-
Луција
0380,00 денЛуција има сè во животот – стабилен брак, успешна кариера и обично секојдневие. Но некаде помеѓу очекувањата и обврските, го има изгубено единственото нешто што не може да го замени – себеси.
Кога возбудливата порака од дамнешната младешка љубов ѝ ја напукнува површината на нејзиниот контролиран свет, Луција е вовлечена во тивка, но моќна внатрешна бура. Бура што ја тера да се запраша дали го живее животот што го посакувала.
Додека сомнежите ја јадат, а страста ја растреперува и буди, Луција наоѓа неочекувано, а сепак толку едноставно прибежиште во… мирисот на лавандата. Тој ја потсетува на чувството што не смее повторно да го занемари.
„Луција“ е интимен портрет на една жена; приказна за копнежот, храброста да се направи различен избор и новите животни почетоци. -
Убавина во бело
0490,00 денНора Робертс срдечно ве поканува да ги запознаете другарките од детство Паркер, Ема, Лорел и Мек – основачките на „Завети“, една од најпрестижните фирми за планирање свадби во Конектикат.
Нејзините фотографии често ги красат насловните страници на списанијата за невести. Мекензи „Мек“ Елиот најудобно се чувствува зад објективот, додека ги доловува среќните мигови во животите на другите кои никогаш не ги доживеала самата додека растела. Нејзиниот татко го заменил своето прво семејство со второ, а мајка ѝ, која понатаму го продолжила животот со друг маж, еден од многуте, постојано бара од неа внимание и пари. Темелите на животот повторно ѝ се затресуваат неколку мига пред важен состанок за планирање свадба кога налетува на братот на идната невеста… средба од која и двајцата гледаат ѕвезди.
Картер Мегваер дефинитивно не е нејзин тип: стабилен е и безбеден. Дури е професор по англиски јазик во нивното поранешно средно училиште. Но кај него има нешто кое ја наведува Мек да помисли дека опуштена кратка врска е токму тоа што ѝ треба за да си ги одврати мислите од напорните невести и од постојаното избегнување на повиците од мајка ѝ. Но минливата врска може да се претвори во нешто повеќе токму кога најмалку очекуваш. Со помош на нејзините три најдобри другарки – и деловни партнерки – Мек мора да научи како да создава свои среќни сеќавања.
-
Љубов пред Божиќ
0450,00 ден„Ако во изминативе неколку дена научив нешто, тоа е дека човек треба да се бори за среќата.”
По тешкиот развод и непростливото предавство, Џој Канделаро повеќе не може да му се радува на Божиќ, нејзиниот омилен празник. Без размислување купува авионски билет за Канада, очајна да исчезне од познатото опкружување. Кога по неочекуваната несреќа ќе се најде среде дивина, Џој ја зграпчува шансата да исчезне на некое време, да го напушти својот тажен живот и да подише со полни гради.
Во малото гратче Рејн Вели, наоѓа засолниште во зафрлената куќарка на Даниел О’Ши и неговиот шестгодишен син Боби, кој треба да го дочека првиот Божиќ без мајка си. Повлечен и изгубен во својата тага, Боби зборува само со своето замислено другарче – сè додека не ја запознае Џој. Додека таа им помага на Даниел и Боби да закрепнат, нешто сончево и неочекувано почнува да свети во нејзината душа: кревко ветување за нов почеток. Но ниту во Рејн Вели не е cè така како што изгледа и во еден ненадеен момент, новиот свет на Џој е уништен.
На бадниковата ноќ исполнета со чуда, невозможни избори и надеж што мислела дека е изгубена засекогаш, Џој мора да собере храброст да се бори за љубовта, семејството и втората шанса што не верувала дека некогаш ќе ја добие.
-
Испреплетени лози
0490,00 денФиона отсекогаш знаела да чува тајни – дури и од таткото што ја одгледал. Таа е единствената што знае за аферата на мајка ѝ во Тоскана пред триесет години и планира така и да остане.
Но еден ден добива неочекувана вест — нејзиниот биолошки татко починал и ѝ оставил наследство. Патувањето во срцето на Тоскана, каде што се соочува со бесните полубрат и полусестра решени да го оспорат тестаментот, се претвора во патување низ лавиринтот од тајните на родителите. Иако малку исплашена, Фиона ја прифаќа судбината и се обидува да ја открие вистината за тоа што се случило она судбоносно лето кое мајка ѝ го поминала во Италија – и за таткото што никогаш не го запознала.
