-
ВОВЕД ВО СВЕТО ПИСМО НА НОВ ЗАВЕТ (посебен дел)
0800,00 денС О Д Р Ж И Н А
Предговор
1. СВЕТО ЕВАНГЕЛИЕ СПОРЕД МАТЕЈ
1.1 Општо за евангелијата. За именувањето на евангелијата
1.2. Бројот на евангелијата
1.4. За насловите на евангелијата
1.5. Местото на евангелијата во литературата
1.6. Евангелие според Матеј
1.6. Животот и дејноста на евангелистот Матеј
1.7. Време кога е пишувано Евангелието
1.8. Место каде е пишувано Евангелието
1.9. Јазик на кој било пишувано Евангелието
1.10. За кого било пишувано Евангелието
1.11. Сведоштва во самото Евангелие дека е пишувано најнапред за христијаните од јудејството
1.12. Повод за пишување на Евангелието
1.14. Стил на Евангелието
1.15. Веродостојност на Евангелието
1.16. Целост (интегритет) на Евангелието според Матеј
1.17. Односот на апокрифното Евангелие на Евреите кон Евангелието според Матеј
1.18. Содржина на Евангелието според Матеј
1.19. Особености со кои се разликува Евангелието според Матеј од други евангелија
2. СВЕТО ЕВАНГЕЛИЕ СПОРЕД МАРКО
2.1. Животот и дејноста на евангелистот Марко
2.2. Одвојувањето на апостолот Марко од апостол Павле
2.3. Апостолството на апостол Марко
2.4. За Евангелието според Марко
2.5. Сведоштвото на Папиевиот фрагмент
2.6. Други ранохристијански податоци за Евангелието според Марко
2.7. Писателот бил Евреин
2.8. Присуството на свети апостол Петар во содржината од Евангелието според Марко
2.9. Јазикот на којшто било напишано Евангелието според Марко
2.10. Време и место на пишување на Евангелието
2.11.Повод и цел за пишување на Евангелието
2.12. Содржина на Евангелието
3. СВЕТО ЕВАНГЕЛИЕ СПОРЕД ЛУКА
3.1. Писател на третото канонско Евангелие
3.2. Потеклото на светиот евангелист Лука
3.3. Каде, кога и од кого Лука го примил христијанството
3.4. За Евангелието според Лука
3.4. Извори и услови за пишување на Евангелието
3.5. Јазикот на Евангелието според Лука
3.6. Задача и карактер на Евангелието
3.7. Извори и нивното ползување при пишувањето на Евангелието
3.8. Историографските извори за Евангелието
3.9. Цел за пишување на Евангелието
3.10. За кого е напишано и кон кого е упатено Евангелието
3.11. Теофил – конкретна личност
3.12. Времето на пишување на Евангелието според Лука
3.13. Место каде што е пишувано третото Евангелие
3.14. Веродостојност на Евангелието според Лука
3.15. Текстот на Евангелието според Лука според сегашната редакција
3.16. Општа анализа на содржината од Евангелието според Лука
Односот на свети апостол Лука кон старозаветниот закон и кон Евреите
3.17. Христијанскиот универзализам во Евангелието според Лука
3.18. Љубовта кон грешниците
3.19. Односот на Господ Исус Христос кон 12-те апостоли
3.20. Силата на верата и благодатта во процесот на спасението
4. СВЕТО ЕВАНГЕЛИЕ СПОРЕД ЈОВАН
4.1. Животот и дејноста на евангелистот Јован
4.2. Времето кога е пишувано Евангелието
4.3. Местото каде е пишувано Евангелието
4.4. Јазикот и стилот на Евангелието
4.5. За кого било напишано Евангелието
4.6. Повод и причина за пишување на Евангелието
4.7. Целта за пишување на Евангелието
4.8. Автентичност на Евангелието
4.9. Интегритет на Евангелието
4.10. Односто на Евангелието според Јован кон синоптиците
4.11. Содржина на Евангелието според Јован
5. ДЕЛА НА СВЕТИТЕ АПОСТОЛИ ОД СВЕТИОТ АПОСТОЛ ЛУКА.
