-
Манипулант
0550,00 ден#6 СЕКТОРОТ Q
Телефонот го буди Карл Морк од утринската дремка во подрумот од полицискиот штаб. Повикот е од колега од Борнхолм, најисточниот дански остров. „На прва топка“ Карл го одбива случајот што му е понуден, но неколку часа подоцна слуша фрапантни вести и чувствува дека нема друг избор освен да го предводи одделението за нерешени случаи на островот и да ја открие вистината за смртта на преубавата средношколка Алберта. Таа пред седумнаесет години исчезнала од училиштето, а потоа била пронајдена како виси на дрво крај патот. Истрагата ќе ги донесе до чуден култ и до неговиот харизматичен водач, човек што е необично привлечен за жените. Во лавиринтот од мистерии и лажни траги, Карл – со своето топло срце, неодоливиот хумор, лудото возење и со детективската интуиција – заедно со своите помошници Асад, Роуз и нововработениот Гордон, тргнува во потрага по убиецот, вешт манипулатор што одбива кој било и што било да му застанат на патот…
Бестселер-авторот, чии книги се продадени во милионски тиражи низ светот, добитник на многубројни престижни награди, Јуси Адлер-Олсен, е клучната фигура на скандинавскиот трилер.
-
Болеста како метафора / Сидата и нејзините метафори
0300,00 ден„Болеста како метафора“ и „Сидата и нејзините метафори“ се два од најзначајните есеи на американската писателка Сузан Сонтаг. Во „Болеста како метафора“ таа ги разоткрива митовите и зборува за вистинското значење на болеста, која со векови влијае врз културата на човештвото. „Сидата и нејзините метафори“ ги испитуваат метафорите поврзани со сидата и ја покажуваат вистината, ослободена од вина, срам и страв.
Истакнувајќи ги сличностит200е меѓу јавните перспективи за ракот (парадигматската болест на дваесеттиот век пред појавата на сидата) и туберкулозата (симболичната болест од деветнаесеттиот век), Сонтаг покажува дека и двете болести се популарно поврзани со лични психолошки особини. Конкретно, таа вели дека метафорите и термините што се користат за опишување на двата синдрома водат до поврзаност меѓу потиснатата страст и самата физичка болест.
Најјасен и највистинит начин на размислување за болестите е без прибегнување кон метафори. Таа верува дека обвиткувањето на болеста во метафори ги обесхрабрува, ги замолчува и ги срами пациентите. Сонтаг го напишала првиот есеј додека се лекувала од рак на дојката, иако во него не го спомнува директно своето лично искуство со оваа болест.
-
Детето што сакаше елени
0450,00 ден#3 Миа Кригер и Холгер Мунк
Зима е, 1996 година. Еден пензионер вози низ планините со својот автомобил. Одеднаш забележува нешто пред себе и нагло закочува. Фаровите фрлаат светлина врз снегот на патот каде што стои преплашено дете со помодрени усни и со еленски рогови на главата.
Четиринаесет години подоцна, во планинското езеро недалеку оттука, пронајдена е мртва девојка. Во балетски костим, а близу до неа стои и фотоапарат на статив. За една недела ќе се случат уште две убиства. Убиецот остава насоки за полицијата што ги водат во игра во која не може да победат.
-
ХРАБРОСТА ДА СЕ БИДЕ СВОЈ
0420,00 денАко не го живеете својот живот за себе, тогаш кој ќе го живее за вас?
Дали среќата е нешто што човек може да го избере за себе? Јапонскиот феномен „Храброста да се биде свој“ ни дава едноставен и јасен одговор.
Користејќи ги теориите и техниките на Алфед Алер, еден од најбрилијантните умови на психологијата, необичниот филозоф му помага на едно момче да сфати дека секој човек сам ја одредува насоката на својот живот. Ослободување од оковите на минатото и од очекувањата на другите – овој идеал ги предизвикува социјалните норми што ги живееме и за кои сме убедени дека се вообичаени. Потребна е храброст да се ослободиме од нив и да сфатиме дека секој од нас има своја улога во светот.
