Филтер по цена
Жанр
Автори
  • Невролошки терапевтски прирачник

    Невролошки терапевтски прирачник

    0

    Монографијата е наменета за невролози, невропедијатри, епилептолози, посебно за студентите, но и за сите лекари од општа практика, кои се секогаш на првата терапевтска линија.
    Остануваме со надеж дека монографијата ќе биде буквар во секојдневата амбулантска практика, како патоказ и потсетник за соодветна и навреме ординирана терапија.

    390,00 ден
    Додај во кошничка
  • Незадоволна

    Незадоволна

    0

    „Ова не треба да биде вака, ова треба да биде поинаку“, зборува некој глас во мене. „Ова не е доволно, од ова треба да има повеќе“, друг глас ми шепоти. „Гледаш ли колку нешта ти недостасуваат?“, повторно слушам глас. „Ќе изменам сѐ. Престанете да ме прогонувате, престанете да ме мачите“, им ветувам. Трчам во круг, ги туркам сите нешта по пат, ги туркам сите луѓе. Не застанувам, продолжувам да трчам. „Патот ми е чист, нема ништо и не гледам никој. Каде е крајот? Остана ли уште нешто?“, од умор едвај зборувам. „Остана“, ми се смеат гласовите. „Што е тоа? Кажете ми, каде е крајот?“, ги прашувам. „Остана уште да се измениш ти“, не престануваат да се кикотат. „Тоа ли е крајот?“, им велам. „Крајот не постои. Тоа е почетокот“, ми се смеат…

    350,00 ден
    Додај во кошничка
  • Незаробената душа: Патување отаде границите на сопственото битие

    Незаробената душа: Патување отаде границите на сопственото битие

    0

    Како би изгледало кога би можеле да се ослободите од ограничувањата и да се извишите над своите граници? Што можете да сторите секој ден за да дојдете до внатрешен мир и спокој? „Незаробената душа“ нуди едноставни, а сепак длабоки одговори на овие прашања.

    Сеедно дали сега за првпат го истражувате сопствениот внатрешен простор или целиот живот сте го посветиле на патувањето низ својата внатрешност, оваа книга ќе ви го преобрази односот со себеси и со светот околу вас. Ќе откриете што е она кое можете да го сторите за да им ставите крај на сите вообичаени мисли и емоции кои ви ја ограничуваат свеста.

    Користејќи ги традициите на медитирање и на апсолутно концентрирање, авторот и духовен учител Мајкл А. Сингер ни покажува како развивањето на свеста може да ни овозможи да се задржуваме во сегашниов миг, а притоа да ги пуштиме од себе мислите и сеќавањата полни болка кои нè спречуваат да постигнеме среќа и да се реализираме себеси.

    Издадена во соработка со Институтот за ноетички науки (ИОНС), „Незробената душа“ почнува така што чекор по чекор ви ја објаснува релацијата што ја имате со сопствените мисли и емоции и ви помага да ги откриете изворот и флуктуирањата на вашата внатрешна енергија. Понатаму, книгата се задлабочува во она кое можете самите да го сторите за да се ослободите од вообичаените мисли, емоции и модели на лична енергија што ви ја ограничуваат свеста. На крај, со совршена јасност, книгата ви ја отвора вратата кон живеењето со слобода за вашето најдлабоко битие.

    450,00 ден
    Додај во кошничка
  • Незнаење

    Незнаење

    0

    Во Незнаење, чиешто дејство се одвива во современа Прага, Милан Кундера ја обработува мошне сложената и секојпат емотивно набиена тема на егзилот и од неа го создава ова книжевно ремек-дело.

    Маж и жена се среќаваат случајно додека се враќаат во својата татковина, која ја имаат напуштено дваесет години порано, кога решаваат да заминат во егзил. Дали ќе успеат да ја продолжат нишката на нивната чудна љубовна приказна, прекината речиси веднаш по почнувањето, по што се губи во приливите и одливите на историјата? Вистината е дека по толку долго отсуство, „нивните спомени веќе не се совпаѓаат“.

    Кундера успешно „жонглира“ со овие вртоглави концепти на отсуството, сеќавањето, заборавот и незнаењето и ги претвора во материјал за роман, маестрално оркестрирајќи ги и од нив создавајќи ја оваа извонредна полифониска прозна целина.

    250,00 ден
    Додај во кошничка
  • Незначајни партнери

    Незначајни партнери

    0

    Лена Вестбрук, перфекционист и работохоличарка, внимателно го планира и оркестрира секој детаљ од својот живот. Па, по две години врска, кога нејзиното момче ѝ раскинува вечерта кога таа очекува да ја побара за жена, збунета е до бескрај, а срцето ѝ е скршено. Тогаш бега во домот на саканата тетка, прекрасниот остров Бејнбриџ во Сиетл, да тагува на мир и да си дојде на себе. Првата вечер заспива во гостинската куќа. Но кога се буди следното утро, повеќе не е во колибата на островот, туку во мал шик париски стан – облечена во скапа свилена ноќница – до згоден парижанец кој мисли дека Лена му е сопруга.