5.1. Општо за Делата на светите апостоли
5.2. Име на книгата
5.3. Писател и автентичност на книгата
5.4. Време и место на пишување на книгата
5.5. Повод и цел за пишување на книгата
5.6. За кого е пишувана книгата
5.7. Извори за пишување на книгата
5.8. Содржина и поделба на книгата
5.9. Јазикот и стилот на книгата
5.10. Автентичност на текстот од книгата
5.11. Два текста од книгата
6. СОБОРНО ПОСЛАНИЕ НА СВЕТИОТ АПОСТОЛ ЈАКОВ
6.1 За соборните посланија (Општо)
6.2. Соборно послание на светиот апостол Јаков
6.2. Писател на Посланието
6.3. За кого е напишано Посланието
6.4. Повод и цел на Посланието
6.5. Време и место на пишување
6.6. Вреодостојност (автентичност) на Посланието
6.7. Содржина на Посланието
7. ПРВО СОБОРНО ПОСЛАНИЕ НА СВЕТИОТ АПОСТОЛ ПЕТАР
7.1. Животот и дејноста на свети апостол Петар
7.2. Писател на Посланието
7.3. Време на пишување на Посланието
7.4. Место на пишување на Посланието
7.5. Цел на пишување на Посланието
7.6. До кого било упатено Посланието
7.7. Повод за пишување на Посланието
7.8. Содржина на Посланието
8. ВТОРО СОБОРНО ПОСЛАНИЕ НА СВЕТИОТ АПОСТОЛ ПЕТАР
8.1. Писател на Посланието
8.2. Време и место на пишување на Посланието
8.3. Цел за пишување на Посланието
8.4. Повод за пишување на Посланието
8.5. Содржина на Посланието
9. ПРВО СОБОРНО ПОСЛАНИЕ НА СВЕТИОТ АПОСТОЛ ЈОВАН БОГОСЛОВ
9.1. За живото и дејноста на Свети апостол Јован Богослов
9.2. Автор на Посланието
9.3. Автентичност на Посланието
9.4. До кого е упатено Посланието
9.5. Содржина на Посланието
9.6. Интегритет на Посланието
9.7. До кого е упатено Посланието
9.8. Повод и цел за пишување на Посланието
9.9. Време и место на пишување на Посланието
9.10. Содржина на Посланието
10. ВТОРО СОБОРНО ПОСЛАНИЕ НА СВЕТИОТ АПОСТОЛ ЈОВАН БОГОСЛОВ
10.1. Општо за Посланието
10.2. Писател на Посланието
10.3. Автентичност на Посланието
10.4. До кого е упатено Посланието
10.5. Повод и цел за пишување на Посланието
10.6. Време и место на пишување на Посланието
10.7. Содржина на Посланието
11. ТРЕТО СОБОРНО ПОСЛАНИЕ НА СВЕТИОТ АПОСТОЛ ЈОВАН БОГОСЛОВ
11.1. Писател на Посланието
11.2. До кого е упатено Посланието
11.3. Повод и цел за пишување на Посланието
11.4. Време и место на пишување на Посланието
11.5. Автентичност на Посланието
11.6. Содржина на Посланието
12. СОБОРНО ПОСЛАНИЕ НА СВЕТИОТ АПОСТОЛ ЈУДА
12. 1. Општо за Посланието и за свети апостол Јуда
12.2. До кого е упатено Посланието
12.3. Повод за пишување на Посланието
12.4. Цел и задача на Посланието
12.5. Време и место на Пишување
12.6. Автентичност на Посланието
12.7. Содржина на Посланието
13. ПОСЛАНИЕ НА СВЕТИОТ АПОСТОЛ ПАВЛЕ ДО РИМЈАНИТЕ
13.1. Животот и дејноста на свети апостол Павле
13.2. Општо за Римската црква и за Посланието
13.3. Кој ја формирал Римската црква?
13.4. Повод и цел за пишување на Посланието
13.5. Место на пишување на Посланието
13.6. Време на пишување на Посланието
13.7. Автентичност на Посланието
13.8. Содржина на Посланието
13.9. Зошто од четиринаесетте посланија на светиот апостол Павле Посланието до Римјаните е поставено прво во Библијата?
14. ПРВО ПОСЛАНИЕ НА СВЕТИОТ АПОСТОЛ ПАВЛЕ ДО КОРИНТЈАНИТE
14.2. Повод за пишување на Посланието
14.3. Време и место каде е пишувано Посланието
14.4. Автентичност на Посланието
14.5. Содржина на Посланието
15. ВТОРО ПОСЛАНИЕ НА СВЕТИОТ АПОСТОЛ ПАВЛЕ ДО КОРИНТЈАНИТЕ
15.1. Општо за Посланието
15.2. Писател на Посланието
15.3. До кого е упатено Посланието?