Низ страниците полни со аромите и романтиката на Тоскана, читателот ќе се нурне во една трогателна приказна за љубовта, жртвите, храброста и вистинското значење на семејството.
-
Земја на соништата
0500,00 денКолби Милс верува дека е предодреден за блескава музичка кариера, но ужасна трагедија му ги руши надежите. Сега ја води семејната фарма во Северна Каролина и, како кус одмор од секојдневните обврски, прифаќа да свири во еден бар на плажата во Сент Пит во Флорида.
Кога ја запознава Морган Ли, светот му се превртува наопаку. Судбоносната средба го тера да се замисли дали одговорноста што ја нагрбил мора засекогаш да му го управува животот. Морган е ќерка на богати доктори од Чикаго и дипломка на престижна музичка академија, која сонува да се пресели во Нешвил за да стане ѕвезда. И во љубовта и во музиката, Колби и Морган се надополнуваат како што никогаш не верувале дека е можно.
Додека нивната љубов расте, во едно зафрлено гратче, Беверли се обидува да создаде пристоен живот за неа и за нејзиниот шестгодишен син, по бегството од насилниот сопруг. Но парите ѝ се при крај и опасноста ги демне од сите страни. Очајната одлука што ќе ја донесе ќе промени сè во што верувала.
Судбината ќе ги спои тројцата и ќе ги натера да се запрашаат дали сонот за подобар живот може да ја надмине тежината на минатото. Трогателна приказна за смелоста да ризикуваш cè за да го оствариш сонот – и за (не)можноста да го оставиш минатото зад
себе. -
Кога жеравите летаат на југ
0450,00 ден„Жеравите летаат на југ“ на шведската писателка Лиса Ридзен е импресивен дебитантстки роман кој допира директно до срцето. Книга за која без двоумење може да се каже дека е невозможно да не ве трогне.
Дома кај Бо ретко се менува тивкото секојдневие, освен кога доаѓа персоналот од службата за домашна нега. Но тој го има своето сакано куче Сикстен, па не е сосем сам. Во празнотијата што зад себе ја оставила неговата сопруга, која живее во дом за дементни лица во шведскиот град Остерсунд, кај Бо почнуваат да ријат и гребат размислувања и сомнежи. Времето е премногу кратко за да стигне да го реши тоа што на моменти се чини невозможно – односот со синот.
Таткото и синот несигурно, но упорно се обидуваат да се сретнат на половина пат и да се доближат еден до друг. Но, во исто време, синот е убеден дека омилениот придружник на татко му, Сикстен, мора да се пресели, бидејќи осумдесет и деветгодишниот старец не може повеќе да се грижи за него. Заканата дека ќе го изгуби своето куче буди длабок вител од емоции што го тера Бо да се наврати на својот живот, на татковството и на својот начин на изразување и искажување љубов. -
Лето во Тоскана
0500,00 денПолина Фонтана е жизнерадосна старица која со години е отуѓена од своето американско семејство. Но сега ги поканува своите правнуки Емилија и Лучана да ја придружуваат на патувањето во нејзината родна Италија. Им ветува дека на нејзиниот осумдесетти роденден ќе ја сретне љубовта на својот живот на скалите од катедралата Равело и ќе стави крај на проклетството што ги следи сите второродени ќерки во семејството Фонтана.
Проклетството веројатно е само обична случајност, древен мит. Сепак, неоспорно е дека со векови, ниту една второродена ќерка во семејството Фонтана не пронашла љубов.
Што би се случило ако се растури клетвата? Дали Емилија и Лучана ќеуспеат да ја најдат својата вистинска љубов? Покрај кривулестите венецијански канали, на тосканските полиња и во волшебните селца на брегот на Амалфи, расцветуваат романси, се остваруваат судбини и се откриваат долго чувани семејни тајни – тајни кои се повознемирувачки од проклетството старо со векови..
-
Летниот непристоен предлог
0490,00 денГо запознавам на состанок на слепо. Макс Јервуд е неверојатно згоден и забавен и ги има најубавите дупчиња на образите. Хемијата меѓу нас е неспоредлива… Но во тој миг доаѓа личноста со која, всушност, требало да се сретнам. Какво разочарување!
Пред да си замине, Макс ми остава билет за хокејски натпревар. Се обидувам да уживам во состанокот со договорениот маж, но никако не можам да престанам да мислам на Макс. Одејќи си, одлучувам да отидам на натпреварот и да си ја пробам среќата. Но седиштето до моето е празно! Во мигот кога се свртувам да си одам, еден од тимовите дава гол и целата публика спобудалува. На екраните го даваат лицето на играчот што го постигнал голот. Иако носи кацига, се стаписувам кога се насмевнува – нема шанси да ги утнам тие дупчиња на образите. Не ме поканил заедно да гледаме натпревар, туку да го гледам како игра.
