-
Јас сум Миа: Дневник за девојчиња
0300,00 денТинејџерка си? Или можеби наскоро ќе бидеш?
Тогаш нема шанси да не ти се случуваат возбудливи работи во животот!
Ако имаш многу другарки, другари, дечко, симпатија, проблеми, убави настани, милениче, желби, соништа… сѐ тоа вреди да се запише во овој ДНЕВНИК!
-
Хари Потер и Каменот на мудроста (прв дел)
0650,00 денЕден обичен ден во домот на Дарслиеви, на Привет драјв, бр. 4, стигнува писмо за момчето во креденецот под скалите, Хари Потер. По многуте обиди на тетин Вернон да ги скрие писмата што постојано доаѓаат, една вечер на вратата се појавува Рубеус Хагрид од училиштето Хогвортс за вештерство и волшебништво, и му вели дека е волшебник. Тогаш почнуваат авантурите на Хари и неговите пријатели, но влогот е голем − целиот волшебнички свет е во опасност.
„Хари Потер и Каменот на мудроста“ е првиот дел од серијалот за младиот волшебник Хари Потер и неговите авантури во светот на волшебниците и на магијата.
-
Солунска 28, втор дел
0480,00 денВо вториот дел од трилогијата, посветена на луѓето и на случувањата кои поминуваа низ дорќолската куќа на брегот на Дунав, д-р Карајлиќ по којзнае кој пат докажува дека поседува неисцрпна енергија со којашто успева да се избори со најголемите животни и уметнички предизвици. Раскажувајќи за сè она што ги снашло станарите на Солунска 28 во текот на германската окупација на Белград во Втората светска војна, д-р Карајлиќ еднакво нуди читачко уживање и на оние што го прочитале првиот дел од трилогијата, но и на оние што дури сега се придружуваат на армијата негови верни читатели. Продолжението на монументалната сага за една куќа, за еден град и за два света, уште еднаш потврдува дека нашата книжевност добила еден нов, поинаков и храбар глас во д-р Карајлиќ, со кој овој сестран уметник умее, а и има толку многу важно да ни каже.
-
Миа во Амстердам (Јас сум Миа #2)
0250,00 ден„Не одам.“
„Како мислиш, не одиш?“
„Така, не одам.“
„Со купени карти! И спакувани куфери!“
Па, што ако
-
Тошо Малерот: монологија
0500,00 денВиди батка, животот се состои од односи, а видот на односите зависи од стадиумот на поединечниот однос во однос на тоа дали станува збор за обичен однос, коректен или некоректен однос, а градењето односи во однос на нивното доградување се однесува на поединечниот однос во однос на меѓусебното однесување!
Секој личен однос зависи од меѓусебниот сооднос, и може да се однесува на другарски однос воопшто, или на интимен однос, посебно!
-
Фурам феминизам
0300,00 денЗошто мама раскрева по дома, а не тато? Зошто го носам презимето на тато, а не на мама? Зошто знаеме повеќе за спортисти и научници отколку за спортистки и научнички? – ова се само некои од илјадници прашања што од името на сите девојчиња ги поставува лик-ИЦА, хероината на оваа книга.
„Никогаш не е прерано за феминизам. Драги девојчиња, ако размислувате од каде да почнете, ова е одлично место.“ – Наѓа Духачек
„Лекции кои можеби нема да ти помогнат да ги имаш сите петки, ама ќе ти помогнат да го направиш светот поправедно и подобро место за тебе и за твоите пријателки. А првата и најважна лекција гласи: не постои ништо, ама баш ништо што девојчињата не би можеле, не би смееле или би морале да го направат – само затоа што се девојчиња!“ – Тамара Заблоцки
-
Хари Потер и и затвореникот од Азкабан
0700,00 денУште еден бурен летен распуст на Хари! Овој пат тој успеа да се замери со својата тетка и за малку да биде избркан од Хогвортс! За бељата да биде уште поголема, озлогласениот затвореник Сириус Блек е побегнат од волшебничкиот затвор Аскабан, а страшните дементори го чуваат Хогвортс од сите страни. На крајот, тука е и црното, огромно куче кое го следи Хари насекаде, и гримот, предзнакот на смртта, што се појавува во ливчињата чај на часовите по Претскажување. Мрачните сили никако да си заминат од Хогвортс!
„Хари Потер и затвореникот од Аскабан“ е третиот дел од серијалот за младиот волшебник Хари Потер и неговите авантури во светот на волшебниците и на магијата.
-
Хари Потер и Одајата на тајните
0650,00 денЛетниот распуст на Хари беше во најмала рака катастрофален. Го прослави најлошиот роденден досега, не доби ниедно писмо од Рон и Хермиона, а му беше соопштено смртно предупредување од куќниот виленик, Доби – и конечно, беше спасен на спектакуларен начин од Дарслиеви со помош на летачки автомобил! Во Хогвортс, пак, проблемите продолжуваат: Хари слуша шепотења во ѕидовите што никој друг не може да ги чуе, и наеднаш, училиштето е полно со скаменети ученици и страшни натписи по ѕидовите! На повидок е уште едно соочување со мрачните сили!
„Хари Потер и одајата на тајните“ е вториот дел од серијалот за младиот волшебник Хари Потер и неговите авантури во светот на волшебниците и на магијата.
