Филтер по цена
Жанр
Автори
  • Безобразни писма

    Безобразни писма

    0

    Грифин Квин беше момчето од Британија со кое се допишував во детството. Иако бевме тотално различни, преку стотици писма во текот на годините, станавме најдобри пријатели, споделувајќи ги нашите најмрачни, најдлабоки тајни и создавајќи нераскинлива врска. Но таа врска сепак се раскина еден ден.

    И години подоцна, пристигна ново писмо. И тоа безобразно – писмо во кое беше собран сиот негов гнев од изминатите осум години. Немав избор, освен да му кажам зошто престанав да му пишувам. Грифин ми прости и некако успеавме повторно да го оживееме тој близок однос од детството. Само што, сега бевме возрасни и во врската имаше хемија, имаше искри. Нашите забавни писма брзо станаа кокетни, а потоа и крајно безобразни, преполни со нашите најлуди фантазии. Па логично беше да отидеме еден чекор понатаму и да се видиме во живо.

    Но, Грифин не сакаше да се сретнеме. Ме замоли да му верувам и велеше дека така е најдобро. Само што, јас сакав нешто повеќе, па решив да ризикувам и тргнав да го барам. Луѓе правеле и полуди нешта за љубов. Но она што го открив таму можеше да смени сѐ.

    450,00 ден
    Додај во кошничка
  • Безсловен

    Безсловен

    0

    За некои борби вреди да се живее…

    Мојата животна приказна: сексуалното и менталното злоупотребување во детството и младоста, борбата со ракот и преживување на траумите.

    „Безсловен“ е автобиографско писание, вклопено во рамка на сирова искреност. Една тегобна реална слика, насликана со скрб, крв и солзи. Со делото авторот се обидува да се исцели себеси, но и да помогне на сите оние кои го преживеале истото и сè уште се борат во сенките на четириѕидовниот затвор на својот ум.

    Испреплетените приказни низ годините делуваат како исткаени моменти, кои како да не припаѓаат тука, на Балканот. Една разнобојна таписерија, која започнува во 2019 година кога авторот дознава дека има канцер. Канцерот е како еден катализатор за да може како од Пандорина кутија да се излеат сите болки, тајни и трауми од минатото. Поточно шест трауми и големи лузни од минатото, сокриени во шест сандаци: менталното и физичкото злоупотребување од страна на негувателките од градинка и од сопствените баба и дедо, кои со жилети му го сечеле јазикот, злоупотребување од страна на таткото алкохоличар, сексуалното злоупотребување од 8 до 10 години од страна на сосед, што впрочем е и најголемата траума во делото и околу кое се прилепуваат сите останати, и врсничкото физичко и ментално насилство (булинг) во основното и средното образование.

    Време е и на овие наши простори да за’рти дело кое ќе изникне и ќе се издигне над сите табуа кои нè чувале под стеги; да се зборува за сите овие нешта (особено за сексуалното злоупотребување), за да може некое дете, некоја возрасна личност, некоја социјална група, да се излечи. Делото е еден вид на водич како да се адресираат траумите кои ги чуваме сите; совети дека е сосем во ред да се разговара за тоа, бидејќи преку зборувањето и откривањето, ние се лечиме.

     

    390,00 ден
    Додај во кошничка
  • Белата тврдина

    Белата тврдина

    0

    Орхан Памук е можеби најпознатиот современ турски писател, добитник на Нобеловата награда за литература во 2006 година. Неговите дела се занимаваат со соочувањата помеѓу Истокот и Западот, со проблемите на уметноста и на идентитетот, а честопати се споредувани со оние на Џојс, Набоков и Маркес.

    Еден млад Италијанец, кој патува од Венеција кон Неапол, е заробен од страна на отоманската флота и однесен во ропство во Истанбул. Таму, во јадрото на големата Империја, му е предаден на турскиот пронаоѓач наречен едноставно „учителот“, кој е негов идентичен двојник! Робот е принуден да го научи „учителот“ на сè што знае за науката, технологијата и медицината, но, исто така, и да му ги открие своите најдлабоки тајни.

    „Белата тврдина“ е третиот роман на Орхан Памук, во кој на интересен и возбудлив начин се испреплетуваат историјата и фикцијата, Истокот и Западот, науката и војната – сè во обид да се одговори прашањето: Кој сум „јас“?

