-
Правилото 5 секунди
0500,00 ден5… 4… 3… 2… 1! Почнуваме!
Како да се промени животот за само 5 секунди?
Оваа книга го открива правилото, базирано на научни факти, со чија помош ќе можете во целост да направите пресврт во вашиот живот.
Ќе научите:
– да бидетепосамоуверени,
– да престанете да ги одложуватеобврските,
– да ги победите стравот и несигурноста,
– да ги отфрлите грижите и да станете посреќни,
– храбро да ги споделите своите идеи.
Придружете им се на повеќе од десет милиони луѓе што го открија овој метод со кој можат да променат буквално сè. Вие можеби знаете ШТО треба да промените, но оваа книга ќе ви покаже КАКО да го сторите тоа.
Користејќи се со научните истражувања за навиките, со сведоштва од луѓе и со изненадувачки факти за некои од познатите моменти во историјата и деловниот свет, Мел Робинс ја објаснува силата на „почетниот импулс“ во моментот кога сакаме нешто да преземеме или да промениме.
Тука во игра влегува правилото „5 секунди“. Тоа ни помага да се придвижиме и, што е најважно – функционира! Ова правило е лесно а неговиот ефект е неверојатен. Впрочем, тоа е тајна со која може да се промени апсолутно сè. Штом ќе го научите правилото, веднаш можете да почнете да го применувате. Ќе ви помогне да живеете, да сакате, да работите и да разговарате со многу поголема самодоверба и смелост!
-
Православен молитвеник
0200,00 денОче наш, Кој си на небесата,
да се свети името Твое, да дојде царството Твое, да биде волјата Твоја,
како на небото, така и на земјата;
лебот наш насушен дај ни го денеси
и прости ни ги долговите наши
како и ние што им ги проштеваме на нашите должници;
и не нè воведувај во искушение, но избави нè од лукавиот.
Амин!
-
Православието и религијата на иднината
0250,00 денЕромонах Серафим Роуз
Православни христијани, чувајте ја Божјата благодат која ја имате!
Треба да знаете дека таа не е работа на обичаи. Таа не се мери само со човечки мерила и не очекувајте да ја разберат оние што можат да го разберат само она што е човечко, или оние што мислат дека благодатта на Светиот Дух може да се стекне надвор од Црквата Христова.Вистинското Православие, според својата природа, мора да изгледа несовремено во ова наше демонизирано време.Тоа изгледа како незначајно малцинство на презрени и „налудничави“, на средина на успешниот религиски „препород“ на мнозинството. -
Празникот на безначајноста
0200,00 денДа се фрли светлина врз најсериозните проблеми и, истовремено, да не се изусти ниту една сериозна реченица, да се биде фасциниран од реалноста на современиот свет и, истовремено, да се избегне целиот реализам – тоа е идејата, стожерот, срцевината на Празникот на безначајноста, последниот роман на Милан Кундера.
-
Прашај ме повторно, ќе ти речам „да“
0480,00 денФренсис Глисон и Брајан Стенхоуп, двајца полицајци-почетници во њујоршката полиција, живеат еден до друг во соседство надвор од градот. Она што се случува во двете куќи зад затворени врати – осаменоста на сопругата на Френсис, Лена, и нестабилноста на сопругата на Брајан, Ен – поставува сцена за експлозивни настани што следуваат.
Прашај ме повторно, ќе ти речам „Да“ е приказна за долгогодишното пријателство и љубовта помеѓу ќерката на Френсис и Лена, Кејт, и синот на Брајан и Ен, Питер, што никого нема да остави рамнодушен. Брилијантно, емотивно и искупувачки, оваа книга открива како спомените од детството се менуваат од дистанца на зрелоста – негативците не се веќе закана, а невините и не се баш наивни. Љубовната приказна на Кејт и Питер, тестирана од ехото од минатото, е обележана со нежност, дарежливост и милост.
-
Прашина ДВД
0350,00 ден“Каде ли ти оди гласот, кога те нема веќе?”
