Филтер по цена
Жанр
Автори
  • Костурите на округот Медисон

    Костурите на округот Медисон

    0

    Госпоѓа Павица е приморка во златни години и секогаш кога некој ќе ја нарече жена во златни години, ù се превртува желудникот. Живее во мало место, пее во мал хор и е омажена за поморец со кого цел живот е во брак. Ги има ќерката Ана, внукот Тони и болките во колената. Децата за неа се безусловна љубов и доживотна робија и кога повторно би се родила, никогаш не би  родила. Првпат е среќна во седумдесеттата година бидејќи го наоѓа мажот пред кој не мора да клечи. И не размислува за смртта.

    Ана е образована и самостојна жена во педесеттите која добро заработува, има мигрена и проблем со желудникот. Поради помлад маж, остава прекрасен сопруг и дете и никогаш не се грижи што мисли светот за неа. Нејзе ù се воодушевува дури и младата љубовница на нејзиниот втор сопруг. Додека чека третман со акупунктура во ординација, убедена е дека мајка ù полудела и размислува за незадоволниот татко, поранешниот и сегашниот сопруг, неговата љубовница… и стравот од смртта.

    Во полифоничниот роман „Костурите на округот Медисон“Ведрана Рудан бескомпромисно и духовито, а над сè уметнички успешно, зборува за родителите, децата, љубовта и сексот. Таа ги разбива стереотипите за пожртвуваните мајки, послушните ќерки, посветените сопрузи и злобните љубовници. Стереотипите поради кои сите тие стануваат жртви.

    Како завршува мојата љубовна приказна? Дали на крајот ќе се венчаат или можеби ќе ги обноват заветите? Или се разделуваат на обострано задоволство за да тргнат во нови љубовни маки опседнати со сексот или од стравот од секс? Нема да ви кажам. Што мислам, дали книгата е добра? Одлична е. Земете ја в раце. Откако ќе ја прочитате, можеби нема да скокнете на ФБ, туку на некој што го сакате. Или ви се чини дека го сакате.

    350,00 ден
    Додај во кошничка
  • Вистините во кои веруваме

    Вистините во кои веруваме

    0

    Ова е книга за најсуштествените вистини што нè обединуваат и за долгата борба да се сознае кои се тие вистини и како најдобро да се дејствува според нив, прикажани преку личниот живот и низ сите сегменти на животот во САД, на жената која е еден од најинспиративните американски политички лидери.

    „Додека нашата демократија се соочува со сеопшт напад што не личи на ниту еден друг напад на кој сме посведочиле досега во животот, мораме да запомниме дека нашиот систем функционира тогаш кога луѓето на кои Соединетите Американски Држави им се важни, ќе се исправат и ќе почнат да учествуваат. Секој ден си поставувам задача: да бидам дел од решението, да бидам радосен борец во битката за душата на земјава. Вам ви поставувам задача да ми се придружите во тие напори. Да не креваме раце, зашто време е да засукаме ракави.

    Затоа што години отсега, овој момент веќе ќе биде минато. А, нашите деца и внуци ќе нè прашуваат каде сме биле кога влоговите биле толку високи. Ќе нè прашаат како било. Не сакам да им раскажувам како сме се чувствувале. Сакам да им раскажувам што сме сториле.“

    480,00 ден
    Додај во кошничка
  • Продавница за животни промени

    Продавница за животни промени

    0

    Роман што буди желба да внесеме повеќе живот во животот и да ја прифатиме иновативната филозофија водилка на зебрата: „смелорноста“.