    360,00 ден
    Додај во кошничка
  • Белегот на сите нешта

    Белегот на сите нешта

    0

    Величествен, опсежен роман за желбата, амбицијата и жедта за знаење.

    Вметнувајќи го својот уникатен глас во волшебна приказна за љубов, авантури и откритија, Елизабет Гилберт го опфаќа периодот од XVIII и XIX век. Романот ја следи судбината на необичното семејство Витакер, на чело со бизнисменот Хенри, Англичанец од сиромашно потекло, кој стекнува огромно богатство во Јужна Америка благодарение на трговијата со кинин и на крајот станува најбогатиот човек во Филаделфија. Неговата ќерка Алма, родена во 1800 година, покрај парите, ја наследува и татковата интелигенција, па станува надарена ботаничарка. Како што истражувањата ја водат кон длабоките мистерии на еволуцијата, таа се вљубува во Амброуз Пајк, човек што слика неповторливи орхидеи и ја одвлекува во свет поразличен од нејзиниот – свет на духовното, божественото и магичното. Алма е трезвен научник, Амброуз уметник на утопија – но тоа што го обединува овој необичен пар е очајната желба да сфатат како функционира светот.

    Извонредно истражен и раскажан со галопирачко темпо, романот нè води низ целиот свет – од Лондон до Перу, Филаделфија, Тахити, Амстердам… Напишана со смел, предизвикувачки дух на тоа време, мудрата, промислена и волшебна приказна на Гилберт со сигурност ќе ги освои срцата и умовите на читателите.

    650,00 ден
    Додај во кошничка
  • Бележникот на татко ми

    Бележникот на татко ми

    0

     

    Кога бил дете, Ага Акбар, непризнат син на персиски благородник, отпатувал со вујко си до една света планина во длабочините на Персија, која криела мистериозна пештера. Во неа се наоѓал релјеф издлабен со клинесто писмо, стар три илјади години, од времето на првиот персиски крал. За да се ослободи од она што го чувствувал, малиот Ага Акбар создал сопствено писмо од овие симболи, со кое страсно пишувал за својот живот, за своето семејство, за емоциите и за општествените промени што се случувале во неговата земја. Создал личен дневник што само тој можел да го разбере.

    Години подоцна, неговиот син Ишмаел живее како политички дисидент во егзил. Обидувајќи се да го дешифрира наследениот бележник, тој ги раскажува не само татковата судбина како селски поправач на килими туку и својата приказна на политички активист во судир со властите во земјата во која е роден, но и приказната на Иран од XX век. И ниту една од овие приказни не може некого да остави рамнодушен. Воодушевувачки амбициозен роман за патувањето на една култура кон современието и чудесна и безвременска хроника за вечната љубов на синот кон таткото.

    350,00 ден
    Додај во кошничка
  • БЕЛЕШКИТЕ НА ЛАЈЛА ГРЕЈС

    БЕЛЕШКИТЕ НА ЛАЈЛА ГРЕЈС

    0

    „Настаните не се вистински. Односно тие се вистински во секој можен поглед, но јас им го сменив крајот, или дури и самиот почеток. Беше премногу болен или можеби и премногу едноставен за раскажување. Ликовите можеби во вистинскиот живот не заслужија вака да завршат, некои можеби завршија, а другите се можеби само моја илузија. Можеби мојата гордост ја избрка храброста и ме направи кукавица. Но, на некој начин, јас најдов како да ја раскажам мојата приказна онака како што сакав да заврши. Како што немав храброст да ја погазам гордоста и да се борам за таквиот крај. Туку дозволив љубовта да се испогани, на сите можни начини на коишто луѓето ќе успеат да го испоганат и најчистото – и најчистата душа и најчистата љубов. Но, сепак, и по толку време, со тоа што ги раскажав приказните со променет преплет на настаните, таа невина наивност ќе остане чиста и засекогаш ќе живее во мене

    250,00 ден
    Прочитај повеќе
  • БЕЛЕШКИТЕ НА ЛАЈЛА ГРЕЈС: КАРМА

    БЕЛЕШКИТЕ НА ЛАЈЛА ГРЕЈС: КАРМА

    0

    Книгата која се распродаде во над 5.000 примероци, добива свое продолжение!

    Авантурите на срцето на Лајла Грејс продолжуваат. Што ѝ се случува на вечно заљубената, во животот и во љубовта, хероиња?

