Филтер по цена
Жанр
  • Библиотекарката од Аушвиц

    Библиотекарката од Аушвиц

    0

    Животот, сечиј живот е многу кус. Но, ако успееш да бидеш среќен, барем во само еден момент, вредело да го живееш. Базирана на искуството на преживеаната затвореничка од Аушвиц, Дита Краус, ова е неверојатна приказна за девојчето што го ризикувало својот живот за да ја сочува магијата на книгите за време на холокаустот.

    Четиринаесетгодишната Дита е една од многуте луѓе, што нацистите ги заробиле во Аушвиц. Одведена заедно со родителите од квартот Терезин во Прага, се обидува да се прилагоди на ужасниот живот во логорот. Кога еврејскиот водач Фреди Хирш ќе ја замоли да ја преземе грижата за осум драгоцени книги што затворениците успеале да ги прошверцуваат покрај стражарите, таа се согласува. И така Дита станува библиотекарката од Аушвиц. 

    Од едно од најмрачните поглавја во човечката историја, ни доаѓа оваа исклучителна приказна за храброста и надежта.

    „Иако напишана без никакво затскривање на незамисливите ужаси во логорот на смртта, ова е сторија што сепак го величи животот.“ ─ Киркус ривјус

    „Незаборавен роман, што ќе ви го скрши срцето.“ ─ Паблишерс викли

    500,00 ден
    Додај во кошничка
  • Хурем − московската наложница

    Хурем − московската наложница

    0

    Почеток на 16. век. Во Истанбул, како подарок во харемот на султанот Сулејман Величествениот го носат прекрасното девојче Александра Анастасија Лисовска. Таа во историјата ќе биде запаметена како најмоќната жена во Османлиската Империја – Хурем-султан. Всушност таа со својата нежност и убавина успеала да го освои срцето на султанот и да стане негова единствена венчана сопруга и да има силно влијание во Империјата.

    Познато е дека била ќерка на православен свештеник, со украинско или руско потекло. Била грабната и за Величествениот, како подарок била испратена од тогашниот кримски хан. Била многу убава, итра и интелигентна, но и безмилосна владетелка. Имала исклучителен талент за музика, танц. Имала харизма. Но, на патот до престолот, има многу љубов, но и крв, интриги, лаги, братоубиства, таткоубиства, чедоубиства и немилосрдност.

    Без разлика на различните гледања за нејзиниот лик во историјата, Хурем е токму таква, но и уште подетално и посуптилно е опишана во романот „Хурем – московската наложница“ од познатата турска авторка Демет Алтинјелеклиоглу. Македонската публика Хурем ја запозна и преку популарната турска телевизиска серија „Величествениот“ што се прикажуваше неодамна.

    Прекрасната Хурем е во постојана борба: со нејзините грабнувачи, суровите евнуси – главатари на харемот, Махидевран – миленичката на султанот која му родила син престолонаследник. Се бори со моќниот Ибрахим-паша… Хурем се бори единствено да ги заштити своите синови и единствената ќерка, но и да им го отвори патот до престолот…

    600,00 ден
    Прочитај повеќе
  • Жените од замокот Лафајет

    Жените од замокот Лафајет

    0

    Повеќето замоци биле заштитувани од мажи. Овој замок е од жени.

    Приказна за прекрасниот замок Лафајет, од средиштето на Франција, раскажана низ различните историски периоди и животите на хероините на замокот.

    Адриjaнa Лафајет, основачка на замокот, која во време на Француската револуција морала да се откаже од благородничката титула и од сопругот, за го задржи наследството што ќе стане инспирација на многу генерации во иднина.

    Беатрис Ченлер, храбрата њујоршка визионерка, која за време на Првата светска војна ќе биде сведок на уништувањето на Франција, преземајќи го најголемиот предизвик во животот: да ја убеди Америка да се бори за она што е правилно.

    Марта Симон, учителка и уметница, сирак, која целиот свој живот го поминува во замокот, гледајќи ја нацистичката тортура во Втората светска војна, одлучува да ги заштити децата што живеат во замокот а кои припаѓаат на еврејската заедница.

    Сложено исткаен и моќно раскажан, „Жените од замокот Лафајет“ е роман за должноста и надежта, за љубовта и храброста, за силата што ја наследуваме од оние што биле пред нас.

