-
Виор од лисје
0350,00 денНиз малото гратче Макондо минува вистински виор од луѓе, складишта и најразлични локали за лесна и брза забава, при што жителите на гратчето се наоѓаат затекнати среде вистински хаос од ѓубре и смрдеа, што го прави местото каде што живеат непрепознатливо. Кога компанијата за банани го напушта градот исто толку брзо како што и доаѓа, на оние што остануваат не им останува ништо освен празнина и распаѓање.
Во оваа уништена и бездушна пустелија останат е уште еден, последен, честит човек. Тоа е Полковникот, кој е цврсто решен да исполни едно одамна дадено ветување, без оглед колку и да е тоа неприфатливо од заедницата. Кога презрениот Доктор умира, тој е оној кој на себе ги зема товарот и одговорноста за оргнизирање на неговиот скромен, но достоинствен погреб, што ги споделува со својата ќерка и со својот внук, неговата единствена придружба на закопот, додека преостанатите жители на Макондо со задоволство би го оставиле Докторот да изгние онаму каде што починал, незгрижен и заборавен.
-
Љубопитникот
0190,00 денОсаменоста во гранична ситуација, потрагата по вистинското, автентично „јас“ и смртта се трите главни теми во творештвото на германскиот писател Ханс Ерих Носак, добитникот на книжевната награда „Бихнер“ за 1961 година.
„Љубопитникот“ е еден подолг расказ што на извонреден начин претставува пресек на трите главни теми околу кои се одвива творештвото на Носак. Станува збор на внатрешен монолог на една свест најпрвин ставена во форма и тело на риба, која постепено, со посредство и благодарение на искуството, еволуира – во водоземец и неговата свест.
„Ништото“ на Носак не е побивање на постоењето, туку сè уште неоткриена територија, зачекорување во непознатото и претходно забрануваното и табуизираното, макар да се работи и за еден единствен чекор.
-
Ноќта
0200,00 ден„Му се доверив на мојот млад посетител дека ниту една слика на тие мрачни денови не ме допрела толку како вагоните полни со еврејски деца, на железничката станица во Остерлиц… Јас не сум ги видел со сопствени очи, но жена ми ми ги опишуваше, сè уште исполнета со ужасот што го чувствувала. Тогаш ништо не знаевме за методите на истребување на нацистите. А кој би можел да замисли такво нешто! Но, тие јагниња одделени од нивните мајки, тоа веќе беше повеќе од тоа што мислевме дека е возможно. Тој ден мислам дека првпат ја допрев мистеријата на неправдата, чиешто откритие го означи крајот на една ера и почетокот на друга. Сонот што западниот човек го имаше во XVIII век и кој мислеше дека во 1789 година конечно ја виде светлината на денот, а до втори август 1914 година се засилуваше со напредокот на просветителството и откривањето на науката, тој сон на крајот за мене се распрсна пред овие вагони натоварени со мали момчиња, а воопшто не ми паѓаше на ум дека со нив ќе ги наполнат гасните комори и крематориумите.“
Франсоа Моријак
-
МАЛИОТ ПРИНЦ
0150,00 денПогледнат низ детските очи, светот е енигма, често драматична. Затоа Малиот принц не престанува да поставува прашања за смислата на животот. Одговорите што ги добива од возрасните се бизарни со својот груб рационализам и ја покажуваат во вистинска светлина извештаченоста на светот на возрасните, па затоа авторот, усогласувајќи го својот светоглед со штедрата фантазија на детето, ја наоѓа волшебната формула за излез од агонијата на еден свет лишен од вистинските вредности. Патешествијата на Малиот принц од планета на планета, од откритие до откритие, се во значајна мера и едукативни, а оваа лирска сказна, овоплотена со сликовит и езотеричен јазик, во целост е поврзана и со традицијата на филозофската апологија, и токму тоа е она што ја означува необичноста на Малиот принц за кој, без сомневање, се можни безброј интерпретации.
Сказната „Малиот принц“, што е раскажана во прво лице и е проследена со навидум наивни цртежи и акварели од авторот и со едноставноста на раскажувачкиот тон, со ненаметливите реплики и со фантастичниот аспект на опишаните доживелици претставува неповторливо четиво, пред сè за децата, но и за читателите од сите возрасти.
