-
Себастијан Фицек
Пациентот
од: Себастијан ФицекПРЕД ЕДНА ГОДИНА: Тил Беркхоф го сака својот син Макс со цело срце. Но и покрај тоа што го чуваат како сопствените очи и постојано го предупредуваат никогаш да не оди со непознати, Макс еден ден оди да игра со другарче и не се враќа дома.
СЕГА: Макс Беркхоф е исчезнат цела година. Само киднаперот знае што се случило со него. Дали е жив или мртов… Но киднаперот сега е во психијатриското крило на затвор со максимално обезбедување и одбива да каже нешто.
Па таткото на Макс нема друг избор, има само еден начин да се стигне до вистината: тој мора да влезе во психијатриското крило на затворот како пациент на тајна мисија. Планот е јасен: нема потреба од насилство, тој сака само признание, последна шанса да си го пронајде синот. Но како и во секоја книга на Фицек, ништо не е така како што изгледа…
450 ден315 ден
29 на залиха
ISBN: 978-608-260-037-6
Издавач: Издавачка куќа Сакам Книги
Година на издавање: 2020
Број на страници:
Емилија – :
предобра книга, непредвидлива, Фицек мајстор за психолошки трилери
Александар Николовски – :
Со исклучок на крајот, книгата е одлична! Една од подобрите на Фицек, моја топла препорака. 4,3/5 🙂
Јана – :
💣ТРИЛЕРИШТЕ 💣
Фицек што направи човеку 😵😳
Ако финтата е да не оставиш без сон тогаш успеваш! Јас ова психо дело го прочитав за еден ден, зошто е нешто што не се испушта од раце и страните опседнато ги вртев се додека не добив одговор на прашањето кој таткото Тил си го поставува веќе цела година : КАДЕ Е ТЕЛОТО НА СИН МИ ? Што пропуштам ?
Се започнува една проклета ноќ кога Тил му дозволува на својот 6 годишен син накратко да оди кај неговата пријателка. Одеднаш исчезнува, а со тоа и последната шанса дека ќе се врати жив. Во меѓувреме славниот киднапер на деца завршува во лудница, а по начинот на извршување на делата станува очигледно дека тој е виновникот и за исчезнувањето на Макс. Но иако сите дела ги признава, за тој случај молчи. Таткото скршен од тага знае дека единствен начин да ја дознае вистината е да влезе во лудница лично тој. Но мора да глуми лудак и да доживее голгота од страдања за да го добие одговорот. Дали се уште има надеж? Ќе издржи ли да извлече жива глава од таму , а притоа да не му ја смачка главата на киднаперот ? Како ќе го погледне во очи и ќе се соочи со најголемото страдање на еден родител ?
Луѓе книгава е баш ЛУДНИЦА и е еден од најдобрите психотрилери кој сум ги читала. Не можам да кажам повеќе без да откријам спојлер , верувајте НИШТО не е така како што изгледа ! Крајот е шокирачки. Ќе се преплашите, ќе се сожалите, ќе се израдувате на момент и ќе ги доживеете сите можни емоции во оваа луда вожња низ мозокот на еден пациент. Баш како што се и неговите чувства 😵🤯
Ве предупредувам, држете се јако !
Од мене има без двоумење 5 ⭐⭐⭐⭐⭐ !!
Слаѓан – :
Одличен психолошки трилер, долго се памети – а особено крајот е топ! 😀
игор – :
тешка тема за читање но многу добар психо-трилер, се чита во еден здив. ја препорачувам на сите, чиста десетка за книгава !
Денис – :
Најдобра книга на Фицек.
Стефани (го има купено овој производ од сајтот) – :
Значи ако не си поигра Фицек со вашиот мозок,тогаш нема кој друг.💥
Одличен трилер!
Nadja – :
Ваква книга ниту ќе претпоставите дека постои ниту пак ќе ја заборавите откако ќе ја прочитате 🤯😍