-
5 типа богатство
0600,00 денОтфрлете го стандардниот пат, дефинирајте ги вашите приоритети и постигнете трајна среќа со овој преобразувачки водич за живот од соништата – живот што се темели врз петте типа богатство.
Сите го посакуваме истото, а тоа нема толку многу врска со парите колку што си мислиме. Од млади претприемачи до пензионери, од нови мајки до родители чии деца го напуштиле семејното гнездо, од богати адвокати до професори, совршената иднина изгледа зачудувачки слично за сите.
Сите сонуваме за повеќе време, длабоки врски со драгите луѓе, добро здравје и цел што ќе нè води низ животот. Сепак, растени сме со убедувањето дека парите се единственото богатство. Во реалноста, нашиот богат живот може да ги вклучува парите, но на крајот ќе биде дефиниран од сѐ останато.
По три години истражување, детални експерименти и илјадници разговори со луѓе од целиот свет, Сахил Блум создаде револуционерен водич како да го изградите животот кој ќе се темели врз петте типа богатство: временско, социјално, ментално, физичко и финансиско.
Оваа инспиративна книга ќе ви помогне да дејствувате согласно вашите приоритети за да влијаете позитивно врз своето секојдневие, да носите подобри одлуки и да живеете живот за каков што отсекогаш сте сонувале.
