-
Улица Индија
1390,00 денНа последната средба на Хана Николс со Марко Д’Алесандро пред долги пет години, тој ѝ го крши срцето. Лошото момче со скриена мила страна во себе е единствениот тип што Хана некогаш го сакала – и единствениот маж со кој некогаш била. По една страсна ноќ кога тој не успева да ѝ одолее, Марко одеднаш заминува од Шкотска, оставајќи ја Хана без збор. Скршена од последиците од нивната заедничка ноќ, Хана никогаш не успева потполно да го заборави, да му прости за тоа што ѝ го направил и да продолжи понатаму со својот живот.
Марко знае дека тоа што ја оставил Хана му била најголемата грешка во животот и со години се кае за тоа, па кога судбината конечно повторно ги спојува, одбива да се откаже од неа без борба. Решен да ја освои, се обидува да ја потсети на сите причини поради кои треба да бидат заедно. Но баш кога помислуваат дека можеби сепак можат да имаат иднина заедно, Хана открива нешто што ја ослободува тајната болка што ја крие од него – тајна што може да ги раздели пред да добијат шанса да почнат одново.
-
Тој рече, таа рече
5390,00 денКако една од главните колумнистки на Stilleto, Грејс Брајтон се има прославено предупредувајќи ги жените за расипани, неверни лажговци. Таа само никогаш не се посомневала дека и нејзиниот свршеник би можел да биде еден од нив.
Џејк Мелоун сака да му се врати на својот стар авантуристички, спонтан живот и точно знае како да го изведе тоа. Во Oxford се отвора нова секција за патувања и Џејк – без жена, деца и подготвен да живее каде било – е совршен за работата… само што неговата репутација на плејбој не му влева многу доверба на неговиот шеф. За да ја добие работата, мора да се согласи на заедничкиот проект со Stilleto. Но по само еден состанок со неодоливата, дрска и сензационална Грејс Брајтон, Џејк почнува да ја сфаќа оваа задача многу посериозно.
-
Го сакам Њујорк
4390,00 денДа претпоставиме дека сте на свадбата на вашата најдобра пријателка. Деверица, во преубав тесен фустан за кој сте се мачеле како грешен ѓавол да ослабнете и со преубав пар Кристијан Лубутон на нозете. Се радувате за вашата пријателка, погледнувате во својот свршенички прстен и се надевате дека на вашето момче во скоро време ќе му текне да го одреди вашиот датум, се надевате дека вие сте следни на списокот. И тогаш прекрасниот Лубутон почнува вечерта да ви ја прави пекол, нозете ве болат и одите до колата за да ги земете вашите удобни, рамни чевли… А таму?! Таму вашето момче, со испотено лице и пантолони спуштени до земја. Под него, некоја евтина девојка која ужива на задното седиште од вашиот заеднички автомобил!!!
Светот се руши, ви доаѓа да му ги забодете штиклите во празната глава и да врескате на цел глас! ИЛИ… едноставно да побегнете, да, таму каде што не е Марк, таму каде што не е евтината блудница, таму каде што ги нема „пријателите“ кои ве гледале во очи и ве лажеле, таму каде што секој има шанса да стане некој нов – ЊУЈОРК!
Запознајте ја Анџела Кларк! Новата и помлада Кинсела!
-
Го сакам Париз
2380,00 денПа, авантурата продолжува. Ја следиме Анџела во сосема нова и тоа европска авантура. Алекс добива понуда да свири на фестивал во Париз, а Енџи да пишува за модното списание Belle и воедно да се искористи едно убаво романтично патување во еден од најромантичните градови во светот.
Но може ли сè да биде толку добро колку што звучи кога е во прашање Анџела? Се разбира дека не може. Најпрво, нејзиниот куфер преполн со скапа дизајнерска облека која Џени ѝ ја позајмува за да биде во чекор со високата мода во Париз е ѕверски разнесен во воздух од страна на обезбедувањето на францускиот аеродром. Oui madame, вистина е. И КАКО НИ ТОА ДА НЕ Е ДОВОЛНО, во Париз се појавува бившата девојка на Алекс. Долгоногата, русокоса Солен која прави моделите на Victoria’s Secret да изгледаат како куп дебели, набиени прасици. И Солен го сака Алекс назад, таа го сака СВОЈОТ Алекс назад.
