-
ГРОБНА ТИШИНА
0380,00 денПо морничавиот трилер Мочуриште, вториот роман на исландската писателска ѕвезда Арналдур Индридасон е уште едно врвно и мајсторски изведено дело во криминалистичкиот жанр.
Истрагата на исландската полиција започнува кога на дамнешните ненаселени ридови на периферијата на Рејкјавик е пронајден човечки скелет, стар неколку децении. Разгледувајќи го овој одамна застарен случај, детективот Ерлендур и неговиот тим откриваат дека ридовите околу главниот град кријат неколку трагични приказни кои се случиле во дамнешното минато: за насилство, изгубена љубов и чест, криминал… На овој начин, во романот се мешаат неколку жанрови, кои само дополнително ја зголемуваат тензијата среде мрачната атмосфера на исландското осамено секојдневје.
Втор во серијалот романи посветени на исландскиот детектив Ерлендур, Гробна тишина е еден од најсовршено структурираните трилери во кој се преплетуваат повеќе возбудливи приказни што се поврзуваат во целина на последните неколку страници од книгата.
„Индридасон е еден од најдобрите писатели на трилери на денешнината.“ Сиднеј тајмс
-
ГОДИНИТЕ КОГА НАУЧИВ ДА ЛЕТАМ
0350,00 денМладиот Михаил со немирен дух повеќе не се пронаоѓа во родниот град зафатен од токсичните стихии на загадувањето, економијата, политиката, безидејноста. На дваесет и пет години, преиспитувајќи се себеси и своите корени, решава да си го бара домот под отворени неба. Напушта сè и тргнува на автостоперска авантура што неповратно му го менува животот. Во eден притаен натуралистички камп ја запознава глувонемата Алма Свенсон. На последниот ден што го поминуваат заедно, девојката исчезнува, како никогаш да не постоела, фрлајќи го Михаил во очај. Нејзината единствена трага, и нему единствената надеж да ја најде, е едно книжуле со неколку скинати страници, со размисли за некаков утопистички остров. Талкајќи по недобројните патишта на Европа, Михаил го следи внатрешниот патоказ до непознатиот остров и душевниот мир што му го ветува, иако не знае дали воопшто постои.
Во срцевината на оваа авантура-мистерија лежи една човечка филозофија за сопствената потрага по дом, по смисла, по сродна душа. Инспирирана од личните автостоперски патувања на авторот, Годините кога научив да летам ќе ве внурне во номадскиот свет на талкачите и трагачите, и водејќи ве по себеспознавачки координати ќе ве потсети колку е важно да си го следиме внатрешниот глас.
-
ГАЛЕБОТ ЏОНАТАН ЛИВИНГСТОН
0199,00 денНОВО ИЗДАНИЕ ОД ПРОСЛАВЕНОТО ДЕЛО НА РИЧАРД БАХ ПРОШИРЕНО СО НОВ, ЧЕТВРТИ ДЕЛ
Ова е приказна за луѓето кои ги следат своите срца и создаваат сопствени правила… луѓето кои сакаат да направат нешто добро и за другите, не само за себе… луѓето кои знаат дека животот е многу повеќе од она што го гледаме: тие ќе го следат Џонатан, летајќи повисоко и побрзо отколку што сонувале.
Галебот Џонатан Ливингстон не е обична птица. Тој верува дека секој галеб има право да лета, да ја достигне крајната слобода на предизвикот и на откривањето, наоѓајќи најголема награда во подучувањето на младите галеби за радоста на летањето и за моќта на соништата.
-
ВТОРНИЦИТЕ СО МОРИ
0280,00 денМожеби бил родител, учител или колега. Некој постар, трпелив и мудар. Некој кој ве разбирал, кој ви помагал да го сфатите животот и да го истражите светот, да го пронајдете вистинскиот пат. Тој некој за Мич Елбом бил неговиот професор Мори Шварц. Но и тој, како и многумина други, стремејќи се кон успех, ја губи трагата од својот ментор. Дозволувајќи да го понесе животот, заборава да го живее на вистински начин.
Но добива втора шанса. Повторно го открива својот сакан професор Мори, во последните месеци од животот на стариот човек. Знаејќи дека наскоро ќе замине, Мори секој вторник се среќава со Мич во својата работна соба, токму како што правеле пред 16 години. Нивниот обновен однос се претвора во еден вид завршно „предавање“: во лекции за тоа како навистина да се живее животот, како секој негов ден да се направи посебен.
