-
Последниот воз за Истанбул
0220,00 денОД ИСТАНБУЛ И МАЈСЕЈ, АНКАРА И КАИРО ПА СЕ ДО ПАРИЗ И БЕРЛИН, ОВА Е ПРИКАЗНА ЗА ЉУБОВТА И БЕГСТВОТО, ИСПРЕПЛЕТЕНА СО ИСТОРИЈАТА НА ЕДЕН ОД НАЈРАЗБРАНУВАНИТЕ ПЕРИОДИ ВО ЕВРОПА…. ,, Кога Селва, ќерката на еден од малубројните преостанати отомански паши, се вљуби во Рафаел, младиот Евреин, нејзиното семејство му се противи на бракот и ја отфрла. Решени да започнат нов живот, Селва и Рафаел заминуваат за Франција, меѓутоа, среќата и таму им го врти грбот.Почнува Втората светска војна, а младите љубовници ќе бидат вовлечени во ужасите на Хитлеровата идеологија. Додека нацистичката мрежа се стега околу нив, тие живеат во постојан страв дека ќе бидат фатени и испратени во концентрационен логор. Во исто време Турција и очајнички се обидува да избегне да биде вовлечена во војната, внимателно балансирајќи меѓу силите на Оската и Сојузниците….” Проткаена со волшебните мириси на Истанбул и мистичната атмосфера на Истокот, ова е приказна посветена на сите обични луѓе, неопеани херои кој заради идеалите ги ризикуваа животите.
-
Тито, мојот претпоследен херој
0350,00 денПочувствував силен удар. Човек во темен костум и црни очила влета во зградата и ме залепи со влезната врата за портирницата. Викаше „Место за Другарот!“ и го расчистуваше теренот. По него втрчаа уште неколку слични типови кои беа претходница на еден круг од неколку лекари во чијашто средина се наоѓаше човек во болничка количка.
И знаев кој е, не можеш да не го препознаеш, кога си навикнат да те гледа од секоја просторија, дома, во школо, во војска, на работа, но тоа не значеше дека мозокот тукутака прифати и дека не бев како удрен од сознанието. Другарот Тито.
-
Последна станица Аушвиц
0350,00 денНеверојатна приказна за страдањето и преживувањето на еден затвореник во Аушвиц, интернационален бестселер и единствената книга целосно напишана во логорот.
Еди де Винд, холандски лекар и психијатар, бил испратен во Аушвиц со својата сопруга Фридел во 1943 година. Тие го поминале бруталниот процес на селекција и биле работно ангажирани. Секој ден, секоја минута станале битка за опстанок. За Еди, ова значело преговори со непредвидливите чувари во болничкиот блок. За Фридел тоа значело избегнување на нацистичките варварски експерименти.
Како што се приближувал крајот на војната, нацистите избегале, водејќи со себе многу затвореници. Еди се скрил под куп стара облека и останал во логорот.
Наоѓајќи бележник и молив, тој во наплив на инспирација почнал да пишува за своите искуства. Резултатот е „Последна станица Аушвиц“, извонредна приказна за животот како затвореник, запис за борбата за преживување, но и за треперливите моменти на радост што Еди и Фридел ги наоѓале еден во друг. Документирајќи ги најдоброто и најлошото од човештвото, ова е уникатна и безвременска приказна што нè потсетува на она за што сме способни како луѓе, но и дека има надеж дури и во пеколот.
-
Последната кралица
0550,00 денХуана од Кастилија,
последната кралица со чиста шпанска крв што го наследи престолот на својата земја,
со векови е енигматична фигура обвиткана со неверојатна мистериозност.
Дали таа беше вдовица, како што вели легендата, која беше полудена од нејзината загуба,
или историјата погрешно ја проценила жената што била пред своето време?Како трето дете на Изабела I, кралицата на Кастилија и Фернандо, кралот на Арагон, Хуана ќе се роди во услови на безмилосна борба на нејзините родители за обединување на нивното кралство, сведочејќи за падот на Гранада и откритијата на Колумбо. На возраст од шеснаесет години, таа е испратена да се омажи за Филип, надвојводата на Фландрија, како дел од стратегијата на нејзините родители за зајакнување на Шпанија, исто како што нејзината најмлада сестра, Каталина од Арагон, е испратена во Англија да стане прва сопруга на Хенри VIII.
