-
Кралството
0600,00 денКога сѐ ќе изгубиш, веќе немаш од што да се плашиш.
Во едно мало норвешко село автомеханичарот Рој Опгард води осаменички живот сè додека не се случи она што никој не го очекува – враќањето на неговиот помлад брат. Карл доаѓа богат, со диплома во џебот, со мистериозната сопруга Шенон и со голем план за осиромашеното родно место – бизнис што сите го прифаќаат како можност за спас. И токму кога се чини дека минатото е заборавено, почнуваат да испливуваат мрачните тајни од нивното детство. Сѐ уште не се заборавени мистериозните несреќи во кои загинуваат нивните родители и селскиот полицаец, а сега нивниот број се зголемува…
Додека напнатоста расте и обрачот околу нив се стега, Рој се преиспитува до каде може да оди за да го заштити својот алчен брат. Дали по секоја цена да му остане верен на семејството или да им се препушти на страсните чувства кон Шенон?
„Кралството“ е моќен роман за мрачните семејни тајни каков што може да напише само врвниот криминалистички автор на норвешката и светската литература, Ју Несбе.
„Целата книжевна моќ на најпознатиот скандинавски писател на црниот роман е концентрирана во мрачната, насилна приказна за двајца браќа. Несбе со епски замав ја разурнува илузијата за едно семејство и за една мала, среќна планинска заедница.“
Киркус ривјус
-
Кратки приказни за досонување
0252,00 ден„Кратки приказни за досонување“ е книга за деца составена од 18 кратки приказни и 18 илустрации. Автор на приказните е Зорница Христова, илустрациите се дело на Миглена Папазова. Приказните раскажани со едноставни реченици, сместени во секојдневниот детски хронотоп (на детското игралиште, на тротоарот пред зграда, во џебот од палтото итн.), пред малиот сонувач отвораат цел еден космос на чудесни и необични случувања. „Кратките приказни за досонување“ се приказни кои даваат и суптилни одговори за прашања кои ги „мачат“ малите сонувачи, како на пример зошто Сонцето и Месечината речиси никогаш не се заедно на небото или што сè може да има во еден џеб од заборавеното есенско палто. „Кратките приказни за досонување“ содржат и суптилни тишини со кои се премолчуваат сите прашања за кои нема одговор и кои едноставно треба да се отсонуваат.
Целата книга се чита во еден здив, а препрочитувањето на секоја од приказните е задолжително. Приказните за досонување се толку силни што ја пробиваат онаа невидлива граница помеѓу сонот и јавето, а ликовите некако лесно се препознаваат и на улица, и извикуваат ревносно при секое протнување на раката в џеб, при средбата со секоја изгубена ракавичка на улица, при секоја средба со татко насладен со печени костени во есен. Секоја „Кратка приказна за досонување“ се чита за неколку минутки, а одзвонува низ детската фантазија со денови, се вгнездува како никулец и ја буди креативната потреба да се раскажуваат приказни која е заразна како Кивавица. „Кратките приказни за досонување“ се наменети за големи и мали сонувачи, и за дечиња од 3 до 10 години.
-
Крвава месечина
0600,00 денКрвава месечина, 13 роман во серијалот за Хари Хуле
Брилијантниот детектив се враќа – како приватен истражител со свој тим составен од одметници
На почетокот од есента во Осло исчезнуваат две девојки кои биле на иста забава кај познатиот милијардер Ред. На пронајденото тело полицијата забележува необичен „потпис“, кој навестува дека тоа е само почеток на нечии чудовишни намери.
Откривањето на необичниот убиец бара и необичен детектив. Но легендарниот Хари Хуле е преселен во Лос Анџелес и е на добар пат да си ја оствари намерата – да пие до смрт. Одбива да се врати во Осло сè додека некогашната глумица Лусил, која му го спасува животот, не запаѓа во голема опасност. А тој може да ја спаси само ако го прифати ангажманот што доаѓа од неговиот роден град.
