-
КАДЕ ИСЧЕЗНА, БЕРНАДЕТ?
0450,00 денЗапознајте ги сите лица на ноторната Бернадет Фокс! За нејзиниот маж и Мајкрософт-гуру, таа е ексцентрична и своеглава; за архитектонските кругови е пионер на зелената архитектура; за останатите мајки чии деца учат во истото приватно училиште, таа е дрска и асоцијална, а за петнаесетгодишната Би е едноставно мама и нејзина најверна другарка.
Еден ден, Бернадет исчезнува. Сè почнува кога Би се враќа со највисоки оценки и ја бара ветената награда – семејно патување на Антарктикот. Но сè посилната алергија на Бернадет од Сиетл – и од луѓето воопшто – ја прави толку голем агорафоб што најмува виртуелна асистентка од Индија за најосновни секојдневни работи. Патувањето на крајот од светот ѝ задава дополнителни главоболки…
Во обид да ја најде мајка си – но и да ја разбере – Би собира имејлови, официјални извештаи, тајни преписки, доверливи документи од ФБИ, создавајќи заразно читлив и трагикомичен епистоларен роман за потиснатиот гениј и за силниот однос меѓу една мајка и една ќерка во овој апсурден свет.
„Нетрадиционален роман за еден извртен гениј и силната врска меѓу мајка и ќерка, но можеби премногу ќе се смеете за да забележите.“ Опра магазин
-
ТУНЕЛ
0199,00 денРоманот Тунел е еден од најкарактеристичните романи од хиспано културата на ХХ век. Преку 39 кратки поглавја, Сабато ни ја раскажува љубовната приказна меѓу Марија и Хуан Пабло и злосторството поттикнато од една огромна страст, од човечката немоќ за комуникација. Раскажан во прво лице, Тунел е, всушност, отсликување на егзистенцијалниот тунел на современиот човек, неговата очајничка потрага по комуникација и разбирање.
Овој роман се смета за прв дел од трилогијата на аргентинскиот писател Сабато, заедно со Херои и гробови и Абадон, уништувачот.
-
ЉУБОВ СО МАЛИ БУКВИ
0199,00 денПрвиот ден од новата година. Самуел де Хуан, триесет и седумгодишен професор по германска книжевност, своеволен осаменик во постојан страв од ненадејна смрт, се буди уверен дека ни таа нова година нема да му донесе ништо ново. Меѓутоа, еден мал четириножен посетител влегува во неговиот самечки живот, со цврста намера и да остане во него. Доаѓањето на Мишима, младиот уличен мачор, е почеток на чудесните промени во херметичкиот свет што си го создал главниот јунак, првиот мал чекор кон љубовта во мало… Чекор по чекор, Самуел де Хуан го напушта својот тивок свет на книги, музика и филмови, своите вкоренети навики и домашната ергенска педантерија, и се преселува во свет со „густо населена, бучна осаменост“.
Благодарејќи на лукавиот мачор, ги запознава необичниот Валдемар, поранешен физичар што е преокупиран со тајните на Месечината и на човечката душа, стариот сосед Титус, компилатор на разни водичи низ животот и магијата, убавата и осамена ветеринарка и светот на случајностите што ќе го вратат триесет години назад, во замокот на „бакнежот на пеперугата“, и кај Габриела, осамената жена на неговиот живот.
Забавна и нежна приказна за љубовта и пријателството, што ќе го трогне читателот со малите тајни на среќата.
„Франсеск Миралјес е длабок, бистар и оригинален писател. Им го препорачуваме овој роман, лекција по љубов и човечност, на сите што веруваат дека можностите на човечкото духовно зреење и менување немаат граници. “
-
Лола и момчето од соседството
0270,00 денНадежната дизајнерка Лола Нолан не верува во мода… таа верува во костим. Колку поизразита облека – посјајна, позабавна, полуда – тоа подобро. И животот, во тој свет на Лола, особено со нејзиниот дечко, сексипилниот рокер, е скоро совршен. Така и е, се додека во нејзиното соседство не се вратат ужасните близнаци Бел, Калиопи и Крикет и не го откопаат болното и навредливо минато за кое Лола мислеше дека е одамна закопано…
-
Бруклин
0199,00 денЕлис Лејси не може да најде добра работа во Ирска. Свештеникот Флуд ѝ нуди одлични можности за работа преку Атлантикот, во Големото јаболко. Во Бруклин. Елис не може без семејството и пријателите, ама сепак тргнува во потрага по подобар живот. Се качува на прекуокенаскиот брод за да заплови во водите на животот.