Хуана наоѓа неочекувана љубов и страст со својот убав млад сопруг, единствениот наследник на Хабсбуршката Империја. На почетокот таа била задоволна со своите деца и животот во Фландрија. Но, кога ќе се случи трагедијата и таа ќе го наследи шпанскиот престол, Хуана ќе се најде помеѓу бескрупулозната борба за моќ на нејзиниот сопруг и ветувањето што ѝ го дава на мајка ѝ Изабела I, не изоставувајќи го и мешањето на најголемите европски монарси. Опколена со непријатели од сите страни, нејзината интелигенција и гордост се искористени како оружје против неа, Хуана ветува дека ќе ја обезбеди круната и ќе ја спаси Шпанија од пропаст, дури и по цена тоа да ја чини сè.
-
Некој ми го знае името
0300,00 денУште како мала, Амината ја киднапираа и ја качија на бродот со робови. Таа мора да ги слуша наредбите за да го сочува својот живот. А и што им преостанува на црнците качени на овој ужасен брод. Среде океан далеку од својот дом. Откако пристигнаа на копното, Амината ја продадоа на друг газда. Се раздели од момчето од соседното село со кое ги делеа нечовечните мигови на бродот. Ама и не е така важно. Она што сега е значајно е успешно да му служи на белиот Американец што сега ја поседува. Сепак Амината е непоколеблива и постојано ја следи желбата еден ден да се врати дома. Во Африка. Моментот кога повторно го сретнува Чакура, момчето од бродот, засекогаш ќе и го промени животот. Сега веќе пораснати, заедно ќе се борат да го променат светот. За време на нејзиното долго страдање, таа прави сè што може да се ослободи себеси и останатите од ропство. Притоа ги учи да читаат и тие да ги поучуваат другите, и да се спријателуваат со секој што може да им помогне, без разлика на бојата на кожата. Инспиративна приказна за една силна жена, што ги доживува едни од најтешките услови за живот низ историјата. Вознемирувачки и длабок роман, напишан по вистинска приказна по кој е снимена познатата телевизиска серија, што под наслов „Книгата на црнците“ се прикажуваше на Нетфликс.
-
Приказна за оние што заминуваат и за оние што остануваат
0600,00 денЕлена и Лила, двете нераздвојни девојчиња од првиот и од вториот роман од сагата, се разделуваат на возраст на триесетина година, кога едната заминува во Фиренца, а другата останува во Неапол. Иако изборот на двете млади жени е сосем различен, тие остануваат постојано во близок контакт, во еден амбивалентен однос создаден од љубов и омраза. И повторно околностите ќе ги зближуваат и оддалечувааат во текот на бурните 70-ти години од минатиот век.
Приказна за оние што заминуваат и за оние што остануваат има историска и интимна димензија која се одвива во текот на десет години пресудни за Италија, земја во трансформација која чекори кон модерност. Тоа е период на идеолошки превирања во италијанското општество – свет на револуционери, реакционери, студенти, камористи, комунисти, неофашисти, црква, синдикат, гнил владејачки естаблишмент, но и свет кој отвора сосема нови можности и за Елена и Лила.
Ова е секако книга која не може да се заобиколи. Секој што ја цени моќта на пишаниот збор уште веднаш, по првите страници, ќе се увери дека не се испушта од рака додека не се прочита до крај.
-
Куќа без прозорци
0499,00 денЖивописна, незаборавна приказна за едно тешкозамисливо сестринско поврзување – емоционално моќна и незаборавна сага за пријателството, сторија што фрла светлина врз маките на жената во една традиционална култура, од авторката на бестселерите „Бисерот што ја скрши школката’ и „Кога месечината е ниско“.
