-
АЛХЕМИЧАРОТ
0350,00 денАлхемичарот е повест за едно долго и макотрпно трагање по сопствената среќа. Младиот андалудиски овчар Санитијаго тргнува во потрага по закопаното благо во египетските пирамиди. Воден од еден алхемичар низ пустината, тој ќе научи да го слуша своето срце, да ги чита знаците на судбината и, што е најважно, да го следи до крај својот сон.
Посветена на детето што секој човек го носи во себе, Алхемичарот е чудесна филозофска приказна што не учи дека животот е една голема книга во која секој би можел да ги дешифрира знаците, доколку го „чита“ своето срце.
“Алхемичарот е своевидна филозофска сказна што критичарите ја споредуваат со Малиот принц на Сент Егзипери, затоа што преголемиот животен оптимизам и сонот авторот во ова дело ги толкува не како бегство, туку како начин за осознавање на реалноста. Американското друштво на книжарите во 1994 година го прогласи Алхемичарот за најдобра книга за млади. Алхемичарот претставува и тема на мјузиклот изведен во 1997 година во Јапонија, што како инспирација го користи композиторот Валтер Талеб за истоимената симфонија, пуштена во продажба во 1998 година, а филмската компанија Вернерс Брадрс ги има откупено правата за снимање филм.”
-
-
ГОЛ ЧОВЕК
0320,00 денПоради огромниот интерес на читателите, Издавачки центар ТРИ ја реиздаде книгата „Гол човек“ на Игор Џамбазов. „Гол човек“ е можеби најконтроверзната книга на Џамбазов, во која тој искрено и без лажен срам, до гола кожа го соголува својот приватен живот и ни се прикажува во својата вистинска, човечка светлина. Напишана со отворено срце и остар јазик, „Гол човек“ е книга во која ќе се препознаеме сите ние, неговите современици.
-
Девојчето и дванаесетте месеци
0168,00 ден„Туку, слушај девојче, сакам нешто да те прашам. Можеш ли да ми кажеш кои месеци во годината се попубави, а кои полоши?“
„Златна бабичке“, рече девојчето, „мене сите месеци во годината ми се убави, кој од кој поубав. За мене нема ниту еден лош месец.“ -
УБК одблизу
0250,00 денАвтентична збирка на лични сведоштва и размислувања на Љубен Конески, поранешен висок припадник на Службата за безбедност во времето на СФРЈ и во периодот на самостојна Република Македонија. Оваа книга е прва од ваков формат во независна Македонија, при што претставник на тајната државна служба преку една литераризирана форма го преставува периодот од животот поминат во редовите на оваа често дискутирана и многу табуизирана професија. Во стил што се наоѓа помеѓу сеќавањето и кусиот расказ, Конески јавно проговорува за познати и не толку познати настани и личности од политичкиот и јавниот живот, фрлајќи нов зрак светлина не само на историските процеси туку и на внатрешните состојби на оваа служба.
Првпат читајте за:
– најавите за воен удар во предвечерието на независноста на Македонија;
– акцијата за сопирањето на еден конвој на ЈНА и можните инциденти;
– ретки детали од истрагата за атентатот на Киро Глигоров;
– лозунгот што беше најстрого чувана службена тајна врзана за смртта на Ј. Б. Тито;
– контактите на ВМРО–ДПМНЕ со членовите на ДБК;
– акцијата за одземање на документацијата за испраќање регрути на боиштата во поранешна Југославија;
– реорганизацијата и трансформацијата на службите за безбедност;
– вистински примери од отворањето на тајните досиеја;
– (не)мешањето на УБК на приватниот помен по повод 25 години од смртта на Ченто;
– активности на странските служби преку пласман на капитал во стопанскиот живот во Македонија;
– контроверзиите околу панихидата за Методија Кусев, бугарскиот митрополит со потекло од Прилеп.
-
Вилино
0300,00 денЗошто остануваш во зандана
кога вратата е ширум отворена?
РумиКако се случува оние што се љубеле верно како дрвото и сенката, како дрвото и огнот, да станат туѓинци во иста постела и дневна соба?