Таа вредно работи и учи во Америка, во ветената земја, ама носталгијата постојано расте. Еден ден го запознава Италијанецот Тони и тие се вљубуваат. Елис е пред ново искушение и мора да избере меѓу љубовта и родното место.
Незаборавен роман, натопен со човечка длабочина, забавен и вешто скроен… Чувствителен и неодолив портрет на една девојка чиј што мирен семеен живот се претвора во интересна љубовна романса. Ова е најпознатиот роман на ирскиот писател Колм Тојбин, со кој тој ја доби престижната награда Costa Book Award и беше во потесен избор за ексклузивната европска награда Booker. Според сценариото од оваа новела во 2015 година беше снимен и светски познатиот филм, кој што под истоимениот наслов „Бруклин“, доби три номинации за Оскар
-
Снеговите на љубовта – книга втора
0199,00 денОд време на време Сеит повторно води боемски живот. Се забавува со убави жени, пие вотка. Отвора луксузни ресторани со музика и танчарки во Пера – срцето на Истанбул, како и во летувалишта на островите и бреговите на Мраморно Море. Читателот ќе дознае за што разговарал таму со турскиот претседател и војсководец Ататурк, додека на подиумот деца, врвни танчари, изведуваат казашки танци…
Таму ги доживуваат најубавите љубовни мигови со Мурка.
Деновите на удобниот живот и раскошните забави се далеку. Со Мурка и со ќерките се борат со немаштија, болести… Во родната Алушта на Крим, болшевиците го убиваат татко му Мирза Еминов и ја искоренуваат целата негова фамилија.
Светот влезе во Втората светска војна…
Со Мурка доживуваат и други семејни трагедии, кога умира нејзината најмлада сестра, а ќерката Леман, миленичка на Сеит, (мајка на авторката Нермин Безмен) има несреќен брак. Нејзиниот маж ја изневерува на најподмолен начин…
Сеит е разочаран, предвреме остарен и му се враќаат спомените за првата љубов Шура…
-
Снеговите на љубовта – книга прва
0199,00 денНа бродот за Париз, заедно со Шура замина и минатото на Курт Сеит, сите соништа што никогаш нема да се остварат и татковината во која веќе не ќе може да се врати, фамилијата и пријателите што веќе никогаш нема да ги види. Иако и натаму го следат спомените на бурната љубов, Сеит запловува во брачните води со младата Мурка и сега за таа детинеста, срамежлива, ама и љубоморна жена го поврзуваат длабоки чувства. Сепак, нивниот однос е преполн со издигања и падови, затоа што погледите на животот доста им се разликуваат. Сеит копнееше за Америка, а Мурка пак не сака да се оддели од семејството, а тука се и ноќите што Сеит поради природата на својата работа ги поминува надвор од куќата и сенката на Шура што од време на време се појавува над нив.
Читателот во вториот дел од „Снеговите на љубовта“, документарна сага од брилијантната авторка Нермин Безмен, емотивно ќе ги доживее новите драматични доживувања на главниот јунак…
Романот во делови „Снеговите на љубовта“ е плод на долготрајното истражување на авторката и веднаш по објавувањето ја освои пошироката публика.
-
Снеговите на љубовта
0199,00 денЕдна снежна ноќ, додека во блескавата Москва одекнуваат нотите на Чајковски, младиот царски офицер Сеит на бал ја запознава занесната благородничка Шура. Волшебниот миг во кој погледите им се сретнуваат засекогаш ќе ја смени нивната судбина. Потполно маѓепсани еден од друг, двајцата млади знаат дека за нив никогаш не може да постои никој друг, без разлика на сѐ што ги разделува.
Од живописната Јалта на крајот на XIX век, до волшебната раскошна Москва и Цариград, оваа трогателна приказна ги следи Сеит и Шура, што во опасниот виор на историски превирања се борат само за едно – правото на своја љубов.
Првата светска војна, руската револуција, страдање, пекол… Сепак, нивните срца ќе сторат сè, за да останат посилни од татнежите на топовите.
Според безвременската и легендарна сага на Нермин Безмен, напишана по вистинити настани, снимена е една од најскапите и најпопуларните телевизиски серии која под наслов „Снеговите на љубовта“ беше прикажувана и кај нас…
-
П.С. Ми се допаѓаш
0390,00 денДодека скита со мислите на часот по хемија, Лили ќе начкраба неколку стихови од нејзината омилена песна на клупата. Следниот ден открива дека некој ги продолжил стиховите на клупата и допишал порака за неа. Интригантно!