-
ВЕШТИЦА
0380,00 денЕдна девојка од Македонија, во седумнаесеттиот век заминува, по игра на судбината, во Хрватска. Во Хрватска е во ек голем прогон на вештици – жени кои склучиле сексуален пакт со ѓаволот. Во исто време, од Италија, падре Бенџамин, личен пријател на Џордано Бруно, доаѓа во Хрватска да учествува во инквизицискиот прогон и судењето на вештиците. И девојката од Македонија е обвинета за пакт со ѓаволот, само затоа што не го сака својот сопруг со кој е во договорен брак. И, наместо нејзин џелат, учениот теолог Падре Бенџамин станува нејзин спасител. Меѓу нив пламнува огнена љубов… Како оган на клада на која горат еретиците… Ќе изгорат ли? Или ќе се родат повторно во дваесеттиот век, како писателот кој ја пишува Вештица и една верна читателка која се поистоветува со женскиот лик од неговиот роман?
„Но во ова сјајно полифонично дело, во кое разновидноста на наративните техники го изненадува и го радува читателот, потсетувањето на вештици и магии постојано е проследено и збогатено со приказни кои се сместени во современиот живот, така што Вештица станува голем роман за Европа. За минатото и сегашноста на Европа. Но, доволно е. Не сакам да го раскажувам овој роман што не може да се раскаже. Ве молам да го прочитате. Со љубовта која ја заслужува.“ Милан Кундера
„Венко Андоновски во романот Вештица ги урива сите стереотипи. Неговиот јазик и по својата синтакса и по својата сензибилност има една благородна мелодика и промислена сигурност. Тој е супериорен мајстор да ги вработи сите зборови и на сите да им даде еднакви, речиси рамносилни задачи и значења. (…) По завршувањето на некои мои книги, многупати сум останувал рамнодушен, мислејќи дека некој друг ги напишал. За романот Вештица, пак, многу повеќе се радував отколку јас да сум го напишал…“ Петре М. Андреевски
-
Каспар
0199,00 денКога драмскиот текст ,, Каспар” на австрискиот драматург Петер Хандке се појавува во јавноста во 1967 година, пречекан е како ,,драма на деценијата“, а во поглед на важноста и на манирот, споредуван е со Бекетовиот „Чекајќи го Годо“.
Пред нас се појавува сцена со главниот и единствен лик на неа, Каспар, со маска на лицето и со едвај нешто што личи на логична зборовна низа на усните.
Каспар, со текот на времето минато на сцената, преку логични и нелогични зборовни секвенции и физички дејства и содејства, научува да зборува „нормално“ и станува „креативен“, поради што, на крајот, е и уништен.
„Каспар“ е дело чијашто централна тема е јазикот и неговата способност да измачува, преку што општеството, со своите обиди на поединецот да му ги наметне својот јазик и своите рационални вредности, успева да го натера на имитација и на негирање на себеси, на својата индивидуалност и посебност и, со тоа на неговото поништување како свесен поединец.
-
Дигитално злато
0550,00 ден„Дигитално злато“ е досега најобемната историја на биткоинот и претставува возбудлива приказна наменета како за биткоин-ентузијастите, така и за неупатените во областа на криптовалутите. Ова исклучително читливо и возбудливо четиво ја следи несмасната работа на основачот на „Мт. Гокс“, Марк Карпелес, подемот и падот на „Патот на свилата“ и деловните авантури на биткоин-проповедниците, Роџер Вер и Чарли Шрем. Покрај новинарски прецизните и документирани преданија, книгата содржи и лесно разбирливи објаснувања за техничките, но и за пошироките економски, па и филозофски аспекти на криптовалутите и технологијата на блоковски синџир.
„Дигитално злато“ е задолжителна литература за секој што сака да го разбере она што многумина го сметаат за најголем пронајдок после интернетот.
-
Приказната за „Ербиенби“
0450,00 денОва е извонредна приказна за создавањето и за развојот на „Ербиенби“, онлајн-платформа за изнајмување соби за престој, што денес е најголемиот провајдер на сместување ширум светот. На почетокот е само откачена идеја на соосновачите Брајан Чески, Џо Гебија и Нејтан Блечарзик, а сега е незаменлива алатка на милиони домаќини и патници. Уредничката на „Форчун“, Ли Галагер, ни го претставува зародишот на оваа идеја и срцевината на феноменот наречен „Ербиенби“ – успесите, но и контроверзиите – и нè води зад кулисите кога младите извршни директори се пробиваат низ неистражени територии што незапирливо се шират.