15.4. Повод за пишување на Посланието
15.5. Цел и задача на Посланието
15.6. Место на пишување на Посланието
15.7. Време на пишување на Посланието
15.8. Автентичност на Посланието
15.9. Содржина на Посланието
16. ПОСЛАНИЕ НА СВЕТИОТ АПОСТОЛ ПАВЛЕ ДО ГАЛАТЈАНИТЕ
16.1. За Галатија и Галатјаните – местоположба и име
16.2. Основање на Црквата во Галатија
16.3. Повод и цел за пишување на Посланието
16.4. Содржина на Посланието
16.5. Време и место на пишување на Посланието
16.6. Автентичност на Посланието
16.7. Најглавните теми и пораки во Посланието
17. ПОСЛАНИЕ НА СВЕТИОТ АПОСТОЛ ПАВЛЕ ДО ЕФЕСЈАНИТЕ.
17.1. За градот Ефес и за ефесјаните
17.2. Евангелизацијата на Ефес
17.3. За Посланието – општо
17.4. За кого е напишано Посланието
17.6. Време и место на пишување на Посланието
17.7. Автентичност на Посланието
17.8. Содржина и особености на Посланието
18. ПОСЛАНИЕ НА СВЕТИОТ АПОСТОЛ ПАВЛЕ ДО ФИЛИПЈАНИТЕ
18.1. За Филипи и за филипјаните
18.2. Доаѓањето на апостол Павле во Македонија(Дела 16,9-17,14)
18.3. Основање на Црквата во Филипи
18.4. Послание на свети апостол Павле до Македонците
18.5. Повод и цел за пишување на Посланието
18.6. Време и место на пишување на Посланието
18.7. Содржина, поделба и особености на Посланието
18.8. Што им напишал апостол Павле на Македонците
19.ПОСЛАНИЕ НА СВЕТИОТ АПОСТОЛ ПАВЛЕ ДО КОЛОСЈАНИТЕ
19.1. За Колоси и Колосјаните
19.2. За Црквата во Колоси
19.3. Писател на Посланието
19.4. До кого е упатено Посланието
19.5. Повод и цел за пишување на Посланието
19.6. Време и место на пишување
19.7. Содржина и поделба на Посланието
19.8. Автентичност на Посланието
20. ПРВО ПОСЛАНИЕТ НА СВЕТИОТ АПОСТОЛ ПАВЛЕ ДО СОЛУНЈАНИТЕ
20.1. За градот Солун и за неговите жители
20.2. Основање на Црквата во Солун
20.3. Писател и автентичност на Посланието
20.4. Место и време на пишување на Посланието
20.5. Повод за пишување на Посланието
20.6. Целта на Посланието
20.7. Содржина на Посланието
20.8. Библиско првенство на Македонците и со збор и со книга. Првонапишаното дело на апостол Павле упатено во Македонија – во Солун
21. ВТОРО ПОСЛАНИЕ НА СВЕТИОТ АПОСТОЛ ПАВЛЕ ДО СОЛУНЈАНИТЕ
21.1. Доаѓање на апостол Пвле во Солун
21.2. Престој во куќата на Јасон
21.3. Формирање на Црквата во Солун
21.4. Побуна и ноќно бегство од Солун
21.5. Повод и цел за пишување на Посланието
21.6. Место и време на пишување на Посланието
21.7. Целост и автентичност на Посланието
21.8. Трајната врска на апостол Павле и Македонците
22. ПРВО ПОСЛАНИЕ НА СВЕТИОТ АПОСТОЛ ПАВЛЕ ДО ТИМОТЕЈА
22.1. Општо за пастирските посланија
22.2. Црковното предание за Посланието
22.3. Кому му е упатено ова Послание.За животот и дејноста на апостол Тимотеј
22.4. Повод и цел за пишување на Посланието
22.5. Време и место на пишувањето на Посланието
22.6. Автентичност на Посланието
22.7. Содржина на Посланието
23. ВТОРО ПОСЛАНИЕ НА СВЕТИОТ АПОСТОЛ ПАВЛЕ ДО ТИМОТЕЈА
23.1. За животот и дејноста на свети апостол Тимотеј
23.2. Повод и цел за пишување на Посланието
23.3. Време и место на пишување
23.4. Содржина и карактер на Посланието
23.5. Тематска поделба на Посланието
24. ПОСЛАНИЕ НА СВЕТИОТ АПОСТОЛ ПАВЛЕ ДО ТИТ
24.1. За пастирските посланија