    Од елегантните соседства во Париз, допрекрасните пејзажи на Ирска
    и блескавите хоризонти на Њујорк, па и многу неочекувани дестинации помеѓу тие, секојпат кога Лена се буди, таа e на некое друго место, со некој друг. Во секое искуство, добива шанса да види како би било да тргнела по некој друг пат. Колку повеќе ѝ се разјаснуваат нејзините минати одлуки, толку повеќе се прашува, дали некоја од овие романси воопшто била… значајна?

    Интересна, изненадувачка и магична новела која ги истражува сите „што ако” во животот, но најмногу, љубовта.

    490,00 ден
    Додај во кошничка
  • Нејзиното совршено семејство

    Нејзиното совршено семејство

    0

    Секоја лага има своја цена. Но, дали сте подготвени да ја платите?

    Рејчел и Ед Хартли очекуваа денот на дипломирањето на нивната ќерка да биде еден од најсреќните денови на нивното семејство. Но, кога Џема ќе падне на сцената за време на церемонијата, еден прекрасен момент се претвора во тотален хаос. Џема е застрелана.
    Приватниот детектив Метју Хил е меѓу првите на сцената. Шифрираната порака што Џема ја добила претходно, во текот на денот, укажува дека некој нејзин близок е замешан. Но, за кого се работи? Како што Метју започнува да истражува, така наоѓа сè повеќе слоеви што ја заматуваат вистината. Тој дури почнува да се сомнева дека Хартлиеви кријат нешто големо, но не само од него туку и едни од други.

    Додека Џема лежи во болница во кома, нејзиниот потенцијален убиец сè уште е таму. Може ли Метју да ги открие тајните на семејството пред напаѓачот да го зададе последниот удар?

    500,00 ден
    Додај во кошничка
  • Нека играат децата

    Нека играат децата

    0

    „Нека играат децата“ е прва објавена книга на Денис Бојаров и претставува збирка раскази наменета за различни возрасни категории, која обработува социолошки, психолошки и филозофски теми поврзани со децата, со семејството, но и со човекот, воопшто.

    Во голема мера книгата изобилува со автобиографски приказни, збогатени со имагинативната нарација, преку кои авторот воспоставува комуникација и блискост со читателот и му испраќа емотивни и моќни пораки.

    Нараторот преку гласот на децата, преку родителите, животните и растенијата комуницира со читателот и му дава еден готов производ од ликови и настани од нашето поднебје, со кои сите ние се идентификуваме. Педесет и еден расказ на број, тематски слични, сепак со поинакво сиже и поуки. Ова се раскази што ќе ја поттикнат емпатијата во вас.

    300,00 ден
    Додај во кошничка
  • Некој близок

    Некој близок

    1

    Тие знаат кој е виновникот. Можеби само потсвесно. Но сепак знаат.

    Кога осумгодишната Дејзи Мејсон исчезнува од својот семеен дом во Оксфорд за време на забава со маски, инспекторот Адам Фоли знае дека во девет од десет случаи, киднаперот е некој близок на семејството. А семејството на Дејзи дефинитивно е чудно – мајка ѝ е опседната со впечатокот што го оставаат пред другите, а татко ѝ е ладен и одбранбено настроен за време на испрашувањето. А тука е и помалото братче на Дејзи, толку повлечено и некомуникативно…

    Детективот Адам Фоли дава сѐ од себе за да пронајде некоја трага од малото девојче, знаејќи дека секоја секунда е важна, но се чувствува како детето да пропаднало во земја – никој не видел ништо; никој не знае апсолутно ништо. Од друга страна, секој има свое мислење и се чини дека сите имаат по некоја тајна што ја кријат… oсобено членовите на семејството.

    420,00 ден
    Прочитај повеќе
  • Некој ми го знае името

    Некој ми го знае името

    0

    Уште како мала, Амината ја киднапираа и ја качија на бродот со робови. Таа мора да ги слуша наредбите за да го сочува својот живот. А и што им преостанува на црнците качени на овој ужасен брод. Среде океан далеку од својот дом. Откако пристигнаа на копното, Амината ја продадоа на друг газда. Се раздели од момчето од соседното село со кое ги делеа нечовечните мигови на бродот. Ама и не е така важно. Она што сега е значајно е успешно да му служи на белиот Американец што сега ја поседува. Сепак Амината е непоколеблива и постојано ја следи желбата еден ден да се врати дома. Во Африка. Моментот кога повторно го сретнува Чакура, момчето од бродот, засекогаш ќе и го промени животот. Сега веќе пораснати, заедно ќе се борат да го променат светот. За време на нејзиното долго страдање, таа прави сè што може да се ослободи себеси и останатите од ропство. Притоа ги учи да читаат и тие да ги поучуваат другите, и да се спријателуваат со секој што може да им помогне, без разлика на бојата на кожата. Инспиративна приказна за една силна жена, што ги доживува едни од најтешките услови за живот низ историјата. Вознемирувачки и длабок роман, напишан по вистинска приказна по кој е снимена познатата телевизиска серија, што под наслов „Книгата на црнците“ се прикажуваше на Нетфликс.

