-
Изброј ги ѕвездите
0350,00 ден„Колку си храбра, малечка Анемари?“
Годината е 1943, а за Анемари Јохансен, животот во Копенхаген е сложена смеса од обичното домашно и училишно секојдневие, недостигот од храна и постојаното присуство на нацистички војници на улиците. Храброста се чини како нејасна доблест, што ја поседуваат витези што убиваат змејови во приказните што ù ги раскажува на помалата сестра, Кирсти.
Додека германските трупи ја почнуваат мисијата за „релоцирање“ на сите Евреи од Данска, семејството Јохансен ја згрижува најдобрата другарка на Анемари, Елен Росен, претставувајќи ја како дел од семејството. Девојчињата живеат како сестри, сè додека не стане јасно дека треба да се стори нешто повеќе за да се спасат Елен, нејзиното семејство и сите Евреи од Данска.
Во оваа приказна за хероизмот на една цела држава, нарацијата за данскиот отпор и нивниот план да го прошверцува целото еврејско население од Данска – речиси седум илјади луѓе – преку море до Шведска е раскажана со гордост и со надеж низ очите на едно мало девојче.
-
Бегај
0450,00 денТвојата ќерка е исчезната.
Зависничка е од дрога и од момче кое ја малтретира. И ти ставила јасно до знаење дека не сака да биде најдена.
Потоа, сосем случајно, ја гледаш како настапува како уличен изведувач во њујоршкиот Централ парк.
Но, таа не е девојката која ја паметиш ти. Оваа жена е изгубена, исплашена и очигледно во неволја.
Не размислуваш ни за момент. Ù приоѓаш, ја молиш да се врати дома.
Таа бега.
И ти ја следиш во мрачниот и опасен свет кој никогаш не си знаел дека постои. Во кој владеат криминалните банди, каде што дрогата е главна валута, а убиствата нешто вообичаено.
Сега твојот живот е во опасност. И никаде и никој не е безбеден.
-
Кралска измама
0550,00 денКотон Малоун е повторно во акција!
Котон Малоун и неговиот петнаесетгодишен син, Гери, се упатени кон Европа. Поради услуга што му ја должи на својот поранешен шеф во Министерството за правда Малоун се согласува да го придружува тинејџерот-бегалец и да го врати во Англија. Но откако е пречекан со вооружена престрелка во Лондон, во која и бегалецот и Гери исчезнуваат, Малоун сфаќа дека има нагазено на високоризична дипломатска конфронтација – меѓународен инцидент поткрепен со гео-политички превирања и со запрепастувачки тајни од династијата на Тудорите.
– Стив Бери во новата меѓународна авантура успева на наративен и само за него својствен начин да ги замеша современите политички интриги, предавството на Тудорите и возбудувањата во еден возбудлив роман на неизвесност.
-
Одмаздата на богомолката
0350,00 денЗА ДВЕТЕ НАЈГОЛЕМИ ЧОВЕКОВИ СОПАТНИЦИ ВО ЖИВОТОТ: ЉУБОВТА И БОЛКАТА.
За колкумина од оние што ги познавате можете да сте сигурни дека љубовта или болката не го бојадисале нивниот живот, во бои зависно од чувствата што ги одбележале? Ако се замислиме, ќе сфатиме дека всушност на секој возрасен човек љубовта и болката се навистина најчестите сопатници во животот. -
НЕБЕСКА ТИМЈАНОВНА
0350,00 денОва е само една вистина, зашто вистини има стопати по толку, којзнае колкупати по толку. Вистини има колку што има и луѓе. И живи и мртви.
Со овие зборови големиот Петре М. Андреевски ни ја отвора приказната на Небеска Тимјановна, оставајќи ја самата да ни ја раскаже. А како да се раскаже цел еден живот – тегобен и испреплетен со маките на сопствениот народ? Има ли зборови што можат да го опишат тоа што го гледаат очите, тоа што го страда срцето? И колку цврст треба да биде човекот за да ги издржи животните искушенија: стрелањето на непокорниот татко, љубовниот неспокој што мора да се крие од другите, пеколните борби во планините, цицалчето кое мора да се напушти, обвинувањата на довчерашните другари, страдањето во логорите заради идеалите за кои е жртвуван целиот живот?…
И пак да сe најдат сили за да се надмине сè и на крајот сè да се раскаже – за да остане запаметено, за да не се заборави.
-
Доктор Сон
0500,00 денПродолжение на безвременскиот бестселер „Сјаење“
Хотелот „Видиковец“ беше местото каде што неговата момчешка дарба за „сјаење“ ја отвори вратата кон пеколот. Ден Торенс денес е возрасен човек, но духовите од „Видиковец“ – и алкохолизмот и насилството наследени од татко му – го влечеа со години. Сега, помогнат од заедницата на Анонимните алкохоличари во Њу Хемпшир, Ден им го ублажува умирањето на лицата во еден дом за стари и изнемоштени лица, каде што го нарекуваат „Доктор Сон“.