24.2. За животот и дејноста на свети апостол Тимотеј
24.3. За Критската црква
24.4. Време и место
24.5. Повод и цел за пишување на Посланието
24.6. Содржина на Посланието
25. ПОСЛАНИЕ НА СВЕТИ АПОСТОЛ ПАВЛЕ ДО ФИЛИМОН
25.1. За свети апостол Филимон (општо)
25.2. Писател на посланието до Филимон
25.3. До кого е упатено Посланието
25.4. Повод за пишување на Посланието
25.5. Цел и задача за пишување на Посланието
25.6. Време и место на пишување на Посланието
25.7. Содржина на Посланието
26. ПОСЛАНИЕ НА СВЕТИ АПОСТОЛ ПАВЛЕ ДО ЕВРЕИТЕ
26.1. Кој го напишал Посланието
26.2. Кон кого е упатено Посланието
26.3. Повод за пишување на Посланието
26.4. Цел на Посланието
26.5. Место, време и јазик на пишување
26.6. Содржина на Посланието
27. ОТКРОВЕНИЕ НА СВЕТИОТ АПОСТОЛ ЈОВАН БОГОСЛОВ
27.1. Општо за Откровението
27.2. Кој го напишал Откровението
27.3. Повод и цел за пишување на Откровението
27.4. До кого е упатено Откровението
27.5. Време и место на пишување
27.6. Автентичност и веродостојност на Откровението
27.7. Содржина на Откровението
ХРОНОЛОГИЈА
ПОСЛАНИЈАТА на свети апостол Павле (табеларен преглед)
70-ТЕ ХРИСТОВИ АПОСТОЛИ
КОНСУЛТИРАНА И КОРИСТЕНА ЛИТЕРАТУРА И ИЗВОРИ -
Водена приказна
0250,00 денСовремена приказна за последиците од граѓанската војна во Грција.
Патрик МекКензи е воен пилот на RHAF кој на осумдесет и пет годишна возраст, веќе испреплетен од канцер, не може да умре поради товарот од напалм истурен врз македонските села во 1948 година.
Нечистата совест го тера на неговото последно патување…селото Русилово (близу Воден) во кое на колена, ќе побара прошка за сите 36 куќи што тој лично ги запали при бомбардирањето.
Ова е приказна за поразот на идеалите на ДАГ и ЕЛАС, за држава во која Македонците и Грците ќе живеат рамноправно.
Граѓанската војна е одамна завршена.
Горчливиот вкус на поразот и тажниот спомен за илјадниците расселени остануваат, оттргнати од заборавит во оваа “Водена приказна”.
-
Водни тела
0250,00 денРеката е насекаде – во водата која тече во домовите, во нивните разбранувани тела, во снегулките што лебдат и ѝ се враќаат во течението.
Што значи да се биде и колку сме изградени од она што било? Какви се водните тела? Дали човекот е растреперен бран и вода која е де во прилив де во одлив? Оваа приказна тече по коритото на животот барајќи го неговиот извор и обидувајќи се да ја спречи сушата.
Безимената протагонистка и писателка во сенка од Сиднеј се враќа во родното Куманово, но наместо во градот од спомените доаѓа во сиво место задушено во смог, ѓубре и закопани соништа. Како носителка на богатата македонска традиција, баба ѝ ѝ открива дека во Куманово некогаш постоела речна плажа. И така главната хероина се впушта кон откривање на личните приказни и легендите, кон сувото речно корито, заедно со другарите од детството – дивиот таксист Гаврил и Јасна, фотографка која ги следи трагите на црниците. Барајќи го изворот на водата, тие несвесно си го бараат својот извор.
И како што „Сè што користиме ни е позајмено, а наше е да го чуваме“, така вистината во оваа книга е позајмена. Ваше е да ја чувате книгава на полиците, а вистината за себе – во себе.