    650,00 ден
    Прочитај повеќе
  • Трката за спас на Романови

    Трката за спас на Романови

    0
    590,00 ден
    Додај во кошничка
  • Книга на изгубените имиња

    Книга на изгубените имиња

    0

    Најпродавана книга според Њујорк тајмс
    инспирирана од вистински настани за животот
    на фалсификаторите на документи во време на
    Втората светска војна.
    Ева Трауб Абрамс, библиотекарка од Флорида, која е речиси пред пензија, едно утро, редејќи книги на полиците, погледот и запира на една фотографија во едно
    списание кое лежи отворено на нејзиното биро. Таа се
    замрзнува, тоа е слика на книга што не ја видела повеќе
    од шеесет и пет години – книга која е позната под името
    „Книгата на изгубени имиња“.
    1942 година, Ева е принудена да избега од Париз
    по апсењето на нејзиниот татко, полски Евреин. Наоѓајќи засолниште во едно мало планинско гратче во
    слободната зона, таа започнува да фалсификува лични
    документи за еврејските деца што бегаат во неутрална
    Швајцарија. Но, бришењето на луѓето има цена, и заедно со мистериозниот, убав фалсификатор по име Реми, Ева одлучува дека мора да најде начин да ги зачува
    вистинските имиња на децата кои се премногу мали за
    да се сетат кои се тие навистина. Записите што ги чуваат во „Книгата на изгубени имиња“ ќе станат уште поважни кога ќелијата на отпорот за која работат ќе биде
    предадена и Реми ќе исчезне…

    500,00 ден
    Прочитај повеќе
  • Како пердув на ветрот

    Како пердув на ветрот

    0

    Понекогаш, еден ден може да обележи цел еден живот.

    На 12 август 2019 година Виола добива неочекуван повик од Лили, нејзина поранешна сосетка и најдобра пријателка. Сега двете имаат по осумдесет години и Лили е на смртна постела. Животот ги разделил во младоста, но никогаш не престануваат да мислат една на друга.
    Длабокоемотивниот роман на Софија Лундберј ги прикажува животите на Виола и Лили така што ги потсетува на истиот, значаен датум, од 1950-тите до денес. Кога Виола и нејзините ќерки итно заминуваат за Париз за да ја видат Лили за последен пат, прашањето што со години ја измачува Виола најпосле добива одговор.

    „Како пердув на ветрот“ е приказна за бесмртното пријателство, љубовта и џезот.

     

    400,00 ден
    Додај во кошничка
  • Американската авантуристка

    Американската авантуристка

    0

    Приказната за Џени Џером Черчил, мајката на Винстон Черчил, наследничка родена во Њујорк, која секогаш го живеела животот по свои услови.

    Ќерка на њујоршкиот финансиер Леонард Џером, Џени е родена во богатство – и скандал. По разделбата на нејзините родители, нејзината мајка ги однела Џени и нејзините сестри во Париз, каде г-ѓа Џером била решена да ги омажи своите ќерки во најелитните семејства. Гламурозниот град станал неподносливо место за живеење откако девојките го завршиле училиштето. Бегајќи во Англија, во посета на кралицата Викторија, Џени го привлекува вниманието на аристократот Рендолф Спенсер-Черчил, син на војводата од Марлборо. Тоа беше љубов на прв поглед, а неконвенционалниот брак беше поттикнат од нивната меѓусебната амбиција и раѓањето на двата сина.

    Откако рано станува вдовица, Џени продолжува дрско да го живее животот, пркосејќи им на крутите ставови на општеството со нејзиното интимно пријателство со Едвард, принцот од Велс, озлогласен боем. Подоцна и со двата брака со помлади мажи. Кога нејзиниот син Винстон ја започна својата брилијантна политичка кариера, Џени станува неговиот најгласен и највреден поддржувач.

    650,00 ден
    Додај во кошничка
  • Последната куќа на улицата

    Последната куќа на улицата

    0

    По смртта на сопругот, кој умира во несреќа додедека ја градел нивната куќа од соништата, Кајла Картер е свесна дека мора да сотане силна за нивната четиригодишна ќерка. Но, кога една постара жена се доселува во соседството, животот на Кајла тргнува во друга насока. Постарата нова сосетка на Кајла, Ели Хокли и вели да не се вцелува во куќата и таа речиси и ќе се согласи со неа. Повеќе од јасно е дека оваа жена има некаква врска со минатото….и врска со самата Кајла. Ели Хокли со себе носи тајни што се протегаат наназад, дури до педесетите години на минатиот век.
    Дали Ели сака да ги исправи грешките од минатото? И дали последната куќа од улицата го има клучот за разрешавање на мистеријата?
    Раскажан во два временски периода, Последната куќа на улицата е роман на шокантни предрасуди и насилство, забранета љубов, потрага по правда и заплеткани лози на две семејства.