Снажен пејзаж на страв – Њујорк тајмс
Застрашувачки – Кливленд плејн дилер
Исцрпно страшно – Њујорк дејли њуз
Ненадминлива имагинација – Опсервер
-
Што направи?!
0390,00 денТребаше да биде совршено повторно обединување: шест пријатели од средно заедно по дваесет години. Домаќинката Али има живот каков што посакувала отсекогаш, кариера со која може да се гордее и прекрасно семејство со нејзиното момче од средно, сега сопруг. Но, таа вечер нејзината најдобра пријателка искажува шокантно обвинение по кое ништо нема да биде исто.
Кога Карен влегува од градината, крвава и повредена, тврди дека била нападната од сопругот на Али, Мајк. Али мора да одлучи веднаш: кому да му верува? На нејзиниот преплашен сопруг или на најдобрата пријателка? Мајк раскажува сосем поинаква верзија на настаните, Али знае дека еден од нив лаже – но кој? И зошто?
Хаосот што го зафаќа нејзиниот живот ја принудува да ги преиспита златните години што групата ги поминала заедно. Али сфаќа дека има и помрачни сеќавања. Сеќавања што лежат закопани со децении. Сеќавања за кои некој би убил за да ги заштити.
-
Големиот Гетсби
0250,00 денГолемиот Гетсби е меѓу најславните романи за падот на „американскиот сон“ и моралната декаденција на монденското општество.
Овој роман ја прикажува „добата на разочарувањето“, или според Фицџералд „ерата на џезот. -
Гордост и предрасуда
0350,00 денПриказната го следи животот на главниот карактер Елизабет Бенет, која се соочува со прашањето на манирите, воспитанието, моралот, етиката, образованието и бракот во англиското општество на крајот на 19 век.
Гордост и предрасуда е сè уште интересна за модерните читатели и се наоѓа на врвот на листите за најчитани книги.
-
ДНЕВНИКОТ НА ЕДЕН ВОЛШЕБНИК
0380,00 денДневникот на еден волшебник е восхитувачка приказна на Пауло Коелјо за неговиот аџилак по средновековниот чудесен Пат на свети Јаков до Сантјаго. Тоа е духовна потрага полна со авантури, но истовремено и фасцинантна алегорија за потребата од пронаоѓање на сопствениот животен пат. Борејќи се со многу искушенија, натчовечки напори за исполнување на задачите поставени од водачот-учител и неочекувани борби со внатрешните демони, патникот ќе ги научи најважните лекции за животот и за она што нè први луѓе. На крајот од патот, ќе ја открие и најголемата тајна – дека не е важно да ја имаш моќта, туку да знаеш како правилно да ја искористиш.
Ова е една од најважните книги на Коелјо, не само затоа што е негов прв голем роман, претходник на Алхемичарот, туку и поради целиот начин на кој во него е изразена хуманоста на филозофијата на Коелјо и длабочината на неговата духовна потрага.
-
Ваби-Саби
0320,00 денДоаѓаме од ништо и кон ништо се упатуваме. Во средината сме нешто. И тоа нешто го нарекуваме живот.
Самуел е во осумгодишна врска со Габриела, но сè уште живее сам во својот стан, занимавајќи се со часовите по германски и повремено помагајќи му на Титус, соседот кој работи како уредник на книги за мотивација.
Едно јунско утро добива разгледница од Јапонија на која е прикажано маче со подигната шепа и со една таинствена порака: Ваби-саби. По неколку дена добива и втора разгледница со фотографија од еден храм.
Еден неочекуван настан го поттикнува на далечен пат кон оваа азиска земја. Таму тој ќе ја научи убавината на несовршеноста, таму ќе му се отвори неочекуваниот прозорец на љубовта…
-
НЕМА, И НЕКА НЕ НИ ИМА
0250,00 денНема, и нека не ни има ја разоткрива секојдневната драма на сложените семејни и човечки врски во кои единката треба да се снајде и да преживее. Преку личните приказни, Едина Сворен со богата палета го портретира и современото унгарско општество, носејќи го читателот на прошетка низ секојдневниот живот на Будимпешта, градот кој ги обединува приказните во книгата. Малите ликови како да се изгубени во лавиринтите на големиот, безличен град. Нивните навидум незначајни приказни, создадени под товарот на апсурдот, ја носат во себе самоиронијата на преживеаните. Спонтано раскажани и полни со ноншалантен хумор, детално откривајќи ни ја мапата на меѓучовечките односи, тие истовремено умеат и да заболат.
Сите приказни во книгата се фокусираат на семејството – централната сцена која обезбедува модел за нашите животи, без разлика дали се бориме на таа сцена или само набљудуваме отстрана. Тоа им дава на приказните богата атмосфера во која секојдневниот реализам е успешно комбиниран со иронијата и апсурдноста, без да ги претвори ликовите и ситуациите во стереотипи, туку давајќи им сложеност и нудејќи длабока анализа на емоциите и размислувањата на современиот Европеец.
Нема, и нека не ни има ја доби Наградата за литература на Европската Унија во 2015 година.