„Вторниците со Мори на Мич Елбом е инспиративна книга што го менува животот, за тоа дека би требало да го вреднуваме скапоценото време што го имаме. Прекрасна книга, приказна од срцето раскажана со душа.“ Los Angeles Times
-
ВЕРОНИКА РЕШИ ДА УМРЕ
0320,00 денНа прво поглед, Вероника има сè што може да посака. Ги посетува популарните ноќни клубови, се запознава и се забавува со привлечни млади мажи, меѓутоа сепак не е среќна, нешто ѝ недостига во животот.
Затоа, на 11 ноември, решава да умре. Откако ќе земе преголема доза апчиња, дознава дека ќе живее само уште неколку денови… И токму тогаш, кога го преживува она што никогаш не си го дозволила – љубовта, омразата, стравот, љубопитството – сфаќа дека секоја секунда од нејзиното постоење е личен избор меѓу животот и смртта. А нејзиниот избор е…да живее.
Ми се допаѓа овој роман на Коелјо. Навистина длабоко ме потресе. Умберто Еко
-
БОГ МИ Е СВЕДОК
0350,00 денДОБИТНК НА ЕВРОПСКАТА НАГРАДА ЗА ЛИТЕРАТУРА
Бог ми е сведок е хумористичен и трогателен портрет на убавините, злата и спротивностите на современото грчко општество, виден низ очите на еден крајно несовршен а мошне симпатичен антихерој.
Оваа животна приказна ја раскажува Хрисоваландис, педесетгодишен маж на работ на пропаста, кој неодамна останал без работа и кој се бори со влошеното здравје. Длабоко набожен, наивен и емотивно незрел, сиот свој живот им бил жртва на луѓето околу себе. Неговиот злобен газда најмногу уживал да се изживува со него, жените во неговиот живот го сакале само поради парите, а татко му и сестрите ‒ со кои сè уште живее ‒ го презираат и го понижуваат. Напуштен од сите, талкајќи за последен пат по улиците на Атина на Бадник, со само еден куфер в рака, полуживата фигура на Хрисоваландис е одраз на чудовишноста на едно сурово општество што неизбежно го отфрла.
Во Бог ми е сведок Макис Цитас ни раскажува комична и болно тажна приказна за нашиот декадентен и циничен свет, во чест на сите трагични антихерои во кои се препознаваме.
-
БЕЛЕШКИТЕ НА ЛАЈЛА ГРЕЈС
0250,00 ден„Настаните не се вистински. Односно тие се вистински во секој можен поглед, но јас им го сменив крајот, или дури и самиот почеток. Беше премногу болен или можеби и премногу едноставен за раскажување. Ликовите можеби во вистинскиот живот не заслужија вака да завршат, некои можеби завршија, а другите се можеби само моја илузија. Можеби мојата гордост ја избрка храброста и ме направи кукавица. Но, на некој начин, јас најдов како да ја раскажам мојата приказна онака како што сакав да заврши. Како што немав храброст да ја погазам гордоста и да се борам за таквиот крај. Туку дозволив љубовта да се испогани, на сите можни начини на коишто луѓето ќе успеат да го испоганат и најчистото – и најчистата душа и најчистата љубов. Но, сепак, и по толку време, со тоа што ги раскажав приказните со променет преплет на настаните, таа невина наивност ќе остане чиста и засекогаш ќе живее во мене
-
Коефициент на љубовта
0450,00 ден„АПСОЛУТНО УЖИВАЊЕ – ШАРМАНТНА И СЕКСИ ПРИКАЗНА ШТО СЕ ВРТИ ОКОЛУ ГЛАВНАТА ХЕРОИЊА ЗА КОЈА ОБОЖАВАТЕ ДА НАВИВАТЕ“
Стела Лејн верува дека математиката е почеток и крај на сѐ, она што го обединува целиот универзум. Но оваа брилијантна статистичарка која знае сѐ за алгоритмите, не знае ништо за романтиката. Toa и не е неочекувано, бидејќи има Аспергеров синдром и секој ден се обидува да ги совлада пречките што тој ѝ ги наметнува. А кога луѓето ќе дознаат за тоа, веднаш го менуваат мислењето за неа.
Но Стела е храбра жена која не се плаши да ризикува за да го добие она што го сака. Tаа одлучува да ангажира професионалец што ќе ја научи сѐ што може да се научи за сексот и врските.