„Динамично, забавно нурнувaње во една од најзнаменитите компании на нашето време. Преку бајката за ’Ербиенби‘, Ли Галагер ни покажува како споделувачката економија може да биде моторна сила за емоционално врзување – како и за општествено и бизнис раздрмување“, Рана Форохар, колумнистка во „Фајненшал тајмс“ и глобален економски аналитичар за Си-ен-ен.
-
Алекс Фергусон: Мојата автобиографија
0700,00 денИнспиративната приказна на, според многумина, најголемиот менаџер на сите времиња. Преглед на неговите скромни почетоци, неколкуте „мрачни години“ без титула на клупата на Јунајтед, дострелите на Генерацијата '92 предводена од Гигс, Сколс, Невил, Бат и Бекам, потпишувањето со Кристијано Роналдо и Вејн Руни, ривалството со Венгер и Бенитез, обостраната почит со Жозе Мурињо – сè до возбудливиот проштален натпревар со Вест Бромвич на крајот од минатата сезона.
-
Спортскиот амбасадор Новак Ѓоковиќ и подемот на Србија
0300,00 денНовак Ѓоковиќ не е само еден од најдобрите тенисери во светот – тој е и
амбасадор на својата татковина, Србија. Нималку лесна работа, ако се
имаат предвид многуте светски извештаи во кои редовно се наоѓа по некоја
реченица за улогата на Србија во југословенските војни од 1990-тите.
Своето истражување за Новак Ѓоковиќ и за Србија, Крис Бауерс го проследува
со исцртување на два моќни портрета. Првиот е оној на едно навидум
обично момче од скромно опкружување, кое, по запознавањето на жената
која ќе го научи да игра тенис и да се справува со притисоците на животот
на една суперѕвезда, се впушта во непрестајна борба за оптимално здравје
и за непрестајно надминување на себеси, од година во година правејќи
ја сè погорда сопствената земја. Вториот, пак, е приказната на Србија, од
нејзината улога во војните од 90-тите до надежите и аспирациите на луѓето
што се наследници на ова проблематично минато. Комбинирајќи ги двете
претстави, книгата се заокружува со ставовите на Ѓоковиќ врзани со неговото
сфаќање за сопствената татковина и нејзината репутација – споделени токму
со авторот на оваа впечатливо дело.
Бауерс ги испреплетува овие спортски и геополитички нишки со цел да
направи разумен портрет на еден човек и на неговиот народ и да покаже како
решителноста, разумноста и талентот можат да создадат еден наднационален
спортски амбасадор.
Kрис Бауерс е хонорарен писател и спортски коментатор кој повеќе од две децении ја следи глобалната тениска сцена како коментатор за Eurosport, ESPN и многубројни радиостаници низ светот. Автор е на неколку книги во областа, вклучувајќи ги биографијата на Роџер Федерер, „Книгата за тенис“, комеморативната монографија за стогодишнината на Меѓународната тениска федерација (ITF) – „Вековен придонес“ – и четири книги за Дејвис- купот.
-
Централ Парк
0240,00 денЕдна средба станува соучесник на играта на судбината…
Животот е чудесен лавиринт, составен од серија на случајности. Еден малку зрно песок во вртлогот на секојдневниот живот е во можност да си поигра со нашите животи. Можеби, сепак, ништо не се случува случајно …
Њујорк. Двајца непознати луѓе се будат на клупа во Централ Парк. Алис, припадничка на Париската полиција и Габриел, американски џез пијанист, не се сеќаваат што се случи претходната ноќ. Последното нешто на што се сеќава Алис е прославата со нејзините пријателки во еден ноќен клуб на Шанзелизе, додека Габриеловата меморија завршува со концертот во Даблин. Кога ќе тргнат во потрага по вистината, она што ќе го откријат ќе го претвори нивниот светот наопаку. Тоа утро ќе го паметат цел живот …Мајсторски дизајниран психолошки трилер украсен со најдобрите емоции, ќе ги оживее вашите сетила!
-
НАЈЧИТАНИТЕ И НАЈНЕЧИТАНИТЕ КОЛУМНИ
0350,00 денПред тебе стои мојата книга Најчитаните и најнечитаните колумни. Главна причина да ги објавам во книга е тоа што веќе сигурно нема да се занимавам со политичка колумна. Впрочем, 35 години веќе непрекинато пишувам колумни, експериментирајќи со овој жанр, обидувајќи се да го оддалечам од вулгарно политичкото и да го доближам до здравото логичко мислење, личното толкување на фактите, до есеистиката, до сопствениот став и сопствената гледна точка.