Оваа мудра книга ќе ви помогне да почнете да верувате во себе и да заборавите на туѓите и на самонаметнатите ограничувања. Веќе на милиони луѓе им помогна. Сега е вашиот ред!
„Сократовски дијалог што ги обединува Адлеровата психологија и стоичката филозофија. Зачудувачки од почеток до крај. Моја топла препорака.“ Марк Андерсен
-
Долга реса крај морето
0450,00 денПриказна за љубовта, пријателството, надежта и егзилот, која е актуелна и денес, и покрај тоа што се одвива во минатото.
Кон крајот на граѓанската војна во Шпанија, илјадници луѓе ја напуштаат земјата и преку Пиринеите бегаат во Франција. Меѓу нив се наоѓаат Росер, млада бремена жена, и Виктор Далмау, воен лекар и брат на загинатиот татко на детето на Росер. Со цел да преживеат, принудени се да склучат договорен брак. Потоа, заедно со уште две илјади шпански бегалци, успеваат да се качат на легендарниот брод „Винипег“, со кој познатиот поет Пабло Неруда, еден од ликовите во романот и чилеански конзул во Париз во тоа време, ја организира нивната евакуација во Чиле, држава што самиот Неруда ја опишува како: „долга реса крај морето“.
На новиот континент тие мора да се соочат со многу предизвици и во текот на неколку децении успеваат да живеат интегрирани во новата татковина, сè до државниот удар што ќе го собори претседателот Салвадор Аљенде, пријател на Виктор во играњето шах. Виктор и Росер повторно мора да го напуштат домот, но потоа, како што вели авторката: „ако човек живее доволно долго, круговите се затвораат“.
-
ЖЕНАТА ВО КУРАНОТ
0280,00 денЕве една значајна, повеќе од добредодена, за сите потребна книга која ги отвара видиците и придонесува за разбирање и надминување на предрасудите за статусот на жената во исламот и воопшто во светот.
Книга инспирирана од искрен хуманизам, наменета не само за приврзаницате на исламот, ниту пак само за жените, или само за мажите. Непосредно, со дијалог и јасна аргументација, авторот Бенјамин Идриз покажува дека мажот нема право да ги поддржува своите неоправдани очекувања, а жената има право да се чувствува еднакво значајно.
Овој извонреден толкувач на Куранот заслужува да биде сослушан. Изложувајќи ги учењето и залагањата на Пророкот, тој ги разрешува прашањата за жените во исламот со истражување на негативните слики за нив во исламската традиција, не од академска дистанца туку низ секојдневни разговори и излагања. Зашто за Идриз и двата пола се рамноправни во духовна и морална смисла, пред Бога и пред правдата се третираат исто.
Ова е книга што има моќ да ја менува историјата.
-
СЕ СЛУЧИ ЕДНО ЛЕТО
0500,00 денЖешка летна романса што ќе ви ги разбранува сите сетила
Пајпер Белинџер е позната како кралица на забавите во Лос Анџелес чија единствена грижа е добро да изгледа и секојдневно да си го збогатува инстаграм-профилот со провокативни фотографии. Но кога една нејзина дива забава ќе излезе од контрола и таа ќе заврши зад решетки, нејзиниот очув донесува одлука – ја праќа во родното место на нејзините родители. Рибарското гратче Веспорт е нов свет за разгалената Пајпер, која се заинатува да докаже дека не е само празноглава убавица. Заедно со сестра ѝ почнуваат да го реновираат стариот бар оставен во наследство од татко им, откриваат нови работи за него, ја запознаваат баба си, се спријателуваат со мештаните, а особено со еден од нив – капетанот Брендан. Грижлив, искрен, посветен, вљубен – Пајпер никогаш не запознала таков маж. И никогаш со никого не доживела таква емотивна бура. Тие двајцата се како плус и минус, а тоа уште повеќе ја вжештува атмосферата. И кога по една расправија со него ќе реши да му се врати на гламурозниот живот, Брендан и градот полн со спомени веќе ѝ се прираснати за срце…
„Со оваа извонредна приказна Теса Бејли го освојува врвот на романсите.“ „Буклист“
-
ДНЕВНИК НА ПРОЧИТАНИ КНИГИ: СЕКОЈА СТАНИЦА – НОВА СТРАНИЦА
0199,00 денДНЕВНИК НА ПРОЧИТАНИ КНИГИ: СЕКОЈА СТРАНИЦА – НОВА СТАНИЦА
Дневникот на прочитани книги заслужува да го има секој страстен читател. Во него ќе може да ги запишува сите книги што ги чита, да си ги запишува омилените цитати, да црпи инспирација од зборовите на најголемите автори, да води евиденција за прочитаното, но да развива идеи и за свој роман.