    Три нетипични личности, три електрони со слободни души. Кога ќе им се вкрстат патиштата, поредокот на нештата ќе се измени засекогаш. Полето на можностите се отвора, а хоризонтите се прошируваат. Тие се слеваат еден во друг за да си најдат послободен, поотворен, посреќен пат…

    Базил, пронаоѓач, раздвижувач на невроните со несекојдневна генијалност, нè води во еден поетско-уметнички свет што го скокотка умот и поттикнува да скршне од униформното размислување. Отвора „бихевиористичка“ продавница од трет вид: за провокативни предмети што ги будат фантазијата, креативноста и го поттикнуваат отворањето на умот. Џулија, надарен „нос за парфеми“, мечтае да внесе душа во својот занает, а нејзиниот син Артур, бунтовен тинејџер, се труди да си го открие местото во светот во кој припаѓа. Наспроти нив е Лујза Мортеј, уредничката на општинскиот весник која сака по секоја цена да ја затвори чудната продавница.

    До каде ќе ги однесе своите ликови? Популарната писателка се враќа во своето најдобро издание – со нов извонреден роман со кој уште еднаш нè изненадува и нè освојува.

    450,00 ден
    Додај во кошничка
  • Твојот втор живот започнува кога ќе сфатиш дека имаш само еден

    Твојот втор живот започнува кога ќе сфатиш дека имаш само еден

    0

    Што да правиш кога одеднаш ќе се најдеш заглавен во стапицата на секојдневната рутина, кога ќе сфатиш дека животот веќе не ти носи радост? Имаш навидум сè што ти е потребно, но нешто недостига, нешто суштинско што го први животот убав, интересен, неповторлив…

    Во еден таков преломен момент Камиј, хероињата на овој волшебен роман, среќава необичен човек со уште понеобично занимање: рутинолог. Од него таа повторно ќе ја открие мудроста на вистинските избори, на заборавањето и прошката. Зашто „животот е како летачки балон што се издига со помош на топол воздух. За да се искачиш повисоко, треба да умееш да се ослободиш од товарот и да исфрлиш преку оградата сѐ што ти пречи да се кренеш“. Постепено, тој ќе ја поттикне обесхрабрената Камиј да се осмели да си постави големи соништа. И да тргне кон нивно остварување. Зашто не е најстрашно да не успееш. Најстрашно е да не се ни обидеш!
    Со теоријата на мали чекори, тој ќе ја поведе по патот на самопрочистувањето и самооткривањето, за да проникне повторното во љубовта и чудото на постоењето.

    „Рафаела Жордано нè учи како да излеземе од зачмаеноста и повторно да се вљубиме во животот!“ Мадам Фигаро

    400,00 ден
    Додај во кошничка
  • Клубот 5 наутро

    Клубот 5 наутро

    0

    Светски признатиот гуру Робин Шарма ви го претставува концептот на Клубот 5 наутро – докажан систем кој им помогнал на илјадници клиенти максимално да си ја зголемат продуктивноста, да си го подобрат здравјето и да уживаат во спокоен живот во ова динамично и стресно време.

    Преку восхитувачка – и честопати забавна – приказна во која главните актери се борат да ги надминат своите лични проблеми и се среќаваат со еден ексцентричен тајкун кој станува нивен таен ментор, Клубот 5 наутро ќе ве запознае со:
    – Начинот на кој големите и мудри луѓе ги почнуваат своите утра за да постигнат зачудувачки резултати.
    – Малку познатата формула за инспирација и фокусираност за извлекување на најдоброто од денот.
    – Докажаната практика што помага лесно да се разбудите додека повеќето луѓе уште спијат, добивајќи скапоцено време за размислување и изразување на својата креативност.
    – Револуционерни тактики да ги одбраните своите дарби, таленти и соништа од дигиталното лудило и тривијалните дразби за да можете да уживате во успехот, работата и магичното влијание врз светот.

    500,00 ден
    Додај во кошничка
  • ТАЈНАТА ВРАТА НА УСПЕХОТ

    ТАЈНАТА ВРАТА НА УСПЕХОТ

    0

    Разликата меѓу успешните и неуспешните луѓе е во познавањето на начинот на кој се стигнува до целта. Тајната врата на успехот на Флоренс Сковел Шин ни покажува како да ја пронајдеме и да ја отклучиме вратата што води до тајното знаење за успехот.