Денес колумната не само што се сведе на хистерично изразување исклучив став (кој читателот, дури и да е навистина личен став, веднаш го прогласува за партиски), туку стана и полигон за изразување интелектуална суета. Мене тоа не ми треба. Како ни висока читаност. Читаноста денес е пазарен критериум и јас веќе знам дека најпродаваното не значи по дефиниција и најдобро.
Ќе бидам пресреќен доколку навистина, драг читателу, провериш што сè сум напишал во тоа бурно време, доколку внимателно процениш колку сум бил контрадикторен и каде сум се „лизнал“, а каде сум погодил некои нешта. Сума сумарум: ако критички ме исчиташ, без надворешни политички влијанија и предрасуди. Венко Андоновски
-
Господинот
0630,00 ден#1 бестселер на Њујорк тајмс– возбудлива нова романса од авторката на феноменалната, најпродавана трилогија „Педесет нијанси“.
Лондон, 2019. Животот е лесен за Максим Тревелјан. Поради својот добар изглед, аристократските врски и богатството, никогаш немал потреба да работи и ретко ги поминува ноќите сам. Но сето тоа се менува кога по ужасната трагедија, Максим ги наследува семејната титула, богатството, имотите и сите одговорности што доаѓаат со тоа. Сепак, не е подготвен за таа улога и одбива да се соочи со новата реалност.
Но негов најголем предизвик претставува да се избори со својот копнеж по неочекуваната средба со интригантна девојка која неодамна пристигна во Англија, носејќи со себе опасно минато. Воздржана, прекрасна и музички талентирана, таа е вистинска мистерија, а желбата на Максим се претвора во страст која никогаш порано ја нема искусено. Но која е Алeсија Демачи? Може ли Максим да ја заштити од опасноста што ѝ се заканува? И што ќе направи таа кога ќе дознае дека и тој крие тајни?
Од срцето на Лондон, преку руралниот Корнвол, до тмурната и застрашувачка убавина на Балканот, Господинот е ролер-костер од опасност и страст што го остава читателот без здив до последната страница. -
ВИКЕНДИЧКА СО БАЗЕН
0400,00 денКога лекувањето на познатиот актер Ралф Мајер ќе тргне во погрешна насока и тој умира, доктор Марк Схлосер мора да дојде до некои одговори. Иако лично не е премногу засегнат од смртта на актерот, угледот е сè во неговата професија. Марк знае дека не може вечно да се крие од вистината.
Сè почнува минатото лето. Докторот, неговата сопруга и нивните две убави ќерки тинејџерки поминуваат една недела на Медитеранот, во викендичката на семејството Мајер. Покрај домаќините тука се уште и филмскиот режисер Стенли Форбс и неговата млада девојка. Друштвото ужива во сончевите денови, доброто вино и излетите на плажа, но, кога еден насилен настан ќе ја наруши идилата, се откриваат мрачните пориви и одеднаш никому не може да му се верува. Прекрасното летување се претвора во кошмар, а на површина испливува и поврзаноста меѓу подоцнежната смрт на Ралф и вознемирувачката реалност скриена зад летната трагедија. -
Апартман во Париз
1240,00 денВо Париз се наоѓа едно ателје, скриено во дното на улицата обрасната со зеленило, премногу совршено за помеѓу своите ѕидови да не крие некоја тајна.
Мадлин го изнајмува за да ужива во самотијата и да пронајде малку мир после љубовната криза и серијата нерешени случаи.
После едно недоразбирање, на оваа млада лондонска полицајка ѝ се придружува Гаспар, писател и мизантроп, што допатувал во Париз за да пишува во тишина. Така сега овие две осамени и немирни души принудени се неколку дена да живеат под ист покрив.Ателјето му припаѓало на славниот сликар Шон Лоренц и сѐ уште зрачи со неговата страст кон боите и игрите со светлината. Скршен поради губитокот на својот син, Лоренц умрел оставајќи зад себе три слики, што се водат како исчезнати. Фасцинирани од неговата генијалност и заинтригирани од неговата тажна судбина, Мадлин и Гаспар одлучуваат да ги здружат силите за да ги пронајдат изгубените слики и да проникнат во тајните на Лоренц. Сепак, ќе мораат да се соочат со сопствените демони, во возбудливата истрага, што засекогаш ќе ги промени.
-
Азбукварка
0250,00 денПрекрасна шарена сликовница за учење и препознавање на буквите од азбуката преку весели стихови.