Жесток роман за повикот на слободата и стравот од неа, и за доброволното ропство во „сигурните“ брачни води. Видан – Огнена – Тони: семеен триаголник на двајца отуѓени сопружници и нивниот син. Потресна приказна за тоа како најблиските што се сакале влегуваат во магичниот круг на повредување на другиот. Книга полна источни мудрости и мистична филозофија. Роман богат со психолошки и до нијанса извајани машки и женски ликови, со што се потврдува мајсторството на авторот покажано и во претходните романи. Префинета симболика на детали, прекогниции, соништа, сеизмографски треперења на душата. И роман терапија: ведриот женски лик на Вили од идиличното Вилино, спротивставено на градот како дувло на страстите.
Венко АндоновскиВилино е лек.
Митрополит Методиј Златанов -
Ватиканската принцеза
0550,00 денГламурозно, но и предаторски, Борџија ја обележуваат ренесансна Италија.
Расцепкана на многу кралства, војводства и град-држави, папата Александар VI користејќи ја својата вонбрачна ќерка, Лукреција, како инструмент на владеење, успева во своите политички интриги.
Животот на Лукреција Борџија е сечиj само не и нејзин. Искористена за целите на својот татко и браќата, таа преживува како физички така и душевен пекол.
Желбата за искрена љубов, безгрижен живот и соништа на една млада девојка, се заменети со бескрупулозни игри и инцестни односи.
Дали историјата била неправедна кон ликот на Лукреција?
Желбата за преживување и одмазда, можеби, е посилна и од највозвишената љубов. -
Боенка: Диви животни
048,00 денБоенки со налепници
• За развој на моторичките вештини кај децата
• За јакнење на концентрацијата
• За поттикнување на детската љубопитност, фантазија и креативност
Наслови во серијата:
• Бубачки
• Превозни средства
• Играчки
• Диви животни
• Домашни животни
• Овошје и зеленчук
За деца од 3 до 5 години
-
Кучето и зајакот
0168,00 ден„Јас можам да трчам побрзо од тебе“, рекол зајакот.
„Е, како не“, рекло кучето. „Јас сум побрз!“
Се расправале вака, па решиле да се тркаат.
Одредиле една линија што ќе биде „старт“ и уште една што ќе биде „цел“, застанале на стартот и… трката почнала!
-
Другарска азбука
0200,00 денПред вас стои една сликовница што ќе ве упати во светот на буквите, на пишувањето, на запознавањето со кирилското псимо. Во неа, на забавен и на шаренолик начин преку римувани строфи ќе дознаете повеќе за другарството, за заемните игри, понекогаш и за работните задачи на момчиња и девојчиња, чиишто имиња почнуваат со иста буква.
-
Харемот на Гадафи
0300,00 денСораја не е како повеќето тинејџерки на светот: наместо на својата полуматура, таа треба да мисли како да не биде уште еднаш силувана од обожаваниот либиски претседател. Кога на 15 години ќе добие покана да го посети Муамер Гадафи, пресреќната Сораја нема да може ниту да претпостави дека пречекорувајќи го прагот на неговата палата, таа всушност влегува во еден од најужасните хареми на модерното време.
Оваа фасцинантна книга на новинарката на Le Monde Аник Кожан ја раскажува приказната за Сораја само како вовед во судбината на илјадниците либиски сексуални робинки кои биле дел од најсуровите фантазии на политичкиот лидер на оваа земја: од стомачните танци, преку различните видови понижувања, па сè до тајната зелена соба на претседателот во рамките на Универзитетот во која била проверувана (а потоа и одземана) невиноста на околните студентки.
И тука не завршува сè. Во другите земји, повеќето девојки барем можат да најдат сочувство за страдањето штом еднаш ќе избегаат. Во Либија – тие се потоа блудници и предавнички; предмет за потсмев и критика; тепани и убивани. Дури и од нивните семејства.
Аник Кожан е дописник за француското списание Le Monde и е една од најценетите новинарки во Франција. Таа е претседател на комисијата за Prix Albert Londres, а и самата е добитник на истата награда во 1996 година. Автор е на бројни книги, меѓу кои и контроверзната сторија за малолетната Сораја и харемот на Муарем Гадафи, наслов кој само во Франција во првата година беше распродаден во над 100.000 копии. Книгата е од неодамна преведена и на арапски – можеби еден мал зрак надеж за многуте познати и непознати Сораи чиј глас досега не допрел до развиениот свет.
