Филтер по цена
Жанр
Автори
  • Анонимна девојка

    Анонимна девојка

    0

    Кога Џесика Фарис ќе се пријави да учествува во психолошка студија спроведена од мистериозната д-р Шилдс, мисли дека сè што треба да направи е да одговори на неколку прашања, да ги земе парите и да си оди. Но, како што прашањата стануваат сè поинтензивни и поинвазивни, а сесиите со сè повеќе барања, од типот што да облече и како да се однесува, Џес почнува да чувствува како д-р Шилдс да знае што мисли… и што крие.

    Како што расте паранојата на Џес, станува јасно дека веќе не може да разликува што е реално во нејзиниот живот, а што е дел од манипулативните експерименти на д-р Шилдс. Заробена во мрежата на измама и љубомора, Џес мошне брзо сфаќа дека некои опсесии можат да бидат смртоносни.

    500,00 ден
    Додај во кошничка
  • УБИСТВА СО МОНОГРАМ

    УБИСТВА СО МОНОГРАМ

    0

    Нов роман за Херкул Поаро – ново таинствено убиство што може да го реши само брилијантниот белгиски детектив.

    „Јас сум мртва жена, или ќе бидам наскоро…“

    Мирната вечера на Херкул Поаро во едно лондонско кафуле ја прекинува непозната жена што му се доверува дека наскоро ќе биде убиена. Иако видно уплашена, таа го моли Поаро да не го бара нејзиниот убиец бидејќи со нејзината смрт правдата ќе биде задоволена.

    Истата вечер во еден отмен лондонски хотел се убиени тројца гости, а на секого од нив во уста му е оставено по едно копче. Дали овие убиства се поврзани со преплашената жена? И, додека Поаро се труди да го расветли случајот, на повидок е четврто убиство.

    Во стилот на брилијантната Агата Кристи, Софи Хана нè води низ една ѓаволски замрсена загатка, која не може да ја разреши никој освен ненадминатиот Херкул Поаро.

    400,00 ден
    Додај во кошничка
  • ЦРВЕНИОТ АДРЕСАР

    ЦРВЕНИОТ АДРЕСАР

    0

    Дорис веќе години и години, децении и децении, во својот адресар ги запишува најинтересните настани од својот живот. Таа денес има 96 години. И не е свесна дека најдлабоките моменти допрва ќе се случат…

    Дорис живее сама во својот стан во Стокхолм. Ретко кој ја посетува, но затоа честопати се слуша со Џени, нејзината внука, која живее во Америка. Овие разговори не само што ѝ причинуваат радост туку и ја враќаат во младоста.

    Кога имала десет години, татко ѝ ѝ подарил црвен адресар, во кој таа ги запишувала сите луѓе што ќе ѝ значат, а особено мажите што ги сакала. Денес, вртејќи ги страниците на овој уникатен дневник, Дорис гледа имиња на луѓе што одамна ги нема и добива желба за пишување. Таа се навраќа на својот бурен живот, низ океаните и континентите, од модерниот Париз во 1930-тите до Њујорк и Англија, од Втората светска војна и назад во Шведска и до човекот кого одамна го загубила, но кого никогаш не го заборавила. Што се случило со Алан, љубовта на нејзиниот живот?

    Трогателна приказна за спомените, пријателството, надежта и моќта на љубовта.

     

    „Напишано со љубов, раскажано со радост. Се чита со уживање.“

    400,00 ден
    Додај во кошничка
  • Нов живот

    Нов живот

    0

    Орхан Памук е можеби најпознатиот современ турски писател, добитник на Нобеловата награда за литература во 2006 година. Неговите дела се занимаваат со соочувањата помеѓу Истокот и Западот, со проблемите на уметноста и на идентитетот, а честопати се споредувани со оние на Џојс, Набоков и Маркес.

    „Еден ден прочитав книга што целосно ми го смени животот.“ Вака почнува „Нов живот“, најбргу продадениот роман во историјата на Турција − роман за патување, авантура и една многу посебна книга што им го менува животот на сите што ќе ја прочитаат.

    Студентот Осман чита книга чијашто содржина Памук не ни ја открива; во јадрото на романот стои голема празнина што читателот мора да ја пополни самиот. Но, таа празнина е повеќе од значајна, затоа што го води младиот протагонист низ низа патувања, авантури и заговори – и, секако, до прекрасната Џанан, љубовта на Осман − која стои рамо до рамо со Беатриче на Данте или со некои од мистериозните ангели на Рилке. Единствено што знаеме е дека книгата ветува нов живот. Но, дали ќе се оствари тоа ветување?