    500,00 ден
    Додај во кошничка
  • Водена приказна

    Водена приказна

    0

    Современа приказна за последиците од граѓанската војна во Грција.

    Патрик МекКензи е воен пилот на RHAF кој на осумдесет и пет годишна возраст, веќе испреплетен од канцер, не може да умре поради  товарот од напалм истурен врз македонските села во 1948 година.

    Нечистата совест го тера на неговото последно патување…селото Русилово (близу Воден) во кое на колена, ќе побара прошка за сите 36 куќи што тој лично ги запали при бомбардирањето.

    Ова е приказна за поразот на идеалите на ДАГ и ЕЛАС, за држава во која Македонците и Грците ќе живеат рамноправно.

    Граѓанската  војна е одамна завршена.

    Горчливиот вкус на поразот и тажниот спомен за илјадниците расселени остануваат, оттргнати од заборавит во оваа “Водена приказна”.

    250,00 ден
    Додај во кошничка
  • Тајната на Тудорите

    Тајната на Тудорите

    0

    Времето на Тудорите беше ера исполнета со опасности, интриги, заговори и, пред сè, шпионажа.

    Летото 1553 година: Време на заговори и измами. Брендон Прескот, сирак, израснат под заштита на едно од најмоќните семејства во Англија, Дадлиеви, е изведен пред суд. За да ја избегне казната тој мора да прифати тајна мисија кај брилијантната, но мистериозна сестра на кралот, принцезата Елизабета. Брендон паѓа во мрежата на заштитникот на Елизабета, Вилијам Сесил и е принуден да работи како двоен шпион. Сесил, во замена за услугите, му ветува дека ќе му помогне да ја открие тајната за своето мистериозно минато.
    Принцезата Елизабета е спречена да ја открие вистината за исчезнувањето на нејзиниот тешко болен брат, кралот Едвард Шести.
    Брендон за да ја докаже својата храброст пред принцезата се втурнува во безмилосна игра на тајни, лаги и убиства.

    Роман во кој е опишано владеењето на Тудорите, „Тајната на Тудорите“ е првата книга од Хрониките на шпионот на Елизабета I.

    550,00 ден
    Додај во кошничка
  • Четиринаесеттата колонија

    Четиринаесеттата колонија

    0

    Што ќе се случи ако новоизбраните, претседателот и заменик-претседателот починат пред преземањето на функцијата? Одговорот е извесен, всушност, она што следува ќе биде ништо помалку од вкупен политички хаос.
    Соборен над Сибир, поранешниот агент во Одделот за правда, Котон Малоун, е принуден да се бори за опстанок со Александар Зорин, човек чија лојалност кон пора-
    нешниот Советски Сојуз резултирала со невидена омраза кон САД.
    Пред да избега, Малоун дознава дека Зорин и уште еден поранешен службеник на КГБ, се упатиле во Вашингтон на 20-ти јануари, ден пред Инаугурацијата на новиот претседател. Поради недостаток во Уставот, а уште повеќе поради недостатоците во претседателските активности, Зорин ќе ја искористи ситуацијата да ја открие во целост нивната слабост.
    Вооружени со остатоци од оружје од времето на Студената војна, Зорин кова план како да нападне. Тој успева да открие една шокантна тајна скриена во архивите на Америка – планот на Друштвото Синсинати, најстарата братска организација, за три инвазии на 14-та колонија на Америка – Канада.
    Во трката против времето, која започна во ледената Русија, а за жал заврши во Белата куќа, Малоун не само што мора да се бори против Зорин, исто така тој мора да се соочи со еден негов одамна скриен страв, кој сега загрозува сè.
    Мешавина од историја и шпекулации – заштитниот знак на Стив Бери, а сето тоа го има во овој провокативен нов трилер.

    550,00 ден
    Прочитај повеќе
  • Избрани дела од сестрите Бронте

    Избрани дела од сестрите Бронте

    0

    Три романи од најпознатите сестри во книжевноста, собрани во едно луксузно издание.

