Белашас“ е можеби опкружен со природа, но има нешто неприродно што демне. Како што се вжештува атмосферата и се приближува дожд, на семејната средба се појавуваат некои изненадувачки гости, а страшната летна бура остава зад себе мртво тело.
Главниот инспектор Гамаш треба да открие долго закопани тајни и омраза скриена зад љубезни насмевки. Потерата го носи во Три Пајнс, во темните агли на сопствениот живот и, најпосле, до грозоморна кулминација.
-
Волга, Волга
0450,00 денУште еден фантастично напишан роман од Миљенко Јерговиќ!
Секој петок, Џелал Пљевљак патува 116 километри со својата црна волга, од Сплит до Ливно. Оди во џамија и се враќа назад. И така едно 15 години. И кога мисли дека веќе ги познава секое дрво и секоја куќа покрај патот, му се случува нешто што ќе му го смени животот засекогаш. Го зафаќа типична босанска снежна бура и патот ќе го навее во селото Фатуми.
Пет години подоцна, 1993, во текот на најсуровиот дел од војната во Босна, еден неименуван документарист се обидува да ја реконструира приказната со која јавноста опсесивно се занимавала до не толку одамна. Приказната за човекот кој станал последна и најголема ѕвезда во историјата на црните хроники на овие простори.
Потресната животна сторија за осаменоста е поделена во три дела и е доволно загатлива за да го вовлече читателот во себе, но исто толку отворена за да не може да се остави и да се излезе од неа. Јерговиќ повторно си игра со документите, си игра со перспективите, со точките на гледиште. Не се знае докрај кој ја зборува вистината, што е вистината, кој има право, има ли виновници воопшто. Ова е свет со комплексни ликови во кој е сѐ дозволено и е сѐможно, свет во кој човековата природа е внимателно истражена и е длабоко нурнато во темниците на човековиот ум.
-
Една од оние ноќи во Малибу
0350,00 денТоа беше само една од оние ноќи во Малибу, темна како прекривка од кадифе, кремави бранови кои се уриваа на брегот…
Но, кога приватниот истражувач Мек Рeјли го слушна крикот на една жена меѓу звуците на брановите, неговиот едноставен животен стил засекогаш се смени. Една прекрасна, но вознемирена жена стоеше на вратата од една убава куќа на плажата. Во раката држеше пиштол, директно вперен кон него… Мек, едвај, го избегна куршумот. Која е таа жена?
Полна со описи кои се заштитен знак на Елизабет Адлер, заверите и неверојатните ликови, “Една од оние ноќи во Малибу” е книга која се чита во еден здив.
-
Жртва 2117
0550,00 ден#8 СЕКТОРОТ Q
Застрашувачка меѓународна истрага ја открива сложената животна приказна на еден од членовите на одделот за нерешени случаи – загадочниот Асад.
Весниците го нарекуваат мртвото тело само „Жртва 2117“, две илјади сто и седумнаесеттиот мигрант што го загубил животот во Средоземното Море.
Но за тројца луѓе, жртвата е многу повеќе, а нејзината смрт поттикнува низа настани, кои Секторот Q, предводен од инспекторот Карл Морк, го фрлаат во длабоко опасен и прилично личен случај, кој не само што открива мрачни тајни за минатото туку и смртоносни последици за иднината.
За едно психички нестабилно момче од Данска, смртта на Жртвата 2117 станува симбол на сѐ што мрази и е совршен изговор да ги ослободи своите убиствени нагони. За Галиб, суров мачител од озлогласениот затвор Абу Граиб, смртта на Жртвата 2117 е првиот чекор во терористичка завера, планирана со години. А за Асад, Жртвата 2117 е врската до неговото закопано минато и до своите најблиски кои ги сметал за одамна мртви.
-
Големи лаги во мал град
0500,00 денЧејмберлен, докажан раскажувач на неверојатни приказни, ги држи читателите во неизвесност со приказна што ги поврзува историјата и сегашноста со романса и мистерија.
Северна Каролина 2018 година: Поради злосторството што не го сторила, животот на Морган Кристофер се менува целосно. Нејзиниот сон за уметничка кариера е ставен во мирување, додека еден мистериозен посетител не ѝ даде понуда што ќе ја ослободи од затворот. Нејзината задача е да реставрира еден стар мурал пред платото на поштата во едно мало заборавено гратче. Морган не знае ништо за реставрација, но, очајна за да биде слободна, таа прифаќа. Она што таа го наоѓа под слоевите од нечистотија е слика што раскажува приказна за лудилото, насилството, заговорот и тајните на тоа мало гратче.
