• img-book

    Сузан Е. Филипс

MKD
Попуст!

ISBN: 978-608-4672-02-9

Ти не знаеш да сакаш

од: Сузан Е. Филипс
5 од 5 од 5 оцени на читатели
5 оцени од читатели

Договорен брак во дваесет и први век? Тоа е апсурд.

Тоа е ставот на Дејзи Девру кога нејзиниот татко ѝ соопштува дека мора да се омажи со човекот кој тој го одредил за неа или ќе ја остави препуштена сама на себе – засекогаш. Таа, искрено, нема некој голем избор. Може да се омажи за тмурниот, здрвен Русин или да заврши во затвор поради големите долгови на својата мртва мајка кои не може самата да ги отплати.

Александер Марков, од друга страна, му е голем должник на нејзиниот татко, па се согласува да му направи една услуга за возврат, но воопшто нема намера да глуми вљубен младоженец и да ја забавува девојката која по негово мислење не е ништо друго, освен разгалена празноглавка. Да видиме дали оваа мала богата, разгалена девојка ќе успее да се снајде и да издржи во неговиот свет повеќе од неколку дена.

button-new

390 ден 270 ден

10 на залиха

Запознајте се со авторот
avatar-author
- Susan Elizabeth Phillips - 1948
Сузан Елизабет Филипс е позната писателка на романси од Америка. Таа е креатор на спортските романси и после нејзиното долгогодишно искуство и многубројни бестселери денес е позната како „Кралица на Романтичните Комедии“.
Книги од Сузан Е. Филипс
Господин Неодолив
Рецензија на уредник

Договорен брак во дваесет и први век? Тоа е апсурд. Тоа е ставот на Дејзи Девру кога нејзиниот татко ѝ соопштува дека мора да се омажи со човекот кој тој го одредил за неа или ќе ја остави препуштена сама на себе – засекогаш. Таа, искрено, нема некој голем избор. Може да се омажи за тмурниот, здрвен Русин или да заврши во затвор поради големите долгови на својата мртва мајка кои не може самата да ги отплати.

Александер Марков, од друга страна, воопшто нема намера да глуми вљубен младоженец и да ја забавува девојката која по негово мислење не е ништо друго, освен разгалена празноглавка.

Како и да е, тој му е голем должник на нејзиниот татко, па се согласува да му направи една услуга за возврат: да се ожени со неговата ќерка, да ѝ покаже како изгледа животот на нормалните луѓе и да ѝ го дотера умот. Ох, и дефинитивно има намера да го направи тоа. Да видиме дали оваа мала богата, разгалена девојка ќе успее да се снајде и да издржи во неговиот свет повеќе од неколку дена.

Не, тој дефинитивно не го живее животот на кој таа е научена. Каде живее, како живее и што прави? Тоа ќе дознаете самите. Низ многу смеа. Што ја прави целата приказна толку уникатна и интересна. Алекс Марков и Дејзи Девру се два различни света, црно и бело, топло и ладно, добро и лошо. Алекс е пораснат без родители, без љубов, без трошка убавина во животот и тоа е причината која го создава човекот без срце, човекот кој не знае да сака, човекот кој ќе ѝ го загорчи животот на Дејзи. Овој човек без душа кој не почувствувал љубов никогаш во животот ќе ја запознае жената која има срце доволно силно за да го преврти светот.

Наспроти неговиот студен карактер, камена гордост и руско срце, таа ќе застане со само две оружја – своето ангелско лице и срце. Можно ли е да се скроти студеното руско срце и да се добие љубов од човек кој не знае да сака?

„Ти не знаеш да сакаш“ е вистински десерт од смеа и солзи. Приказна која докажува дека љубовта може да ги турне на колена и оние со најцврсти срца…

Детали

ISBN: 978-608-4672-02-9
Издавач: Издавачка куќа Сакам Книги
Година на издавање: 2012
Број на страници: 368

  1. :

    5 out of 5

    Договорен брак во 21 век.
    Дејзи Девру го имаше заборавено името на нејзиниот младоженец. Татко и ги имаше запознаено пред само неколку дена, тогаш прв пат го слушна неговото име. Од тој миг човекот исзечна и не се појави до денот на нивната свадба. Татко и и соопшти дека има две опции: мора да се омажи за човекот, кој тој го одредил за неа или ќе ја остави препуштена сама на себе, со кредити и долгови засекогаш.

    “Не предизвикувај личност која повеќе нема што да загуби во животот.”

    Александер Марков има долго и мрачно минато. Благодарение на неговото минато, нема намера да глуми вљубен младоженец, да ја почитува и забавува неговата сопруга, која како што вели нејзиниот татко- “празноглавка”. Како должник на Макс Петроф, таткото на Дејзи, тој се согласува да стапи во брак со неговата ќерка.

    “Кога човек ќе израсне како што израснав јас, учи дека мора да најде нешто за кое ќе се држи, нешто кое секогаш ќе биде таму, нешто што ќе го спречи да се претвори во животно. За мене, тоа секогаш била мојата гордост. Од тоа не се откажувам. Никогаш нема да се откажам. За никого.”

    Александер сака да и покаже како живеат нормалните луѓе, а воедно да и го дотера умот. Тој ќе ја однесе на место на кое Дејзи најмалку очекува дека би можела да престојува. Таа ќе мора да се справи со одредени ситуации, ќе доживее неколку непријатности но, и ќе стекне многу нови пријателства.

    “Не можам да чувствувам чувства кои другите луѓе ги чуствуваат.”

    Интересен спој на два карактери, Александер со неговата гордост, суровост и студен карактер, наспроти Дејзи со нејзината насмевка, убавина, и емотивно срце. Човек кој немал можност да ја почуствува љубовта во текот на својот живот, ќе запознае жена која има големо срце со доволно место за сите.

    “Тоа што го чувствуваш е вина, не љубов.”

    Премногу слатка, неодоливо романтична и смешна приказна. Александер ужива да и дава тешки задачи на својата сопруга, се додека не ја постигне својата посакувана цел. Дејзи е подготвена да го жртвува својот страв за да го спаси бракот. Како да се однесуваш кога целиот свет е против тебе? Дали студеното срце, кое не знае како е да се биде сакан ќе дозволи да биде освоено од човек кој не знае да сака?

    Ова е приказна на која секогаш ќе се навраќате. Приказна која ќе ви докаже дека љубовта може да ги турне и оние најсилните.

  2. :

    5 out of 5

    Prekrasna i poveke od toa. Preubava ljubovna prikazna vredi da ja procitaat i luge koi ne se ljubiteli na romansi.

  3. :

    5 out of 5

    mnogu ubava romansa, ispolneta so mnogu emocii. uzivav dodeka ja citav. vi ja preporacuvam toplo ako ste ljubitel na romansi i knigi za opustanje

  4. :

    5 out of 5

    Ова вреди да се прочита дури и ако не сте љубители на драми и романси (ко што не сум јас). Книгава е повеке од романса, според мене една од подобрите и дефинитивно најдобра од Сузан

  5. :

    5 out of 5

    Прекрасна и повеке од тоа 🙂