    Со едноставни и практични совети, Шин ни покажува како да ги отстраниме бариерите што нè спречуваат да доживееме вистинска љубов, да заработиме пари и да ги оствариме своите цели. Таа ни ја открива тајната врата која води кон исполнување на сето она што го посакуваме длабоко во себе. Ни објаснува како своите несреќи да ги претвориме во радост за само неколку дена. И како вистинскиот ментален став може да нè доведе до успех – зашто секој може да воспостави контрола врз ситуацијата и да постигне изобилство со помош на духовните закони што се закодирани во нас.

    250,00 ден
    Додај во кошничка
  • КАКО ДА СЕ ЗДОБИЈАТ ПРИЈАТЕЛИ И НАКЛОНОСТ НА ЛУЃЕТО

    КАКО ДА СЕ ЗДОБИЈАТ ПРИЈАТЕЛИ И НАКЛОНОСТ НА ЛУЃЕТО

    0

    МОЌЕН И ДОКАЖАН ВОДИЧ ШТО ПОТТИКНА ИЛЈАДНИЦИ СЛАВНИ ЛУЃЕ ДА СТИГНАТ ДО ВРВОТ НА УСПЕХОТ ВО БИЗНИСОТ И ВО ЛИЧНИОТ ЖИВОТ

    Книгата Како да се здобијат пријатели и наклоност на луѓето е еднакво релевантна и корисна денес како и во времето кога била објавена, пред речиси 80 години. Тоа се должи на неверојатната умешност на Дејл Карнеги да проникне длабоко во човековата природа и да ги открие принципите врз чија основа секој човек можел да се развие и максимално да го искористи својот потенцијал. Според Карнеги, финансискиот успех не зависи толку од знаењето што го поседуваме колку од способноста да ги изразиме своите идеи, да преземеме лидерска улога и да го поттикнеме ентузијазмот кај луѓето.

    Продадена во десетици милиони примероци низ светот, оваа книга содржи многу корисни совети за тоа како брзо и лесно да се здобиете со пријателството и наклоноста на луѓето, како да го зголемите своето влијание во работната средина, како да станете поефикасни, да ги поттикнувате моралот и ентузијазмот кај соработниците, а да ги избегнете недоразбирањата и расправиите во деловниот и семејниот живот.

    400,00 ден
    Додај во кошничка
  • Заборавете ги глупостите и чувствувајте се ПРЕКРАСНО

    Заборавете ги глупостите и чувствувајте се ПРЕКРАСНО

    0

    Заборавете ги глупостите и чувствувајте се ПРЕКРАСНО ќе ве научи како да влезете во зоната на ПРЕКРАСНОТО и да се издигнете над негативното размислување и драмите. Техниките што се опишани во оваа книга ќе ви помогнат да направите промени што ќе ви овозможат да ги отстраните глупостите од сите области во вашиот живот – работа, пари, богатство, врски, љубов, родителство, зависности, болки на срцето, стрес и секојдневни иритации. Начинот на кој го живеете животот се базира на низа навики и веќе воспоставени шеми. Со замена на старите навики со нови, можеш да го промениш животот на подобро. Во Заборавете ги глупостите и чувствувајте се ПРЕКРАСНО, искусниот хипнотерапевт Аилса Франк ве снабдува со знаење и алатки што ви се потребни за да ја преземете контролата врз својот живот и да се осигурите дека зазема позитивна насока – насока во која вие сакате да оди.

