Филтер по цена
Жанр
Автори
  • Кога дрвјата шепотат

    Кога дрвјата шепотат

    0

    Дочекот на Нова година за полицајците во Истанбул секогаш претставуваше ноќен кошмар. Грабежи, пијанства и тепачки, што често завршуваа со нечија смрт, станаа дел од нивната секојдневна рутина. Ова особено важеше за главниот јунак, прекалениот инспектор Невзат. Кога слушнаа дека се случило убиство во квартот Пера, историско јадро на градот што во меѓувреме се претвори во легло на наркоманија, проституција и илегално коцкање, тој не се изненади многу. Доаѓајќи на местото на злосторството, тој сфати дека овој пат станува збор за нешто многу посериозно. Необичниот начин на кој беше извршено убиството, како и идентитетот на жртвата ја навестуваат катастрофата која што за само три дена како последица ќе има смрт на уште девет лица.

    Квартот во кој во педесеттите години на минатиот век се одигра прогонот на нивните жители од други нации и вери, повторно го зеде својот крвав данок. Соочен со вистински злосторници, како и со сеништата од сопственото и колективното сеќавање, како и со злокобните претскажувања, тој едвај ги разликуваше сонот и јавето.

    Изгледаше дека инспекторот кој зад себе немаше ниеден нерешен случај, освен оној најтрагичниот кога му страдаа жената и ќерката ќе ја затвори фасциклата и ќе подлегне на животната стихија.

    Помирен со поразот, отиде на вечера по повод свршувачката на најблиските соработници Али и Зејнеп. Не насетуваше дека токму на семејната трпеза најпосле ќе се разјасни мистеријата на убиството во квартот Пера…

    500,00 ден
    Прочитај повеќе
  • Најхрабриот морепловец на светот

    Најхрабриот морепловец на светот

    0

    Ада многу се плашеше од морето. Никогаш немаше излезено надвор од гратчето во кое живееше. Еден ден, еден стар капетан спомена еден магичен напиток што се наоѓал на крајот на морињата и му давал храброст на оној што ќе го испие. Тој рече дека да се изведе ова патување било премногу тешко, а да се стигне до шишето било невозможно. А камоли за Ада, која ја немала брцнато дури ни ногата во морето… Но, Ада веќе си намислила. Ќе го земе магичниот напиток и така ќе стане бестрашна морепловка. Ја очекуваше патување кое колку што беше опасно, беше и тешко. Требаше да преброди огромни октоподи, немилосрдни гусари, таинствени мориња од кои не се спасил ниту еден брод и страшното чудовиште што го чуваше магичниот напиток.

    400,00 ден
    Прочитај повеќе
  • Лавиринтот: Лек за смртта

    Лавиринтот: Лек за смртта

    0

    Се гледа крајот.

    ЗЛОПАК му одзеде на Томас сè: животот, сеќавањата, како и единствените пријатели што ги има – Лединарите. Останува уште еден последен тест. Да се открие лек што ќе го спаси светот.

    Дали некој ќе преживее?

    Она што ЗЛОПАК не го знае е дека Томас памети повеќе одошто тие мислат. А тоа е доволно за да не им верува на ниту еден збор.

    Вистината ќе биде ужасувачка.

    Томас го победи Лавиринтот. Побегна од Пустошот. Сè стави на коцка за да ги спаси своите пријатели. Но само вистината може да стави крај на сето тоа.

    Времето на лагите е завршено.

    350,00 ден
    Додај во кошничка
  • Севдалинка

    Севдалинка

    0

    Кој знае, можеби беа од иста раса, можеби имаа исто потекло. Беа на иста возраст, имаа сличен стас. Ја сакаа истата жена. Нивните предци сакаа да стасаат до истиот господ, но од различни патеки, бидејќи едниот беше Бошњак, а другиот хрват. Тоа не беше нивен избор, исто како што не можеа да ја изберат војната и своите судбини. И немаа никакви очекувањаод утрешниот ден, освен спасот на детето во амбулантната кола…

    220,00 ден
    Прочитај повеќе
  • ЧОВЕК ШТО ПЛАЧЕ ОД СМЕЕЊЕ

    ЧОВЕК ШТО ПЛАЧЕ ОД СМЕЕЊЕ

    0

    Октав Паранго во 90-тите работи како копирајтер, во 2000 е моден агент, а во 2010 година открива нова професија…

    Човек што плаче од смеење е заокружување на трилогијата на Октав Паранго за современите отуѓувања. Суров и смешен, циничен и искрен, со духовити забелешки за човековиот живот и актуелниот миг, овој роман изобилува со емоции и очајни исповеди. Користејќи го своето алтер его, Фредерик Бегбеде пишува памфлет против недостатоците на западното општество, особено во медиумите.

