Availability: Нема на залиха

Нечесна игра

Автор на книгата: Верица Митева
5
Купи и собери : 10Поени

300,00 ден

Викторија и Филип работат како дизајнери во конкурентски фирми за изработка на мебел. Одеднаш, судбината или случајноста си поигруваат со нив, па во истата недела двајцата добиваат наредба од нивните шефови „да се зближат“ со конкурентскиот дизајнер и да ги украдат скиците за претстојниот саем за мебел, бидејќи тоа е најважниот настан и период за сите фирми за мебел во државата.

Немајќи друг избор, тие неволно се согласуваат затоа што не сакаат да ја изгубат работата. Така започнуваат да се гледаат и двајцата размислуваат за начини како да го спроведат планот и да дојдат до целта. Но помеѓу нив почнува да се раѓа нешто сосема друго…

Во меѓувреме, сестрата на најдобрата пријателка на Викторија случајно дознава за планот и бидејќи не е во добри односи со својата постара сестра, решава да не дозволи тој да остане во тајност. Конците почнуваат да се замрсуваат и работите стануваат сè покомплицирани кога во оваа нечесна игра влегуваат куп емоции.

button-new

Нема на залиха

Категорија Издавачка куќа

Дополнителни информации

Автор

Година на издавање

2019

Број на страници

242

Јазик

Македонски

Издавач

Категорија

, ,

5 прегледи за Нечесна игра

  1. Слаѓан

    Како за дебитантско дело е супер 🙂

  2. Ivi

    Preubava kniga bravo za avtorkata!

  3. Денис

    3.5/4

  4. Стефани

    Убава приказна,лесно и брзо читлива.😊
    Мене ми беше многу интересна❣

  5. Марина

    Предобра,корицата,стилот на пишување,приказната,се е топ.Ја препорачувам!!!

Додај преглед

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *