-
Од жарјето
4420,00 денЧудни се нештата на кои се сеќава човек по трагедија. Како на пример:
– Оглушувачкиот звук на експлодирање на куќата.
– Парализирачкиот страв додека ја барав мојата сопруга.
– Заслепувачкиот чад кој ми ги гореше очите додека ја изнесував на раце.
Но она што ќе остане најсилно врежано во мојата душа до крајот на мојот живот ќе биде потресниот момент кога сфатив дека жената во моите раце всушност не е мојата сопруга.Јас и Бри бевме единствените преживеани во фаталната несреќа – иако ни на двајцата не ни се ни живееше веќе по таа ноќ. Како самохран татко на кој штотуку му изгоре домот и сѐ што поседував, немав друг избор, па ја прифатив нејзината великодушна понуда привремено да се вселам во нивната гостинска куќарка. И некако, низ болката и тагата, оформивме еден невообичаен тим. Беа потребни години, но гледав како постепено ѝ се враќа насмевката на лицето – бавно и прекрасно. Навечер седевме и разговаравме со часови, празни муабети, но пополнуваа огромна дупка во моите гради.
Иако јас ја изнесов неа од пожарот, вистината е дека Бри ме спаси мене. Нашата љубов се роди од жарјето, но којзнае дали можевме да ја преживееме и експлозијата од тајни и лаги од минатото.
-
Летото смени сѐ (Браќата О’Нил #2)
2450,00 денТемпераментната Французинка Елиз има опасно лош ден. Не само што ѝ пропаѓаат плановите за отворањето на нејзиното сакано бистро, туку, згора на тоа, и Шон О’Нил е вратен во градот. Тие двајца минатото лето поминале една незаборавна ноќ заедно… и спомените сега навистина ѝ отежнуваат на Елиз да се држи до нејзиното строго правило: „не повеќе од една вечер со маж“! Нејзината глава знае дека Шон ќе замине кога-тогаш, па не ѝ преостанува ништо друго, освен да пробува да го игнорира своето срце пред да експлодира од копнеж по него.
Од друга страна, враќањето во Вермонт – па макар и само привремено – е најстрашниот кошмар на хирургот Шон О’Нил. За него, враќањето во ресортот Снежниот Кристал значи принудно соочување со сите причини поради кои го напуштил, но особено со вината што ја чувствува за одбивањето на руралниот животен стил на неговото семејство пред многу години. Но дознавањето дека Елиз сега живее во Вермонт и дека од неа сѐ уште му зоврива крвта е добредојдена дистракција. Тој е во искушение да ја убеди на реприза од минатото лето, но истовремено, не може да заборави колку беа добри заедно и знае дека тоа ќе му го отежни заминувањето…
-
Шефот од соништата
0420,00 денВечерта кога го запознав Чејс Паркер, не оставив добар прв впечаток. Се криев во ходник пред тоалетите во еден ресторан за да ѝ оставам порака на мојата најдобра другарка да ме спаси од ужасниот прв состанок. Тој го наслушнал мојот муабет и ми рече дека сум кучка, а потоа продолжи да ми дели љубовни совети. Па му реков да си брка негова работа на тоа високо, арогантно, згодно копиле и си се вратив на мојот состанок.
Кога помина покрај мојата маса, цинично се насмевна и го гледав како самобендисано се враќа на масата кај неговата придружничка. Толку бев изиритирана од неговата дрскост, што не можев да не ѕиркам повремено во негов правец во текот на вечерта. И се разбира, ме забележа повеќе од еднаш, и ми намигна.
Кога згодниот непознат маж и неговата подеднакво секси девојка одеднаш дојдоа на нашата маса, мислев дека ќе ме издаде. Но тој се преправаше дека се знаеме и почна да раскажува детални, засрамувачки приказни од нашето фиктивно детство. И мојот здодевен состанок одеднаш стана бизарно возбудлив. Кога се разделивме, мислев на него повеќе отколку што требаше, иако знаев дека никогаш веќе нема да го видам. Мислам, колкави се шансите да налетам на него во град со осум милиони луѓе? Колкави се шансите да излезе дека некој месец подоцна, баш тој ќе ми биде новиот секси шеф?
-
Коски на срцето
4440,00 денЖивотот и безвредното презиме се единствените две работи што родителите некогаш ѝ ги дале на Бeја Грим. Откако потполно сама си го пробива својот пат во животот, Беја е насочена кон поголеми и подобри нешта, сето тоа благодарение само на самата себе.