Северна Каролина, 1940 година: Ана Дејл, уметник од Њу Џерси, победи на националниот натпревар за сликање мурал за поштата во Идентон, Северна Каролина. Поради големата потреба од работа, таа прифаќа да го слика муралот. Но, она што таа не го очекува е дека ќе се најде во град каде што предрасудите се преголеми, каде што луѓето кријат тајни зад затворени врати и каде што цената за различноста може да заврши со убиство. Што се случи со Ана Дејл? Дали трагите се кријат во насликаниот мурал? Може ли Морган да ги надмине сопствените демони за да ги открие големите лаги?
„Роман за уметноста и тајните… беспрекорно раскажан… со шокантен крај.“ – „Пипл”
-
13 минути
0490,00 денПрогласена „најдобра книга“ за млади за 2016 година од ТЕЛЕГРАФ.
Не се сеќавам како завршив во студената вода, но ова со сигурност го знам: тоа не беше несреќен случај. Велат, чувајте ги пријателите блиску до Вас, а непријателите уште поблиску, но понекогаш е тешко да препознаете непријател меѓу пријателите. Моите пријатели ме сакаат. Сигурна сум дека е така. Но тоа не значи дека не се обидоа да ме убијат…
“13 минути” е роман за една возбудлива мистерија околу еден обид за убиство, за недовербата меѓу луѓето, за стравот, за манипулацијата и за моќта на вистината. Содржина која едноставно Ве тера да ги преиспитате сите Ваши врски – и дали навистина ги познавате луѓето што Ве опкружуваат…
-
Сето тоа ќе ти го дадам
0650,00 денМрачни семејни тајни, убиства, измами и вечната потрага по вистината сместени во прекрасно опишаниот лозарски крај на Галиција.
Познатиот писател Мануел Ортигоса добива известување дека неговиот сопруг Алваро Муњис де Давила загинал во сообраќајна несреќа во Галиција кога всушност требало да биде на службен пат во Барселона. Се упатува таму и открива дека истрагата за случајот е затворена, а човекот со кој бил во брак петнаесет години криел од него дека потекнува од богато благородничко семејство и дека тој му е единствениот наследник.
Растргнат помеѓу болката од загубата и од сознанието за двојниот живот, сака да избега веднаш по погребот. Но го задржува Ногеира, полицаец во пензија, кој се сомнева во околностите за смртта на Алваро исто како и за друг смртен случај во неговото семејство, за кој мисли дека бил прикажан како несреќен случај. Заедно со свештеникот Лукас, кој му бил најдобар пријател на загинатиот од детството, го наведуваат Мануел да започне истрага за ненадејното патување на Алваро во Галиција и за неговиот таен живот. Ја почнуваат потрагата по вистината во место во кое старите обичаи и верувања се длабоко вкоренети и место што крие многу тајни.
-
Авантурите на Шерлок Холмс
0390,00 денКралот на Бохемија е уценет од својата претходна љубовница; свршеникот на една млада дама ненадејно исчезнува на денот на венчавката; црвенокос господин се наоѓа во крајно бизарна ситуација што не може да ја разбере; млада девојка е загрижена за својот живот откако сестра ù мистериозно умира. Само еден човек има одговор на сите овие мистерии, а тоа е секако Шерлок Холмс.
Книгата „Авантурите на Шерлок Холмс“, објавена во 1892 година, е првата збирка раскази за ненадминливиот лондонски детектив и неговиот помошник д-р Вотсон. Оваа збирка содржи некои од најпознатите раскази на Артур Конан Дојл, меѓу кои се вбројуваат „Скандал во Бохемија“, „Сојузот на црвенокосите“ и „Лентата со точки“.
-
Најсвирепиот месец
0500,00 ден#3 АРМАНД ГАМАШ
Велигден во Три Пајнс е време на црковни служби, потрага по јајца и сеанси за воскреснување на мртвите.
Група пријатели одат во старата куќа на Хадли, ужасот на ридот, за конечно да се ослободат од злите духови што го измачуваат селото со децении. Но, наместо да се ослободат од духот, тие создаваат нов. Еден од пријателите умира од страв. Или сепак се работи за убиство? Тогаш се појавува главниот инспектор Арманд Гамаш со својот тим од полицијата во Квебек. Додека ги разоткриваат слоевите нечистотија што ја покриле опседнатата куќа, сфаќаат дека злото не е само таму. Еден од навидум љубезните селани е воден од исто такво зло.