Се враќа во Осло и составува чуден тим – другар од детството кој сега е дилер на кокаин, корумпиран полицаец и психолог на смртна постела. Има десет дена да го најде убиецот и да ја спаси Лусил. Времето немилосрдно тече додека над градот се надвиснува крвавата месечина.
„Умешноста на Несбе заслужува највисоки оценки. Ова е првокласна приказна – Хари Хуле се враќа и повторно нè фасцинира.“
„ВГ“
-
Кревка рамнотежа
0550,00 денВо еден неименуван град крај морето, власта воведува вонредна состојба. И така, хаосот се вселува во секојдневниот живот на луѓето: многумина остануваат бездомници, некои се апсени, некои се принудени на присилна работа, сите се исплашени и осамени…
„Кревка рамнотежа“ раскажува за четворица ликови кои кога се заедно не можат да ја поднесат блискоста, но кога се далеку едни од други не можат да преживеат.
Среде политичките превирања во Индија, реалноста станува толку неверојатна, што дури и она што е измислено изгледа вистинито. Така, овој чудесен роман час може се чита како магичен реализам, час како историски портрет на распадот на една земја.
-
Кревки нешта
0550,00 денАприл, 1906 година. Разорувачки земјотрес го тресе Сан Франциско токму пред изгрејсонце исплукувајќи го пеколот на површината на земјата. Многу животи згаснуваат, но некои се раѓаат од пепелта засекогаш променети.
Софи Вејлен, млада ирска имигрантка, е очајна да се спаси од мачниот живот во Њујорк, па одговара на огласот за невеста во весникот и се согласува да се омажи со маж што не го познава. Вдовецот Мартин Хокинг е занесно згоден и има неверојатни очи, но е воздржан и многу често патува по работа. Петгодишната ќеркичка на Мартин, Кет, веднаш ѝ го освојува срцето на Софи, но чудното однесување на новиот сопруг ѝ разгорува сомнеж дека нешто не е како што треба во нејзиниот нов живот.
Животите им се менуваат една ранопролетна вечер кога непозната личност им се појавува на врата. Судбините им се испреплетуваат вечерта пред ужасниот земјотрес впуштајќи ги на опасно патување на кое ќе ги откријат својата сила и сознанието дека љубовта умее да го победи стравот.
„Кревки нешта“ е емотивна приказна за силата на мајчината љубов, женската солидарност и пријателствата.
-
Криво рало
0400,00 денПоглед кон животот на потомците на ослободените робови во хациендите од руралниот Бразил.
Книгата сликовито ги прикажува културата, обичаите, верувањата, како и тесната поврзаност со земјата и природата, но и нееднаквоста и неправдите на кои биле изложени овие луѓе. Нивното освестување за барање на своите права е претставено многу нежно и едноставно, преку приказната за две сестри во хациендата „Црна вода“, Бибијана и една година помалата Белонисија.
Сè започнува со детска игра во која се случува несреќа со ножот скриен во бабиниот куфер, поради која едната сестра останува нема, а другата се претвора во нејзиниот глас, поврзувајќи се на необичен начин. Со текот на времето, сестрите се оддалечуваат. Белонисија останува, а Бибијана го напушта родителскиот дом, се мажи и станува мајка. Но судбината повторно ќе ги спои во хациендата…
„Криво рало“ е прекрасна приказна во која мајсторски се спојуваат лириката, магијата и реалноста.
-
Крикот на ластовицата
0500,00 денКнигата го поставува прашањето: Дали е поопасен сериски убиец што убива педофили или е поопасен човек што, додека во светот се случуваат вакви нешта, ја гледа само својата удобност и останува рамнодушен?
