-
Колин Хувер
Ова завршува со нас
од: Колин ХуверПонекогаш, оние што најмногу ги сакаме се тие што најмногу нѐ повредуваат.
Лили Блум немала лесно детство, но тоа не ја спречило напорно да работи за да го има животот што си го замислила. Kога почнуваат да летаат искри меѓу неа и еден опасно згоден неврохирург по име Рајл Кинкејд, сè во нејзиниот живот одеднаш изгледа премногу добро.
Рајл е амбициозен, тврдоглав, па дури и малку арогантен. Но тој е и чувствителен, генијален и Лили му е слаба точка. Да не правиме муабет како изгледа во докторска униформа. Благодарение на сè ова, Лили не може да го извади од глава. Но неговата аверзија кон врски е вознемирувачка. Дури и кога Лили станува исклучок од ова негово правило, не може да не ја копка што го направило таков. Кога дилемите за нивната врска почнуваат да ја збудалуваат, како капак на сè се појавува Атлас Кориган – нејзината прва љубов и врска со минатото што го има оставено зад себе. Нејзината сродна душа и спасител. Нејзината закана за сè што има изградено со Рајл.
400 ден
Понекогаш, оние што најмногу ги сакаме се тие што најмногу нѐ повредуваат.
Лили Блум немала лесно детство, но тоа не ја спречило напорно да работи за да го има животот што си го замислила. По дипломирањето, се сели во Бостон и основа сопствен бизнис. Потоа, кога почнуваат да летаат искри меѓу неа и еден опасно згоден неврохирург по име Рајл Кинкејд, сè во нејзиниот живот одеднаш изгледа премногу добро за да биде реално.
Рајл е амбициозен, тврдоглав, па можеби дури и малку арогантен. Но тој исто така е и чувствителен, генијален и Лили му е слаба точка. Да не правиме муабет како изгледа во докторска униформа. Благодарение на сè ова, Лили не може да го извади од глава. Но неговата аверзија кон врски е вознемирувачка. Дури и кога Лили станува исклучок од ова негово правило, не може да не ја копка што го направило таков.
Кога дилемите за нивната врска почнуваат да ја збудалуваат, како капак на сè се појавува Атлас Кориган – нејзината прва љубов и врска со минатото што го има оставено зад себе. Нејзината сродна душа и спасител. Нејзината закана за сè што има изградено со Рајл.
Незаборавна, трогателна приказна за љубов што доаѓа со своја цена.
ISBN: 978-608-4672-67-8
Издавач: Издавачка куќа Сакам Книги
Година на издавање: 2016
Број на страници: 346
Анастазија (го има купено овој производ од сајтот) – :
🌹ОВА ЗАВРШУВА СО НАС🥀
Петнаесет секунди⏱.Ете само толку треба за комплетно да се смени се кај еден човек.
Пет минути⏱.Толку е потребно за комплетно да се уништи човек.
#РЕЦЕНЗИИ
Ова завршува со нас е премногу важен и премногу моќен роман.
Приказна која за жал ја доживуваат многу луѓе,сурови емоции…
Романот почнува со протагонистката Лили Блум која одбива да одржи говор на погребот на својот татко,и тоа го поставува тонот на приказната,емотивно сложена.
Книгата го опишува нејзиниот живот,со враќање во минатото преку серија записи од нејзиниот дневник.
Една од најмоќните работи е тоа,што им дава на читателите да навлезат во приказната,без да мора да излезат надвор од сопствениот живот.
Со ваква книга, која се занимава со физичката и емоционалната траума на злоупотреба, насилството, стравот, надежта, самоомразеноста и љубовта, има нешто неверојатно важно во поставувањето на тој емоционален конфликт. Читателите го доживуваат ова чувство и од перспектива на дете и возрасен, што е од суштинско значење за извлекување вистинска емпатија за сложеноста на обете искуства. Токму ова му дава на романот својата моќ и го прави важен.
Денис – :
Убава, емотивна, но не и најдобра од Хувер.
Нела – :
Прекрасна книга! Се чита во еден здив.
saramastoridis – :
Се сложувам со коментарите дека оваа книга е доста поучна и треба секоја жена да ја прочита. Но, сепак сметам дека книгата е малце преценета.
Моника – :
Според мене најдобрата книга од Хувер.
biljana7 – :
Interesna do kraj. Prikazna za semejnoto nasilstvo i za odlucnosta i hrabrosta na edna zena. Poucna kniga sekoja zena treba da ja procita 🙂
Sanja – :
Odlicna e, dedinitivno ja preporacuvam. SE cita vo Eden zdiv, a toa najmnogu go sakam kaj Edna kniga
Стефани – :
Книгава многу ми се допадна иако не сум љубител на романси,супер е приказната баш по мој вкус. Држи внимание и убаво е напишана,не се каам што ја купив,иако многу дилеми имав.🤣😍
krofnicka – :
Воопшто не ми се допадна и не би ја препорачала. Досадна и разочарувачка, за жал :/
Александар Николовски – :
Супер е, без сомнение… меѓу најдобрите од авторкава…
bube_987 – :
Феноменално, но премногу тешка и емотивна книга за читање!
Сепак, одлична!
Biljana Martinovska (го има купено овој производ од сајтот) – :
Prikazna koja dolgo ostanuva vo Vas!
Se cita vo eden zdiv. Respect za avtorot!
Слаѓан Бишковски – :
Неодамна ја прочитав и навистина не згрешив што го направив тоа, прекрасна емотивна приказна испреплетена со хумор и романса.
IntrovertedBookaholic – :
Најдоброто нешто што излегло од перото на Колин Хувер, неверојатна книга!
Бисера – :
Предобра книга, иако сите нејзини се одлични…
Јасна – :
Колин Хувер ми е омилена авторка, а ова дефинитивно ми е најомилената книга од неа.