-
Најдолгото патување
0500,00 денСо нарушено здравје и сам на светот, деведесет и едногодишниот Ајра Левинсон се наоѓа на пуст асип по преживеаната сообраќајна несреќа. Тешко повреден, се бори да остане свесен и тогаш му се прикажува еден замаглен лик – саканата сопруга Рут од чија смрт поминале девет години. Тој грчевито се фаќа за нејзините зборови и повторно ги живее тагите и радостите на нивниот брак.
Студентката Софија Данко неочекувано го запознава младиот каубој Лук, кој има малку сличности со повластените момчиња што таа ги среќава на колеџот. Тој ја воведува во еден свет во кој се ставаат на коцка успехот и пропаста, па дури и опстанокот и самиот живот. Додека меѓу нив се раѓа љубов, Софија замислува иднина мошне различна од нејзините дотогашни планови… доколку не биде уништена од тајната на Лук.
Ајра и Рут. Софија и Лук. Две двојки што имаат многу малку заеднички работи и што ги разделуваат и годините и искуството. Нивните животи сепак неочекувано ќе се испреплетат, потсетувајќи нè дека дури и нашите најтешки одлуки може да нè одведат на неверојатни патувања – далеку од безнадежноста, далеку од смртта, до најдалечните дострели на човековото срце.
-
Најдоброто од мене
0450,00 денСите сакаат да веруваат дека вечна љубов е можна…
Во пролетта 1984 година средношколците Аманда Колиер и Досон Кол доживуваат длабока, судбинска љубов која им пркоси на строгите правила на животот во малото гратче Ориентал. Досон е осаменик од едно озлогласено семејство и верува дека љубовта кон Аманда му овозможува бегство од мрачната судбина. Аманда, пак, е добра, богата девојка која планира да оди на студии. Таа во Досон гледа нешто што е блиско на нејзиното бунтовно, страсно срце. Но со крајот на школската година неколку непредвидени настани ќе ја раздвојат младата двојка и секој од нив ќе тргне по сосем различен пат…
По дваесет и пет години, Аманда и Досон се среќаваат на погребот на Так Хостетлер, човекот кој на времето ѝ дал засолниште на нивната средношколска љубов. Ниту еден од нив двајцата не го живее животот за кој сонувале… и ниту еден не може да ја заборави страсната прва љубов што засекогаш им го сменила животот. Додека ги следат упатствата што им ги оставил Так, Аманда и Досон сфаќаат дека сè што мислеле дека знаат – за Так, за себе и за своите соништа – не е такво какво што се чини. Принудени да се соочат со болните спомени, двајцата поранешни љубовници ја откриваат непобитната вистина за своите одлуки. И за време на единствениот, возбудлив викенд, ќе се прашаат длабоко во себе: Може ли љубовта навистина да го промени минатото?
-
Последната песна
0450,00 денСпаркс со право го носи епитетот „мајстор на романсата“. Во уште едно свое ремек-дело кое ќе ви ги стопли срцата, тој ни ја раскажува приказната за Рони, млада девојка која по разводот на нејзините родители сè уште е скршена и отуѓена. На инсистирање на нејзината мајка, три годни потоа, таа оди да помине едно лето со татко ѝ. Во тоа судбоносно лето, Рони го запознава Вил, момче по кое сите воздивнуваат. Додека полека ги урива ѕидовите што ги има изградено околу себе, Рони истовремено сè повеќе се зближува со татко си и длабоко се вљубува. Така, таа ја открива најголемата среќа, но и најголемата болка – какви што дотогаш нема почувствувано. Последната песна покажува, како што тоа го може само Николас Спаркс, на колку начини љубовта може да ни го скрши и… да ни го исцели срцето.
-
Во шумата
0450,00 денВо една летна вечер во 1984 година, во мало предградие на Даблин се случува ужасна трагедија. Три деца одат да си играат во блиската шума, а две од нив ќе исчезнат и никогаш нема да бидат пронајдени. Полицијата наоѓа само едно од децата, повредено и преплашено, кое не може да се сети што се случило…
По дваесет години, во истата шума се случува ново злосторство. Роб Рајан, преживеаното момче од првата трагедија, сега има нов идентитет и работи како детектив во даблинската полиција. Тој и неговата партнерка почнуваат да го истражуваат новиот случај, поврзан со свирепо убиство на една тинејџерка. Навлегувајќи во тајните на жртвата и на нејзиното чудно семејство, тие откриваат детали и за стариот случај. Со секоја нова трага, сеќавањата на Роб полека излегуваат на површина и неизбежно го водат назад во шумата…
Исклучителен психолошки трилер кој храбро навлегува во темнината што се крие зад животот на обичните луѓе. Напнатата атмосфера и комплексноста на ликовите ќе го одведат читателот на едно сурово патување низ сложената мрежа на злото, но и многу подалеку – до она што не може да се објасни.