Затоа што секоја страница е нова станица, не пропуштајте ниту еден збор.Секоја реченица има свое магично значење. Секоја книга ве менува на некој начин. Запишувајќи ги своите впечатоци во дневникот на прочитани книги, тој станува ваш личен потсетник на позитивни промени, доказ дека книгите од нас го извлекуваат само најдоброто.
-
Мисија: обнови го градот!
0290,00 денНЕВЕРОЈАТНА АВАНТУРА ВО КОЈА ЗАЕДНО СО ЏЕРОНИМО СТИЛТОН ЌЕ СМИСЛУВАТЕ ИДЕИ И ЌЕ ПРОНАОЃАТЕ НАЈРАЗЛИЧНИ РЕШЕНИЈА КАКО ПОЛЕСНО ДА ФУНКЦИОНИРА ГРАДОТ ВО КОЈШТО ЖИВЕЕТЕ!
-
Чудниот пијалак на грофот
0290,00 денКој би помислил дека ќе завршам во Трансглувчево, во замокот на грофот Влад? Овде сретнав чудни глодари, облечени во долги наметки, љубители на муви и комарци…
Ах, каква возбудлива авантура!
-
СЛИКАТА НА ДОРИЈАН ГРЕЈ
0300,00 денГенијот трае подолго од убавината.
Восхитен од својот штотуку насликан портрет, Доријан Греј си ја нуди душата во замена за вечна младост и убавина. Сакајќи да ги вкуси сите плодови на животот, тој тајно им се препушта на ниските страсти, додека пред очите на високото општество останува џентлмен достоен за восхит. Само портретот ги носи трагите од неговите гревови. Фаустовскиот пакт со ѓаволот во замена за вечна младост и убавина не му е туѓ ни на нашето време. Но тој неминовно води во пропаст. Додека Доријан позира, и пред уметникот и во животот, се урива целата стварност и неговиот портрет станува огледало на неминовната преобразба. Така тој прераснува во симбол на новото време кое одбива да ја прифати неизбежноста на стареењето, икона на лажниот култ на денешниот човек кој е во трескава трка по вечната младост.
„Сликата на Доријан Греј“ е еден од најсубверзивните романи на 19 век и еден од најактуелните во нарцистичкиот 21 век. „Оскар Вајлд е најопасниот производ на модерната цивилизација.“
Андре Жид
-
За македонските работи
0500,00 денТреба сега, и еднаш засекогаш, да се согласиме и да прифатиме едно нешто: „За македонските работи“ (1903) на Крсте Петков Мисирков (1874 – 1926) е најважната книга за македонското прашање што кога било е напишана и објавена на македонски јазик.
А тоа е така бидејќи, од една страна, таа става круна на македонската преродба од ХIX век, еден долг и комплексен, но и многу оспоруван процес, а од друга страна, поставува цврст идеолошки и културолошки камен-темелник на современата македонска нација oд XX век. Едновремено, со огромна ерудиција и со изразен романтичарски налет, каков што ретко сме прочитале на македонски јазик, таа говори за настани и појави од поблиското и подалечното минато на Македонците и на Балканскиот Полуостров, и визионерски и актуелно дефинира и објаснува настани и појави што ни се случуваат одново и одново на истиот географски простор сто дваесет и две години по нејзиното објавување.