-
Водопадот на божилакот
0200,00 денШто се случува со скриената долина? Зошто се загрижени еднорозите? Ооо, божилакот кој секогаш стоел над големиот водопад во скриената долина е украден! Биби, Боби и Алфеј поаѓаат на чудно подземно патување – за да ја решат мистеријата на украдениот божилак. А какви изненадувања ги очекуваат и каде ќе стигнат – ќе прочитате во оваа приказна…
-
Возбудливи времиња
0450,00 денКамо да знаев како е да се биде слободен.
Роман за неверојатната слобода и големата несигурност што таа ја носи со себе. Сурово искрената приказна на една повлечена девојка ни ги доловува личните, професионални и љубовни недоумици на младите во потрага по своето место во светот.
Не можејќи да се помири со ситуацијата што владее во нејзината родна Ирска, Ејва одлучува да си ја најде среќата во Хонгконг. Тука деновите ги минува предавајќи им англиски на богати дечиња, а ноќите избегнувајќи ги зајадливите цимерки во малото станче. Низ најразлични размисли, таа постепено ни ги открива својот карактер, борбата со ниската самодоверба и храбрите политички ставови.
Набрзо во нејзиниот живот ќе се појават две значајни личности. Благодарение на искуствата од двете сосем различни љубовни приказни, таа го открива патот за закрепнување од самоомразата. Пријателството со Џулијан и Идит ќе ја стави на значаен животен крстопат. Кој пат ќе го избере нејзиниот ум, а кој срцето?
-
Воздух
0180,00 денАнселмо не само што го менува животот на Грета, туку може да создава и чуда. Всушност, може сè додека не си признае дека е вљубен во тоа необично девојче на велосипед. Кога љубовта ќе ги огрее двете млади срца, тој веќе не може во облакот да ги види знаците на судбината. Што ќе избере – љубовта или небото?
-
Вознемирени луѓе
0450,00 ден„Вознемирени луѓе“ е апсурдна комедија за заложничка драма што се случува среде презентација на стан за продажба.
Неуспешен ограбувач на банка се затвора со група луѓе со чудни, необични карактери. Разбојникот на крајот ќе се премисли и ќе ги пушти сите заложници, но, кога полицијата влегува внатре, станот е – празен. Во серија од дисфункционални сослушувања на сведоците во полициската станица, читателот има можност да ги следи детално различните верзии на тоа што всушност се случило, при што се развива едно класично составување на мозаик околу неколку прашања: Како успеал да избега разбојникот? Зошто се сите толку гневни? И во што е проблемот со луѓето во денешно време?
Потресен и шармантен роман за злосторство што никогаш не се случило, потенцијален разбојник и осуммина крајно вознемирени странци, кои сметаат дека имаат повеќе заедничко отколку што замислувале.
-
Возот в снег
0250,00 денВо Јабуковац во Велико Село живеат тројцата другари: Љубан, Драга и Перо. Учениците од селското училиште со нивниот наставник со воз одат на излет во градот.
Таму, во печатницата се заблагодаруваат за бесплатниот пат до Загреб со песна, а на крајот одат во зоолошката градина. Меѓутоа, наставникот се разболува во градот и
останува во болница, па децата мораат сами да се вратат. На враќање, поради силното невреме, возот се заглавува во снежните наноси. Железничарите и децата
се исправени пред сериозен предизвик: ќе успеат ли безбедно да се вратат дома?
-
Возот со деца
0440,00 денТрогателна приказна за љубовта, семејството и надежта, базирана на вистинити настани од периодот по Втората светска војна во Италија. Романот ги следи животите на децата од југот на Италија, испраќани на север да живеат со семејства кои можат да им обезбедат подобра иднина во текот на тешките зими. Преку очите на главниот лик, Америго, Ардоне мајсторски ја отсликува детската наивност и траумите на разделбата.
Италија останува во многу лоша состојба по војната, особено југот. Седумгодишниот Америго живее со својата мајка во Наполи, преживувајќи како и сите други сиромашни луѓе во нивното соседство. Но еден ден, дознава дека возот ќе ги однесе него и други деца на север, со други семејства каде што ќе бидат безбедни и ќе имаат топла облека и храна. Па така, Америго и илјадници други деца заминуваат кон подобар живот. Низ неговите невини, љубопитни очи гледаме како една нација се издига од пепелта на војната и како одново се раѓа.