Наскоро, Лили и нејзиниот анонимен пишувач почнуваат да разменуваат писменца – споделуваат тајни, си препорачуваат бендови и се отвораат еден со друг. Лили сфаќа дека почнува да се вљубува во пишувачот на писменцата. Само, кој е тој? Додека Лили се обидува да ја разоткрие мистеријата и истовремено се справува и со училиштето, пријателите, симпатиите и нејзиното откачено семејство, таа открива дека срцето понекогаш не избира во кого ќе се вљуби…
Кејси Вест внесува една неодолива духовитост, топлина и енергија во оваа забавна и весела приказна за љубов што се појавува тогаш и таму кога најмалку ја очекувате.
-
ЗАХИР
0380,00 денЕден ден познатиот писател дознава дека неговата сопруга, воен известувач, исчезнала без трага. Иако времето му донесува нови успеси и нови љубови, нејзиното исчезнување се повеќе го збунува – и се повеќе го опседнува. Дали е киднапирана, или станала жртва на уцена или едноставно здодеал нивниот брак? Немирот што го предизвикува таа е силен исто колку и привлечноста што ја зрачи. Потрагата по неа – и по вистината за неговиот сопствен живот – го води од Франција во Шпанија, во Хрватска и во прекрасните и пусти пејзажи на централна Азија. И повеќе од тоа – го одведува од сигурноста на неговиот свет на сосем неизвесен пат, на кој ќе побара нова смисла на природата на љубовта и на силата на судбината. Со својот нов роман Пауло Коелјо не само што покажува колку силна и маѓесна е неговата раскажувачка вештина туку и ни разоткрива чудесен увид во она што значи да бидеш човечко суштество во светот преполн со можности. Пресоздавајќи го стариот мотив од исламската традиција, мотивот захир, односно оној што е видлив, присутен и што не е можно човек да го превиди – а на кој Борхес своевремено му даде статус на книжевна јавност – Коелјо го пишува својот Захир: опсесијата со љубовта која ту му изгледа света ту луда.
-
ЕЗЕРО
0250,00 денРибарско село на крајот од светот. Загадено езеро што полека пресушува и кобно се повлекува од бреговите. Мажите пијат вотка, жените се грижат за нив додека ловат риби среде бурите, а децата ја имаат за чешање својата егзема. А што има Нами? Нами нема ништо освен една бабичка со дебелкави раце. Но има и живот пред себе ‒ другари и детски игри, љубов кон училиштето, прва љубов што му ја обесчестуваат руските војници, а потоа му одземаат и сè друго…
Но ако еден живот може да започне на крајот од светот, тогаш можеби може да заврши и на неговиот почеток. Приказна стара колку и самиот човек. Нејзиниот јунак тргнува на патување само со својата храброст и палтото што некогаш му припаѓало на дедо му ‒ за да ја најде мајка си. Но за да ја открие големата мистерија, мора да заплови и да го заобиколи езерото, а најпосле, да потоне до неговото дно во потрага по своите корени.
-
ДЕВОЈКИТЕ
0420,00 денСеверна Калифорнија, крај на турбулентните шеесетти години. На почетокот на летото осамената тинејџерка Еви Бојд здогледува три девојки во паркот чија разузданост и опасна аура веднаш ѝ го привлекуваат вниманието. Таа е маѓепсана од волшебната Сузан и е вовлечена во озлогласен култ чиј водач е мошне харизматичен човек…
Скриен во брдата, нивниот голем ранч е сенишен и полураспаднат, но за Еви е егзотично, возбудливо, наелектризирано место и очајнички сака да биде прифатена во нивната комуна. Сè повеќе време поминува одделена од мајка си и далеку од ритамот на дотогашниот вообичаен живот. Додека нејзината опседнатост со повозрасната Сузан расте, Еви не забележува дека се навестува незамисливо насилство…
Брилијантен роман кој понира во неверојатни психолошки длабочини, чудесно и одлично напишан. Со зрелост поголема за своите години, Ема Клајн напишала мудар и ни малку претенциозен роман – одмерено а возбудливо сведоштво за похотата и ужасот.
