-
Џил Пол
Тајната сопруга
од: Џил ПолВечна љубов. Брутална грижа на совест. Скршени срца…
1914: Русија е на раб на колапс и семејството Романови се соочува со ужасно несигурна иднина. Големата војвотка Татјана се вљубува во војникот Дмитри, но со катастрофален пресврт во настаните, нивната романса – а и нивните животи – паѓаат во опасност…
2016: Кити Фишер открива нешто ужасно што ја тера нагло да побегне од Лондон во колибата на нејзиниот прапрадедо во Америка. Таму, на брегот на прекрасното езеро Аканаби, наоѓа спектакуларно парче накит што ќе ја одведе до одамна закопана семејна тајна…
Срцепарателна и прекрасно напишана, Тајната сопруга патува низ векови, спојувајќи го минатото со сегашноста за да раскаже незаборавна приказна за љубовта, загубите и борбеноста, потврдувајќи уште еднаш дека надежта секогаш умира последна.
450 ден
ISBN: 978-608-4672-89-0
Издавач: Издавачка куќа Сакам Книги
Година на издавање: 2017
Број на страници: 400
Изабела Велковска – :
“Руска војвотка и англиска новинарка ги поврзува една од најголемите мистерии во светот.”
Паралелно се раскажуваат две приказни, каде едната започнува во минатото, во 1914 во Русија, а другата е претставена во сегашноста, во 2016 во Лондон.
“Некои работи се непоправливи.”
2016: Кити Фишер дознава дека нејзиниот сопруг ја изневерува, па одлучува да замине на некое време далеку од Лондон. Куќата покрај езерото Аканаби, во Њујорк, која неодамна ја наследи од прапрадедо и Дмитри и делува како одлична можност за да биде далеку од својот сопруг. По нејзиното пристигнување таа наоѓа парче накит кое ќе ја одведе до закопана семејна тајна… Подоцна наоѓа и стари натписи каде започнува да ја открива приказната за нејзиниот прапрадедо.
“Беше убаво некој да ти кажува што да правиш, токму тоа и требаше кога сиот нејзин живот се распаѓаше.”
1914: Русија е на раб на колапс, иднината на аемејството Романови се менува во секој миг. Дмитри е коњанички офисер, кој доживува незгода и мора да се лечи во болнички услови. Големата војвотка Татјана е волонтер во болницата каде што го испраќаат. Тие двајца се вљубуваат, но со катастрофалниот и неочекуван пресврт на настаните, нивните животи паѓаат во опасност…
“Се плашам дека ќе се покажам како многу здодевно истражување.”
Понекогаш не е се како што изгледа. Благодарение на живописните описи, вие за миг ќе бидете вовлечени во приказната на Романови и ќе патувате заедно со нив, а подоцна и со Кити.
Емотивна, тажна и делумно мистериозна приказна за еден мрачен период во историјата, која благодарение на сегашноста ќе успее да ве наврати во минатото откривајќи ви една незаборавна приказна за пожртвуваноста, храброста, загубата, борбата, љубовта. Ова е книга која ќе ви потврди и докаже дека надежта последна умира.
Изабела Велковска – :
“Се плашам дека ќе се покажам како многу здодевно истражување.”
Понекогаш не е се како што изгледа. Благодарение на живописните описи, вие за миг ќе бидете вовлечени во приказната на Романови и ќе патувате заедно со нив, а подоцна и со Кити.
Емотивна, тажна и делумно мистериозна приказна за еден мрачен период во историјата, која благодарение на сегашноста ќе успее да ве наврати во минатото откривајќи ви една незаборавна приказна за пожртвуваноста, храброста, загубата, борбата, љубовта. Ова е книга која ќе ви потврди и докаже дека надежта последна умира.
Стефани (го има купено овој производ од сајтот) – :
Преубава приказна,уживав додека ја читав❣ Ми се допадна и тоа што има делови од историјата,поучни работи се учат.
Препорачувам секако!😊
sani4jc – :
Ја добив за подарок и навистина уживав во подарокот. Иако содржи историска приказна сепак ми се допадна, полна со емоции и енергија. Откако ја прочитав ја дадов уште на 4 други пријателки и тие исто како и јас навистина уживаа 🙂
Филипоска (го има купено овој производ од сајтот) – :
Убава книга! 🙂 Јас како љубител на книги со историска содржина, не можев да и одолеам и не зажалив. Ја препорачувам!
Слаѓан – :
Неизвесна приказна со многу емоции и незаборавни моменти богати со историски елементи. Ја препорачувам 🙂
Мила – :
Дефинитивно не зажалив што одвоив време за книгава. Верувам дека никого нема да остави рамнодушен.