Така започнува нашата луда авантура, со многу смеа, секс и нови предизвици. Но има еден проблем – Макс се сели во нов тим за неколку месеци. Ми предлага да го поминеме летото заедно и да ми помогне да го заборавам бившиот. Може ли врската да стане сериозна кога е со рок? Планот не е лош, но знаете што велат за плановите…
-
Камчето
0420,00 денТрогателно сведоштво за надежта и пријателството во еден од најмрачните периоди во човековата историја.
Приказна за талентираниот виолинист Еитанас и неговата најдобра другарка Ривка, кои растат во свет во кој децата се смеат, кучињата лаат, а жените си муабетат на скалите.
Животот би бил прекрасен, дури и идиличен, да не е ужасната вистина – никому не му е дозволено да излезе од градот, а оние кои ќе минат низ портите, никогаш повеќе не се враќаат.
Оваа наградувана сликовница ни открива моќна приказна што се одвива во еден од најмрачните периоди за човештвото – холокаустот.
Лиричното раскажување на авторот и прекрасните илустрации одлично ги доловуваат деталите од секојдневието во гетото: град опкружен со sидишта, патролиран од војници, во кој надежта сè уште се насетува на покривите.
Тивок потсетник дека дури и во најтешките моменти надвладуваат надежта, пријателството и човечноста.
-
Девојчето во снегот
0500,00 денЊујорк, 1998 година – парада за Денот на благодарноста. Кира Темплтон исчезнува во толпата. По детално пребарување на целиот град, некој наоѓа неколку прамени коса до алиштата на девојчето. Во 2003 година, дента кога Кира би требало да наполни 8 години, нејзините родители добиваат чуден пакет – видео касета со снимка која трае само една минута и ја прикажува Кира како си игра во непозната соба.
Мирен Тригс, студентка на факултетот за новинарство, започнува своја паралелна истрага и дознава дека и нејзиниот живот, исто како и животот на Кира, е преполн со неизвесности и несигурности.
„Девојчето во снегот”, продадена во милиони примероци, е совршен трилер кој ги менува правилата на жанрот. Кастиљо несомнено е нов феномен во европската литература.
-
Првата лага е добитна
0520,00 денТаа ти го украде идентитетот.
Сега треба да си го вратиш.Иви Портер има сè што една обична девојка може да посака: прекрасно момче што ја сака, удобна куќа со двор и бела дрвена ограда, забавна група пријатели. Но… Иви Портер не постои.
Најпрво ѝ даваат нов идентитет: Иви Портер. Штом ќе ја добие и локацијата од мистериозниот шеф, господин Смит, таа дознава сè што може за градот и неговите жители. Потоа ја дознава целта: Рајан Самнер. А нејзината мисија е последното парче од сложувалката.Иви не го знае вистинскиот идентитет на господин Смит, но знае дека оваа задача е посебна. Но Рајан успева да ѝ се пикне под кожа и таа веќе почнува да замислува поинаков живот. Само, не смее да направи никаква грешка – особено по она од последниот пат.
А единствената работа што цел живот се обидува да ја зачува, единствениот идентитет на кој секогаш може да се врати – вистинскиот – одеднаш пристигнува во градот. Иви Портер мора да биде еден чекор понапред од своето минато и да се погрижи да има некаква иднина пред себе. Влогот не може да биде поголем. Но Иви отсекогаш сакала предизвик.
-
Тајната на куќната помошничка (The Housemaid #2)
0520,00 денВо совршениот дом постои само едно правило: Не ѕиркај зад затворената врата…
На Мили Каловеј ѝ е тешко да најде работа каде што нема да ја распрашуваат за нејзиното минато. Затоа е неизмерно благодарна кога семејството Гарик ја ангажира да го чисти нивниот прекрасен стан со неверојатен поглед на Менхетн и да подготвува префинети оброци во нивната модерна кујна.Сè изгледа речиси совршено – само што сè уште не ја видела госпоѓа Гарик, која е постојано затворена во една од гостинските соби. Мили ја слуша како плаче и забележува дамки од крв на нејзините бели ношници кога ги пере алиштата. Еден ден не може да издржи и тропнува на вратата, која тивко се подотвора. Тоа што го гледа внатре менува сè…
Тогаш се заветува. На крајот на краиштата, веќе го има направено тоа порано. Таа може да ја заштити госпоѓа Гарик и истовремено да ги зачува своите тајни.