„Извонредна, опојна и интригантна приказна за созревањето, раскажана со толку убаво изработени реченици што можат да се носат како накит…“ Њујорк тајмс
-
ДЕВОЈКАТА ШТО САКАШЕ ОДМАЗДА
0500,00 денЛизбет Саландер и Микаел Блумквист се враќаат во петтото продолжение на серијалот Милениум на Стиг Ларсон! Осудена на двомесечна затворска казна поради самоволно постапување при спасувањето на животот на едно дете, Лизбет Саландер одбива да каже што и да е во своја одбрана. Таа се интересира за многу поважни нешта. Микаел Блумквист секоја недела поминува долг пат за да ја посети – но и за да добие некоја нова трага за своето истражување, кое би било значајна приказна за списанието Милениум. А неа, пак, тоа би можело да ја одведе до вистината за нејзиното детство. Иако е попречена од корумпираниот затворски систем кој во голема мера го раководат озлогласени затворенички, Лизбет по секоја цена ќе се бори за своите убедувања. Ќе ја бара вистината поврзана со сопственото сеќавање од детството – сеќавањето на жената со белег на вратот што потсетува на змеј што блуе оган…
Тензијата и моќта на исклучителните херои од трилогијата Милениум на Стиг Ларсон, земаат нов замав. Лизбет Саландер и Микаел Блумквист ја продолжуваат својата борба за вистината и правдата што возбудува милиони читатели низ целиот свет…
-
Девојката што пишуваше на свила
0450,00 денНа островот Оркас штотуку дипломираната Инара Ериксон го истражува имотот на својата неодамна почината тетка, која ѝ го оставила во наследство. Случајно наоѓа внимателно скриено, извезено парче свила. Додека ги разоткрива слој по слој тајните што тоа ги крие, животот почнува да ѝ се испреплетува со животот на Меј Лиен, младата Кинезинка што пред повеќе од еден век била протерана од својот дом. Низ приказните што Меј Лиен ги раскажува везејќи ја свилата, Инара ја дознава трагичната вистина што длабоко ќе го потресе нејзиното семејство, а неа ќе ја натера да се осмели на незамислив чекор…
Инспириран од вистински настани, брилијантниот историски роман на Кели Естиз е потресна приказна за две жени поврзани со времето и судбината. Жени со силен дух и достоинство, цврсто решени да постапат правилно, независно од цената што треба да ја платат. Зашто додека не се каже вистината за минатото, не може да се најде спокој во сегашноста.
„Девојката што пишуваше на свила е преубав, елегичен роман, извезен фино и деликатно, токму како што навестува и самиот наслов. Кели Естиз ткае волшебна приказна што го осветлува минатото во сета негова суровост и убавина, како и човечноста што нè спојува сите нас.“ Сиетл викли
-
ДЕВОЈКАТА ВО ПАЈАКОВА МРЕЖА
0500,00 денЛИЗБЕТ САЛАНДЕР И МИКАЕЛ БЛУМКВИСТ СЕ ВРАЌААТ ВО ДОЛГООЧЕКУВАНОТО ПРОДОЛЖЕНИЕ НА СЕРИЈАЛОТ МИЛЕНИУМ
Франс Балдер, ексцентричен гениј и еден од водечките информатички експерти, ненадејно се враќа во Шведска од Силиконската Долина, каде што работел во една од најмоќните светски компании. Од поранешната сопруга го зема аутистичниот осумгодишен син, се затвора во својата добро обезбедена куќа и сосем се осамува.
Микаел Блумквист е во длабока професионална криза – подолго време нема напишано текст што ќе ги потресе столбовите на општеството и ќе го врати списанието Милениум на старите патеки на славата. Една вечер му се јавува Балдер, па иако е сомничав кон информатичарот, оди кај него на разговор.
Во исто време, непознат хакер провалува во серверите на Националната безбедносна агенција (НСА). Во „Хакерската република“ слават, затоа што само една личност на светот можела да го стори тоа – неповторливата Лизбет Саландер. Но таа не прави ништо доколку за тоа нема длабоки причини, кои секогаш се поврзани со нејзината желба да ја задоволи правдата.
Девојката во пајакова мрежа е трилер кој обожавателите на делата на Ларсон долго го очекуваа, роман кој, како и претходните, навлегува во актуелни и болни општествени теми.
-
ДА КУПИМЕ ПОЕТ
0250,00 денВо едно замислено општество, материјализмот ги контролира сите аспекти од животот на своите жители. Луѓето имаат бројки место имиња, сета храна е мерена со точна прецизност, а мерливи се дури и чувствата. Во ова општество семејствата можат да чуваат уметници како миленичиња. Протагонистот на приказната е млада девојка кој избира да има поет. Поетот не е премногу скап или премногу валкан – како сликарите или скулптурите – ама неговиот стих може многу да влијае врз околностите. Откако ќе си набави поет, животот на девојката никогаш повеќе нема да биде ист… Овој роман на Круш е длабоко инспириран од економската криза во Португалијa, особено од прекумерната важност што им се дава на финансиските прашања. Делото плени со својата едноставност, но и со остроумна иронија, реторичност, таинственост и хумористичност. Низ неа писателот пренесува универзални човечки пораки, критикувајќи го современото потрошувачко општество. Низ роман и за млади и за возрасни, писателот ја демистифицира поезијата и секојдневните животни контексти во кои може да се смести истовремено претставувајќи ја како врвна уметност на слободата.