-
Кристин Хана
Збогум најмила
од: Кристин ХанаШто е поважно, дали љубовта или пријателството? Дали правдата или мајчинството? И ако човек не може да заборави, може ли барем да прости?
Лекси е сираче со мрачно минато, шетано од дом во дом, кога најпосле завршува кај својата баба во сосема нов град. И нејзе конечно ? се насмевнува мала среќичка, па успева да најде нешто што наликува на дом и семејство. Згора на тоа, брзо успева да се прилагоди и да си пронајде пријателка. Кога Лекси и Миа стануваат најдобри пријателки, а близнакот на Миа, Зак, се вљубува во Лекси, тројцата стануваат неразделни.
Џуд живее за своите деца – близнаците Миа и Зак – и дава сe од себе да ги изведе на правилен пат и да имаат совршен живот. Но една летна вечер, нејзиниот најлош кошмар се остварува. Една одлука го менува целиот тек на нивните животи.
420 ден
Сè уште нема. Проверете повторно за некое време.
ISBN: 978-608-4672-59-3
Издавач: Издавачка куќа Сакам Книги
Година на издавање: 2016
Број на страници: 410
Изабела – :
Емотивна книга за пријателството, посветеноста, осаменоста, надежта, мајчинството и љубовта. На моменти ќе ве нервира ликот на Џуд, нејзината посветеност кон децата, нејзиното однесување, но и нејзините одлуки во одредени ситуации. Ова е книга која не смеете да ја пропуштите. Книга која ќе остави белег во вас.
“Ние едноставно простуваме.” ❤
Марија – :
Една од најубавите книги што некогаш ги имам прочитано.Топла,емотивна и прекрасна за долгите зимски денови.
Slobodanka – :
Ubava, emotivna drama koja ke ve raznezni
Наталија – :
Совршенство од книга.
Александар Николовски (го има купено овој производ од сајтот) – :
4.5/5 Феноменална книга!
petrankamihailovska – :
Кога немаш време, а сакаш да читаш. Одлична книга!
Слаѓан Бишковски – :
Одлична е книгата, емотивна и брзо читлива со неочекувани пресврти и случки.
Фантастична 🙂
Деспина – :
Прекрасна, емотивна и топла книга . Одлична
bube_987 – :
Една од најубавите,најемотивни книги што ги имам прочитано!
Чиста десетка! 🙂