Цели две децении Зеба била сопруга полна со љубов, стрплива мајка, мирна селанка. Но, нејзиниот тивок живот се урива кога нејзиниот сопруг Камал е пронајден убиен со секира во дворот од нивната куќа. Речиси сосема одземена од шокираност, Зеба не е во состојба да каже каде била и што правела во моментот на неговата смрт. Нејзините деца се колнат дека е невозможно мајка им да извршила таков морничав чин. Семејството на Камал е сигурно дека таа го сторила тоа и бара правда. Зеба за малку избегнува да биде линчувана од одмаздничката толпа, уапсена е и однесена в затвор.
Додека чека судење, Зеба запознава група жени, чијашто несреќна судбина ги донела во овие мрачни ќелии: 18-годишната Нафиса, затворена за да биде заштитена од крвна одмазда; 25-годишната Латифа, која како тинејџерка избегала од дома, но уште останува во затворот бидејќи тука наоѓа безбедно засолниште; 22-годишната Мезган, бремена и немажена, која чека судот со налог да го присили нејзиниот љубовник да се ожени за неа. Ладнокрвен убиец ли е Зеба, се прашуваат младиве жени, или, како и тие, е фрлена в затвор зашто прекршила некое правило на општеството? Затворот за овие жени истовремено е и прибежиште, и казна; тргнати настрана од надворешниот суров свет што не простува, тие меѓусебно се поврзуваат во жива и неуништлива сестринска врска.
Во овој затворен свет доаѓа Јусуф, адвокатот на Зеба, млад Авганистанец роден овде, а пораснат во Америка, кој се вратил поради личната посветеност кон борбата за човекови права и поради желбата да ѝ помогне на својата родна земја. Судбината на оваа навидум сосема обична домаќинка е во негови раце, а тој открива дека, како и самиот Авганистан, неговата клиентка, можеби, воопшто не е тоа што тој замислува дека е.
Трогателен приказ на животот на авганистанските жени во денешно време, Куќа без прозорци е неверојатно, застрашувачко и триумфално четиво. -
Габриела, каранфилче и цимет
0400,00 денНајпознатиот модерен бразилски писател Жорже Амадо нè пренесува во времето на владетелите на какаото во бразилската провинција Баија, кога недоразбирањата се решавале со пиштоли, а од мажот што е изневерен се очекувало да ја исчисти својата чест со убивање на прељубничката и на нејзиниот љубовник.
Оваа хроника на еден град, на една страст, омаж на богатата бразилска култура, роман замислен и како химна на сензуалноста на тамошните жители, особено на жените, во последните неколку децении доживеа огромен број изданија и филмски екранизации.
Секое од поглавјата почнува со песна посветена на една жена, а, заговарајќи ја женската слобода, особено сексуалната, Амадо ја шокирал и ја разгневил тогашната бразилска јавност. Бесот со времето исчезнал, а книгата станала еден од омилените бразилски романи на 20 век. Иако бил употребен како основа за сапуници, го задржува раскажувачкото мајсторство.
-
Солунска 28, втор дел
0480,00 денВо вториот дел од трилогијата, посветена на луѓето и на случувањата кои поминуваа низ дорќолската куќа на брегот на Дунав, д-р Карајлиќ по којзнае кој пат докажува дека поседува неисцрпна енергија со којашто успева да се избори со најголемите животни и уметнички предизвици. Раскажувајќи за сè она што ги снашло станарите на Солунска 28 во текот на германската окупација на Белград во Втората светска војна, д-р Карајлиќ еднакво нуди читачко уживање и на оние што го прочитале првиот дел од трилогијата, но и на оние што дури сега се придружуваат на армијата негови верни читатели. Продолжението на монументалната сага за една куќа, за еден град и за два света, уште еднаш потврдува дека нашата книжевност добила еден нов, поинаков и храбар глас во д-р Карајлиќ, со кој овој сестран уметник умее, а и има толку многу важно да ни каже.
-
Проколната земја
0350,00 денМаксут и Фејзал беа млади офицери во турската војска чија храброст и пожртвуваност особено се истакна спасувајќи го синот на султанот од сигурна смрт. Како награда, султанот им вети сé што ќе посакаат. Тие ја посакаа својата слобода. Се вратија на родното огниште од кое беа оттргнати како деца.