Патиштата на еден крадец од Њујорк (Еџ), една силна стогодишна баба (Анџела), двајца браќа од Дивиот Запад (Лук и Елајџа), еден комита спремен да загине за слобода (Даскалот) и една лична трудница (Неда) им се вкрстуваат во оваа приказна која се протега на два контенента и низ три века.
Филмот Прашина го нарекуваат македонската Герника поради епскиот замав, но и поради кубистичкиот пристап кон наративот. Ова „моќно, амбициозно парче филм“ („Њујорк тајмс“) дело го отвори фестивалот во Венеција.
Режија и сценарио: Милчо Манчевски
Улоги: Џозеф Фајнс, Дејвид Венам, Адријан Лестер, Ен Броше, Розмари Марфи, Салаетин Билал, Николина Кујача, Владо Јовановски
-
Првата вечерна ѕвезда
1440,00 денПајпер Дав е жена со сон – да стане најдобриот детектив во Чикаго. Прва задача? Да го следи бившиот бек на Чикаго Старс, Купер Грахам. Проблем? Грахам ја открива и не е среќен.
Па затоа добрите детективи мора да знаат да работат под притисок и брзо да размислуваат. „Јас те демнам. Не сум опасна. Човече, никако. Повеќе нешто како малку опседната со тебе…“
Пајпер наскоро почнува да работи за Грахам, но не како телохранител затоа што тој одбива да признае дека очајно му е потребен. Тој ја ангажира да ги надгледува вработените во неговиот ексклузивен ноќен клуб. Но одеднаш, неговиот живот е во опасност и Пајпер е решена да го заштити, без разлика дали тој сака или не. (А тој дефинитивно не сака!) Проблемот е што таа истовремено се справува и со куп други тешки клиенти. Во секој случај, најтежок од нив е самиот Купер Грахам – легендарен спортски херој кој секогаш го добива тоа што го сака. Па макар тоа била тврдоглава детективка смртно решена да му докаже дека е подеднакво силна како него.
Во стилот на Сузан Елизабет Филипс, романтична комедија што освојува уште од првата глава.
-
Првата лага е добитна
0520,00 денТаа ти го украде идентитетот.
Сега треба да си го вратиш.Иви Портер има сè што една обична девојка може да посака: прекрасно момче што ја сака, удобна куќа со двор и бела дрвена ограда, забавна група пријатели. Но… Иви Портер не постои.
Најпрво ѝ даваат нов идентитет: Иви Портер. Штом ќе ја добие и локацијата од мистериозниот шеф, господин Смит, таа дознава сè што може за градот и неговите жители. Потоа ја дознава целта: Рајан Самнер. А нејзината мисија е последното парче од сложувалката.Иви не го знае вистинскиот идентитет на господин Смит, но знае дека оваа задача е посебна. Но Рајан успева да ѝ се пикне под кожа и таа веќе почнува да замислува поинаков живот. Само, не смее да направи никаква грешка – особено по она од последниот пат.
А единствената работа што цел живот се обидува да ја зачува, единствениот идентитет на кој секогаш може да се врати – вистинскиот – одеднаш пристигнува во градот. Иви Портер мора да биде еден чекор понапред од своето минато и да се погрижи да има некаква иднина пред себе. Влогот не може да биде поголем. Но Иви отсекогаш сакала предизвик.
-
Првиот ден од остаток на твојот живот
0450,00 денНајскапоценото нешто што го имам е срцето, а него не можам да ти го дадам, па ти го давам тоа што ми помогна да го запознаам.
Маел, директорка за финансии во успешна развојна фирма, живее забрзан живот што се сведува на одење на работа и повремени задоволства. Нејзините соништа… зар таа има време за нив? Во тој строго испланиран живот нема место за мечти, сѐ до денот кога нејзината најдобра пријателка, Романа, ќе ја замоли за голема услуга.
Прашање на живот и смрт.
