-
Инферно
1600,00 денДанте инспирираше раѓање на уште едно уметничко дело! Но уметничко дело кое сее смрт! Дали ИНФЕРНО за човештвото значи Пекол, Чистилиште или Спасение? Роберт Ленгдон се буди во болнички кревет, под седативи и потполно дезориентиран… Несвесен за моментот кога пристигнал во Фиренца, дознава дека има прострелна рана на главата и дека вистинско чудо го спасило од смртта. Сиена Брукс, интелегентна и згодна млада докторка, прави сè да му помогне на професорот по симбологија да се извлече од канџите на Конзорциумот – моќна организација која го гони низ три европски градови… Неколку спротиставени страни се натпреваруваат да дознаат една единствена информација! Каде е скриено мистериозното и смртоносно ремек-дело кое му прети на човештвото и само еден човек може да го најде? Професорот по историја, уметност и симбологија вешто ги толкува и најмистериозните траги кои позади себе ги остава богатиот гениј за генетски инжинеринг…
Ден Браун повторно не води на патување низ мрачните предели на човечкиот ум, каде се раѓаат грандиозни и опасни идеи…
-
Вистински предавства
0550,00 денНора Робертс, презентира возбудлива приказна за семејни тајни, неочекувани страсти и дерби со чистокрвни коњи…
Келси Бајден отсекогаш верувала дека нејзината мајка е мртва. Но, сега, ја открива вистината, по многу години поминати во затвор за убиство, Наоми Чедвик е сè уште жива.Сега, на фармата за коњи на Наоми, Келси се обидува да го среди својот живот кој бил една голема лага.
Најголем поттик ѝ е љубовта кон нејзината мајка.
Границите на љубовта можат да бидат кршливи… како што научи Келси од нејзиниот неодамна завршен брак. Но, додека двете жени повторно ја градат својата врска,
Келси се наоѓа во една возбудлива нова романса.
Затоа таа мора да одлучи, еднаш засекогаш… кому може да му верува?
-
Кери
3360,00 денКери Вајт не е обична девојка. Таа има дар. Може да поместува предмети со нејзиниот ум. Вратите се заклучуваат. Светилките паѓаат. Поканата од Томи Рос на матурската вечер за Кери е исполнување на сонот – прв чекор кон влез во средношколското друштво. Сѐ додека неочекуваната суровост не го претвори нејзиниот дар во оружје на хорор и деструкција кои никој никогаш нема да ги заборави.
„Најпрекрасниот морничав човек на планетата.“ Ју-ес-еј тудеј
„Страшен и мачен – вистински хорор!“ Паблишерс викли
„Трескавично, морничаво, мрачно зло!“ Питсбург пост газет
„Стивен Кинг буквално создал жанр кој ги доведува луѓето во најужасни ситуации… Тој е автор што секогаш го прави невозможното толку страшно што те тера да провериш дали си ја заклучил вратата.“ Бостон глоуб
„Бесценета имагинација.“ Обзервер (Лондон)
-
Убиствата во Кингфишер хил
0400,00 денФантастичен сплет од мистерии, дисфункционални семејни односи, морбидност и неизвесност – совршениот рецепт што ќе ве натера да го прочитате романов во еден здив!
Херкул Поаро патува со луксузен пајтон до елитниот имот Кингфишер хил. Тој и неговиот верен придружник, инспектор Кечпул, се најмени од Ричард Девонпорт да го истражат убиството на неговиот брат Френк и да докажат дека неговата свршеница Хелен е неправедно осудена за убиството. Но има еден чуден услов: Поаро не смее да ја открива вистинската причина зошто е таму пред другите членови на семејството Девонпорт.
При патувањето, пајтонот наеднаш застанува зашто една вознемирена жена бара да се симне и инсистира дека, ако остане на своето место, ќе биде убиена. Иако за време на патувањето никој не е повреден, Поаро насетува дека тука се крие уште една мистерија. Неговите стравови набргу се остваруваат: пронајдено е тело на кое е оставена злокобна порака поврзана со седиштето на госпоѓата.
Дали Поаро ќе успее да ја одгатне поврзаноста на случаите? И, ако Хелен е навистина невина, ќе успее ли да го открие вистинскиот убиец на Френк Девонпорт?
-
Снежно слепило
0330,00 ден„Снежно слепило“ ја раскажува приказната за младиот полицаец Ари Тор, кој уште пред да ја заврши академијата добива работно место во Силгуфјордур – мало рибарско гратче на крајниот север на Исланд. Ари Тор ќе ги напушти студиите, својата девојка и животот во Рејкјавик и ќе замине на север, очекувајќи дека ќе живее во место каде никогаш ништо не се случува. Зимските бури ќе го парализираат Силгуфјордур и ќе го отсечат од остатокот од земјата, а потоа во местото ќе почнат да се случуваат убиства. Ари Тор сфаќа дека мора да се соочи со нешто за што воопшто не е подготвен – сложените полициски случаи и застрашувачките поларни бури.
Напишан во манирот на класичен детективски роман, „Снежно слепило“ е уникатен во доловувањето на ледената атмосфера и сликањето на животот во мало провинциско место, каде приказните на цела низа ликови одеднаш се преплетуваат и се поврзуваат.