Максут стана Константинос Хаџи-Макис, Грк, а Фејзал Јован Хаџи-Јанев, Македонец. Годините што следеа по Илинденското востание не беа ни малку лесни за Динката и неговото семејство. И тој реши. Ќе ги прати синовите во подобра иднина. Доста е од војни. Неговите деца заслужуваат да живеат. Четирите сина ги испрати во Америка.
Едно случајно познанство на бродот со кој патуваа им ги отвори вратите во ветената земја. Но во ветената земја не им течеше мед и млеко. Шест дена во неделата поминуваа работејќи во рудникот. При една тешка рударска несреќа, најмалиот брат Стефан го спаси животот на Индиецот Арсак Хифас. Арсак знаеше дека нема да преживее. Како аманет, на Стефан му го остави садот за вино со изрезбано сонце. Оваа светост еден ден да се врати таму од каде што е дојдена. Таа треба да се врати таму од каде и самиот тој ја зема-Александар од Македонија.
Приказна која ќе ве поведе низ времето. Ќе ги видите и војските на Александар, Турската Империја, двете светски војни, егзодусот на децата бегалци од Егејска Македонија, комунистичка Југославија и независна Македонија. Приказна за животот на печалба, но и за животот во родната земја. Приказна за аманетот на предците, за богатството, но и за клетвата. Приказна за семејството, за блискоста и за отуѓувањето, за политиката и за поделбите. Приказна за една проколната земја, приказна за Македонија.
-
Есен во Венеција
0450,00 денВо есента 1948 година, Ернест Хемингвеј и неговата четврта сопруга по првпат патуваат во Венеција, која Хемингвеј ја нарекува „апсолутно проклето прекрасна“. Една година пред неговиот педесетти роденден, Хемингвеј нема објавено роман речиси една деценија, а тогаш ја запознава Адријана Иванчич и се вљубува во неа, впечатлива венецијанска девојка, која само што го завршува училиштето. Во оваа книга Андреа ди Робилант, со блескава јаснотија, ни ја прикажува оваа изненадувачка, долгогодишна врска, во која Адријана инспирира човек триесет години постар од неа да го заврши своето последно големо дело.
Хемингвеј ја користи Адријана како модел за ликот на Рената во Преку реката и во шумата и продолжува да ја посетува Венеција за да се гледа со неа; додека Иванчичеви се во Куба, Адријана е присутна додека тој ја пишува новелата Старецот и морето.
Есен во Венеција е извонредна приказна за еден писател и неговата муза – која истовремено ја испитува цената што треба да ја плати една млада жена поради нејзината поврзаност со еден писател кој е жива легенда – и претставува интимен поглед на последните години на Хемингвеј.
-
Изброј ги ѕвездите
0350,00 ден„Колку си храбра, малечка Анемари?“
Годината е 1943, а за Анемари Јохансен, животот во Копенхаген е сложена смеса од обичното домашно и училишно секојдневие, недостигот од храна и постојаното присуство на нацистички војници на улиците. Храброста се чини како нејасна доблест, што ја поседуваат витези што убиваат змејови во приказните што ù ги раскажува на помалата сестра, Кирсти.
Додека германските трупи ја почнуваат мисијата за „релоцирање“ на сите Евреи од Данска, семејството Јохансен ја згрижува најдобрата другарка на Анемари, Елен Росен, претставувајќи ја како дел од семејството. Девојчињата живеат како сестри, сè додека не стане јасно дека треба да се стори нешто повеќе за да се спасат Елен, нејзиното семејство и сите Евреи од Данска.
Во оваа приказна за хероизмот на една цела држава, нарацијата за данскиот отпор и нивниот план да го прошверцува целото еврејско население од Данска – речиси седум илјади луѓе – преку море до Шведска е раскажана со гордост и со надеж низ очите на едно мало девојче.
-
Кралска измама
0550,00 денКотон Малоун е повторно во акција!
Котон Малоун и неговиот петнаесетгодишен син, Гери, се упатени кон Европа. Поради услуга што му ја должи на својот поранешен шеф во Министерството за правда Малоун се согласува да го придружува тинејџерот-бегалец и да го врати во Англија. Но откако е пречекан со вооружена престрелка во Лондон, во која и бегалецот и Гери исчезнуваат, Малоун сфаќа дека има нагазено на високоризична дипломатска конфронтација – меѓународен инцидент поткрепен со гео-политички превирања и со запрепастувачки тајни од династијата на Тудорите.