Маел е пред најважниот тест, но сепак прифаќа и оди на патување во далечниот Непал. Искачувањето кон врвовите на Анапурна, на хималајскиот венец, ќе се претвори во вистинско духовно патување. Кога младата жена ќе сфати дека реалноста можеби не е онаква каква што ја замислувала, започнува нејзиното лично преиспитување. Во текот на возбудливите искуства и средби, Маел ќе го најде клучот за вистинската среќа и ќе си го промени животот од корен.Дали ќе успее да ја спаси и својата пријателка?
„Гледам само еден начин човек да дознае до каде може да се стигне. Да тргне и да оди.“
Анри Бергсон
-
ПРВО ПОСЛАНИЕ НА СВЕТИОТ АПОСТОЛ ПАВЛЕ ДО КОРИНТЈАНИТЕ
0800,00 денП р е д г о в о р
F o r e w o r d
Вовед во Првото послание на светиот апостол Павле
до Коринтјанитe
Коринт и коринтјани
Формирање на Црквата во Коринт
Позначајни личности од Црквата во Коринт
Повод и цел за пишување на Посланието
Време и место каде е пишувано Посланието
Автентичност на Посланието
Содржина на Посланието
Прва глава
I. Вовед во Посланието (1. Кор. 1,1-9)
Обраќање, наслов, поздрав и благослов
(Хairetismo;~ – Greeting; Blessing in Christ) (1. Кор. 1,1-3)
Благодарност на Бога за даровите во Kоринт
(jjO Pau`lo~ eujcaristei` to;n Qeo;n dia; ta; carivsmata)
– Thanksgiving for God’s Grace at Corint) (1. Кор. 1,4-7)
Повик кон спасение (1. Кор. 1,8-9)
II. Расправии, раздори, соблазни и разделување (1. Кор. 1,10-6,20)
II. 1. Апостолот ги разјаснува недоразбирањата меѓу коринтјаните
(1. Кор. 1,10-4,21)
II. 2. Расправии во црковната општина.
За единството во Христа и спасението на сите (1. Кор. 1,10-17)
Повик на единство.
Поделба меѓу христијаните (Оij cristianoi; dihrhmevnoi eij~ kovmmata
– Divisions in the Church) (1. Кор. 1,10-12)
Црквата е една. Крштението – света тајна за обединување
(The Church is one. Baptism: The Sacrament of Unity) (1. Кор. 1,13-17)
II. 3. Слово за крстот.
Ставрологијата на апостол Павле (1.Кор. 1,18-31)
Крстот Христов и спасението.
Силата на крстот (jH duvnami~ tou` staurou`) (1. Кор. 1,18-24)
Божјата премудрост и човечкото знаење.
Световната и христијанската, евангелска мудрост
(To; Eujaggevlion kaiJ hJ safiva tou` kovsmou) (1. Кор. 1,19-24)
Бог е семоќен, а човекот немоќен.
Бог нема потреба од мудрите на светот (jO Qeo;~ de;n e[cei
ajnavgkhn tw`n sofw`n tou` kovsmou) (1.Kор. 1,25-31)
Втора глава
II.4. Карактерот на Павловата проповед (1.Кор. 2,1-3,4)
Павловата проповед е силна со духот и со Христа распнатиот,
а не со мудрост (1. Кор. 2,1-5)
Мудроста на Светиот Дух и мудроста на светот.
Световната мудрост и умот Христов.
Филозофија и Откровение (Filosofiva kai; jApokavluyi~).
Евангелието е мудрост Божја
(To; Eujaggevlion ei\nai sofiva Qeou`) (1. Кор. 2,6-16)
Трета глава
II.5. Апостолите – слуги и соработници Божји, а Христос – Спасител.
Христијанскиот живот виден на судот Божји (1. Кор. 3,1-23)
Ги осудува за разделувачкиот дух
(Katakrivnetai to; cwristiko;n pneu`ma).