    270,00 ден
    Додај во кошничка
  • СРЕЌНИТЕ ЛУЃЕ ЧИТААТ И ПИЈАТ КАФЕ

    СРЕЌНИТЕ ЛУЃЕ ЧИТААТ И ПИЈАТ КАФЕ

    0

    Сопруга, мајка и сопственичка на кафе-книжарницата Среќните луѓе читаат и пијат кафе во Париз, се чини дека Дијан има совршен живот. Но ненадејно ќе ги изгуби саканиот сопруг и ќерката и сè одненадеж застанува. Сè освен нејзиното срце, кое и натаму упорно и болно чука. Изгубена во спомените, таа повеќе не знае како да живее…

    По една година ќе ги шокира семејството и пријателите одлучувајќи да се пресели во едно село на ирскиот брег. Конечно решена повторно да го изгради својот живот – сама. Таму ќе го запознае Едвард, таинствениот фотограф од соседството. Ќе си дозволи ли повторно да сака? Ќе го надвладее ли стравот дека со новата љубов ќе ги изневери саканите кои веќе ги нема?

    „Трогателна приказна со многу дијалози која со лесен стил и со многу топлина и разбирање зборува за тоа дека можеме да ги преживееме и најтешките животни моменти.“ Ле паризјен

    320,00 ден
    Додај во кошничка
  • ТРЧАЊЕТО МЕ УЧИ

    ТРЧАЊЕТО МЕ УЧИ

    0

    Трчањето ме учи е збирка текстови инспирирани и посветени на големата пасија на повеќекратниот државен шампион во трчање Кокан Ајановски. Тој ѝ е добро познат на јавноста по своите достигнувања на тркачките патеки – над 20 пати државен првак на Македонија во повеќе атлетски дисциплини – но и надвор од нив, како еден од амбасадорите на спортот кој секојдневно го популаризира и ја шири страста наречена трчање.

    Овие кратки бисери се излезени од секојдневието на човекот за кого трчањето е многу повеќе од спорт – во трчањето Кокан ја пронаоѓа големата смисла на животот. Трчањето му е и животен учител чии лекции важат како на патеките така и надвор од нив. Сакајќи да сподели со вас дел од наученото, тој своите мали и големи откровенија ги пренесува на хартија, во текст полн со топлина и емоција.

    Трчањето ме учи е книга полна со инспирација, мудрост, поуки, благодарност, љубов, и една посебна сила што постојано нè движи напред и нè поттикнува да истрчаме уште еден километар, да направиме уште еден напор – за да станеме подобри од она што веќе сме.

    250,00 ден
    Додај во кошничка
  • Сè е за*бано : книга за надежта

    Сè е за*бано : книга за надежта

    0

    Од авторот на интернационалниот мегабестселер „Е, баш ме заболе“ доаѓа контраинтуитивен водич за проблемите со надежта.

    Живееме во интересно време. Материјално, сè е подобро од кога и да е, но некако сè изгледа како да е непоправливо и ужасно заебано. Што се случува? Ако некој може да ја именува нашата моментна малодушност и да ни помогне да ја решиме, тоа е Марк Менсон.

    Во „Сè е заебано“, Менсон исцртува планини од психолошки истражувања базирани на безвременската мудрост на Платон, Ниче, Кант, па и на Том Вејтс, за да ги дисецира религијата, политиката, парите, забавата и интернетот.

    Со неговата препознатлива комбинација од ерудиција и хумор, Менсон нè предизвикува да бидеме почесни кон себеси, отворено спротивставувајќи се на нашите дефиниции на верата, среќата, слободата – дури и на надежта. Еден од најголемите модерни автори напиша уште една книга што ќе ја постави агендата на годините што доаѓаат.

    390,00 ден
    Додај во кошничка
  • АТОМСКИ НАВИКИ

    АТОМСКИ НАВИКИ

    0

    Дали тешко ги менувате своите навики? Ако е така, проблемот не сте вие. Проблемот е во вашиот систем. Лошите навики се повторуваат одново и одново, не затоа што вие не сакате да се промените, туку затоа што имате погрешен систем за промена.

    Оваа книга содржи проверен и докажан систем, кој може да ве издигне до нови височини.