Кога само два кратки месеци ја делат од иднината за која сонува цел живот и од минатото кое очајно сака да го остави зад себе, неочекувана смрт ја става во ситуација да остане без кров над главата.
Принудена да побара помош од последниот човек на светот од кого би сакала да бара што било, таа мора да го помине остатокот од летото на полуостров во Тексас со татко си кој едвај го познава.
Беја планира да остане тивка и незабележлива, па летото да помине безболно и брзо, но нејзиниот нов сосед, Самсон, го разнишува нејзиниот совршен план.
На прв поглед, Самсон и Беја се потполно различни. Таа израснала во сиромаштија, запоставена од своето семејство; тој потекнува од богато семејство со изобилство од привилегии. Единственото нешто што им е заедничко е тоа што и двајцата ги привлекуваат тажни нешта, што значи дека двајцата меѓусебно се привлекуваат.
Кога хемијата меѓу нив станува премногу силна за да се игнорира, двајцата се согласуваат на една незначајна летна романса. Она што Беја не го предвидува е бранот од емоции што надоаѓа и ризикот истиот да ја одвлечка во најопасните длабочини.
-
Вистинскиот за мене
5420,00 денПаднат боскер.
Жена со скршен сон.
Мрачна тајна што има моќ да уништи сè…Тејт Ремингтон – едниот и единствен – е ѕвезда на опасните борби во подземјето. Жените го обожаваат, сонуваат за него и збеснуваат по него. Мажите му завидуваат и сакаат да бидат како него.
Кога Брук случајно завршува на негова борба и тие прекрасни сини очи се вперуваат во неа, таа заборава сè, дури и сопственото име. А неговото величествено, мускулесто тело дополнително придонесува за ова. Нејзиниот живот се превртува наопаку кога ова совршенство ѝ нуди работа која може да ѝ отвори многу врати во животот. Но поранешниот боксер е непредвидлив и опасен и ја привлекува, онака неодоливо, животински. Ремингтон Тејт е најсилниот, но и најконфузниот маж што некогаш го запознала.
Во нивниот комплициран работен однос, копнежот се меша со доверливост, врели бакнежи со болка и страв – страв дека двајцата може да бидат уништени од неговата мрачна тајна…
-
Ти си ѕвер
4400,00 денБрој 1 Њујорк Тајмс бестселер за сите луѓе кои сакаат драстично да ги подобрат своите животи.
Во оваа освежувачки забавна книга за самопомош, светски познатиот тренер за личен развој и успех, Џен Синсеро, нуди 27 поглавја полни со комично инспиративни приказни, отворени совети, лесни вежби и по некоја пцовка. Ако сте подготвени да направите сериозни промени во вашите животи, Ти си ѕвер ќе ви помогне: да ги идентификувате и промените вашите убедувања и однесувања кои не ви дозволуваат да го добиете тоа што го сакате во животот, ќе ви помогне да ги искорените старите стравови за да можете да преземате големи и возбудливи ризици и ќе ви помогне конечно да почнете да заработувате пари, да му се сневиди. Исто така ќе ви помогне да научите да се сакате себеси и другите, да си поставувате големи цели и да ги остварувате – генерално, ќе ви покаже како да создадете живот кој апсолутно ќе го обожавате и тоа како да го создадете веднаш.
Кога ќе ја прочитате Ти си ѕвер, ќе разберете зошто сте такви какви што сте, како да го сакате она што не можете да го промените, како да го промените она што не го сакате и како сериозно да станете ЅВЕР.
-
Тајната на Алексови
5350,00 денАлекса Алексов потекнува од богато и познато семејство. Тој е единец на мајка и татко кои многу се обидувале, но не можеле да имаат други деца, па можеби токму тоа е причината што е по малку разгален, што сè му е допуштено, што има малку тежок табиет и никој едноставно не може да го одбие за ништо. Така, уште првиот ден кога ја здогледува помладата и преубава Дафина, решава дека таа мора да му стане жена.
-
Совршеното дете
5450,00 денКристофер и Хана се среќен брачен пар; тој е хирург, а таа медицинска сестра и имаат речиси совршен живот. Единственото нешто што им недостасува е дете. Кога едно напуштено шестгодишно девојченце, Џејни, се појавува во болницата каде што работат, Кристофер веднаш страшно се поврзува со неа и ја убедува Хана да ја земат дома.
Но Џејни не е баш обично дете и нејзината оштетена психа е покомплициран проблем од она што новите родители го очекуваат. Џејни е претерано поврзана со Кристофер и почнува со вознемирувачки испади, насочувајќи го целиот бес кон Хана. Хана никако не може да се зближи со Џејни, па почнува да попушта под притисокот, особено затоа што Кристофер одбива да ја гледа Џејни со објективни очи и да признае дека нешто не е во ред со нејзиното однесување.
