-
ЖЕНАТА СО ЦРВЕНИОТ БЕЛЕЖНИК
0300,00 денЕдна ноќ, во една пуста улица во Париз, додека Лора се обидува да ја отклучи влезната врата на зградата во која живее, некој ја напаѓа и ѝ ја краде чантата. Утредента ја наоѓа Лоран, оставена врз една канта за ѓубре близу неговата книжарница.
Во чантата нема никакви лични документи, само вообичаени женски дреболии, но и неколку предмети кои откриваат многу за карактерот на својата сопственичка: позлатена запалка, црно пенкало „монблан“, клучеви на плочка со изгравирани хиероглифи, стара шнола за коса со платнен цвет, два зара, четири стари фотографии… и еден црвен бележник испишан со нејзиниот елегантен ракопис. Читајќи ги тајните мисли, стравови и желби на непознатата жена, Лоран почнува да се вљубува во неа. И додека таа лежи во болница со повреда на главата и изгубено памтење, тој се претвора во вистински детектив за да ја открие мистериозната сопственичка на чантата со слезова боја..
-
СРЦЕТО Е ТУПАНИЦА
0300,00 денЕден ден учениците добиваат необична задача – секој од нив да подготви проект за еден орган на телото применувајќи ги знаењата од повеќе школски предмети. Одеднаш, сите се будат од апатијата. Пишуваат имејлови до градската болница, ги проучуваат симптомите на болестите, преслушуваат музика, прелистуваат книги… Во потрага по информации, Алине, новото девојче во одделението кое не разговара со никого, сè почесто се среќава со Оливер во болницата, каде што на кардиологија лежи татко му, со синдром на скршено срце по разводот. Алине го избира токму срцето – големо колку тупаница, но толку моќно што ја движи целата наша машинерија.
Оливер, пак, го избира окото, камерата на нашето тело, органот кој го снима филмот на нашите животи. И признавајќи си дека се вљубил во Алине, сфаќа колку голема вистина има во она што го кажува Малиот принц, во нејзината омилена книга: „Човек може вистински да гледа само со срцето. Најважното е невидливо за окото“. Роман за првата љубов, детски чиста и малку срамежлива, и за храброста што таа ја дава за победа над стравот од другите, за надминување на мачните семејни ситуации и осаменоста на младиот човек во овој отуѓен свет.
-
Задоцнетиот живот на Ејми Бајлер
0450,00 денПреоптоварена и потценета, на самохраната мајка Ејми Бајлер ù треба пауза. Па кога ќе се појави нејзиниот сопруг што ја напуштил и со чувство на вина ќе се понуди да се погрижи за децата во текот на летото, таа ја прифаќа неговата понуда и од руралната Пенсилванија заминува за Њујорк.
Вообичаено приземна и со добри манири, Ејми конечно се отпушта во градот што никогаш не спие.
Таа открива живот исполнет со култура, софистицираност, и со мала поддршка од пријателите – со неколку состаноци на слепо. Кога еден човек ќе предизвика срцето на Ејми забрзано да чука, таа ризикува комплетно да се изгуби во непланираното бегство. Како што летото се движи кон крајот, Ејми сфаќа дека треба да донесе невозможна одлука: да остане во ова возбудлиов ново поглавје од нејзиниот жиовт, или да се врати на животот што го оставила зад себе.
-
Има ли сè уште секс во градот?
0350,00 денДваесет години по објавувањето на светски популарниот бестселер „Сексот и градот“, Бушнел малку го преобликуваше пејзажот – животот не се случува исклучиво на Менхетн. Сè совршено приспособила на приказната за луѓето кои ја поминале педесеттата година од животот, но кои и понатаму излегуваат, се забавуваат, лудуваат…
Авторката по малку сатирично ги коментира врските и односите помеѓу мажите и жените во средните години додека се движат во технолошки модернизираниот свет. Без разубавување и мошне духовито ги коментира различните феномени на 21 век. Љубовта и животот ги согледува низ различни перспективи – низ бракот и децата, разводот и загубата, а се осврнува и на мошне агресивните притисоци врз жените да останат млади и убави колку и да ги чини тоа.
Оваа книга е совршен приказ за состојбата на современото општество и логично продолжение на една од најреволуционерните книги на 20 век.
-
Без Мерит
0420,00 денСемејството Вос е сè освен нормално семејство. Живеат во пренаменета црква, што таткото ја нарекува Долар Вос. Кога мајката, која преживува рак, почнува да живее во подрумот, таткото се преженува за нејзината поранешна медицинска сестра. На малечкиот полубрат не му е дозволено да прави или јаде што и да е забавно, а најстариот брат е иритантно совршен. Потоа, тука е Мерит.