    Ќе научите како:

    •          да најдете време за нови навики;

    •          да го надминете недостигот на мотивација и на волја;

    •          да ја промените својата околина за да бидете поуспешни;

    •          да се вратите на патот кога ќе скршнете од курсот;

    •          и уште многу нешта…

    „Атомски навики“ ќе го преобликуваат начинот на кој размислувате за успехот и за напредокот и ќе ви ги дадат потребните алатки и стратегии за трансформација на вашите навики – сеедно дали сте тим што сака да освои првенство, компанија што се стреми да се издигне над конкуренцијата или едноставно поединец што сака да престане да пуши, да ја намали тежината, да го победи стресот или да постигне некоја друга цел.

    Навиките се оној ситен детаљ што може да донесе огромен пакет од позитивни промени кај секого од нас.

    850,00 ден
    Додај во кошничка
  • Ние не требаше да се сретнеме

    Ние не требаше да се сретнеме

    0

    Колку време и жртви се потребни за да се врати животот таков каков што бил пред доживеаната несреќа?

    Доволен е само миг за да се промени нешто што го создаваме со години. Совршената хармонија на семејниот живот на галеристката Ада и ветеринарот Гзавие се уништува со една сообраќајна несреќа. Дали ќе успеат да се справат со фаталните последици, со предизвиканите физички и емотивни штети?

    Ние не требаше да се сретнеме е приказна за загубата и повторното наоѓање, за еден љубовен триаголник и потребата од прошка и соземање. Роман за способноста да ја преобразиме траумата во прифаќање во процесот на надворешно и внатрешно закрепнување. Ќе успеат ли да се прифатат двајцата што несреќата случајно ги споила или ќе се покаат што се сретнале враќајќи им се на старите животи?

    Животот е лесен кога сè е совршено, но треба да научиме да го сакаме и кога бара од нас повторно да го изградиме она што било урнато до темел.

    400,00 ден
    Додај во кошничка
  • Пресметка #2 Детската куќа

    Пресметка #2 Детската куќа

    0

    Малата Вака седи на студените скали пред своето ново училиште. Родителите веројатно заборавиле да ја земат. Немајќи избор, останува на скалите да чека. Но не е сама. Ѝ се придружува девојче од нејзиното одделение, кое веднаш го препознава поради необичната појава: му недостигаат два прста на едната рака. Девојчето дава предлог. Вака да го искористи телефон во домот на девојчето, а потоа ќе одат да си играат во собата на Вака. Но, откако ќе влезе во нивната куќа, веќе никогаш нема да излезе.

    Дванаесет години подоцна, во истото училиште е пронајдено писмо со иницијали на луѓе што треба да умрат во 2016 година. Како овие настани повторно ги спојуваат детективот Хулдар и психологинката за деца Фреја? Каква е оваа пресметка?

    По „ДНК“, втора книга од серијата „Детската куќа“.

    400,00 ден
    Додај во кошничка
  • Мачето Марко и кучето Дарко

    Мачето Марко и кучето Дарко

    0

    Кој вели дека кучето и мачето мора секогаш да се непријатели? Тие често во приказните и цртаните филмчиња не се трпат, се бркаат не се сакаат и се караат. Но, постојат и такви примери кога тие и покрај спротивностите се спријателуваат па дури и живеат заедно. За такво другарство зборува оваа сликовница…

    380,00 ден
    Додај во кошничка
  • Дрвото на животот

    Дрвото на животот

    0

    “ДРВОТО НА ЖИВОТОТ – домот на врапчињата. Тоа дрво, како и сите дрвја на светот, се домот на сите птици и добронамерници, кои се вљубеници и чувари на природата. Затоа, приказната за врапчињата чиј дом, ќе доживее “земјотрес“ од чичковци во униформи, нѐ учи дека ние “човеците“, сме само дел од природата која е и наш дом. Да ја чуваме и зачуваме, бидејќи сѐ што е во неа, природно, ни дарува, кислород, што значи живот, но и убавнини и зеленила, кои пак ни даруваат здравје, мир и спокој.”

    350,00 ден
    Додај во кошничка