    420,00 ден
    Додај во кошничка
  • Белата тврдина

    Белата тврдина

    0

    Орхан Памук е можеби најпознатиот современ турски писател, добитник на Нобеловата награда за литература во 2006 година. Неговите дела се занимаваат со соочувањата помеѓу Истокот и Западот, со проблемите на уметноста и на идентитетот, а честопати се споредувани со оние на Џојс, Набоков и Маркес.

    Еден млад Италијанец, кој патува од Венеција кон Неапол, е заробен од страна на отоманската флота и однесен во ропство во Истанбул. Таму, во јадрото на големата Империја, му е предаден на турскиот пронаоѓач наречен едноставно „учителот“, кој е негов идентичен двојник! Робот е принуден да го научи „учителот“ на сè што знае за науката, технологијата и медицината, но, исто така, и да му ги открие своите најдлабоки тајни.

    „Белата тврдина“ е третиот роман на Орхан Памук, во кој на интересен и возбудлив начин се испреплетуваат историјата и фикцијата, Истокот и Западот, науката и војната – сè во обид да се одговори прашањето: Кој сум „јас“?

    360,00 ден
    Додај во кошничка
  • Истанбул

    Истанбул

    0

    Уште од најрано детство длабоко во себе верував дека во мојот свет постои нешто повеќе од она што го гледав: дека некаде на улиците во Истанбул, во куќа слична на нашата, живее некој друг Орхан, толку сличен на мене што би можел да ми биде близнак, па дури и двојник. Не можам да се сетам кога и од каде првпат ми се појави таа помисла. Веројатно настанала како плод на долгогодишна мрежа од шпекулации, недоразбирања, илузии и стравови. Но, во едно од моите најрани сеќавања станува малку појасно како се роди приказната за другиот јас.
    Кога имав пет години, кусо време живеев во друга куќа. По една од нивните жестоки расправии, моите родители заминаа за Париз и решија јас и брат ми да останеме во Истанбул, но нè сместија во различни куќи. Брат ми остана во срцевината на семејството со нашата баба во апартманите „Памук“ во Нишанташи, додека мене ме пратија да живеам со тетка ми во Џихангир. На едниот ѕид во таа куќа, каде што секогаш ме дочекуваа со многу љубов, висеше слика од детенце, и одвреме-навреме тетка ми и тетин ми ќе покажеа кон неа и низ насмевка ќе речеа: „Погледни! Тоа си ти!“

    450,00 ден
    Додај во кошничка
  • ЗАВЕТОТ НА КОСКИТЕ

    ЗАВЕТОТ НА КОСКИТЕ

    0

    Доволен е само еден збор за да воскреснат духовите од минатото!

    Бастанската трилогија продолжува со уште една маестрално раскажана приказна во чие средиште е непоколебливата инспекторка Амаја Саласар.

    Една година по апсењето на Јасон Медина поради силување и убиство на паштерката, инспекторката од Регионалната полиција Амаја Саласар има уште една обврска пред да отиде на породилно отсуство – да присуствува на судењето на Медина. Ненадејно судијата објавува дека судењето се прекинува. Тоа предизвикува општа вознемиреност кај присутните, но судијата нема избор. Обвинетиот се самоубил во тоалетот и оставил мистериозна порака за Амаја, писмо со само еден збор: „Тарттало“.

    Што крие мистериозната порака што упатува на мрачно суштество од баскиската митологија? За да ја открие вистината, Амаја повторно ќе мора да се соочи со своите стравови од минатото и да се врати во родниот крај, во кој истрагата ќе добие застрашувачки заплет.

    500,00 ден
    Додај во кошничка
  • Дневникот на едно смотано девојче 7

    Дневникот на едно смотано девојче 7

    0
    280,00 ден
    Додај во кошничка
  • ДЕВОЈКАТА СО ТЕТОВАЖА НА ЗМЕЈ

    ДЕВОЈКАТА СО ТЕТОВАЖА НА ЗМЕЈ

    0

    Како и секоја година, и овој први ноември на поранешниот индустриски магнат Хенрик Вангер за роденден му пристигна необичен подарок – уште еден потсетник на таинствената случка од минатото, што претставува неподносливо време за старецот. Затоа сака да се обиде уште еднаш, пред смртта, да ја разреши мистеријата што го измачува со децении…Микаел Блумквист е еден од водечките шведски економски новинари и косопственик на магазинот Милениум. Познат е како бескомпромисен борец за расветлување на економските малверзации, со беспрекорна кариера и извонредна репутација. Кога ќе го осудат за клевета на еден бизнисмен, ќе се најде на животна и деловна пресвртница. Токму тогаш ја добива неочекуваната понуда од Хенрик Вангер… Бледа и со анорексичен изглед, истетовирана, со речиси избричена глава, со пирс на носот и на веѓата – Лизбет Саландер е најдобриот истражувач во една престижна стокхолмска фирма за обезбедување. Патиштата на познатиот новинар и на оваа мистериозна девојка се вкрстуваат, и не само што ќе се соочат со мистеријата од минатото туку и со аномалиите на современиот општествен поредок, што доведува до изразување на најлошите човечки особини.

