-
ГДЏ – Големиот добар џин
0290,00 денГДЏ не е таму некаковси обичен џин што дроби и џвака коски. Не – тој е премногу добар и смотан. И среќа за Софи што е тоа така. Ако, на пример, онаа ноќ ја земеше Крвошишарот, или кој било од другите џинови – а не ГДЏ – сигурно ќе завршеше како појадок. Кога Софи разбира дека џиновите јурнуваат кон Англија за да лапкаат слатки мали детенца, одлучува дека треба еднаш за секогаш да му стави крај на тоа. А ГДЏ ќе ѝ помогне!
Светски детски бестселер на Роалд Дал, со илустрации на Квентин Блејк
Сега и како филм на Стивен Спилберг: http://www.cineplexx.mk/movie/the_bfg/
-
Сечи-лепи 2
0250,00 денВо овој комплет ќе пронајдете листови со делови за сечење и лепење, со кои вашето дете ќе може да создаде различни форми.
Со усовршување на вештината за користење ножички, се подобруваат фините моторни вештини на детето, а се зголемува и неговата креативност.
Забавувајте се и креирајте заедно!
-
Боенка: Весели возила
0120,00 ден– За развој на моторичките вештини кај децата
– За јакнење на концетрацијата
– За поттикнување на детската љубопитност, фантазија и креативност
-
-
Кралот Светкошорц и чудовиштето од Кронг
0370,00 ден„Брилијантно оригинална и пресмешна. Речиси добра како некоја од моите книги“, Дејвид Валијамс
Едвин не е обично момче. Тој е крал, со престол и сопствен оклоп и замок со тајни премини и уште што не.
Кога веста за едно ОГРОМНО И УЖАСНО чудовиште ќе стигне до кралот Едвин, тој знае дека мора да оди да се бори со него. Исто така и злиот цар Нурбисон, кој дефинитивно нема многу поитар план за чудовиштето. Секако дека не.
-
Кралот Светкошорц и играчките на ужасот
0370,00 ден„Брилијантно оригинална и пресмешна. Речиси добра како некоја од моите книги“, Дејвид Валијамс.
Едвин не е обично момче. Тој е крал, со престол и сопствен оклоп и замок со тајни премини и уште што не.
Нешто чудно се случува во Едвинленд… Царот Нурбисон се смешка и прави играчки за селаните. Дали наумил нешто? Веројатно. Но, што би можело да биде тоа?
-
Кралот Светкошорц и злиот цар
0370,00 ден„Брилијантно оригинална и пресмешна. Речиси добра како некоја од моите книги“, Дејвид Валијамс.
Едвин не е обично момче. Тој е крал, со престол и сопствен оклоп, и замок со тајни премини и уште што не.
А да, и НАЈУЖАСНИОТ ЧОВЕК во универзумот му е сосед. Ова никако не би можело да доведе до возбудлива авантура со акција, чоколада и крокодили-гризачи… Така?
-
За мачките, за нотите и за бубачките
0150,00 денАко ѕирнеш низ овие три прозорци, ќе дознаеш зошто Маја е тажна, на што се радува Ѕвезда и од што се плаши Милан. Пред тебе ќе се отвори нова галаксија и Стара планина. Ќе откриеш како звучи еден бибер-акорд и зошто во некои соби секогаш е мрак. Ќе се зборува за мачките, нотите, бубачките и радосните моменти. Секоја детска соба е една приказна…
-
Кучешки приказни од Тафталиџе 1
0250,00 денДикси, Тајсон, Изи, Леа, Макс, Ситни, Буцко, Бели, Буч и Брзи се десет
неразделни пријатели, десет мили и весели кучиња од една мошне позната
населба- Тафталиџе 1.
Ја знаете, нели?
Животот во Тафталиџе 1 тече мирно и безгрижно…
Кучињата секојденвно се дружат и шетаат по познатите улици „Виенска”, ,,Букурешка”, ,,Париска”, ,,Прашка”, ,,Лондонска”, ,,Варшавска”, ,,Хелсинки”, а маалото е полно весели кучешки лаежи.
И сѐ би било совршено, да не е тука Страшилото и неговите миленици, бандата мачки….
-
-
-
Оригами за вешти прсти
0250,00 денВо светот на оригами има голем број нацрти за најразновидни фигури.Во овој сет вклучени се некои од најпопуларните – брод, жерав, гатачка, вртелешка, цвет и кутија. Целта е да се преобликува рамен лист хартија во целосна скулптура преку техники на виткање и обликување.На почетокот, правењето оригами може да ви изгледа тешко или комплицирано. Не брзајте, следете ги внимателно инструкциите и бидете трпеливи. Резултатот ќе ве воодушеви.Забавувајте се! -
500 зборови – англиско/македонски
0210,00 денСледејќи ги најубавите приказни, вашето дете ќе научи многу зборови на англиски и нивното соодветно значење на македонски јазик. На лесен и забавен начин, збогатете го речникот на вашето дете, со тоа што ќе му ја подарите оваа книга.
-
1000 неверојатни активности 3
0299,00 денЗа малите ученичиња кои веќе ги завршија сите задачи од првите две книги “1000 неверојатни активности 1 и 2” , го претставуваме нејзиното трето продолжение “1000 неверојатно активности 3”. За да научат да бојат, поврзувааат, бојат и цртаат. За полесно да ги совладаат буквите и читањето и секако да ја усовршат моториката, да ја развијат логиката и менталната активност. Привлечни задачи, со колор илустрации за сите оние што сакаат да учат и да се забавуваат.
-
-
Кифличката Мирна
0250,00 ден„Како се викаш?“
„Не знам. А ти?“
„Мирна.“
„Од каде знаеш?“
„Мајка ми ми кажа веднаш кога се родив.“
„А зошто мене мајка ми не ми кажа?“
„Не знам.”
Разговорот се скина, но тишината продолжи да ги поврзува нашите срца.