Цел на серискиот убиец Мижачот се педофилите. Секогаш ги убива со ист ритуал. Ги носи силувачите на места што се поврзани со деца и покрај нив остава играчка. Покрај тоа, им ги врзува очите со кадифен превез и им пресекува дел од десното уво. Поради ова го нарекуваат Мижачот.
Пред неколку години имало слични случаи, но убиецот не бил фатен. Сега, кога тимот на началникот Невзат доаѓа на местото на злосторството, од глетката заклучуваат дека Мижачот повторно се вратил. Жртвата е педофилот што претходно се обидел да ја заведе и ќерката на началникот, пред таа и мајка ѝ да загинат во вооружен напад. Поради сето ова случајот почнува да станува почувствителен.
„Крикот на ластовицата“ го буди интересот на читателите со својата богата фикција и со возбудливото темпо, како и со чувствителниот приод кон општествените случувања, нудејќи многу повеќе од еден детективски роман. Дали може да се оправда едно убиство, од каква и да е причина?
-
Криптолог
1450,00 денЗа еден безмилосен сериски убиец кој никогаш не простува и не заборава, таа е единствената која му побегнала. Сѐ досега…
ФБИ агентката Нина Герера побегнала од стапицата на сериски убиец кога имала шеснаесет години. Години подоцна, ја напаѓаат додека џогира во парк, и видео снимката од нападот масовно се споделува на социјалните медиуми. Многумина се импресионирани од нејзините боречки вештини, а помеѓу нив и човекот кој ја киднапирал пред единаесет години – кој исто така ја има видено снимката. Решен да ја врати назад единствената која му побегнала, извршува грозоморно убиство со цел да ја вовлече неа во истрагата… но неговите игри штотуку почнуваат. И го користи интернетот за да ја покани и јавноста да учествува.
Благодарение на неговите шифрирани загатки, тој станува супер ѕвезда на социјалните медиуми – енигматичен сајбер дух познат како „Криптологот“ – но за Нина е само чудовиште кое таргетира ранливи жртви. Заедно со својот партнер, легендарниот Вејд, кој и самиот има духови во минатото, Нина го лови предаторот низ целата земја. Трага по трага, жртва по жртва, Нина ита да го запре смртоносниот убиец додека целиот свет гледа.
-
Крпач, Кројач, Војник, Шпион
0490,00 денКрпач, Кројач, Војник, Шпион (1974 година) е ремек-дело на Џон ле Каре и еден од најголемите шпионски романи во 20 век. Со ненадминлива атмосфера, длабочина на ликовите и морална двосмисленост, овој роман на Ле Каре постави нови стандарди во жанрот. Делумно инспириран од вистинскиот случај на Ким Филби – двоен агент што се пробил до врвовите на британската тајна служба додека тајно работел за Советскиот Сојуз – романот ја следи потрагата на Џорџ Смајли, ненаметлив и интелигентен шпион во пензија, кој има задача да го открие предавникот, кртот што инфилтрирал длабоко во редовите на британската тајна служба – Циркусот. Преку низа интервјуа, стари досиеја и болни сеќавања, Смајли ја реконструира приказната што води до четворица високи функционери – секој од нив потенцијален предавник. Во свет каде што ништо не е така како што изгледа, Ле Каре маестрално ни прикажува мрежа од измами, тајни и морални дилеми. Ова е интелигентен, напнат и суптилен роман за довербата, предавството и за цената на вистината – класик што го надминува жанрот и останува еднакво моќен и денес.
-
Крстопати
0520,00 денГо запознав Вест Хејвен кога имав осум години. Ме научи да играм покер кога имав девет и заедно правевме авиони од
хартија кога имав единаесет. Ме бакна кога имав шеснаесет. Тој беше најдобриот дел од нашите семејни летни одмори во Монтана. Тој беше момчето кое ми го украде срцето. Имав дваесет и три кога животот грубо нѐ раздели.Години подоцна, го прекршувам заветот и се враќам на ранчот. Не како гостинка, туку како негова нова сопственичка. Вест можеби најмногу посакува да ме снема, но дури и тој мора да признае дека прифаќањето на мојата помош е единствениот преостанат начин да се спаси нивното семејно наследство.