    Куси белешки пишувани онака како што чувствува срцето, емоции од најскришните катчиња на душата преточени во мастило на хартија, љубовни болки во кои се пронаоѓа секоја барем еднаш заљубена душа, урбани ситуации кои сите ги препознаваме и животни крстопати на кои барем еднаш сме застанале. Сите радости и болки на срцето се собрани во овие страници пред вас.

    Кратки, луцидни и искрени размисли на кои секогаш ќе им се навраќате!

    250,00 ден
    Прочитај повеќе
  • Бели мугри

    Бели мугри

    0
    150,00 ден
    Додај во кошничка
  • Бели ноќи

    Бели ноќи

    0

    Боже мој! Цела минута блаженство! Та зар малку е тоа, макар и за цел живот?…

    Уште во раната младост Фјодор М. Достоевски ја определил својата главна писателска задача: „Човекот е тајна. Таа мора да се одгатне, а ако ја отгатнуваш дури и сиот свој живот, немој да велиш дека си го изгубил времето; јас се занимавам со таа тајна затоа што сакам да бидам човек.“

    Повеста „Бели ноќи“ е едно од најдобрите дела од школата на сентименталниот натурализам, во која авторот го следи своето книжевно кредо. Во нему својствен манир, низ призмата на љубовното сиже, Достоевски ни ја разоткрива психата на еден млад човек што се наоѓа на својот животен крстопат и во расчекор со светот во кој не може да се пронајде.

    „Бели ноќи“ е лирска исповед на еден дваесет и шестгодишен младич, сиромашен државен службеник и вистински мечтател, кој живее во својот замислен, фантастичен свет. Сè се менува кога во неговиот живот накратко се појавува вистинска девојка, која го враќа во реалниот свет будејќи во него најубави човечки чувства и желба за посветла иднина…

    250,00 ден
    Додај во кошничка
  • Бели ноќи,Слабо срце,Кротка

    Бели ноќи,Слабо срце,Кротка

    0

    Опис Дополнителни информации Коментари
    Три раскази кои се сметаат за едни од најдобрите на Фјодор М. Достоевски!

    „Бели ноќи“ (1848)

    Млад маж шета по улиците на Санкт Петербург размислувајќи за својата осаменост кога налетува на уплакана млада жена. Придружувајќи ја до дома, започнуваат разговор и стануваат пријатели. Оттогаш се среќаваат ноќе за да си поприкажат. Јазикот и стилот прават читателот да ги почувствува опишаните сцени на своја кожа, продирајќи во најтемниот, недостапен слој на човековата душа.

    „Слабо срце“ (1848)

    Почетокот на расказот е брз како и целото дејство: полетната желба за брак на Васја Шумков го вивнува во облаци, по што ни неговиот пријател, Аркадиј Иванович, не може да го смири. Таквата избрзана одлука буквално ги крши срцето и умот на Васја, чијашто искрена намера направила да потклекне пред горчината што следува.

    „Кротка“ (1876)

    Истражувајќи го односот на „тиранин“ и „жртва“ врз примерот на едно обично семеjство, Достоевски ни ја разоткрива и изложува на виделина душата на главниот лик кој се соочува со огромна трагедија – ненадејното самоубиство на неговата млада сопруга. Читателот станува сведок на испрекинaт внатрешен монолог на човек соочен со своите мисли и тага, со длабочината на својот очај.

    350,00 ден
    Додај во кошничка
  • Бело се пере на деведесет

    Бело се пере на деведесет

    0

    Бело се пере на деведесет е шокантен, духовит и инспиративен билдунгс-роман, што ја бележи животната приказна на нараторот, кој во прво лице раскажува за своето детство во седумдесеттите и осумдесеттите години на минатиот век, па сè до неодреден ден во денешницата.

    Во нејзините живи спомени на детските денови има врволица од луѓе, роднини и пријатели и богат социјален живот, што повеќепати нескриено и со носталгија таа ги поврзува со животот во рамки на поранешната република, кога се организирале групни летувања, колективни зимски екскурзии и кога луѓето главно биле безгрижни.

    Но, покрај тоа што овој роман во основата е наратив за растењето, истовремено е и соочување со загубите и со болеста, и го доловува напорот за припитомување на стравот и на сето она што не сакаме да го видиме додека не се соочиме со него неминовно.