– Стив Бери во новата меѓународна авантура успева на наративен и само за него својствен начин да ги замеша современите политички интриги, предавството на Тудорите и возбудувањата во еден возбудлив роман на неизвесност.
-
ДЕВОЈКАТА ОД МОЧУРИШТЕТО
0500,00 денГласиштата за Девојката од мочуриштето со години кружат низ Баркли Коув, тивкото гратче на брегот од Северна Каролина. Кога кон крајот на 1969 година богатиот Чејс Ендруз ќе биде пронајден мртов, сомнежот на мештаните веднаш паѓа врз Каја Кларк, таканаречената Девојка од мочуриштето. Меѓутоа Каја не е онаква каква што ја опишуваат. Чувствителната и остроумна девојка со години живее сама во куќичката на брегот на мочуриштето што го нарекува дом, спријателувајќи се со галебите и откривајќи ги животните лекции во песокот. Но доаѓа време кога почнува да копнее по љубов и прегратка. Кога нејзината дива убавина ќе маѓепса двајца младичи од градот, Каја го отвора срцето за новиот живот ‒ но тогаш се случува незамисливото.
Девојката од мочуриштето е едновремено неверојатна ода на природата, приказна за растењето и влегувањето во светот на возрасните и мистериозен случај на можно убиство. Авторката нè потсетува дека ние сме обликувани од децата што сме биле порано и дека сите сме подложни на убавите и насилни тајни што ги крие природата.
„Болно убава!“ Њујорк тајмс
-
Животната приказна на Цилка
0450,00 денНЕЈЗИНАТА УБАВИНА Ѝ ГО СПАСИ ЖИВОТОТ, НО Ѝ ЈА ОСУДИ.
Цилка имаше само шеснаесет години кога беше однесена во концентрациониот логор Аушвиц-Биркенау, во 1942 година. Командантот во Биркенау, Шварцхубер, ја забележува нејзината долга убава коса и ја принудува да се раздели од останатите жени затвореници. Цилка брзо учи дека моќта, дури и неволно дадена, е еднаква на преживување. По ослободувањето, Цилка е обвинета како соработник со непријателот и испратена во Сибир. Но, каков избор имала таа? Кој можеше да суди за моралот на Цилка, која беше испратена во Аушвиц уште како дете? Во затворскиот камп во Сибир, Цилка се соочува со нови предизвици, но ужасно познати, вклучувајќи го и несаканото внимание од страна на чуварите. Но, таа ѝ остава впечаток на една жена лекар, така ќе биде под нејзина заштита. Цилка започнува да се грижи за болните во кампот, борејќи се за нив во брутални услови. Цилка наоѓа бескрајни извори за преживување, бидејќи секојдневно се соочува со смрт и со терор. И кога ќе почне да се грижи за мажот по име Иван, открива дека и покрај сè, во нејзиното срце има простор за љубов.
„Таа беше најхрабрата личност што некогаш сум ја сретнал“
Лале Соколов, Тетовирачот од Аушвиц
-
Заветот на кралицата
0550,00 денДојдов во оваа земја и немам намера да ја оставам
или таа да ја засени мојата работа;
ниту ќе им дадам таква слава на моите непријатели
или таква болка на моите поданици.
Младата инфанта Изабела е оставена на милост и не милост на суровоста на шпанскиот двор во време на владеењето на нејзиниот полубрат , кралот Енрике IV, подводлив на блудност и застранување . Но , нејзината судбина да биде кралица на Кастилија е неизбежна и покрај сите препреки . Периодот на владеeње на Изабела I од Кастилија го опфаќа обединувањето на шпанските кралства, примирјето со Португалија, Инквизицијата, падот на Гранада, прогонот на Сефардите и појавата на Кристофер Колумбо . Таа не е само кралица, таа е и мајка на пет деца од успешниот брак со кралот Фернандо од Арагон.
Кастилија е на прво место.
Тоа беше мојот завет на денот кога го зазедов престолот !
Изабела I од Кастилија