     

    -ОРКАНСКИ ВИСОЧИНИ

    -ЏЕЈН ЕЈР

    -СТАНАРКА НА ЗАМОКОТ ВАЈЛДФЕЛ

    999,00 ден
    Прочитај повеќе
  • Конци на судбината

    Конци на судбината

    0

    Возбудлив историски и шпионски роман во кој се испреплетуваат високата мода, политичките заговори и тајните служби. Младата шивачка Сира Кирога во 1936 година го напушта Мадрид спроти граѓанската војна за да замине со Рамиро, човек кого го познава кратко и во кого е лудо вљубена, оставајќи ги зад себе свршеникот и самохраната мајка. Се сместуваат во Тангер, светски и егзотичен град, во кој на почетокот водат живот од приказните.

    Таму Сира доживува тешко предавство и останува сама и со многу долгови, принудена да се пресели во Тетуан, каде што со помош на пријатели со сомнителен углед отвора модно ателје за отмени клиентки. Пред крајот на граѓанската војна и во текот на подготовките за Втората светска војна во Европа, судбината ја поврзува со важни историски личности, меѓу кои Хуан Луис Бајгбедер, загадочниот министер за надворешни работи на Франко, Росалинда Фокс, неговата љубовница, и поморскиот аташе Алан Хилгарт, шефот на британското разузнавање во Шпанија. Тие ќе ја втурнат во тајна мисија чиј параван ќе биде нејзиниот занает.

    Книга што ја издигна Марија Дуењас на врвот на најчитаните автори во Шпанија.

    650,00 ден
    Додај во кошничка
  • Бележникот на татко ми

    Бележникот на татко ми

    0

     

    Кога бил дете, Ага Акбар, непризнат син на персиски благородник, отпатувал со вујко си до една света планина во длабочините на Персија, која криела мистериозна пештера. Во неа се наоѓал релјеф издлабен со клинесто писмо, стар три илјади години, од времето на првиот персиски крал. За да се ослободи од она што го чувствувал, малиот Ага Акбар создал сопствено писмо од овие симболи, со кое страсно пишувал за својот живот, за своето семејство, за емоциите и за општествените промени што се случувале во неговата земја. Создал личен дневник што само тој можел да го разбере.

    Години подоцна, неговиот син Ишмаел живее како политички дисидент во егзил. Обидувајќи се да го дешифрира наследениот бележник, тој ги раскажува не само татковата судбина како селски поправач на килими туку и својата приказна на политички активист во судир со властите во земјата во која е роден, но и приказната на Иран од XX век. И ниту една од овие приказни не може некого да остави рамнодушен. Воодушевувачки амбициозен роман за патувањето на една култура кон современието и чудесна и безвременска хроника за вечната љубов на синот кон таткото.

    350,00 ден
    Додај во кошничка
  • Уште еден ден живот

    Уште еден ден живот

    0

    Каков живот, при крајот на XX в., треба да го сметаме за „обичен“? Што е „нормално“ во нашата ненормална епоха? За многумина од нас дефиницијата на обичност сѐ уште се врзува со поими како што се мир и стабилност. Во продолжение би сакале, можеби, да си го замислуваме секојдневниот живот како подложен на постојан ритам, потпрен на востановени, повторливи општествени шаблони. Творештвото на Ришард Капушќињски произлегува од свеста дека таквите конвенционални описи на реалноста денес имаат толку ограничена примена, што во извесна смисла станале фикција. Уште еден ден живот е книга за бурното раѓање на независната Ангола. Тоа е и фантастична демонстрација на уметноста на пишувањето, полна со трогателни, надреалистични слики, кои веќе станаа препознатлив знак за Капушќињски.

    250,00 ден
    Прочитај повеќе
  • Севдалинка

    Севдалинка

    0

    Кој знае, можеби беа од иста раса, можеби имаа исто потекло. Беа на иста возраст, имаа сличен стас. Ја сакаа истата жена. Нивните предци сакаа да стасаат до истиот господ, но од различни патеки, бидејќи едниот беше Бошњак, а другиот хрват. Тоа не беше нивен избор, исто како што не можеа да ја изберат војната и своите судбини. И немаа никакви очекувањаод утрешниот ден, освен спасот на детето во амбулантната кола…

    220,00 ден
    Прочитај повеќе