Штетите од разделеноста (1. Кор. 3,1-4)
Апостолите се само слуги и соработници Божји (1. Кор. 3, 5 – 9)
Господ Исус Христос е основа на Црквата и темел на спасението
(1. Кор. 3,10-11)
Од делата што ги правиме зависи нашата вечност (1. Кор. 3,12-15)
Ние сме храм Божји (1. Кор. 3,16-17)
Мудроста од светот – безумство пред Бога (1. Кор. 3,18-23)
Четврта глава
II. 6. Апостолската служба и понизувањето (1. Кор. 4,1-21)
Апостолите слуги Христови (diavkonoi tou` Хristou`),
но и управници со тајните Божји.
Бог ги знае тајните и Он ќе суди (1. Кор. 4,1-5)
Апостолскиот живот.
Апостолската служба и нејзиното понижување во светот.
Пожртвуваноста и страдањата на апостолите (1. Кор. 4,6-13)
Татковски поучувања и опомени (Пatrikai; nouqesivai ka;i rotropai;).
Испраќањето на Тимотеја во Коринт (1. Кор. 4,14-17)
Строгоста на апостол Павле (1. Кор. 4,18-21)
Петта глава
II. 7. Родоосквернување (1. Кор. 5,1-13)
Разврат и неморалност.
(Bareiva~ ajnhqikovthto~ – Immorality in the Church).
За крвосмесништвото.
(To; skavndalon tou` aijmomivktou – Incest) (1. Кор. 5,1-3)
Црквата треба да биде чиста (The Church Must Be Pure)
Очистување на црковната општина.
Одлачување (ajforismo;~) на крвосмесникот.
Христос – нова Пасха (1. Кор. 5,4-8)
Совети за однесувањето кон тешките грешници (1. Кор. 5,9-13)
Шеста глава
II. 8. Расправии и тужби пред незнабожечките судови
(1.Кор.6,1-11)
Тужбите на христијаните пред незнабожечките судови
(eij~ eijdwlolatrikav dikasthvria) (1. Кор. 6,1-8)
II. 9. Неморалност или единство со Христа (1. Кор. 6, 9-20)
Неморалности (Immorality – jH ajnhqikovth~).
Сè ми е позволено, но не е сè полезно (1. Кор. 6,9-12)
Блудот нема ништо со христијанската слобода.
Соединување со Христа, а не со блудница.
Користи го телото за слава Божја
(Use Your Bodies for God’s Glory).
Телото наше е храм Божји
(To; sw`ma ujmw`n nao;~ tou` Qeou`) (1. Кор. 6,13-20)
Седма глава
III. Одговори на разни прашања (1. Кор. 7, 1 – 14, 40)
III.1. Брак, девственост, развод.
Прашање за бракот (Question Aout Marriage) (1. Кор. 7,1-40)
За христијанскиот брак (jO cristianiko;~ gavmo~) (1. Кор. 7,1-4)
За девственоста и безбрачноста (ajgamivan) (1. Кор. 7,5)
За воздржувањето во бракот (1. Кор. 7, 6-9)
За разводот (To; diazuvgion).
Мешаните бракови со неверници (1. Кор. 7,10-16)
Роб или слободен (1. Кор. 7,17-24)
За девството (hj parqeniva) и сопружништвото (1. Кор. 7,25-31)
За грижите на безбрачните и брачните (1. Кор. 7,32-40)
Осма глава
III. 2. Жртвопринесувањето и идолослужението.
Вистинското ползување на христијанската слобода
(1. Кор. 8,1-13)
За јадењето на идолски жртви.
Жртвопринесеното месо (1. Кор. 8,1-7)
За соблазнувањето со храна (1. Кор. 8,8-13)
Деветта глава
III. 3. Павле како образец. Павловата дисциплина (1. Кор. 9,1-27)
Одбрана на своето апостолство.
Големината и достоинството на апостолот.
Добриот пример на апостолот Павле (1. Кор. 9,1-6)
Правата на апостолите – за духовното добиваат телесно
(1. Кор. 9,7-10)
„Проповедниците на Евангелието да живеат од Евангелието“
(1. Кор. 9,11-19) 155
„За сите станав сè…“ (Toi`~ pa`si gevgonta ta; pa;nta)
(1. Кор. 9,20-23)
За христијанскиот подвиг (1. Кор. 9,24-27)
Десетта глава
III. 4. Опасноста од идолопоклонство. Обѕири на совеста.
Употребување на слободата (1. Кор. 10,1-33)
Поука од лошите примери на Израилот.