Не ни е лесно да работиме еден покрај друг соочувајќи се со тие стари спомени. Но оваа ситуација е само привремена. Двајцата сме на крстопати. И можеби, ако не си дозволам повторно да се вљубам во Вест Хејвен, ова е нашата шанса засекогаш да ги закопаме тие духови. Можеби овој пат конечно ќе можеме вистински да се збогуваме.
-
Круг
0400,00 денПоследниот роман на Меша Селимовиќ се навраќа на неговата доминантна тема: човековиот егзистенцијализам.
„Круг“ почнува со тоа што главниот јунак Владимир ја спознава вистината за Младен, постариот брат кој загинал во 1944 година. Младен е прогласен за херој на Револуцијата, но со тоа во смрт ги повлекол и таткото и мајката. Но само Младен е интересен за заедницата. Владимир, иако е брат на херој и единствен преживеан член во семејството, не е повикан на свечноста за отворање спомен-музеј во нивната родна куќа. Лут поради овој потег на партиските другари, ја напушта работната акција. Од тој момент во него почнува да се раѓа сомнеж во Партијата и во Револуцијата, а пред читателот се простира цела галерија ликови преку кои се изразуваат политичките, социјалните и културните контрасти на времето.
Во општествениот план на романот е пролетерското општество и бунтот на идеалната совест на Владимир против владејачката хиерархија, идеолошкиот опортунизам и против предавството на поранешните револуционери.
Во сето ова е испреплетена и љубовна приказна преку која Селимовиќ уште еднаш го покажува своето врвно мајсторство за прикажувањето на внатрешната состојба на ликовите и меѓучовечките односи.
Иако формално недовршен, по својата структура и поетичка компактност, „Круг“ функционира како заокружена прозна целина.
-
Крцкање на скалите
0400,00 денКога телото на една жена е пронајдено покрај светилник во исландскиот град Акранес, набрзо станува јасно дека локалците ја познаваат.
Главниот полициски истражувач во случајот, Елма, која се вратила во Акранес по пропаднатата врска, со своите колеги Сејвар и Хурдур почнува истрага што открива шокантна тајна во минатото на мртвата жена, која одекнува до ден-денес…
По серијата откритија што ги прават, Елма и нејзиниот тим обелоденуваат серија долгокриени злосторства што ја потресуваат целата заедница. Чепкајќи низ урнатините на уништените спомени на граѓаните, тие мора да ги избегнуваат сè посериозните закани и да ја донесат правдата… пред да биде предоцна.
Романот ги добил наградите „Blackbird“ за криминалистичка литература и „Storytel“ за најдобра аудиокнига на Исланд во 2018 година.
-
Куклата
0500,00 ден#5 ДЕТСКАТА КУЌА
Требаше да биде тивко семејно патување со риболов, можност за мајката и ќерката да разговараат,но тоа засекогаш ги менуванивните животи!
Не уловуваат ништо освен една скршена кукла што се заплеткува во мрежата. По години минати во океанот, куклата изгледа застршувачки и првичниот инстинкт на мајката е да ја фрли назад.Попушта откако ќерка ѝ инсистира да ја задржат. Истата вечер, мајката објавува фотографија од куклата на социјалните мрежи. До следното утро, таа е мртва, а куклата е исчезната.
Неколку години подоцна, Хулдар е на своетонајомразено место – брод во разбранувани води, барајќи човечки остатоци. Меѓутоа, идентификувањето на скелетот што ќе го пронајдат се покажува потешко отколку што првично мислеле и Хулдар мора да го повика искуството на Фреја. Како што се продлабочува мистеријата, Хулдар е вовлечен во истрага на убиство на бездомен зависник од дрога, а Фреја истражува можен случај на сексуална злоупотреба во дом за сираци.