Хана знае дека Џејни манипулира со Кристофер и дека намерно го оддалечува од неа, иако таа се обидува да го зближи целото семејство. Но вистината што се крие во минатото на Џејни веројатно е доволна да го распарчи целото семејство.
Морничав трилер за млад пар очаен за дете… и страшните последици од исполнувањето на нивната желба.
-
Сурова љубов
6400,00 денКога Тејт Колинс го запознава пилотот Мајлс Арчер, знае дека тоа не е љубов на прв поглед. Тие не можат да се однесуваат дури ни како пријатели. Единственото заедничко нешто им е непобитната взаемна привлечност. И кога ги отвораат картите, сфаќаат дека тоа им одговара на двајцата. Тој не сака љубов, таа нема време за љубов, па им останува само сексот. И нивниот договор може да е незамисливо едноставен ако Тејт успее да се држи до единствените две правила што Мајлс ги има за неа.
Никогаш не поставувај прашања за минатото.
Не очекувај иднина.Двајцата се убедени дека можат да се носат со овој договор, но речиси веднаш сфаќаат дека не можат.
Се кршат ветувања. Се кршат правила. Се кршат срца…
Љубовта станува сурова. -
Вагонот со сираци
2450,00 денМоќна приказна за пријателството, која се одвива во циркус кој патува низ Европа за време на Втора светска војна. Вагонот со сираци ни ги раскажува приказните на две исклучителни жени, приказни за жртвување и преживување по секоја цена.
Шеснаесетгодишната Ноа ја бркаат од дома откако останува трудна од германски војник и ја принудуваат да се откаже од бебето. Немајќи друг избор, таа живее во мала железничка станица, каде што работи како чистачка за да си го заслужи престојот. Кога Ноа наоѓа вагон со бебиња Еврејчиња товарени за патување до некој концентрационен логор, одеднаш се потсетува на детето што ѝ било одземено. Импулсивно грабнува едно од бебиња и бега во ноќта, и тој момент засекогаш ќе ѝ го промени текот на животот.
Ноа наоѓа засолниште во германски циркус, но мора да научи да изведува точки на летечки трапез за да се вклопи и да не биде забележана од непријателот, а со ова ѝ боде око на главната акробатка, Астрид. Ноа и Астрид најпрво се ривалки, но набрзо се зближуваат како сестри. Меѓутоа, војната е премногу опасна за сите во циркус кој крие Евреи, па Ноа и Астрид мора да решат дали нивното пријателство ќе биде доволно за да ги спаси – или тајните што горат помеѓу нив ќе уништат сè.
-
Сите твои совршености
6400,00 денКолин Хувер се надминува себеси со моќна приказна за еден разнишан брак и едно старо, речиси заборавено ветување што би можело да го спаси.
На совршената љубов на Квин и Грахам ѝ се заканува нивниот несовршен брак. Спомените, грешките и тајните што се трупале низ годините сега ги влечат на различни страни и уште повеќе ја зголемуваат дистанцата меѓу нив. Единственото нешто што би можело да ги спаси е токму онаа работа што ги има донесено до работ на пропаста.
„Сите твои совршености“ е срцепарателна, емотивна и моќна приказна за пар чија потенцијална иднина се држи на шарките на ветувањата дадени во минатото. Додека без престан ги голтате страниците, ќе се прашувате: Може ли една силна љубов со совршен почеток да живее цел живот меѓу двајца несовршени луѓе?
Ако ви се допадна нејзината „Ова завршува со нас“, тогаш сигурно ќе ве освои и нејзиното најново ремек-дело.
-
Точка на кулминација
7390,00 денНатали Беноа оди на службено патување како новинарка, но патувањето се претвора во пекол во моментот кога мексикански картел ги убива речиси сите нејзини колеги во автобусот и ја зема неа како заложник.
Пеколот на командирот Зак Мек Брајд почнува многу порано од оној на Натали односно во моментот кога неговата тајна мисија тргнува во погрешен правец и една жена го предава во рацете на крволочните убијци. Во истото дувло среде пустината, истите луѓе со денови го измачуваат Мек Брајд.