За похотливоста (1. Кор. 10,1-6)
Поука од примерите на Израилот.
За идолослужението и искушувањето на Господа (1. Кор. 10,7-13)
Трпезата Господова и идолското жртвопринесување.
Чашата Господова и чашата демонска.
(Пothvrion Кurivou kai; pothvrion daimonivwn) (1. Кор. 10,14-22)
Обѕири на совеста.
Правила и решенија на тешкотиите во животот (1. Кор. 10,23-33)
Единаесетта глава
III. 5. Црковни и догматски прашања (11 – 15 глава)
Ред на верските состаноци в црква (1. Кор. 11,1-34)
Поведението в црква.
В црква мажот се моли гологлав, а жената со покриена глава
(1. Кор. 11,1-15)
Лошото однесување на коринтјаните на „агапите“ (вечерите на љубовта).
Како треба да се подготвуваме за Причеста (1. Кор. 11,16-22)
За востановувањето на светата Евхаристија
(jH Qeiva Eujcaristiva – The Eucharist) (1. Кор. 11,23-26)
За достојното учество во Евхаристијата (1. Кор. 11,27-34)
Дванаесетта глава
III. 6. Духовните дарови во Црквата и нивната употреба.
Дејствувањето на Светиот Дух (1. Кор. 12,1-14,40)
Природата, целта и различностите на духовните дарови добиени
од Светиот Дух (jH fuvsi~, oj skopo~ kai; aij diaforai;
tw`n pneumatikw`n carismavtwn
– Spiritual Gifts From the Holy Spirit) (1. Кор. 12,1-11)
Црквата – тело Христово. Многу органи, едно тело
(One Body with Many Parts) (1. Кор. 12, 12-20)
Секој орган се грижи за другиот. За понеугледните поголема грижа.
Заедничкото страдање (1. Кор. 12,21-26)
Различните служби во Црквата (1. Кор. 12,27-31)
Тринаесетта глава
III. 7. Љубовта – најважна во времето и во вечноста
(Love: Superior to Gifts – To; magalu;teron cavrisma ei\nai ajgavph).
Химна за љубовта (}Umno~ th`~ ajgavph~) (1. Кор. 13,1-13)
Љубовта споредена со повеќе дарови на чудотворства и
себепожртвуваност (1. Кор. 13,1-3)
Што прави и што не прави љубовта (1. Кор. 13,4-7)
Колку трае љубовта (1. Кор. 13,8-10)
Сегашното и есхатолошкото значење.
Љубовта е најголема
(megalutevra ei\nai hj ajgavph – The greatest is love)
(1. Кор. 13,11-13)
Четиринаесетта глава
III. 8. За правилното ползување на дарот говорење туѓи јазици
(1. Кор. 14,1-40)
За дарот зборување туѓи јазици и за пророкувањето
(jH glwssolaliav kai; hj profhteiva) (1. Кор. 14,1-8)
За дарот зборување туѓи јазици и за пророкувањето
– личниот пример на коринтјаните (1. Кор. 14,9-17)
Личниот пример на апостолот Павле за доброто ползување на дарот на јазици и
пророштва (dia; th;n kalh;n crh`sin tw`n carismavtwn)(1. Кор. 14,18-25)
Ред при говорењето, толкувањето, пророкувањето и служењето
в црква (1. Кор. 14,26-33)
Жена в црква не поучува (1. Кор. 14,34-35)
Завршни зборови за духовните дарови.
– Заклучок: сè како што прилега и уредно (1. Кор. 14,36-40)
Петнаесетта глава
IV. За воскресението на мртвите
(jH ajnavstasi~ tw`n nekrw`n) (1. Кор. 15,1-58)
IV.1. Јавувањето на Христа воскреснатиот (1. Кор. 15,1-11)
Апостол Павле проповеда дека Христос воскресна
(jH jAnavstasi~ tou` Kurivou – Resurrection of Christ)
(1. Кор. 15,1-4)
Христовите јавувања по воскресението (1. Кор. 15,5-11)
Докази за воскресението.