    300,00 ден
    Прочитај повеќе
  • Некој што го знаеме

    Некој што го знаеме

    0

    Во едно тивко предградие во северниот дел на Њујорк, еден тинејџер се прикрадува во куќите – и во компјутерите на сопствениците – учејќи ги нивните тајни, а можеби и споделувајќи некои од нив. Кој е тој, и што можеби открил? И кога ќе биде најдена една жена убиена на улицата, напнатоста се зголемува. Кој ја убил? И на што сѐ се подготвени овие луѓе за да ги заштитат сопствените тајни? Во ова соседство не играат игри само сопружниците. Во ова соседство, секој во семејството има своја тајна…

    450,00 ден
    Додај во кошничка
  • НЕМА, И НЕКА НЕ НИ ИМА

    НЕМА, И НЕКА НЕ НИ ИМА

    0

    Нема, и нека не ни има ја разоткрива секојдневната драма на сложените семејни и човечки врски во кои единката треба да се снајде и да преживее. Преку личните приказни, Едина Сворен со богата палета го портретира и современото унгарско општество, носејќи го читателот на прошетка низ секојдневниот живот на Будимпешта, градот кој ги обединува приказните во книгата. Малите ликови како да се изгубени во лавиринтите на големиот, безличен град. Нивните навидум незначајни приказни, создадени под товарот на апсурдот, ја носат во себе самоиронијата на преживеаните. Спонтано раскажани и полни со ноншалантен хумор, детално откривајќи ни ја мапата на меѓучовечките односи, тие истовремено умеат и да заболат.

    Сите приказни во книгата се фокусираат на семејството – централната сцена која обезбедува модел за нашите животи, без разлика дали се бориме на таа сцена или само набљудуваме отстрана. Тоа им дава на приказните богата атмосфера во која секојдневниот реализам е успешно комбиниран со иронијата и апсурдноста, без да ги претвори ликовите и ситуациите во стереотипи, туку давајќи им сложеност и нудејќи длабока анализа на емоциите и размислувањата на современиот Европеец.

    Нема, и нека не ни има ја доби Наградата за литература на Европската Унија во 2015 година.

    250,00 ден
    Додај во кошничка
  • Немата пациентка

    Немата пациентка

    11

    Алисија Беренсон има навидум совршен живот. Таа е позната сликарка мажена за популарен и баран моден фотограф, живее во грандиозна куќа со огромни прозорци со поглед кон парк во една од најелитните населби во Лондон. Една вечер, нејзиниот сопруг Габриел се враќа дома доцна од фотосесија, и Алисија му пука петпати во лице, а потоа никогаш повеќе не прозборува ни збор.

    Нејзиното одбивање да зборува или да даде какво било објаснување ја претвора оваа домашна трагедија во нешто многу поголемо, мистерија која ја потпалува имагинацијата на јавноста и ја прави Алисија уште поозлогласена. Цената на нејзините уметнички дела вртоглаво расте, а таа, немата пациентка, е скриена од таблоидите и рефлекторите во обезбеденo психијатриско одделение во Лондон.

    Тео Фабер е психијатар за криминалци кој многу долго ја чека можноста да работи со Алисија. Неговата одлучност да ја натера да прозбори и да ја разоткрие мистеријата за тоа зошто го застрелала нејзиниот сопруг се испреплетува со неговите сопствени мотиви – потрага по вистината што не му дава мир. Зошто му е пак нему сево ова толку важно?

    button-new

    450,00 ден
    Прочитај повеќе
  • Непобедлив

    Непобедлив

    0

    Вселенскиот брод „Непобедлив“ слетува на планетата Регис III. Задачата на неговиот екипаж е да ги открие причините за исчезнувањето на претходната експедиција од вселенскиот брод близнак „Кондор“, кој слетал и набргу потоа прекинала комуникацијата со него. Научниците почнуваат да ја испитуваат планетата, го пронаоѓаат бродот, но не можат да ги утврдат причините за катастрофалните случувања.
    Наскоро откриваат и остатоци од нешто што прилега на „град“, а потоа и форма на еволуција на мртвото, т.н. некросфера, за што се претпоставува дека се механизми потомци од одамна исчезнатата цивилизација на Лираните.
    Во овој култен роман се зборува за средбата со вонземското и за неможноста на човештвото да оствари контакт со непознатото. Исто така, Лем ја преиспитува човековата желба за истражување на космосот и го поставува прашањето што да направи човештвото кога ќе се соочи со својата ограниченост.