Мерит Вос собира трофеи што не ги освоила и тајните што семејството ја присилува да ги чува. Додека пребарува трофеи во локалната антикварница, го наоѓа Саган. Неговите духовитост и неапологетски идеализам ја разоружуваат и во неа повторно ја разгоруваат искрата живот – сè додека не открие дека тој е комплетно недостапен. Мерит уште повеќе се повлекува во себе, посматрајќи го семејството од страна, откривајќи тајна што ниту еден трофеј во светот не може да ја поправи.
Не можејќи повеќе да живее во лага, Мерит решава да ја разниша илузијата за среќно семејство од кое никогаш не била дел и да ги напушти засекогаш. Кога планот за бегство не ù успева, принудена е да се справи со последиците од кажувањето на вистината и губењето на момчето кое го сака.
-
Еден ден во декември
0430,00 денЛори е речиси сигурна дека љубовта на прв поглед постои само во филмовите.
Но, еден снежен ден во декември, низ замаглениот прозорец на автобусот ќе здогледа еден младич и во моментот кога ќе им се сретнат погледите, нејзиното срце ќе затрепери како никогаш претходно… и… тогаш автобусот тргнува од постојката.
Убедена дека судбината повторно ќе ги спои, таа цела година се обидува да го најде на улиците, автобуските постојки и по лондонските барови и кафулиња. Но, не го пронаоѓа.
Со скршено срце, таа одлучува да го заборави тој магичен момент и да продолжи во животот.
Ама, законите на љубовта, тешко може да се разберат и да се следат, а судбината понекогаш создава испреплетени патеки по кои се движиме и кои не можеме да ги промениме.„Џози Силвер напиша топла и моќна сторија за љубовта, губењето и пријателството, со чии што ликови се поистоветуваме. Ова е книга на која постојано ќе се навраќате.“
Џил Сантиполо„Подгответе се да бидете вовлечени во виорот на оваа романса. Апсолутно ме воодушеви.“
Рис Витерспун„Возбудлива и неизвесна љубовна приказна која нема да Ве остави рамнодушни и ќе Ви го држи вниманието до самиот крај.“
Маријана Киз -
Дневникот на Бриџит Џонс
0300,00 денДали Дневникот на Бриџит Џонс е сензационална урбана сатира за модерните меѓучовечки односи?
Ироничен осврт за пропаѓањето на едно традиционално семејство?
Или, пак, едноставно конфузни чкртаници на една изнервирана триесет и нештогодишна девојка?
„Брилијантен потсетник за животот кога сте биле млада и немажена девојка во еден период од животот… Секоја жена која имала љубовни врски, работа и, секако, мајка, ќе ја чита оваа книга со громогласно смеење“ – Тајмс
-
Исповеди
1390,00 денНа дваесет и една година, Обурн Рид веќе изгубила сè што ù е важно. Во својата борба одново да си го изгради урнатиот свет, таа си ги зацртува целите и нема простор за грешки. Но, кога влегува во едно уметничко ателје во Далас, барајќи работа, таа не очекува да се појави длабока привлечност кон таинствениот уметник кој работи таму, Овен Гентри.
Обурн ризикува првпат и си го препушта срцето да ја води, само за да открие дека Овен чува голема тајна да не излезе на виделина. Обемот на неговото минато се заканува да го уништи сето она што ù е важно на Обурн и единствениот начин таа да си го врати животот е да го отфрли Овен од себе.
За да ја спаси нивната врска, сè што треба да направи Овен е да се исповеда. Но, во овој случај, исповедта може да биде многу подеструктивна од самиот грев.
„Хувер длабоко ќе ве трогне во оваа љубовна приказна за втора шанса… напнато, секси.“ (Буклист, Онлајн осврт)
„Исповеди е уште една емотивно наполнета и извонредно срочена книга. Колин Хувер продолжува да им носи на читателите уште една автентична приказна што се разликува од сите други и е прекрасно пренесена.“ (Бук краш)
-
Еден плус еден
0450,00 денДа претпоставиме дека вашиот живот не е во ред. И тоа многу. Вашиот сопруг е исчезнат, тинејџерот посинок тврди дека е малтретиран, а вашата ќерка која е фрик за математика ѝ се пружа животна шанса која вие не можете да си ја дозволите. Тоа е судбината на Џес. Но, неочекуваниот витез во сјаен оклоп ќе ѝ понуди спас. Само што витезот на Џес е чудниот Ед, неподнослив милионер, чиј дом таа го чисти. Тој ќе понуди да го одвезе ова дисфункционално семејство на математичката олимпијада. Тоа е првиот, а можеби и последниот, несебичен чин во неговиот живот. ЕДЕН ПЛУС ЕДЕН на авторката Џоџо Мојес е еден од нејзините најдобри романи, тој е феноменален. Ќе се смееш, ќе плачеш, одвај ќе ја дочекаш последната страница.Кога ќе го завршиш ќе посакаш повторно да го прочиташ.