Велигден во Три Пајнс е време на повторно раѓање, особено кога природата се буди. Но тогаш се буди и нешто друго, нешто неубаво. И веќе е јасно дека за да се случи повторно раѓање, прво мора да има смрт.
-
Се што чуваме
0330,00 денЕјми Тирни го има вистинскиот рецепт за совршен живот: да се омажи за нејзината прва љубов од детските денови, да основаат семејство и да го откупи ресторанот на родителите. Но, кога нејзиниот свршеник, Џејмс Донато, ненадејно исчезнува во бродска несреќа, нејзината визија за светла иднина заедно со него исчезнува во морето. Наместо да чекорат кон олтарот на нивниот свечен ден, Ејми се наоѓа на неговиот погреб – настан што ја остава крајно вознемирена.
Во обидот да си го обнови сопствениот живот, Ејми сè подлабоко се впушта во разоткривање на случката со исчезнувањето на Џејмс. Открива море од тајни што ја тера да се сомнева во сè што граделе заедно. Токму под површината се наоѓа вистината што може да ја ослободи Ејми… или да ја уништи засекогаш.
„Сè што чуваме“ е дебитантски роман на Кери Лонсдејл и прв од трилогијата „Сè“. Во него се обработуваат темите на очајот од загубата, еуфоријата од новото вљубување и нештата што го забрзуваат пулсот при налетот на вистината за драгите личности и на што сè се подготвени тие за да нè заштитат.
-
Се што даваме
0390,00 денПреполн тензија, мистерија и романса, последниот роман од трилогијата на Кери Лонсдејл, „Сè што даваме“, носи моќна завршница на возбудливиот серијал за љубовта, лагите и тајните што ги чуваат семејствата.
Наградуваниот фотограф Ијан Колинс прави само една грешка во животот, што ја чини слобода неговата мајка и уништено семејство, оставајќи го сам да се грижи за себе. Со години тој е разделен од татко му, а на мајка му ù се губи секаква трага. Сè додека тој сам не тргне во потрага по неа.
Денес, се чини Ијан има сè што отсекогаш посакувал – национална слава како фотограф, својата сакана сопруга Ејми и нивната обожавана ќерка Кети. А сепак, како да му недостигаат само две нешта: да се појави во „Нешнел џиографик“ и да ја пронајде мајка му. Кога познатото списание му понудува проект од неговите соништа, во истиот ден се појавува поранешниот свршеник на Ејми – Џејмс, кој му пренесува важна порака и остава белег на неговиот брак. Ијан мора да направи избор: да ја зграпчи посакуваната работна задача или да се поврзе со мистериозната жена која можеби го има клучот од разрешницата на неговото неспокојно минато. Но, влоговите се преголеми, затоа што Ијан може да го загуби она што му е највредно: неговото семејство.
-
Детето што сакаше елени
0450,00 ден#3 Миа Кригер и Холгер Мунк
Зима е, 1996 година. Еден пензионер вози низ планините со својот автомобил. Одеднаш забележува нешто пред себе и нагло закочува. Фаровите фрлаат светлина врз снегот на патот каде што стои преплашено дете со помодрени усни и со еленски рогови на главата.
Четиринаесет години подоцна, во планинското езеро недалеку оттука, пронајдена е мртва девојка. Во балетски костим, а близу до неа стои и фотоапарат на статив. За една недела ќе се случат уште две убиства. Убиецот остава насоки за полицијата што ги водат во игра во која не може да победат.
-
ДЕВОЈКИТЕ ШТО ГОРАТ
0500,00 денЕксплозивен трилер од авторката на „Човекот од креда“ за селцето Чепел Крофт кое крие тегобни тајни. Пред 500 години во него на клада биле изгорени осум протестантски маченици. Пред 30 години без трага исчезнале две тинејџерки. А пред два месеца се самоубил капеланот. Постои ли некаква поврзаност меѓу нив, и дали навистина местото е опседнато?
Новиот капелан Џек Брукс, самохрана мајка која и самата бега од своето мрачно минато, се надева дека ќе најде мир и одново ќе го започне животот. Но кога од непознат праќач ќе добијат за добредојде стар комплет за егзорцизам, скромната куќа и немањето интернет се најмалите грижи со кои се соочуваат таа и нејзината 14-годишна ќерка.
Колку повеќе се запознаваат со чудните жители, сомнежот и стравот им се продлабочуваат. Зашто откривањето на вистината во село во кое сите се поврзани со крвавото минато и никој не им верува на дојденците – може да биде смртоносно.
„Хипнотизирачки и застрашувачки… Најдоброто од Тјудор што ме натера да спијам со запалена светилка.“
Крис Витакер