Даглас Гарик ќе плати. Прашање е само колку далеку е подготвена да оди куќната помошничка.
-
Ме сака, не ме сака
1450,00 денПознатите убијци имаат клубови на обожаватели.
Хамиш Вулф е шармантен, харизматичен и многу убедлив. Надалеку познат по неговата убавина и сексапил, тој секојдневно добива љубовни писма од безброј обожавателки. Хамиш исто така е осуден убиец, кој отслужува доживотна казна во затвор.
Кој би се приклучил на таков клуб?
Меги Роуз е успешна адвокатка и автор на книги базирани на вистински злосторства. Повлечена и мистериозна, таа прифаќа само случаи кои може да ги добие.
Хамиш е убеден дека Меги може да му помогне и дека таа е способна да му ја промени судбината. Но Меги не сака да се меша. Смета дека е имуна на шармот на еден таков маж. Но можеби овој пат ни таа не би можела да остане рамнодушна…
Би останале ли вие?
-
Невидлива убавина
3450,00 денЕмброуз Јанг е прекрасен. Висок и мускулест, со коса што малку му ги допира рамениците и очи кои горат, те прободуваат. Од оној тип убави мажи чии фотографии завршуваат на кориците на љубовните романи. Ферн Тејлор најдобро знае затоа што таа чита такви романчиња уште од тринаесет години. Но токму затоа што е толку прекрасен, Ферн го смета за некој кој никогаш не би можела да го има… сè до моментот кога, тој одеднаш не е прекрасен веќе.
„Невидлива убавина“ е приказна за еден мал град каде петмина млади мажи заминуваат во војна, а само еден од нив се враќа назад. Приказна за загуба – колективна загуба, индивидуална загуба… Изгубена убавина, изгубени животи, изгубени идентитети. Приказна за љубовта на една девојка кон скршено момче и љубовта на еден ранет војник кон сосема невпечатлива девојка. Ова е приказна за пријателство кое ги лечи сите болки, хероизам кој ги побива сите општи дефиниции и модерна приказна за Убавицата и ѕверот, која ни покажува дека има по малку убавина, но и по малку и од ѕверот, во секој еден од нас…
-
На господин Филип, со љубов (Бриџертон #5)
0520,00 денСер Филип смета дека знае сè што треба за Елоиз Бриџертон. Од преписката со далечната роднина на неговата покојна сопруга, ja замислува како повлечена стара мома која копнее да стапи во брак. Затоа, решава да ја запроси. Но… таа воопшто не е таква. Жената што стои пред неговиот праг е вистинско изненадување – не само што е убава, туку е и храбра, зборлива и мошне паметна. А секогаш кога ќе престане да зборува, тој посакува само едно – да ја бакне.
Елоиз Бриџертон никогаш не би се омажила за човек што не го познава. Но совладана од љубопитноста, се качува во кочија и тргнува во ноќта за да го запознае мажот кој се надева дека ќе биде нејзиниот совршен сопруг. Но… тој воопшто не е таков. Нејзиниот совршен партнер не би бил толку намуртен и некултурен. И несомнено требало да ѝ спомене дека има две мали и мошне немирни деца, на кои им е потребна мајка, исто колку што нему му е потребна сопруга.
-
Договор за љубов (Dreamland Billionaires #2)
0490,00 денДеклан: Судено ми е да станам директор на семејната медиумска империја. Има само еден проблем. Клаузулата за наследство на дедо ми. Исполнувањето на неговата последна желба – да се оженам и да му дадам наследник – ми се чинеше невозможно сѐ додека мојата асистентка не волонтираше за позицијата. Нашиот брак требаше да биде совршено решение на мојот најголем проблем.
Но колку повеќе глумиме дека сме заљубени пред други, толку понесигурен станувам за нашиот договор. Развивањето чувства за Ирис никогаш не беше дел од спогодбата. Особено не кога знам дека е неизбежно да ѝ го скршам срцето.Ирис: Мојот план да се омажам со Деклан во теорија беше прилично едноставен. Ќе се вселиме заедно. Ќе организираме свадба. Ќе направиме дете. Поставивме дури и одредени правила за да избегнеме какви било проблеми. Правила кои не требаше да бидат прекршени, без оглед на тоа колку Деклан ќе ме искушува.
Но што кога нашата фиктивна врска почнува да се претопува во вистинска?
Вљубувањето никогаш не беше опција. Барем не за мене.