Позитивно изненаден од новата околина и можностите за подобра иднина, Америго сфаќа дека понекогаш мора да се откажеме од сѐ, дури и од мајчината љубов, за да си ја пронајдеме судбината.
„Возот со деца“ е повеќе од историски роман — тоа е човечка сага за загуба, носталгија и надеж. Книжевно ремек-дело кое носи длабока историска и емотивна тежина.
-
Возрасни деца од емоционално незрели родители
0450,00 денОваа книга нема цел да обвини никого, напротив, ни овозможува да ги разбереме родителите на едно друго ниво што ќе нѐ научи како да ги излечиме раните од минатото.
Децата не можат да си ги изберат родителите. За жал, многу од нив имаат емоционално незрели родители, а последиците од тоа ги чувствуваат цел живот. Да се разбере сопственото минато и да се види како влијае тоа врз сегашноста може да биде болен процес. Благодарение на клиничкиот психолог Линдзи Гибсон, можеме да се запознаеме со деструктивната природа на односите со родителите и да научиме како да се справиме со нив.
Ако и вие сте растеле со недостапен или себичен родител, често од вас може да избиваат чувства на лутина, бес, осаменост или несигурност. Сетете се на сите ситуации во кои не ви биле задоволени емоционалните потреби, кога сте биле игнорирани или сте морале да преземате одговорност како да сте возрасни. Овие лузни можат да се излечат и од рани да станат двигател кон подобар и посреќен живот. Ако добро знаете што значи емоционална зрелост, ќе можете да го најдете и она што го барате.
„Приоѓајќи им со мудрост и сочувство, Линдзи Гибсон им овозможува на читателите да ги согледаат и подобро да ги запознаат отровните врски, што го олеснува пронаоѓањето на нови, здрави патишта што ќе ги излечат. Оваа книга е моќна можност за да си помогнете самите себеси.“
Томас Ф. Кеш
-
Војводата и јас (Бриџертон #1)
3450,00 денДецата на аристократите во Лондон учат како треба да му се обраќаат на војвода и како да се поклонуваат пред принц уште од најрана возраст. Аристократското општество е полно со пишани, но и голем број непишани правила, кои едноставно се подразбираат. Еден вистински војвода треба да е авторитативен и резервиран. А младите дами кои се на возраст за брак треба да се културни и пријателски настроени… но никако премногу пријателски настроени.Дафне Бриџертон отсекогаш имала проблем токму со ова. Бидејќи потекнува од огромно семејство во кое владее хармонија и блискост, таа се има спријателено со сите најпожелни ергени во Лондон. Сите ја сакаат Дафне поради нејзината добрина и хумор. Но никој не ја посакува вистински. Таа е премногу искрена за да ги игра романтичните игри кои ги играат другите млади дами за да освојат добар маж.За војводата од Хејстингс дефинитивно не може да се каже дека е пријателски настроен. Кога се враќа во Англија од долгите патувања низ светот, тој планира да се дистанцира од бракот и општеството – баш како што неговиот ладен татко го дистанцирал него од себе во текот на целото негово болно детство. Но добива уште подобра идеја кога наидува на сестрата на неговиот најдобар пријател. Ако Дафне се согласи да се преправаат дека тој ѝ се додворува, Сајмон ќе се спаси од напорните мајки кои парадираат пред него со своите ќерки, а Дафне значително ќе ја подобри својата репутација и бројката на додворувачи.Планот е одличен, барем на почетокот. Но сите знаат дека љубовта ги игнорира сите правила… -
Војна и љубов
0520,00 ден1917 година, Првата светска војна е во својот зенит кога Хејзел и Џејмс првпат се среќаваат на една забава во Лондон. Таа е срамежлива и талентирана пијанистка; тој е новопечен војник со соништа да стане архитект. Кога ќе се вљубат, тоа е на прв поглед и длабоко, но набргу Џејмс е испратен на полињата на смртта.
Обри Едвардс е исто така упатен накај рововите. Талентираниот музичар кој свирел во Карнеги Хол е член на 15. њујоршка пешадија, афроамерикански полк испратен во Европа да помогне да се стави крај на големата војна. Љубовта е последното нешто што му е на ум. Но, тоа е пред да ја сретне Колет Фурние, белгиска пејачка која веќе преживеала ужасна трагедија од рацете на Германците.