Наскоро станува очигледно дека овие случаи се поврзани преку еден исчезнат сведок: девојчето што ја посака куклата пред сите тие години.
Напната, застрашувачка и невозможна да се остави, „Куклата“ ја цементира репутацијата на Ирса Сигурдардотир како маестро на раскажувачка тензија и изненадување.
-
Куклата на Ана
3250,00 денСекој човек има некоја лузна на себе. Понекогаш помала, понекогаш поголема, но секогаш тоа е лузна што останала во душата. Голема дури како цела бразда. Лузна која животот му ја нанел некому, а судбината му ја наменила. Морал да ја изживее и да се издигне над неа, за да продолжи понатаму. А тие луѓе сите ние ги гледаме и среќаваме секојдневно, но не ги забележуваме. Погледнуваме во нивните очи, а не ја гледаме нивната болка, не забележуваме што е тоа што ја избраздило нивната душа. Немаме ниту време, ниту желба да се запрашаме што се крие зад нивните очи, често полни со тага, со кои нѐ погледнуваат. Едноставно ги одминуваме, не забележувајќи колку нашиот поглед, еден миг што ќе го одвоиме за нив, им е потребен.
Токму таквите луѓе со лузни на душата се инспирација за оваа книга, во која се сместени 15 вистински приказни. Тие се настанати во текот на долгогодишната работа на Наде Стојилковиќ како новинар, која како слушател и евидентичар ги бележела нивните судбини, среќавајќи се со тие луѓе и со нивните судбини во своето работно и животно искуство.
-
Куклената претстава
0490,00 денСериски убиец ги пали своите жртви на познатите праисториски камени кругови во Лејк Дистрикт. Тој не остава никакви траги и полицајците се беспомошни.
Кога на јагленосаните остатоци од третата жртва го наоѓаат врежано неговото име, му ја прекинуваат суспензијата на посрамотениот детектив Вашингтон По и го вклучуваат во истрагата од која тој дефинитивно не сака да биде дел.
Како партнерка ја добива генијалната, но социјално неприлагодена аналитичарка Тили Бредшо и заедно пронаоѓаат трага која е оставена за да ја види само тој. Мистериозниот убиец има план и од некоја причина По е дел од него.
Како што се појавуваат сѐ повеќе нови тела, така По открива дека е многу поинволвиран во случајот отколку што можел да замисли. Со шокантниот крај кој ќе сруши сѐ што некогаш мислел дека знае за себе, По ќе дознае дека постојат и многу полоши работи од тоа некој да те запали жив…
-
Култ
0650,00 ден#2 МИНА ДАБИРИ И ВИНСЕНТ ВОЛДЕР Петгодишно дете е киднапирано од градинка среде бел ден. Детективката Мина Дабири и нејзиниот тим се повторно во акција. Веднаш пронаоѓаат сличности со друго киднапирање – за жал, со трагичен крај. Сфаќаат дека се соочуваат со опасен убиец. За да ја реши загатката за првпат по драматичните настани пред две години, Мина бара помош од менталистот и нејзин стар пријател, Винсент Волдер. Нивниот однос е посебен. Ѕидот што ги делеше почнува да пука кога повторно ќе се сретнат. Винсент и полицијата пронаоѓаат паралела помеѓу последното киднапирање и други исчезнати деца. Прашање на време е кога ќе исчезне уште некој и затоа мораат брзо да дејствуваат. Во меѓувреме, отуѓената ќерка на Мина влегува во мистериозниот свет на Епикура, таинствена организација која тврди дека е центар за развој на лидерство. Може ли Мина да го заштити своето дете, кое воопшто не знае дека Мина постои? Надевајќи се на среќен крај, читателите се препуштаат на способноста на авторите да ја одржуваат тензијата до последните страници. И со нетрпение да го очекуваат последниот дел од трилогијата.