Кога сме кај годините, Мисирков ја создава оваа книга на дваесет и осум години (каква мудрост од каква младост!) и ја објавува во годината што има најголемо симболично значење за секој Македонец: годината на Солунските атентати, на Илинденското востание, на загубата на Гоце Делчев, Питу Гули, Лазар Поп Трајков, на основањето на Крушевската Република, на прогласувањето на Крушевскиот манифест, а со делото на Мисирков дефинитивно можеме да ја наречеме – „Годината на македонските работи“. Во целиот овој контекст, Крсте Мисирков не е само значајна фигура од македонската борба за самостојност, туку и надисториски феномен што декларативно, еволуционистички, недвосмислено, храбро и неповратно издаде проглас за културна борба преку која (ќе) дојде до конечна независност и автономија на Македонија.
-
Сто години самотија
0550,00 ден„Личноста и делото на Габриел Гарсија Маркес се симбол и знак на идентификација на генерацијата латиноамерикански писатели кои го афирмираа ширум светот и го потврдија со високи естетски вредности угледот на новата литература на шпански јазик во последниве децении. „Авторот кој од малото селце со загадочно име, Аракатака, во Колумбија, тргна по светот за да го разнесува алхемискиот прав на јужноамериканскиот континент, денес со своето богато дело е граѓанин на светот, писател читан во сите краишта на Земјата и близок познајник на македонскиот читател.“
Васил Тоциновски
Токму Сто години самотија е романот што на Г. Г. Маркес му ја донесува светската слава на првокласен романсиер, каде што волшебното Макондо, од едно место на крајот на светот, се извишува до негово средиште и ги надминува неговите граници, Макондо, во кое иреалното и реалното се толку убедливо измешани, што се брише границата меѓу можното и неможното..
-
Сезона на соништата
0490,00 денСара има на располагање едно лето да организира пет свадби како од бајките. Но, дали таа ќе успее во тоа!
Сара и Гевин решија да реставрираат еден стар замок сместен по течението на Дордоња, меѓу прекрасните лозја во Бордо и да отворат место за свадби каде бајките се остваруваат… Но, кога Сара го пронаоѓа Гевин во туѓа прегратка нивната заедничка среќа исчезнува како меур од сапуница. Соочена со пет двојки кои допрва треба да кажат „Да“, таа сфаќа дека е оставена сама да биде домаќин на свадбите што треба да се организираат за време на првата сезона откако го отворија местото за организирање на свадби. За летото да помине без проблем, Сара мора да го закопа своето скршено срце и да го надмине стравот дека набрзо ќе мора да се врати назад во Лондон. Така, кога згодниот Томас Кортини, експерт за вино и локален диџеј, ќе се појави во нејзиниот живот, Сара конечно се осмелува да здивне и да се надева дека летото можеби нема да биде целосна катастрофа…
Дали Сара ќе успее да го спаси својот нов бизнис и да ја најде својата вистинска љубов.
-
Нештата што не ги преболевме
0550,00 денБрадестиот убавец и зафркнат ерген-фризер сака само тишина. А добива… невеста во бегство и едно премудро девојче.
Нокс Морган преферира да го живее животот како што го пие кафето: сам. Добро, во друштво и на неговото верно куче од расата басет што се одѕива на името Вејлон. Драма? Не е негов стил – особено не кога доаѓа во форма на невеста бегалка, заглавена во неговото мало, бурно гратче.
Наоми не избегала само од олтарот. Таа тргнала кон Нокмаут, Вирџинија, за да ја спаси својата забегана сестра близначка. Но градот е сè освен гостопримлив – а нејзината сестра не само што не се сменила туку и ѝ го краде автомобилот, парите… и ѝ остава внука за која Наоми немала поим дека постои. Сега, таа е без ништо – освен одговорноста за едно единаесетгодишно девојче што се однесува како возрасна личност. Без план. Без дом. Без излез…
Нокс знае да се држи подалеку од комплицирани жени и срцепарателни ситуации. Но откако животот на Наоми се распаѓа пред неговите очи, чувствува дека мора да ѝ помогне. Додека повторно не дојде до мир и самотија. Но неволјите на Наоми брзо се претвораат во вистинска опасност.
А кога срцето ќе почне да зборува погласно од разумот, тешко е да останеш сам… -
Боенка: Градина
048,00 денБоенки со налепници
• За развој на моторичките вештини кај децата
• За јакнење на концентрацијата
• За поттикнување на детската љубопитност, фантазија и креативност