-
Себастијан Фицек
Пакетот
од: Себастијан ФицекМладата психијатарка Ема Штајн воопшто не излегува од дома од вечерта кога ја силуваат во хотелска соба. Таа е третата жртва на психопат кој новинарите го нарекуваат „фризерот“ затоа што им ги бричи главите на жените пред да ги убие. Ема, единствената која успева да му побегне, се плаши дека фризерот ќе се врати по неа за да ја доврши грозоморната мисија.
Во нејзината параноја, таа е убедена дека секој маж што го гледа е фризерот, иако реално воопшто не успеала да го види во хотелот. Ема се чувствува безбедно само во нејзината мала куќа во Берлин – или барем се чувствува до дента кога поштарот ја замолува да прими еден пакет во име на нејзиниот сосед кој не одговара на ѕвончето.
Маж чие име не ѝ е познато и кој таа никогаш не го сретнала, иако живее на истата улица со години… Кога пакетот влегува во нејзиниот дом, Ема станува попараноична од кога било претходно.
„Германскиот мајстор за трилери со уште едно ремек дело кое ви ветува нова непрoспиена ноќ“.
420 ден210 ден
Проверете подоцна.
ISBN: 978-608-260-019-2
Издавач: Издавачка куќа Сакам Книги
Година на издавање: 2019
Број на страници: 320
Александар Николовски – :
Книгава воопшто не е лоша, иако приказната и разработката во глобала е далеку од wow. Крајот екстра! Оценка 3,9/5. 🙂
Стефани – :
Добар трилер,одлично скроена приказна од страна на Фицек,но овој пат очекував повеќе од него.🙂 Некако како да ми фалеше нешто во целава приказна,можеби е до мене дека само трилери читам.🤷🏻♀️ Сепак ја препорачувам,Фицек е мајстор за испреплетеност❣
tanjastojanova.1985 – :
Немам зборови, прекрасно дело што се чита во еден здив
Sanja (го има купено овој производ од сајтот) – :
Маестрално, не ни очекував помалку од Фицек. Топло препорачувам
Слаѓан – :
Книгава буквално е mind-blowing – од прва до последна страницa те држи во неизвесност и висока тензија. Вознемирувачката, психолошка приказна на Ема едноставно не те остава да дишеш, цврсто те фаќа за грло и единствено можеш само да го забрзаш дишењето! Многу пресврти и крај што навистина не го предвидов, Фицек е мајстор за напнати, мистериозни трилери, дефинитивно ја препорачувам книгава 😀