Последици од порекнувањето.
Врската меѓу воскресението на Христа и на мртвите
(1. Кор. 15,12-19)
Христос стана првина на умрените.
Христовото воскресение и човечкиот род (1. Кор. 15,20-28)
Крштевањето, животот и страдањата на апостолите и
на христијаните се доказ за воскресението на мртвите
(ajpovdeixi~ th`~ ajnastavsew~ tw`n nekrw`n) (1. Кор. 15,29-34)
Начин на воскреснувањето.
Како ќе воскреснат мртвите и какви ќе бидат воскреснатите тела?
(Pw`~ ejgeivrontai oij nekroiv kai; pw`~ qa; ei\nai ta; ajnasthmevna swvmatai;)
(1. Кор. 15,35-44)
Душевен и духовен – земното и небесното.
Еден е кој ќе нè воскресне (1. Кор. 15,45-49)
Времето на воскресението
(The Time of the Resurrection) (1. Кор. 15,50-53)
Триумфална химна за победата над смртта (1. Кор. 15,54-58)
Шеснаесетта глава
V. Заклучок (1. Кор. 16,1-24)
Собирање милостиња за сиромашните христијани во Ерусалим.
Помош за Ерусалимската црква (1. Кор. 16,1-2)
Планови за патувањето на апостол Павле во Македонија, Коринт и Ефес.
Препорака за Тимотеја во Коринт (1. Кор. 16,3-9)
Препораки и опомени
(Paraggelivai kai; protropai;) (1. Кор. 16,10-18)
Различни поздрави (diavforoi cairetismoiv)
Поздрави и благослови. Спасоносноста на безграничната љубов
кон Христа (1. Кор. 16,19-24)
Хронологија на дејностите на светите апостоли.
Автори и време на пишување на новозаветните книги
Ракописи од првите текстови на толкувањето, 1988/89 г.
Консултирана и користена литература и извори
С о д р ж и н а -
Пред да се излади кафето
0340,00 денКога би можеле да се вратите во времето, кого би сакале да сретнете?
Во мала, споредна уличка во Токио, има едно кафуле кое повеќе од сто години служи внимателно избрано кафе. Но според локалната легенда, ова кафуле нуди и нешто друго освен вкусно кафе — можност за патување во времето.
Во текот на едно лето, четворица муштерии го посетуваат кафулето со надеж дека ќе тргнат на такво патување. Но патувањето низ времето не е толку едноставно, постојат правила што мора да се почитуваат. Најважното е дека тoa патување може да трае само толку колку што му е потребно на кафето да се излади.
Срдечен, носталгичен, мистериозен и чудесно оригинален, меѓународниот бестселер на Тошиказу Кавагучи го истражува вечното прашање: што би промениле да имате можност да се вратите во времето?
-
Пред дождот ДВД
0350,00 ден“Времето никогаш не умира. Кругот не е тркалезен.”
Пред дождот е легендарен филм, дело по кое светот дозна за Македонија, македонски културен производ кој е меѓународно најнаградуван и најизучуван.
Пред Дождот се смета за едно од најважните дебитантски остварувања во светската кинематографија воопшто (Анет Инсторф) и за еден од најзначајните филмови на 1990-тите (Ен Киби), а „Њујорк тајмс“ го вброи на листата „Најдобри 1.000 филмови на сите времиња“.
„Пукај, бе, братучед. Пукај!“ „Кажи му да ми го бричи. Со зелено џамче.“ „Да ти ибам времето англиско“. „Умре. Во такси.“ „Нема тука да пукне, мирен е народот. – Така и за Босна викаа.“ Ова се неколку од репликите од филмот кои станаа дел од македонскиот фолклор.
Победник на фестивалот во Венеција и прв македонски филм номиниран за Оскар.