Дали најромантичниот град во светот ќе ја украде љубовта на Анџела? Дали таа ќе зажали што не сакаше да се всели со Алекс додека тој ја молеше? Дали бегството повторно ќе се чини како најдобра опција сега кога Лондон е на само некој час возење со воз?
-
Рајот може да почека
2360,00 ден„Што би правел без тебе, Луси Браун?“ рече и ме бакна нежно. Го држев неговото лице и го бакнав и јас. Имав чувство дека животот не може да биде посовршен. И бев во право, немаше да биде. До крајот на следниот ден, ќе бидам мртва…
Луси Браун е на прагот на исполнувањето на својот сон. Треба да се омажи со човекот на нејзиниот живот: прекрасниот, згодниот, забавниот Ден… Тие се совршен пар кој не може да дочека остатокот од животот да го помине заедно. Но, судбината на Луси е поинаква. Таа не ја дочекува свадбата бидејќи ден пред неа умира додека се обидува да го најде идеалниот подарок за Ден.
Но чекајте, Луси има избор пред ескалаторот на Рајот. Да, таа може да одбере… Дали сака да оди во рајот и вечно да остане таму… или… сака да се врати на земјата како дух за да биде покрај својата сродна душа? Иако изборот е тежок, па што може проклетиот дух да прави на земјата, не може да живее како човек, Луси сепак одлучува дека не смее да замине пред да се увери дека Ден е добро и пред да му каже дека го сака… Одлуката е донесена, РАЈОТ МОЖЕ ДА ПОЧЕКА!
-
Само најсекси маж кој постои
4420,00 денТЕЈЛОР ДОНОВАН
Млада, успешна адвокатка која си ја обожава својата професија. Паралелно со судењето, на Тејлор ѝ доделуваат нова задача во која е инволвиран еден познат актер. Колку познат?ЏЕЈСОН ЕНДРУС
Смртоносна комбинација на интелигенција, сексипил и шарм. Има ли потреба таа да биде загрижена што наеднаш треба да соработува со најпосакуваниот маж на денешницата… Дали нејзината професионалност за првпат ќе биде ставена на тест? Хммм… Ма ти се молам – па зборуваме за Тејлор Донован овде! Жената која не се скрши ни кога ја раскина својата веридба пред некој месец. Што си мислат луѓето, кој е тој? НАЈСЕКСИ МАЖ НА СВЕТОТ???Ќе го поремети ли Господинот Холивуд нејзиниот совршен, педантен свет во кој сè е подредено на кариерата? Може ли некој да ја расплаче Тејлор – онаа која знае дека во „бејзболот нема плачење“?
НАЈПРОДАВАНАТА РОМАНСА НА САКАМ КНИГИ!
-
Нека победи подобриот
3420,00 денСАМОУВЕРЕНА. БЕЗОБРАЗНА. НЕПОБЕДЛИВА…
Пејтон Кендал: феминистка до коска која дава сè од себе за да успее во професијата во која доминираат мажи. Осум години, ден и ноќ, работни денови и викенди, без одмори и паузи, таа има само една цел пред себе – да биде унапредена во партнер.АМБИЦИОЗЕН. НАДМЕН. ЗГОДЕН КАКО ЃАВОЛ…
Џеј Ди Џејмисон: богато семејство, гламурозен стил на живот, амбициозен и професионален, најдобар во својата работа. Осум години, ден и ноќ, работни денови и викенди, без одмори и паузи, тој има само две цели пред себе – да биде унапреден во партнер… и да ја игнорира Пејтон. Осум години глума и цивилно однесување кога тие двајцата се наоѓаат во присуство на други луѓе. Осум години омраза и војна додека се наоѓаат зад затворени врати иако двајцата знаат дека има две партнерски позиции и нема потреба од војна.И одеднаш, пресврт! Доаѓа известувањето дека нема две туку само една позиција за унапредување!
Па, нека победи подобриот!