-
Есента на патријархот
0500,00 денТатко на пет илјади деца — сите недоносенчиња — од огромен број љубовници кои без љубов се менуваат во неговиот харем, неименуваниот патријарх од насловот со титула генерал на вселената, доживотниот тиран над една карипска нација, умира на неодредена возраст меѓу сто седум и двесте триесет и две години.
Зад него, наместо моќта да му наредува на мракот или да прогласува ран процут на ружите, останува низ од фантазмагорични визии за сè што било и сè што можело да биде поинаку.
Од привидна милосрдност до најкрупни измами, од добродетелство до ужас, од богобојазливост до екстремна суровост, диктаторот го отелотворува најдоброто, најперфидното и најлошото во човековата природа. Ова е неговиот живописно преувеличен портрет — во затворот на неговата сопствена диктатура и уморна, но неизбежна совест.
-
Хроника на една најавена смрт
0300,00 денДваесет и седум години подоцна, неименуван новинар се обидува да го истражи убиството на Сантјаго Насар. Сведоците ги откриваат контурите на приказната: неколку часови по венчавката со Анхела Викарио, Бајардо Сан Роман ја враќа својата свршеница кај нејзините родители, тврдејќи дека не е невина. Анхела е принудена да го каже името на својот прв љубовник; нејзините браќа, близнаците Пабло и Педро Викарио, мигновно ја искажуваат својата намера да го убијат.
Но, меѓу одлуката и чинот на убиството стојат неколку луѓе што знаат дека ќе се случи и достатно време да го спречат. И додека истрагата разоткрива зошто ниту едното ниту другото не биле доволни, една цела заедница — а не само убијците — е исправена пред застрашувачка пресуда.
-
На полковникот нема кој да му пишува
0300,00 денЕден пензиониран полковник, ветеран од Илјададневната војна, петнаесет години по ветувањето и официјалната одлука, ја чека својата пензија. Во меѓувреме, живее во скудни услови со својата жена-астматичар и еден петел, единствениот спомен од неговиот неодамна убиен син Агустин.
Болеста на жена му, безизгледноста на пензиските примања и хроничниот недостиг на средства го изложуваат полковникот на една незгодна неизбежност: да го продаде својот високо ценет петел, непоразен во арената.
Но — соочени со гордоста и достоинството — и неизбежностите се чинат минливи.
-
Нултиот број
0360,00 денКолона е недипломиран педестгодишен преведувач од германски и повремен писател од сенка кој добива примамлива понуда од главниот уредник на еден весник во подготовка да напише фактивни мемоари за неговиот настанок. Идејата зад таблоидот, остроумно насловен „Утре“, е да биде необјавен ретроактивен запис на идни настани – погодна тактика за условување на низа личности на високи позиции кои не би можеле да ја знаат точната дата на која се пишувани вестите.
Наскоро Колона се запознава со редакцискиот тим на „Утре“. Меѓу неколкуте живописни ликови се издвојува параноикот Брагадочо, кој е убеден дека Мусолини бил жив дваесетина години по неговата наводна смрт и дека целата историја на Италија е еден голем заговор за затскривање на овој податок. Еден трагичен настан ќе го натера Колона да открие дека приказните на Брагадочо би можеле да бидат исто толку вистинити колку и оние на официјалните историографи.
-
Баудолино
0500,00 денВистинската лекција по историја има една порака: не постои апсолутна вистина. Па така, Умберто Еко во романот „Баудолино“ нарацијата му ја предава на еден италијански селанец, кој со својот талент за јазици и вештина за лажење успева да стане посвоен син на императорот Фридрих Барбароса. Повикувајќи се на човековата потреба од приказни – митови, бајки, истории, хроники, семејни традиции, религии, науки – „Баудолино“ ги допира речиси сите средновековни теми: крстоносните војни, трубадурите, легендата за Светиот Грал, улогата и влијанието на Евреите во овој период и вечната борба за моќ помеѓу папата и императорот, истовремено понудувајќи една посмодерна рефлексија на таканаречената сегашност. Возбудлив и игрив, „Баудолино“ заведува со својот свет на лавиринти, дигресии, прекажаности, полувистини, фантазии и фантастики, тајни истории и детективски драми, еден свет во кој веќе не се знае што е историја, а што мит…