Жанр
Автори
  • А што по бакнежот?

    А што по бакнежот?

    6

    Џули Грин обожава кратки и слатки љубовни авантури. Секси први состаноци, неодоливи први бакнежи, пеперутки во стомак. Но тренерки, пица и гледање филмови со дечко во петокот навечер? Грозно. Но кога ја добива најтешката приказна во нејзината кариера – од прва рака да открие и да напише како авантурите преоѓаат во сериозни врски – ѝ треба некој доволно храбар маж што ќе ѝ даде шанса за нешто повеќе на девојката што не сака да чуе за љубов.

    И Мичел Форбс во друг случај би бил идеалниот маж за тоа. Невозможно згодниот воркохолик кој е познат само по долгите врски би требало да биде совршениот субјект за „истражувањето“ на Џули. Но она што таа не го знае е дека Мичел сега сака само кратка и несериозна авантура за првпат во животот. Впрочем, се има обложено дека може да го изведе тоа. И долгоногата новинарка позната по тоа што секогаш бега од љубов е баш онаква девојка каква што му треба.

    button-new

    390,00 ден
    Прочитај повеќе
  • Во врска со онаа ноќ

    Во врска со онаа ноќ

    3

    ТОЈ ИГРА ИГРИ… И покрај тоа што Рилан Пирс се обидува да им се спротивстави на магнетските сили кои ја привлекуваат кон богатиот наследник Кајл Роудс првата ноќ кога се запознаваат, неверојатната хемија помеѓу нив не може да се игнорира. Но кога таа завршува извисена за нивниот прв состанок, Рилан претпоставува дека нема да го види никогаш повеќе. Па така, девет години подоцна, кога ќе се најде лице в лице со Кајл во судница, таа е шокирана и изненадена. Најголемиот проблем на убавата обвинителка е тоа што тој сѐ уште нездраво ја привлекува…

    НО ТАА ГИ ДИКТИРА ПРАВИЛАТА… Штотуку ослободен од затвор после неколкумесечна казна за голема глупост, Кајл Роудс воопшто не е возбуден што треба да биде главен сведок во важен криминален случај – но кога Рилан ќе тропне на неговата врата, тој сфаќа дека таа е единствената адвокатка на која не може да ѝ каже НЕ. Сѐ уште прекрасна и безобразна како и секогаш, таа ги диктира правилата: нема мешање на работа и задоволство. Но Кајл нема намера да се откаже од тоа што го сака – а тоа што го сака е единствената жена која никогаш не успеал да ја заборави.

    Слатка, смешна, секси и жешка… Оваа книга би била идеална за филмските платна – Bookreviews Magazine.

    button-new

    390,00 ден
    Прочитај повеќе
  • На една свадба

    На една свадба

    5

    ТАА Е ДОВОЛНО ПАМЕТНА ЗА ДА НЕ ГО КАЖЕ СУДБОНОСНОТО „ДА“.
    После понижувачкото откажување на сопствената свадба, Сидни Синклер става крај на врските со мажи кои се плашат од врзување и посветување на една жена. Таа прави дури и цела листа која треба да ѝ помогне како подобро да ги препознава овие ѓубриња и женкари и да бега од нив. Но кога нејзината сестра ѝ соопштува дека ќе се мажи после кратка врска, Сидни заглавува со уште еден секси плејбој со фобија од сериозни врски – прекрасниот кум. Свадба или не, таа е решена да го игнорира Вон, бидејќи овој пат многу добро си ја има научено лекцијата.

    НО ТОЈ ПРАВИ ЖЕНА ДА НЕ МОЖЕ ДА МУ КАЖЕ „НЕ“.
    Специјалниот агент Вон Робертс секогаш ги носи расипаните мажи зад решетки и згодните жени во својот кревет. Тој е млад, успешен, згоден, самоуверен и нема зошто да се врзува за една жена кога може да ги бира како колачиња во слаткарница. Но кога црвенокосата Сидни одбива да падне на неговиот шарм, Вон не може да продолжи понатаму додека не ја заврши оваа мисија.

    button-new

    390,00 ден
    Прочитај повеќе
  • Една неодолива љубов

    Една неодолива љубов

    1

    ТОЈ Е НАВИКНАТ ДА ДОБИВА СĖ ШТО САКА...
    Кејд Морган – поранешна рагби ѕвезда и еден од најпознатите јавни обвинители во Чикаго – е решен да го уапси најкорумпираниот државен сенатор, а тоа значи дека му треба помош од Брук Паркер. Како генерален советник и адвокат на ресторанска компанија, таа може да ја озвучи масата на сенаторот во еден од нивните луксузни ресторани за ФБИ да собере докази. Сè што треба да направи Кејд е да ја убеди Брук да соработува, а тој не се плаши да го употреби својот шарм – и својата моќ – за да го направи тоа.

    А СЕГА ЈА САКА НЕА.
    И покрај тоа што е озлогласен јавен обвинител, Брук не се плаши од заканите на Кејд Морган, ниту пак планира да падне на неговиот шарм. По низа разочарувања со машкиот пол, таа нема намера да му придава големо значење на ниту еден маж, а особено не на овој. Но кога неколку изненадувачки и неочекувани настани ќе направат пресврт во животите на двајцата, она што се крчка меѓу нив почнува да станува прилично неодоливо.

    button-new

    390,00 ден
    Прочитај повеќе
  • И одеднаш едно лето

    И одеднаш едно лето

    1

    ТАА НЕ ВЕРУВА ВО ЉУБОВ И СРЕЌНИ КРАЕВИ…
    По една страшна драма во нејзиниот дом, Викторија е принудена да ја напушти својата куќа и привремено да се всели во изнајмен стан до крајот на летото. Стан со кој доаѓа страшно иритантен и дрзок сосед.

    Викторија Слејд има видено толку многу лоши и несреќни краеви во својот личен и професионален живот, што воопшто не ѝ е проблем да се откаже од помислата за брак засекогаш.

    Но тоа не значи дека има нешто против забавувањето без обврски – само не со безобразниот, арогантен сосед, кој е подеднакво згоден и прекрасен колку што е неподнослив.

    И ОДЕДНАШ ЕДНО ЛЕТО…

    button-new

    390,00 ден
    Прочитај повеќе