-
Момчето во пижами на риги
5320,00 денРаскажана од перспектива на Бруно, оваа книга на моменти е смешна, на моменти детски наивна, на моменти искрена како што знае да биде само дете и постојано полна со надеж и пријателство. Патувајќи со Бруно, вие ќе мора да го напуштите неговиот удобен дом во Берлин и да се преселите во новата куќа, каде што неговиот татко, еден од командирите на Хитлер, има многу важна задача. Бруно ќе биде тажен, осамен и ќе нема со кого да си игра, па ќе Ве поведе на пат кон оградата зад која има „фарма“ полна со луѓе и деца во пижами на риги. Она што тој не го знае е дека „фармата“ воопшто не е фарма, туку логор и дека чадот од големите оџаци не е запалено ѓубре, туку…
„Мало чудо од книга“, оцени Гардиан, бидејќи оваа книга е навистина тоа. Поглед во ужасното минато низ детски очи, невина пријателска детска рака подадена преку оградата која го поделила светот… Книга која ќе ја помните долго откако ќе ја прочитате, како што оцени Irish Times.
-
Роза за балерината
11250,00 денВерувате ли во љубов на прв поглед која трае цел живот? Верувате ли во пасија која ве крева на нозе и тогаш кога животот со сета сила зема замав за да ве турне на земја?
Роза за балерината е книга која ќе ве внесе во неколку туѓи, тажни и поврзани животи.
Стилот на пишување во кој е избегнато стандардното раскажување и дејствијата се расплетуваат во форма на писма, мејлови, четувања преку интернет итн., ве тера да се почувствувате како навистина да читате нечии писма, како да чепкате во туѓо сандаче со мејлови и како вистински да сте инволвирани во сите настани.
Приказната започнува со првиот училишен ден на Џес и Мелинда, а од тој ден започнува и нивното неверојатно пријателство, поврзаност и љубов.
Две мали деца со големи срца и амбиции…
-
Игрите на гладните
1400,00 денСекоја година, во Капитол се одржуваат Игрите на гладните. Од секој реон, по пат на лотарија се избираат едно момче и едно девојче – наречени трибути и се испраќаат во Капитол.
Таму трибутите ги ставаат во голема арена каде треба да се убиваат меѓусебно сè додека не остане само еден преживеан… а сето тоа другите го гледаат во живо на телевизија. За Капитол тоа е празник, тие се обложуваат за победници, доаѓаат за да гледаат, се радуваат.
Кетнис живее со својата мајка и сестра. Дента на лотаријата на трибути силно се моли да не биде извлечено нејзиното име. И не е… ја извлекуваат нејзината помала сестричка. Таа не смее да го дозволи тоа, а немоќна е да го промени.
Затоа… се јавува како доброволец за да ја замени во Игрите. Таа е храбра, таа е ловец, таа знае што значи да умираш од глад, таа е посилна од Прим, но исто така е свесна дека си припишува смртна казна. -
Раѓањето на огнот
1400,00 денНаспроти сите напори и желби на Капитол да ја видат мртва, Кетнис е победник на 74-тите Игри на гладните, заедно со Пита, момчето од нејзиниот реон во кое сите веруваат дека таа е лудо заљубена.
Иако по победата таа има сè што би можела да посака – куќа во специјален дел од реонот за победниците на Игрите, повеќе од доволно храна за нејзиното семејство и популарност во целата држава, по посетата од самиот претседател на Панем, Кетнис не може да ужива во сето тоа. На таканаречената “Победничка турнеја“ таа мора да ги убеди жителите на сите реони дека навистина е лудо вљубена во Пита, не оставајќи воопшто простор за сомнеж за да нема катастрофални последици. Таа сфаќа дека нејзиниот потег во Игрите за да го спаси Пита и самата себе си од сигурна смрт доведува до подигнување на востание во одредени реони.
„Раѓањето на огнот“ претставува мост што ја носи приказната од нејзиниот проблематичен почеток до насилен и драматичен крај.
-
Мокингџеј
2400,00 денПа, да. Навистина е големо чудо што Кетнис е жива по второто учество во Игрите. На 75-тите Игри на гладните, трибутите се избрани од сите живи победници кои досега победиле на Игрите. Тоа без извлекување ја враќа Кетнис назад во арената, бидејќи таа е единственото девојче кое победило на игрите од нејзиниот реон. Со ова Капитол мисли дека таа нема да се извлече. Но, уште еднаш, работите не одат по плановите на Капитол.