    За жал, сѐ е точно во оваа смешна и очајна сатира!

    400,00 ден
    Додај во кошничка
  • Исти очи

    Исти очи

    0

    Романот „Исти очи“ (седум изданија), е лектирна книга во деветто одделение и спаѓа меѓу најпопуларните приказни од Горјан Петревски, која со задоволство ја читаат и тинејџерите и возрасните.

    200,00 ден
    Прочитај повеќе
  • КВИЗ ЗА ТЕКНУВАЛА

    КВИЗ ЗА ТЕКНУВАЛА

    0

    Квизот содржи 48 нумерирани илустрирани прашања, „магичен прозорец“ за исчитување на точниот одговор и ливчиња за забележување на резултатите. Наменет е за деца на возраст 5-8 години, но може да биде и интересен тест за повозрасните. Прашањата не се едноставни, но исклучително се логички и не бараат математичко предзнаење или познавање од околината, како ни вештина на читање. Квизот може да го игра поединец или група, при што секој ќе ги забележува своите резултати, а на крајот ќе се прогласи победник со најмногу точни одговори.

    390,00 ден
    Прочитај повеќе
  • Те чекам

    Те чекам

    0

    Една случка го урива светот на 19-годишната Ејвори Морганстен и таа бега од фамилијата, од нејзиното минато и најпосле од себеси. Таа се надева дека работите ќе останат такви какви што се, но судбината – и неверојатно згодниот синоок Камерон – не мислат така.

    Наеднаш, Камерон е насекаде околу неа. Ејвори е претпазлива, но на упорниот и шармантен Камерон не му треба многу за да ѝ влезе под кожа.

    Сексуалната привлечност помеѓу Ејвори и Камерон е темпирана бомба полна со страсти. Но, заканувачките пораки и телефонските повици повторно ја соочуваат со минатото што таа толку сака да го заборави. Кога застрашувачката вистина ќе го покаже своето грдо лице дали Камерон ќе биде таму за неа или, пак, и тој ќе биде повлечен надолу?

    За некои работи вреди да се бориш…

    450,00 ден
    Прочитај повеќе
  • ТАЈНИ НА ЛИДЕРСТВОТО

    ТАЈНИ НА ЛИДЕРСТВОТО

    0

    ТАЈНИТЕ НА ЛИДЕРСТВОТО ШТО ГИ УПОТРЕБУВААТ ЕКСПЕРТИТЕ И ВРВНИТЕ ПРОФЕСИОНАЛЦИ.Постигнете брзи резултати со овој едноставен водич низ основите на лидерствотоВо оваа книга ќе откриете како:да развиете сопствен лидерски стилда ги идентификувате стратешките цели во вашата организацијада мотивирате и менаџирате тимови од различна големинада изградите култура на резултати и одговорностда водите во услови на криза

    250,00 ден
    Додај во кошничка
  • САКАМ, ЗНАЧИ ПОСТОЈАМ

    САКАМ, ЗНАЧИ ПОСТОЈАМ

    0

    САКАМ во себе содржи цел еден друг свет на МОЖАМ! Тоа e оној внатрешен импулс на проактивност за подобрата ЈАС, подобар живот, подобар свет.

    Се движам по тркалото на животот… Застанувам само пред сопките на љубовта, болката, слободата, емпатијата, родителството, дискриминацијата, егото и интегритетот. Сепак… се движам бунтовно и храбро кон неправдата во светот, сиромаштијата на духот, човековите судбини и човековите права, женската слобода, консумеризмот, технолошкото ропство, културата на шопинг-центри, проституцијата на уметноста, но и проституцијата на духот. И така, качена на велосипедот на животот, го барам ѕвончето со кое ќе свирнам за ПРОМЕНА! Некогаш тивко, некогаш гласно, но секогаш со верба дека овој комплициран свет може да се спаси со добрина и љубов.