-
Лов на тигар
0450,00 денПотерата продолжува – дали Алекс Крос е ловец или плен?
Тој е повикан на најлошото место на злосторство во сите негови години на полициска работа. Некој кој нема никаква почит кон човечкиот живот испотепал цело семејство – а по овие убиства следуваат нови, сè понемилосрдни.
Алекс и неговата девојка, детективката Бријана Стоун, се нурнуваат во случајот и се заплеткуваат во смртоносното африканско подземје на Вашингтон. Откриваат нешто толку вџасувачко што одвај може да се сфати: вешто организирана банда на деца-криминалци предводени од еден суров заповедник познат како Тигар. Кога недофатливата трага на убиецот ќе се појави во Африка, Алекс знае дека мора да тргне по него. Сам.
Стигнувајќи во Нигерија, тој открива свет во кој правдата е непознат поим. Ќе успее ли, незаштитен и сам во туѓа земја, опсипан со убиствените закани на Тигар, да преживее и да го фати убиецот?
Лов на Тигар, нов бестселер на Џејмс Патерсон полн со брзи пресврти и адреналин – трилер од кој застанува здивот.
-
Двојката од соседството
0400,00 денЕн и Марко Конти навидум имаат сè – љубов, убав дом и прекрасно бебе. Но една ноќ, додека се на вечера кај првите соседи, се случува ужасно злосторство. Сомнежот веднаш паѓа врз нив, родителите. Меѓутоа вистината не е толку едноставна. Внатре, зад спуштените завеси на куќата, полека се отплеткува потресната приказна за она што се случило. Детективот Резбак знае дека испаничената двојка нешто крие. И Ен и Марко набргу сфаќаат дека и двајцата имаат тајни што со години ги криеле еден од друг… Морничаво разоткривање на едно семејство. Напната приказна за измама, дволичност и неверство што ве остава без здив сè до конечниот шокантен пресврт.
„Пресвртот се случува толку брзо колку што брзо ги вртите страниците“ – Пипл
-
Несаканиот гостин
0400,00 ден„… OДЛИЧЕН КРИМИ-ТРИЛЕР СО ЗАВРШНИЦА СО КОЈА И АГАТА КРИСТИ БИ СЕ ГОРДЕЕЛА.“
Гостите еден по еден пристигнуваат во Мичеловиот пансион, длабоко во снежните планини Кетскил, не ни помислувајќи дека невремето ќе ги отсече од надворешниот свет. Постепено запознавајќи се, се обидуваат да го искористат тоа на најдобар начин. Но тогаш се појавува првото мртво тело – и тие се ужасуваат од помислата дека меѓу нив има убиец.
-
Таен сведок
0450,00 денОчекуваме од нашите судии да бидат чесни и мудри ‒ нивниот интегритет и нивната непристрасност се темелот на целиот правосуден систем.
Со својата долгогодишна работа како агент во Комисијата за судиска етика, Лејси Столц смета дека повеќето проблеми во работата на судиите се должат на некомпетентност, а не на корупција. Но на нејзината маса завршува токму таков случај. Еден бивш адвокат, кој се враќа во фелата под новото име Грег Маерс, тврди дека судијката Клодија Мек-Довер е најкорумпираниот судија во историјата на американското правосудство. Не само што за поткуп вмешала прсти во изградбата на големо казино во индијански резерват во кој важат други закони, туку е и тесен соработник на мозокот што стои зад сето тоа, фантомскиот мафијашки бос Вон Дјубоз. Планот со години функционира совршено.
Сега Грег и неговиот анонимен клиент ‒ Тајниот сведок ‒ сакаат да ја разоткријат судијката за милионска награда.На Лејси веднаш ѝ станува јасно дека тоа може да биде опасно. Што ако буквално си го става животот на коцка?…Од мајсторот на правниот трилер Џон Гришам, нов, опасно возбудлив роман за корупцијата во темните ќошиња на сончевата Флорида.