• img-book

    Сузан Е. Филипс

MKD
Попуст!

Првата вечерна ѕвезда

од: Сузан Е. Филипс
5 од 5 од 1 оцени на читатели
1 оцена од читател

Пајпер Дав е жена со сон – да стане најдобриот детектив во Чикаго. Прва задача? Да го следи бившиот бек на Чикаго Старс, Купер Грахам. Проблем? Грахам ја открива и не е среќен.

Па затоа добрите детективи мора да знаат да работат под притисок и брзо да размислуваат. „Јас те демнам. Не сум опасна. Човече, никако. Повеќе нешто како малку опседната со тебе…“

Пајпер наскоро почнува да работи за Грахам, но не како телохранител затоа што тој одбива да признае дека очајно му е потребен. Тој ја ангажира да ги надгледува вработените во неговиот ексклузивен ноќен клуб. Но одеднаш, неговиот живот е во опасност и Пајпер е решена да го заштити, без разлика дали тој сака или не. (А тој дефинитивно не сака!) Проблемот е што таа истовремено се справува и со куп други тешки клиенти. Во секој случај, најтежок од нив е самиот Купер Грахам – легендарен спортски херој кој секогаш го добива тоа што го сака. Па макар тоа била тврдоглава детективка смртно решена да му докаже дека е подеднакво силна како него.

Во стилот на Сузан Елизабет Филипс, романтична комедија што освојува уште од првата глава.

button-new

440 ден 290 ден

Запознајте се со авторот
avatar-author
- Susan Elizabeth Phillips - 1948
Сузан Елизабет Филипс е позната писателка на романси од Америка. Таа е креатор на спортските романси и после нејзиното долгогодишно искуство и многубројни бестселери денес е позната како „Кралица на Романтичните Комедии“.
Книги од Сузан Е. Филипс
Господин Неодолив
За книгата
Детали

Издавач: Издавачка куќа Сакам Книги
Година на издавање: 2020
Број на страници: 400

  1. :

    5 out of 5

    Интерсна книга што го држи вашето внимание до самиот крај. Книга за опуштање што вреди да се прочита топло ја препорачувам