    По трнливиот пат на мудроста, не знам дали успеав да ги „фатам“ состојбите на невралгичните премрежја на нашето време и на нашите души, но се обидов. Она што ми беше неочекувано во целиот процес е што сфатив дека да се биде набљудувач на најчовечкото во себе е уште потешко отколку да се биде набљудувач на времето и светот.

    САКАМ, ЗНАЧИ ПОСТОЈАМ е духовно патување од и кон себеси. Качи се на тркалото на животот!

    380,00 ден
    Прочитај повеќе
  • НОВОГОДИШНА БОЕНКА (СТЕЛА И САНИ)

    НОВОГОДИШНА БОЕНКА (СТЕЛА И САНИ)

    0
    150,00 ден
    Додај во кошничка
  • ЗГРАДАТА НА САНИ И СТЕЛА

    ЗГРАДАТА НА САНИ И СТЕЛА

    0

    Треп-треп! Што сè трепка во ноќта? Уличната светилка, ѕвездите и соновите. Да тргнеме во ноќна авантура со Стела и Сани за да научиме заедно да ги препознаваме звуцитe и предметите, да ги осознаваме просторот и појавите во природата, сето она што нè опкружува надвор и што трепери внатре во нас!

    200,00 ден
    Додај во кошничка
  • Црвена кралица

    Црвена кралица

    0

    Ова е свет поделен според бојата на крвта – на оние со црвена и на оние со сребрена крв.

    Црвените едвај сврзуваат крај со крај, додека со светот владеат Сребрените, воини со натчовечки моќи, способности да управуваат со огнот
и со водата, да владеат со природата, да предвидуваат, да исцелуваат…

    Мер Бероу е Црвена девојка која на почетокот верува дека тоа е еден свет кој не може никогаш да се промени. Кога неочекувано завршува како слугинка во палатата на Сребрените, се наоѓа точно во средиштето на сето она што го мрази од дното на душата. Но, Мер набрзо потоа открива дека, и покрај црвената крв што ù тече низ вените, и таа поседува неверојатна моќ. Моќ што би можела од темел да го растресе кралството на Сребрените! Моќ што би можела да предизвика револуција!

    Но, ова е свет на лаги и измами, на предавства, каде што Мер е принудена да заигра опасен танц – Црвени против Сребрени, принц против принц
и самата таа против сопственото срце…

    Кој ќе биде победник во светот на крвните поделби? Ќе завладее ли Црвената кралица со Сребрениот свет?

    480,00 ден
    Прочитај повеќе
  • ВРТИ од А до Ш

    ВРТИ од А до Ш

    0

    „ВРТИ од А до Ш“ има за цел да одговори на програмската потреба за развојот на писменоста кај децата од предучилишна возраст, во доменот препознавање пишани симболи и букви и учење на печатните букви во прво одделение низ игра, на едноставен, интерактивен и забавен начин. Истовремено има за цел да го поттикне детето да ја именува буквата, да поврзува глас со одредена буква, да го вежба изговорот на буквата и зборот – препознатлив поим кој е насликан на илустрацијата.

    600,00 ден
    Додај во кошничка
  • Авантура во џунглата играј и учи

    Авантура во џунглата играј и учи

    0

    Едукативна сликовница – сложувалка, со тврди листови. Наменета за деца од 3-5 годишна возраст.
    Од сложувалките се формира голема сложувалка.

    240,00 ден
    Прочитај повеќе
  • Пукнатина

    Пукнатина

    0

    Приказната во „Пукнатина“ започнува со пронаоѓањето на стари аудиозаписи на плочи во една стара душевна болница. Загадочната исповед на лунатикот Валтер Фишер го води нараторот во потрага по вистината во една од најголемите словачки мистерии – онаа за исчезнувањето на луѓе на планината Трибеч. Низ романот се провлекува симболиката на „пукнатината“ помеѓу два света, помеѓу рационалното и ирационалното, видливото и невидливото, она што може да се докаже, но и она што може само да се насетува со „шестото сетило“.

    Легенда, намерна мистификација или застрашувачка реалност? Ова прашање си го поставува и самиот автор, наведувајќи го читателот да го пронајде вистинскиот одговор.

    Извонредна трилер-мистерија што го остава читателот без здив до последната страница.

    350,00 ден
    Додај во кошничка