Режија и сценарио: Милчо Манчевски
Улоги: Кетрин Картлиџ, Раде Шербеџија, Грегоар Колан, Лабина Митевска -
Пред таа да исчезне
0550,00 денЕдна обична жена нема да дозволи ништо да ја запре да ги пронајде исчезнатите луѓе кои остатокот од светот ги има заборавено.
Френки Елкин е просечна средовечна жена, зависничка од алкохол во фаза на лекување, со куп нешта во животот за кои се кае.Но сега го поминува времето правејќи го она што никој друг не го прави – бара исчезнати луѓе кои светот престанал да ги бара. Кога полицијата се откажува, кога јавноста заборава, кога медиумите престануваат да обрнуваат внимание, тогаш Френки почнува да бара.
Нов случај ја води во бостонско соседство со лоша репутација. Ја бара Анжелик, тинејџерка со потекло од Хаити, која исчезнала од своето средно училиште пред неколку месеци. Отпорот на бостонската полициска станица и семејството на жртвата ѝ даваат до знаење дека е препуштена сама на себе . Но ништо нема да ја спречи да ја открие вистината, па макар тоа значело следната исчезната личност да биде лично таа.
-
Предоцна
1490,00 денСлоун би отишла до пеколот и назад за оние коишто ги сака. И го прави тоа, секој Божји ден. Заглавена во врска со опасниот и морално корумпиран Ејса, таа е подготвена на сè, само за да преживее додека не најде излез. И нема намера да дозволи ништо да ѝ застане на патот.
Ништо, освен Картер.
Слоун е најдоброто нешто што некогаш му се случило на Ејса. И ако се прашува тој, тој е најдоброто нешто што некогаш ѝ се случило нејзе. И покрај тоа што таа не го одобрува неговиот криминален животен стил, тој го прави она што е неопходно за да биде чекор пред сите во бизнисот. И чекор пред Слоун. И нема намера да дозволи ништо да му застане на патот.
Ништо, освен Картер.
-
Преживеаните девојки
0500,00 денТри девојки, три масовни убиства и… една тајна.
Пред десет години студентката Квинси Карпентер оди на одмор со пет пријателки и се враќа сама: таа е единствената преживеана од масакар како од хорор-филм. Преку ноќ станува дел од клуб во кој никој не сака да припаѓа – група од девојки со слично минато, наречени „Преживеаните девојки“. Покрај Квинси, тука се и Лиза и Саманта. И трите се обидуваат да ги остават кошмарните сеќавања зад себе и, наспроти обидите на медиумите да ги соберат на исто место, не сакаат да се сретнат. Сè додека Лиза, првата „преживеана девојка“, не е пронајдена мртва во нејзината бања, со пресечени вени а Саманта не се појави во домот на Квинси.
До овој момент тие мислеа дека колежот што го преживеаја е најлошто нешто што им се случило во животот.
Првиот роман на Рајли Сејгер е национален и интернационален бестселер, објавен во повеќе од дваесет земји и добитник на наградата ITV за најдобар роман во категоријата трилери.
Книга што се чита одеднаш, што не се испушта од рака од првата до последната страница!
-
Прекрасен нов свет
0300,00 денЕдна книга за иднината може да нè заинтересира единствено со тоа колку е веројатно да се остварат нејзините пророштва. A Хаксли во своето животно ремек-дело добро предвидел дека укинувањето на духовните науки и вредности за сметка на материјалните ќе го смени животот од корен. Дали ни се заканува свет составен од бесчувствени луѓе кои личат на машини и се грижат само за социјалната стабилност и опстанокот? Во футуристичкиот свет на Хаксли луѓето се создаваат во лаборатории, секој со однапред предодредена функција и класа. А изолирано од нив живеат нормалните, преостанатите дивјаци. Кога прекрасните нови луѓе ќе дојдат во допир со еден дивјак, започнува вистинското соочување со стварноста. Дистописката визија на Хаксли нè соочува со заканите пред кои е исправено човештвото, со надеж дека ќе нè освести пред нивната можна опасност.