-
Мирисот на листовите чај
0500,00 денСместена во дваесеттите години на минатиот век, приказната ја следи младата Англичанка Гвен, која има среќа да ја сретне љубовта на својот живот – русокосиот сопственик на плантажа од Цејлон (денес Шри Ланка). Таа доаѓа со пароброд на островот за да стапи во брак што ветува долг и мирен живот среде високите зелени ридови со чај. Но Лоренс е постојано на работа, а неговата млада сопруга мора сама да ја истражува плантажата.
Талкајќи по забранетите места, Гвен наоѓа заклучена врата, премолчено минато. Гвен наскоро ќе остане бремена, а нејзиниот сопруг е пресреќен. По породувањето таа се соочува со страшната одлука што мора по секоја цена да ја скрие од Лоренс. Кога вистината ќе излезе на виделина, дали сопругот ќе може да ѝ го прости на Гвен тоа што го направила?
-
Птиците умираат пеејќи
0600,00 денРОМАН СПОРЕД КОЈ Е СНИМЕНА СЛАВНАТА ТЕЛЕВИЗИСКА ХИТ СЕРИЈА
Меги е ќерка на сиромашни доселеници од Австралија. Уште од мала, таа е запоставена од нејзините родители и постојано живее по религиозните и патријархални правила на нејзината фамилија и стегите што ги наметнува гратчето и огромниот имот Дрогхед.
Ралф е млад, убав и речиси совршен свештеник што назначувањето во Австралија во почетокот го доживува како казна. Имено, неговите силни свештенички амбиции се насочени на друга страна, кон таинствениот Ватикан. Уште од првиот момент кога ќе ја запознае десетгодишната Меги, таа му станува многу мила и постојано е нејзин заштитник. По неколку години, една вечер, кога погледите ќе им се сретнат, сега веќе преубавата тинејџерка Меги, ќе пробуди чувства кај Ралф, чувства какви што тој никогаш немал, а и не ни знаел дека ги има. Од тој момент, Ралф е во вечно искушение дали тој е совршен свештеник и има неограничена љубов кон Бога, или сепак постои жена, на чиј мирис, убавина и нежност не може да им одолее.
Дејствието опфаќа повеќе од половина век – двете светски војни и постапките на Ватикан. Тука се судбините на неколку генерации. Оваа љубовна и семејна сага сведочи и за сушите, пожарите и поплавите кои се заканувале со целосно уништување на имотите во Нов Зеланд.
„Волшебна сторија… едноставна, неповторлива!“
– Чикаго Трибјун
„Преплетувањето на љубовни приказни од една генерација во друга, драматичниот заплет, чувството на постојана напнатост, реалните ликови… се во најмала рака неодоливи.“
– Паблишерс викли -
Министерство за врвна среќа
0500,00 денПриказната во „Министерство за врвна среќа“ полека и мајсторски се ткае низ сиромашните квартови на Делхи и низ рајските пејзажи на Кашмир. Рој раскажува за ликови кои на прв поглед се чинат маргинални и кои во други приказни веројатно би останале заборавени, но овде полека се претвораат во јунаци. Раскажувајќи за немирот и болката, за среќата и надежта, Рој гради епски портрет на современа Индија, но и грандиозна слика на нашето денешно општество.
Варирајќи од љубовна приказна до историски роман, од семејна сага до политичка сатира, „Министерство за врвна среќа“ е дело какво што се среќава сосем ретко, роман во својот чист и моќен облик. -
Писма до Милена
0620,00 денЗа писмата на Кафка често се вели дека може да се читаат како љубовен епистоларен роман во кој главниот лик е Милена Јесенска. Преку љубовната врска со Милена се прават бројни обиди да се протолкува делото на Кафка, особено темата на прељубата во романот „Замок“, како и дополнително да се осветли биографијата на славниот писател. Меѓутоа, писмата на Кафка укажуваат и на Милена Јесенска како личност –исклучителен интелектуалец и мошне успешна преведувачка заслужна, меѓу другото, за популаризирањето на неговото дело. Писмата ни откриваат прекрасен портрет на една исклучителна, самостојна и либерална жена, каков што ретко може да се сретне и во уметничката и во документарната литература од почетокот на XX век. Во таа смисла, „Писмата до Милена“ се неизбежен дел од опусот на Кафка, еднакво значаен како неговата проза и неговите дневници.