Триесет години откако судбината ќе ги поврзе овие четворица љубовници, грчката божица Афродита им ја раскажува нивната приказна на нејзиниот сопруг Хефест и на нејзиниот љубовник Арес во луксузна хотелска соба на Менхетн во екот на Втората светска војна. Таа бара одговор на вечното прашање: Зошто Љубовта и Војната секогаш се привлекуваат една со друга? Но, нејзината потрага по заклучок што ќе го задоволи нејзиниот љубоморен сопруг, открива повеќеслојна приказна за предрасуди, трауми и музика и открива дека ниту Војната не може да ù застане на патот на вистинската Љубов.
-
Војната на уметноста
0300,00 денПобедете ги блокадите, совладајте го отпорот и раскрилете ја својата креативност
Ако сонувате да напишете роман, жалите што не сте ги завршиле своите слики, песни или сценарија, ако сакате да основате фирма, од денес да почнете со диета или вежбање… а сепак нешто ве спречува – ова е вистинската книга за вас.
„Војната на уметноста“ е докажан водич за целосно искористување на творечката енергија. Како да го отклучиме својот потенцијал и да ги надминеме стравот и отпорот што ни го спречуваат успехот? Со храброст, следејќи ја вистинската формула и напорно работејќи, страста може да се претвори во цел.
Таа е неопходна за секој човек и за сите животни области, не само за уметноста. Со своето богато искуство, Пресфилд ни дава детален план за препознавање и совладување на отпорот што нè спречува да се зафатиме со најважните работи. Само така можеме да постигнеме остварување на своите соништа и да почнеме да живееме слободно, водени од својата креативност.
„Неверојатно јасно и мудро дело за психологијата на творењето.“
Џеј Мекинерни
„Отпорот е гласот во нас што ни повторува да се откажеме, да внимаваме, да не брзаме… Пресфилд е генералот со пет ѕвезди во војната против стравот.“
Сет Годин
-
Војната нема женско лице
0350,00 денВојната нема женско лице е една од најпознатите книги за војната. За време на Втората светска војна, околу еден милион жени се бореле на страната на Црвената армија, но за нив никогаш ништо не се пишува. Оваа книга ги собира на едно место спомените на стотици жени – снајперистки, тенкистки, болничарки. Ова е приказна за жените во текот на војната. Што ним им се случувало, како таа ги променила? Од што се плашеле? Како научиле да убиваат? Овие жени – повеќето првпат во својот живот – ја раскажуваат нехеројската страна на војната, која најчесто не е присутна во сеќавањата на ветераните. Тие говорат за валканоста и за студот, за гладот и за сексуалното насилство, за проблемите и за сенката на смртта. Алексиевич дозволува овие гласови да се слушнат во нејзината трогателна книга, првпат објавена во 1985 година. Авторката ја дополнила во 2002, преработувајќи ги деловите што биле цензурирани и додавајќи нови материјали што првично не било дозволено да се објават.
-
-
Волга, Волга
0450,00 денУште еден фантастично напишан роман од Миљенко Јерговиќ!
Секој петок, Џелал Пљевљак патува 116 километри со својата црна волга, од Сплит до Ливно. Оди во џамија и се враќа назад. И така едно 15 години. И кога мисли дека веќе ги познава секое дрво и секоја куќа покрај патот, му се случува нешто што ќе му го смени животот засекогаш. Го зафаќа типична босанска снежна бура и патот ќе го навее во селото Фатуми.
Пет години подоцна, 1993, во текот на најсуровиот дел од војната во Босна, еден неименуван документарист се обидува да ја реконструира приказната со која јавноста опсесивно се занимавала до не толку одамна. Приказната за човекот кој станал последна и најголема ѕвезда во историјата на црните хроники на овие простори.
Потресната животна сторија за осаменоста е поделена во три дела и е доволно загатлива за да го вовлече читателот во себе, но исто толку отворена за да не може да се остави и да се излезе од неа. Јерговиќ повторно си игра со документите, си игра со перспективите, со точките на гледиште. Не се знае докрај кој ја зборува вистината, што е вистината, кој има право, има ли виновници воопшто. Ова е свет со комплексни ликови во кој е сѐ дозволено и е сѐможно, свет во кој човековата природа е внимателно истражена и е длабоко нурнато во темниците на човековиот ум.