    300,00 ден
    Додај во кошничка
  • Несаканиот гостин

    Несаканиот гостин

    0

    „… OДЛИЧЕН КРИМИ-ТРИЛЕР СО ЗАВРШНИЦА СО КОЈА И АГАТА КРИСТИ БИ СЕ ГОРДЕЕЛА.“

    Гостите еден по еден пристигнуваат во Мичеловиот пансион, длабоко во снежните планини Кетскил, не ни помислувајќи дека невремето ќе ги отсече од надворешниот свет. Постепено запознавајќи се, се обидуваат да го искористат тоа на најдобар начин. Но тогаш се појавува првото мртво тело – и тие се ужасуваат од помислата дека меѓу нив има убиец.

    400,00 ден
    Додај во кошничка
  • Нескршливото срце на Олива Денаро

    Нескршливото срце на Олива Денаро

    0

    Во 1960-тите години, во сончевата Сицилија, 15-годишната Олива Денаро сонува за слобода – безгрижно да трча по полињата, да учи нови зборови, да живее живот необременет од традицијата. Но во општество кое вредноста на жената јамери со нејзината послушност, желбите на Олива се сметаат за опасни.

    Кога вниманието на несаканиот додворувач се претвора во понуда за брак, Олива е соочена со ужасен избор: да се покори на очекувањата или да се заземе за своето право самата да си ја избере судбината. Нејзиниот пркос ќе ги предизвика вековните обичаи и ќе поттикне значајна промена. Инспирирана од вистинската приказна на Франка Виола, првата Италијанка што одбила „репарациски“ брак откако била силувана, „Олива Денаро” е трогателна приказна за храброста потребна да се отфрлат општествените пранги. Лирската проза на авторката ја оживува борбата на младата жена за самостојност во светот решен да ја замолчи.

    Зборувајќи за силата на жената и за моќта на отпорот, „Олива Денаро” е роман што нè потсетува на цената на слободата и на нејзината бесценетост.

    450,00 ден
    Додај во кошничка
  • Неточка Незванова

    Неточка Незванова

    0

    Со мајсторски стил и длабоко чувство за човековата душа, Достоевски го внесува читателот во најскришните мисли на девојчето кое неусетно се претвора во девојка.

    Во форма на лична исповед, приказната ни ги открива премрежјата на Неточка Незванова. Од најмала возраст таа е принудена да ја запознае сиромаштијата, да ја поднесе смртта на мајка си и да биде напуштена од татко си. Нејзиното детство го минува во сенката на очувот Ефимов, пропаднат музичар кој смета дека е занемарен гениј и кој на чуден начин ја привлекува. Но од овој пијаница не може да се очекува друго освен да ја искористи и да ја доведе до пропаст. Кога ќе биде спасена од страна на една аристократска фамилија, Неточка се одлучува од остане аутсајдер – осамен набљудувач на блескавото општество. Почетокот на единствениот незавршен роман на Достоевски е објавен пред да биде уапсен и депортиран во Сибир под сомнеж за револуционерни активности. По десет години минати таму, и по враќањето во Санкт Петербург, не продолжува со работата над овој важен текст во кој ги прикажува страдањето, осаменоста, лудилото и гревовите кои не одминуваат никого. Романот ги содржи темите кои доминираат и во подоцнежните дела на рускиот класик.Раскажувајќи ни ја приказната за една фамилија и настаните поврзани околу истата преку ликот на малата Неточка: преселбата од Санкт Петербург во Москва во куќата на Александра Михајловна, едно неочекувано убиство, необичното пријателство со кнегинката Катја, смртта на нејзиниот очув, како и откривањето на тајно писмо, Достоевски во својот недовршен роман Неточка Незванова ја акцентира темата на страдањето на децата, интересите и предизвиците при нивното соочување со општеството во кое живеат. Неточка Незванова раскажува за своето детство во сенката на очувот, Ефимов, пропаднат музичар кој смета дека е занемарен гениј. Младата девојка на чуден начин ја привлекува овој пропаднат пијаница, кој ја искористува и го доведува семејството во крајна сиромаштија. Но кога ќе биде спасена од страна на една аристократска фамилија, деликатната психа на злоставената Неточка се одлучува од остане аутсајдер – осамен набљудувач на блексавото општество. Со приказот на страдањето, самотијата, лудилото и гревовите што ги погодуваат и богатите и сиромашните, ги содржи темите кои доминираат и во неговите подоцнежни романи.

    350,00 ден
    Додај во кошничка