За Натали – тој е само глас кој ќе прозбори од мракот од ќелијата до неа… и нејзина последна надеж за да остане жива. Една жена со силна волја за живот. Еден маж одлучен да ја врати дома жива макар и по цена на сопствениот живот. Едно бегство низ морничавата пустина. Една љубов која почнува да гори таму каде што има останато само пепел…
-
Славејот
12420,00 денФранција, 1939
Во тивко француско село, кротката и плашлива Вијан Моријак се збогува со својот сопруг, кој оди да војува. Таа не верува дека Германците ќе ја окупираат Франција, но тоа сепак се случува и ја принудува да прими непријател во сопствениот дом. Во ова време на војни, Вијан мора да научи да биде храбра. Храбра како сестра ѝ.Нејзината помала сестра Изабел, од друга страна, мора да научи да се плаши. Таа е премногу бунтовна и храбра за свое добро. На самиот почеток од војната, се запознава со мистериозниот партизан Гејтон и се вљубува како што може да се вљуби само млад човек… лудо и комплетно. Не можејќи да ја гледа татковината како пропаѓа, Изабел непромислено се приклучува на тајните групи за ослободување на Франција без да размисли за опасностите.
Безвременска новела која ќе ве тера да ги голтате страниците без пауза. Приказна за издржливоста и храброста на жените која ќе ја помните цел живот. Сага за преживувањето и љубовта за време на војна што ќе ве натера да липате на глас.
Ова е книга за секого, ова е книга за навек. -
Само најсекси маж кој постои
4420,00 денТЕЈЛОР ДОНОВАН
Млада, успешна адвокатка која си ја обожава својата професија. Паралелно со судењето, на Тејлор ѝ доделуваат нова задача во која е инволвиран еден познат актер. Колку познат?ЏЕЈСОН ЕНДРУС
Смртоносна комбинација на интелигенција, сексипил и шарм. Има ли потреба таа да биде загрижена што наеднаш треба да соработува со најпосакуваниот маж на денешницата… Дали нејзината професионалност за првпат ќе биде ставена на тест? Хммм… Ма ти се молам – па зборуваме за Тејлор Донован овде! Жената која не се скрши ни кога ја раскина својата веридба пред некој месец. Што си мислат луѓето, кој е тој? НАЈСЕКСИ МАЖ НА СВЕТОТ???Ќе го поремети ли Господинот Холивуд нејзиниот совршен, педантен свет во кој сè е подредено на кариерата? Може ли некој да ја расплаче Тејлор – онаа која знае дека во „бејзболот нема плачење“?
НАЈПРОДАВАНАТА РОМАНСА НА САКАМ КНИГИ!
-
Нека победи подобриот
3420,00 денСАМОУВЕРЕНА. БЕЗОБРАЗНА. НЕПОБЕДЛИВА…
Пејтон Кендал: феминистка до коска која дава сè од себе за да успее во професијата во која доминираат мажи. Осум години, ден и ноќ, работни денови и викенди, без одмори и паузи, таа има само една цел пред себе – да биде унапредена во партнер.АМБИЦИОЗЕН. НАДМЕН. ЗГОДЕН КАКО ЃАВОЛ…
Џеј Ди Џејмисон: богато семејство, гламурозен стил на живот, амбициозен и професионален, најдобар во својата работа. Осум години, ден и ноќ, работни денови и викенди, без одмори и паузи, тој има само две цели пред себе – да биде унапреден во партнер… и да ја игнорира Пејтон. Осум години глума и цивилно однесување кога тие двајцата се наоѓаат во присуство на други луѓе. Осум години омраза и војна додека се наоѓаат зад затворени врати иако двајцата знаат дека има две партнерски позиции и нема потреба од војна.И одеднаш, пресврт! Доаѓа известувањето дека нема две туку само една позиција за унапредување!
Па, нека победи подобриот!
-
Мојот личен ФБИ агент
1420,00 денШто се случува кога судбината ќе спои двајца вечни непријатели?
Од сите можни хотелски соби во Чикаго, асистентот државен јавен обвинител, Камерон Линд мораше да ја одбере токму онаа до собата број 1308, каде едно неверојатно бучно и агресивно „водење љубов“ завршува со убиство. Освен што е сведок на убиство, од сите ФБИ агенти во Илиноис, одговорен за истрагата мораше да биде токму специјалниот агент Џек Палас. Да, истиот оној намуртен и страшен Џек Палас кој уште не може да го заборави нивното минато и ја обвинува дека за малку ќе му ја уништела кариерата пред три години…Џек да работи со Камерон Линд? Дали тие се шегуваат со него? Па тој не сака ниту да ја види лудата жена.Иако тие двајца не сакаат ниту да се видат, сега мора да го остават зад себе своето бурно минато и да се фокусираат на задачата пред нив. Ако воопшто можат да се фокусираат кога не се ни способни да размислуваат кога се блиску еден до друг…