    Броња Жакељ (1969) е дипломирана новинарка по образование. Нејзината радост заради пишувањето останува некаде меѓу страниците на списанијата и во редакциите на дневните весници, па својот прв професионален ангажман ù е во секторот маркетинг, а денес работи во секторот банкарство. Со оглед на тоа што во финансиите нема многу креативност, а нејзината љубов кон пишувањето никогаш не ја напушти целосно, одлучува да го напише својот прв роман, Бело се пере на деведесет (2018), за кој ја добива престижната книжевна награда „Кресник“ за 2018 година

    350,00 ден
    Додај во кошничка
  • Бескрајна приказна

    Бескрајна приказна

    0

    Бастијан Балтазар Букс е срамежлив, чуден и воопшто не е некој херој. Неговото единствено бегство е читањето книги. Кога Бастијан ќе наиде на книгата наречена „Бескрајна приказна“, тој ќе биде вовлечен во магичниот свет на Фантазија – толку многу што ќе открие дека станал еден од ликовите во приказната! А кога ќе сфати дека овој мистериозен, волшебен свет е во страшна опасност, тој открива и дека е избран да го спаси.

    350,00 ден
    Додај во кошничка
  • Бесмртност

    Бесмртност

    0

    „Смртта и бесмртноста создаваат неразделна двојка… поубава од Ромео и Јулија или од Лорел и Харди…“ „Бесмртноста подразбира вечно судење.“

    Тоа го вели Кундера во Бесмртност, каде што и самиот се јавува како лик. Бесмртноста, или претставата за неа, е присутна низ целата приказна, почнувајќи од интерференцијата на Гете и Хемингвеј како ликови, преку односите на другите, фиктивните ликови, па сè до инспирацијата што произлегува од еден единствен специфичен гест.

    Кундера и во ова дело го користи нему својствениот и мошне типичен психолошки реализам, а низ Бесмртност како стожерни провејуваат две главни теми: врската меѓу човекот и неговата слика и она што Кундера го именува како хомо сентименталис.

    420,00 ден
    Додај во кошничка
  • Бесплатна достава

    Бесплатна достава

    0
    Прочитај повеќе
  • Беспрекорно

    Беспрекорно

    0

    Правилата беа прости: да ги држи рацете подалеку од ќерката на неговиот агент и да не запаѓа во неволји. Да биде беспрекорен. А сега е принуден да го дели покривот со неа. И креветот. Но правилата се создадени за да бидат прекршени.

    Рет Итон е најпознатиот родео-каубој во Канада и жените го обожаваат. Вистинска суперѕвезда. Или барем до неодамна, пред да биде вмешан во голем скандал што се заканува да ѝ стави предвремен крај на неговата блескава кариера. Агентот настојува да го среди имиџот, па затоа ја праќа ќерка си, Самер, да го следи во чекор до крајот на сезоната.
    На Рет не му треба дадилка – особено не толку убава, со припиени панталони и заводлива насмевка, која не умее да си ја држи устата затворена. Прекрасната уста за која тој не може да престане да размислува. Но Самер не е лесен плен, не е уште една цртка во долгиот список со заведени девојки. Таа проникнува зад неговата маска на самоуверен и себичен никаквец, го гледа неговото вистинско лице и нема намера да побегне.
    Самер се обидува да не ја пречекори границата, затоа што неговата репутација не би издржала уште еден удар – како и нејзиното срце, кое не би издржало уште болка.
    Но Рет е решен да ѝ го освои, колку и да го чини тоа.

    520,00 ден
    Додај во кошничка
  • Бессони во Менхетен

    Бессони во Менхетен

    0

    Мојата љубовна приказна започна со писмо. Но не од човекот во кого подоцна се вљубив. Писмото беше од неговата ќерка. Слатко девојченце по име Бирди, кое пиша до списанието за кое работев. Мојот работодавец еднаш годишно им исполнуваше желби на читатели. Но таа конкретна колумна почнуваше дури за неколку месеци.

    Па јас самата ѝ исполнив неколку желби. Безопасно беше… или барем така си мислев. Сѐ додека не отидов малку предалеку.

    Додека анонимно исполнував уште една од желбите на Бирди, го видов татко ѝ. Нејзиниот ненормално згоден самохран татко. И тогаш требаше да престанам да изигрувам добра вила. Требаше да ставам крај на сѐ. Но посилно беше од мене. Имав некоја конекција со девојчето. Нешто што ме тераше да се однесувам ирационално.

    И така им се појавив на врата.

    450,00 ден
    Додај во кошничка