-
Куќата со жолта фасада
1300,00 денЕдно необично и неочекувано запознавање, целосно го менува животот на младата Ева и засекогаш ѝ го заробува срцето. Љубовта која се разви од тој магичен момент, е толку волшебна што ни самата не може да поверува. Среќниот и исполнет живот со Виктор, е многу повеќе од она што таа верува и очекува од еден маж. Нивната приказна е завиена во мистериозноста на неговото појавување во нејзиниот живот и настаните кои само ја зацврстуваат љубовта меѓу нив. Ева повеќе не може да го замисли животот без Виктор, сè до оној момент кога ќе мора да научи да живее без него.
Приказна за силата на љубовта и силата на жената која останува да стои исправена пред предизвиците кои ѝ ги носи судбината и може да го поднесе секој товар, поради желбата за продолжување на животот.
Билјана Мартиновска е родена на 8 август 1977 година во Струга. Книгата „Куќата со жолта фасада“ е нејзино второ авторско дело. Живее и твори во родниот град.
-
Девет
0350,00 денСаво Николиќ, познат дизајнер, на деветгодишна возраст падна на глава и доживеа тежок потрес на мозокот со целосно губење на помнењето.
Триесет години подоцна сплет од драматични случувања предизвикува помнењето постепено да почне да му се враќа, сè додека не наврши девет години, вторпат.
Славимир Стојановиќ Футро е белградски дизајнер, визуелен уметник, креатор на лајфстајл-брендот Футро и автор на серијалот детски сликовници „Авантурите на Синги Лумба“. Неговите проекти во доменот на дизајнот имаат добиено повеќе од 300 меѓународни награди. Добитник е и на наградата за животно дело на Здружението за пазарна комуникација на Србија. Ова е негов прв роман.
-
Скарлет и Блесок
0250,00 денСкарлет и Блесок уживаат во Академијата за еднорози. Тоа е совршено место каде што можеш да се забавуваш, а и да бидеш палав!
Волшебното езеро почнува да замрзнува и можно е да се затвори училиштето! Скарлет и Блесок не можат да поднесат да бидат разделени, па одлучуваат да откријат кој стои зад големото замрзнување и да ги вратат работите на свое место…
-
Лејла и Танчар
0250,00 денЛејла не може да поверува на својата среќа поради тоа што оди во Академијата за еднорози! Го обожава својот бодар еднорог, Танчар, иако премногу се плаши да скока и да јава брзо како нивните пријатели.
Кога дрвјата околу Волшебното езеро ќе почнат да умираат, Лејла мора да собере храброст и да го поведе Танчар во возбудлива авантура за да го најдат лекот!
-
Оливија и Снегулка
0250,00 денОливија е многу среќна поради тоа што е во Академијата за еднорози. Се надева дека нејзиниот мил еднорог, Снегулка, ќе ја открие магичната моќ пред доделувањето на дипломите!
Сите се зафатени со украсување на Академијата за еднорози за свечената прослава, но изгледа дека некој се обидува да ја уништи забавата. На Оливија и Снегулка останува да ја спасат ситуацијата – и училиштето!
-
Поларна светлина
0420,00 ден„Поларна светлина“ е првиот том од трилогијата „Темната граѓа“ (оригинален наслов His Dark Materials). Делото е напишано уште во 1995 година и е добитник на многу награди, а од 2019 година е и критички и комерцијално успешна серија на Би-би-си и Ејч-би-о. Денес, романите на Филип Пулман се сметаат за модерни класици на детската литература.
„Без детето, сите ќе умреме.“
Лира Белаква и нејзиниот дајмон живеат разуздан и безгрижен живот меѓу професорите на Колеџот „Џордан“ во Оксфорд.
Судбината ќе ги однесе во далечните, смрзнати предели на Арктикот, каде што вештерски кланови се борат меѓу себе, а поларните мечки имаат свое кралство.
Невообичаеното и возбудливо патување на Лира ќе има огромни последици, што ќе ги надминат границите на нејзиниот свет…
-
Каде што шумата се среќава со ѕвездите
0390,00 денПо губењето на мајката и борбата со ракот на дојка, Џоана Тил продолжува со истражување на птичјите живеалишта во Илиноис што ги почнала во текот на дипломските студии. Решителна во намерата да докаже дека неволите не ја скршиле, работи од утро до мрак. Нејзината осаменичка рутина е прекината кога пред вратата на нејзината колиба ќе се појави босоного дете, целото со модринки.
Девојчето, кое се претставува како Урса, тврди дека е пратена од ѕвездите да посведочи за пет чуда. Џо, загрижена за детето, ù дозволува да остане со неа – барем додека не ја открие вистината за нејзиното минато.
За да ја реши мистеријата со заскитаното девојче, Џо бара помош од својот повлечен сосед Габриел Неш. Оваа необична тројка ќе изгради цврста емоционална врска, но како што се ближи крајот на летото, сите нивни болни тајни излегуваат на површина, а нивните судбини се препуштени на ѕвездите.
-
Изабела и Облак
0250,00 денИзабел сака да се трка околу Академијата за еднорози со нејзиниот прекрасен еднорог, Облак. И едвај чека нејзиниот еднорог да ја открие неговата магична моќ!
Некој фрла лоша магија на Волшебното езеро. Изабел и Облак ќе мораат да научат да си веруваат еден на друг впуштајќи се во опасна авантура за да го спасат училиштето…