Кетнис Евердин, девојката која гореше, преживеа и покрај тоа што многумина ја сакаа мртва… преживеа и покрај тоа што нејзиниот дом повеќе не постои… преживеа и покрај тоа што Капитол го киднапира човекот за кој се заколна дека ќе го заштити, па макар и по цена на сопствениот живот. Катнис е спасена заедно со уште неколку учесници и однесена во 13от реон за кој сите мислеа дека е уништен.
…„Погледни, претседателе… Огнот се раѓа! И ако ние гориме, ти ќе гориш заедно со нас!“…
Мокингџеј е извонреден крај на неверојатна трилогија.
-
Перфектна хемија
10380,00 денЕдна осумнаесетгодишна матурантка со внимателно создаден „перфектен“ живот. Со перфектна маска, со перфектен изглед, со „перфектно“ семејство, со перфектно момче, со група најдобри пријатели, со ветувачка иднина, со беспрекорна репутација. Или барем така мислат оние околу неа…
Едно осумнаесетгодишно лошо момче со ужасно минато и уште помрачна иднина, со група пријатели бандити, со семејство кое зависи од него, со куп проблеми и без страв. Тој нема соништа, нема амбиции, нема цели затоа што и покрај тоа што има потенцијал, Алекс е свесен дека таквите како него никогаш не стигнуваат далеку…
Еден важен проект по хемија кој ги спојува како партнери и еден облог дека лошото момче може да ја освои добрата девојка кој ги поврзува во игра. Но оваа игра е како игра со оган – колку и да е забавно и изгледа безопасно, ако премногу му се приближиш, огнот ќе те изгори и ќе остави лузни.
-
Јас те сакам повеќе
7420,00 денКОГО САКАШ?
Едно прашање, минијатурно делче од секундата и Брајан Дарби паѓа мртов на кујнскиот под во својата куќа. Неговата сопруга, државната полицајка Теса Леони, тврди дека го застрелала во самоодбрана, а нејзиното модро лице и скршени коски ја поддржуваат таа приказна. За искусната детективка Ди Ди Ворен, случајот е прилично јасен. Само што… каде е нивната шестгодишна ќеркичка?
И КОЛКУ ДАЛЕКУ БИ ОДЕЛЕ ВИЕ…
Детективите ја започнуваат потрагата по девојчето додека истовремено се трудат да ги откријат сите семејни тајни. Дали една тренирана полицајка навистина би си го застрелала сопругот? Зошто? И дали една мајка е способна да го повреди сопственото дете?
-
Мојот личен ФБИ агент
1420,00 денШто се случува кога судбината ќе спои двајца вечни непријатели?
Од сите можни хотелски соби во Чикаго, асистентот државен јавен обвинител, Камерон Линд мораше да ја одбере токму онаа до собата број 1308, каде едно неверојатно бучно и агресивно „водење љубов“ завршува со убиство. Освен што е сведок на убиство, од сите ФБИ агенти во Илиноис, одговорен за истрагата мораше да биде токму специјалниот агент Џек Палас. Да, истиот оној намуртен и страшен Џек Палас кој уште не може да го заборави нивното минато и ја обвинува дека за малку ќе му ја уништела кариерата пред три години…Џек да работи со Камерон Линд? Дали тие се шегуваат со него? Па тој не сака ниту да ја види лудата жена.Иако тие двајца не сакаат ниту да се видат, сега мора да го остават зад себе своето бурно минато и да се фокусираат на задачата пред нив. Ако воопшто можат да се фокусираат кога не се ни способни да размислуваат кога се блиску еден до друг… -
Исчезната без трага
6420,00 денПоловина горчлива драма, половина неизвесен трилер, Ени ја раскажува својата приказна низ сесии со нејзиниот психијатар.
Една година помината во напуштена планинска колиба, една година киднапирана, тепана, изолирана, силувана, малтретирана и брутализирана.
И потоа, по нејзиното конечно ослободување, таа почнува да бара одговори на прашањето: Зошто? Но некои прашања е подобро да останат неодговорени…
Исчезната без трага е реткост помеѓу трилерите: искрена, директна, шокантна, брутална книга преведена на 25 јазици…
„Често гледаме лица на убави, насмеани исчезнати жени на насловните страници. Си велиме: Кутрата жена… Но никогаш не ни паѓа на ум дека следната насловна би можела да ја носи нашата слика…“