    Најголемиот шведски феномен од времето на групата АББА. Пипл

    Замислете си ги филмовите на Ингмар Бергман вкрстени со романот Кога јагнињата ќе стивнат на Томас Херис. Ју-ес-еј тудеј

    500,00 ден
    Додај во кошничка
  • Кифличката Мирна

    Кифличката Мирна

    0

    „Како се викаш?“

    „Не знам. А ти?“

    „Мирна.“

    „Од каде знаеш?“

    „Мајка ми ми кажа веднаш кога се родив.“

    „А зошто мене мајка ми не ми кажа?“

    „Не знам.”

    Разговорот се скина, но тишината продолжи да ги поврзува нашите срца.

    250,00 ден
    Додај во кошничка
  • Лесната принцеза

    Лесната принцеза

    0

    Многу добро е познато дека на новородена принцеза може да и биде фрлена клетва, особено ако нејзините кралски родители заборават на крштавањето да поканат важен роднина со волшебни моќи. Но, никогаш не се чуло за таква клетва каква што ќе биде фрлена на Лесната принцеза. Освен што нема гравитација, таа не умее да сфати никого сериозно. Уште полошо, таа може да биде оддувана и од најмалото ветре! Но, дали може убавиот принц да и помогне да застане на земја?

    159,00 ден
    Додај во кошничка
  • Кралот на златната река

    Кралот на златната река

    0

    „Кралот на Златната река“ е приказна за младиот Глук, своеглаво момче со двајца ужасни браќа кои постојано го малтретираат.

    Еден ден, Глук и браќата тргнуваат да го бараат изворот на Златната река.

    Кога ќе го најдат, се сретнуваат со кралот на Златната река, кој им покажува како да ја претворат Златната река во вистинско злато.

    Популарната детска приказна „Кралот на Златната река“ ја пренесува поуката дека ако некој ги сака парите повеќе од луѓето, секогаш завршува лошо.

    159,00 ден
    Додај во кошничка
  • Принцезата и гоблинот

    Принцезата и гоблинот

    0

    Принцезата Ирина живее осамен живот во еден замок, во див, непрооден и самотен планински предел.

    Еден дождлив и здодевен ден во замокот, кога нејзината дадилка ќе ја остави сама, таа открива стрми, кривулести скали што ги нема видено претходно. Скалите водат до еден чуден лавиринт од ходници, празни соби и заклучени врати и кон нови скали што водат кон највисоките делови од замокот.

    Што ќе пронајде принцезата таму? Дали прстенот што ќе го добие како подарко за една мистериозна личност може да ја заштити од страшните гоблини под планината?

    Дали можеби нејзиниот нов приајтелКурди, синот на рударот Петар, може да и помогне?

    199,00 ден
    Додај во кошничка
  • Приказната за Доктор Дулитл

    Приказната за Доктор Дулитл

    0
    199,00 ден
    Додај во кошничка
  • Токму такви приказни

    Токму такви приказни

    0

    Еднаш многу одамна, најмили мои…

    Вака почнува оваа класична збирка на прекрасни, фантастични приказни за тоа како нештата во светот станале токму такви какви што се.

    Во оваа книга ќе прочитате приказна за тоа како мрзливата камила си најде грпка и како со неговата голема љубопитност слонот си доби сурла. Ни открива и како настана грлото на китот и зошто секој носорог има набрана кожа и постојано е мошне лошо расположен. Исто така, ќе дознаеме и за итрата мачка што шеташе сама и како настанаа шарите на леопардот.

    199,00 ден
    Прочитај повеќе
  • Морските самовили

    Морските самовили

    0

    Мајра Грифитс, со прекар Патче, е малечко девојче кое живее во една дрвена куќичка на морскиот брег, заедно со татко ù, капетан на едреник, мајка ù и еден стар пензиониран морнар со дрвена нога – капетанот Бил. Патче и капетанот Бил најчесто ги поминуваат деновите на плажите во близина на куќичката или, пак, пловејќи во чамец покрај брегот.

    Еден ден, Патче посакува да види сирена и, навистина, нејзината желба се исполнува. Сирените им објаснуваат на капетанот Бил и на Патче дека тие се добри морски самовили и ги канат да го посетат нивниот подводен свет, така што и самите ќе станат сирени. Патче е воодушевена од овој предлог, а капетанот Бил не сака да ја пушти да оди сама, па заедно се впуштаат во оваа неверојатна авантура. Но, тука е и лошиот маѓесник Зог, кој е заколнат непријател на сирените.

    199,00 ден
    Додај во кошничка