-
ЗИМСКИ РАСПУСТ
0350,00 денПоследен училиштен ден, ден пред зимскиот распуст. Родителите планираат романтичен викенд. Берглјот се радува што ќе може да излезе со симпатијата, а потоа да преспие кај најдобрата другарка надолго да си разговара со неа, додека братчето Браги смислува како ќе го помине времето кај своето другарче… Но ненадејно мајка им добива голем правен случај што не може да го одбие и пропаѓаат сите убави планови. Лути и смуртени, Берглјот и Браги заминуваат со татко им на одмор во планинската куќичка, а мајка им останува дома…
Никој од нив не може ни да претпостави дека тоа ќе им биде најнеобичниот – и најкрвавиот зимски одмор во животот. Денови исполнети со страв, студ и бегање пред опасноста што се надвиснува над нив, заробени од една вонземна канибалистичка цивилизација што се заканува целосно да ги уништи…Брутално реалистична хорор приказна… Страшно возбудлива и одлично напишана книга која просто се голта…Хелга Биргисдотир, Хуграс
-
ЧОВЕКОТ ОД КРЕДА
0420,00 денВо 1986 г., во своето задремано англиско селце, Еди и неговите другари го минуваат безгрижно летниот распуст пекајќи по некаква авантура. Таа доаѓа во ликот на новиот наставник – висок и необично бел човек когошто го нарекуваат Човекот од креда. Од него ги добиваат првите креди во боја и идејата да си оставаат нацртани пораки разбирливи само за нив. Сè додека еден ден мистериозно појавеното човече од креда не ги одведе кон едно распарчено човечко тело запретано под лисјата во шумата…
Во 2016 г. Еди е веќе возрасен човек и наставник во своето некогашно училиште. Монотоното секојдневје му го нарушува неочекуваното пристигнување на едно писмо – човече нацртано со креда. Излегува дека истото писмо го добиле и неговите другари од детството. Кога еден од нив ќе биде најден мртов во реката, ќе сфатат дека не се работи само за лоша шега. За да се спаси од кошмарот, Еди мора да сфати што точно се случило пред 30 години…
„Имав заборавено што значи непроспиена ноќ затоа што не можеш да се разделиш од некоја книга. Благодарение на Човекот од креда, повторно се потсетив на тоа чувство.“ Фиона Бартон, Њујорк тајмс
„Сакате да прочитате нешто добро?… Ако ги сакате моите дела, ова сигурно ќе ви се допадне.“ Стивен Кинг
-
ДЕВОЈКАТА ОД МОЧУРИШТЕТО
0500,00 денГласиштата за Девојката од мочуриштето со години кружат низ Баркли Коув, тивкото гратче на брегот од Северна Каролина. Кога кон крајот на 1969 година богатиот Чејс Ендруз ќе биде пронајден мртов, сомнежот на мештаните веднаш паѓа врз Каја Кларк, таканаречената Девојка од мочуриштето. Меѓутоа Каја не е онаква каква што ја опишуваат. Чувствителната и остроумна девојка со години живее сама во куќичката на брегот на мочуриштето што го нарекува дом, спријателувајќи се со галебите и откривајќи ги животните лекции во песокот. Но доаѓа време кога почнува да копнее по љубов и прегратка. Кога нејзината дива убавина ќе маѓепса двајца младичи од градот, Каја го отвора срцето за новиот живот ‒ но тогаш се случува незамисливото.
Девојката од мочуриштето е едновремено неверојатна ода на природата, приказна за растењето и влегувањето во светот на возрасните и мистериозен случај на можно убиство. Авторката нè потсетува дека ние сме обликувани од децата што сме биле порано и дека сите сме подложни на убавите и насилни тајни што ги крие природата.
„Болно убава!“ Њујорк тајмс
-
МОМЧЕТО МОЛЊА
0300,00 ден– Кој си ти?
– Јас?! Мене ме прашувате
– Да, тебе.
– Какво прашање! Па јас сум момчето Молња!
– Што бараш меѓу кориците на оваа книга?
– Овде сум за да ви раскажувам.
– Што ќе ни раскажуваш?
– За себе, за… Е, многу сте љубопитни!
– Кажи ни, кажи ни!
– Прочитајте ја книгава и сè ќе дознаете.
– Да не е здодевна?
– Мислам дека не е. Но почнете и сами уверете се.Има одвај десет години, духовит е, шармантен, чувствителен, прониклив, љубопитен, со бујна фантазија и со авантуристички дух. Таков е и неговиот роман – засмева, растажува, замислува. Забавнаи возбудлива е дружбата со него. Јунаците, местата и настаните се автентични, нема случајни сличности. Раскажувајќи ја својата вистинска приказна, момчето Молња извикува:
– Еј, мајки и татковци, баби и дедовци, внимание ,молам! И ние вас ве растеме додека пораснуваме. Сте забележале? Да? Не? Можеби? Проверете. Ако внимателно нè погледнете, и себе појасно ќе се видите. Така полесно ќе се разбираме.
Момчето Молња, роман за деца и за родители, од авторката на Каменот од Твојот ден (Рациново признание за 2005), Индиго Бомбај (Роман на годината на „Утрински весник“ за 2008), Дрско црвен кармин…