-
Првиот ден од остаток на твојот живот
0450,00 денНајскапоценото нешто што го имам е срцето, а него не можам да ти го дадам, па ти го давам тоа што ми помогна да го запознаам.
Маел, директорка за финансии во успешна развојна фирма, живее забрзан живот што се сведува на одење на работа и повремени задоволства. Нејзините соништа… зар таа има време за нив? Во тој строго испланиран живот нема место за мечти, сѐ до денот кога нејзината најдобра пријателка, Романа, ќе ја замоли за голема услуга.
Прашање на живот и смрт.
Маел е пред најважниот тест, но сепак прифаќа и оди на патување во далечниот Непал. Искачувањето кон врвовите на Анапурна, на хималајскиот венец, ќе се претвори во вистинско духовно патување. Кога младата жена ќе сфати дека реалноста можеби не е онаква каква што ја замислувала, започнува нејзиното лично преиспитување. Во текот на возбудливите искуства и средби, Маел ќе го најде клучот за вистинската среќа и ќе си го промени животот од корен.Дали ќе успее да ја спаси и својата пријателка?
„Гледам само еден начин човек да дознае до каде може да се стигне. Да тргне и да оди.“
Анри Бергсон
-
-
-
Скопјани
0290,00 ден„Оваа книга е мал колаж од песни и други стихозборја и тивкозборја, игрозборки и зборограпки, сонофатки и досеќавалки, слова, записи, документи, препеви паметења, и уште други зборовни итроштини, врзани исклучиво за Скопје и за скопјани“ ќе напише Гане Тодоровски во белешката кон Скопјани, што можеби неслучајно се наоѓа во средсрцето на оваа книшка. Низ овие стихувани страници со документаристичка вредност, поетот пее за конкретни теми, објекти и личности сместени во реалистична просторно-временска рамка каде што опеаното се актуализира. Овде поетската слика е отворена и согледлива, што ја прави оваа поетска збирка комуникативна и читлива и надвор од својот контекст.
-
-
Невидлив
0400,00 денПриказна за едно дете кое, раководејќи се од најлошиот советник – стравот, посакува да има супермоќи како суперхероите од стриповите што ги чита. Го прави тоа за да се спаси од насилството што го трпи од соучениците. Посакува да стане невидливо, како механизам за бегство, за заштита од суровата реалност што го опкружува, без да биде свесно дека всушност страда. Детето не добива помош од никој, бидејќи е невидливо за сите оние што гледаат што се случува но претпочитаат да не видат, за сите што не сакаат да гледаат и ја вртат главата настрана, и за сите што гледаат но се плашат или едноставно мислат дека тоа не е нивен проблем. Како што вели и самиот автор: „Никој не е невидлив ако другите не му помогнат да биде невидлив“.
Невидлив е приказна раскажана низ призмата на насилникот и жртвата, неговата симпатија и пријателите, родителите и наставниците, и поучна за сите што ќе ја прочитаат.
Училишното насилство отсекогаш било присутно меѓу нас, но овој роман е напишан сега и тука, од талентиран автор што го прави ова искуство уште помоќно од она во реалноста.
Романот досега има повеќе од дваесет изданија и е преведен на многу јазици. Невидлив ги добива наградите „Јолео“ и „Аче“ за 2019 година, а бил финалист и за наградата „Менхалибрес“.
-
Крадецот на сенки
0430,00 ден„Возбудлива, романтична, психолошка и секси сторија за најпребирливите читателки…“
Озлогласен поради своите диви, еротски потреби, Лазар Хантингтон, лордот Кер, е во потрага по бруталниот убиец во Сент Џајлс, во најозлогласениот лондонски кварт. Младата и преубава вдовица Темпранс Дус, од- лично го познава Сент Џајлс – целиот живот го поминала грижејќи се за неговите деца во сиропиталиштето што го води нејзиното семејство. Понудата на лордот Кер е едноставна: ако Темпранс му помогне да го пронајде патот низ опасните улички на Сент Џајлс, за возврат ќе ја внесе во високите лондонски кругови за да пронајде мецена за својот дом за сираци. Но, Темпранс не е толку невина колку што можеби изгледа. Она што на почетокот изгледа како студена рамнодушност наскоро прераснува во страст што ни тој, ни таа не можат да ја контролираат и што може да ги уништи. „Опојна комбинација на љубовна приказна, историски роман и бајка… Предизвикувачка, сензуална и забавна приказна со несекојдневни главни јунаци, што ќе ги воодушеви читателките што се жедни за длабоки и вистински чувства.“
Буклист
-
Менталист
0650,00 денНОВ ИНТЕРНАЦИОНАЛЕН ТРИЛЕР ФЕНОМЕН
Во забавен парк на периферијата на Стокхолм се појавува тело на брутално убиена жена во кутија избодена со мечеви. Додека полицијата е збунета, новинарите го нарекуваат убиецот Худини. Дали се работи за магионичарски трик што тргнал наопаку или за шокантно садистичко убиство? Злосторство какво што детективката Мина Дабири не видела досега. И тоа е само почеток…
Како што се продлабочува мистеријата за бруталното убиство, Мина бара помош од познатиот менталист Винсент Волдер. Само тој може да ѝ го претстави тајниот свет на илузиите. Наскоро откриваат дека жртвата го има изгравирано римскиот број III на ногата. Одбројување? Да, ќе има уште убиства. А и Винсент и Мина имаат мрачни тајни, така што станува очигледно дека и нивното минато е поврзано со она што се случува. Времето тече, а темпото станува сè побрзо.
Камила Лекберг и Хенрик Фексеус ги здружија силите во неверојатниот енигматичен трилер, претставувајќи една друга страна на овој жанр, полн со трикови, илузии и безмилосни убиства.
-
Татко ми, Босфор
0350,00 денНа самиот крај од XIX век и почетокот на XXI век, некаде помеѓу современиот свет и почетокот на падот на Oсманлиската држава, се случуваат две, навидум различни приказни.
Камила Џалал е посветена детективка која ќе го преврти Истанбул за да ја најде причината за смртта на нејзиниот сопруг.
Но, Камила Џалал е и девојка која по низа несреќни случаи во нејзиниот живот почнува да станува блиска со луѓето околу султанот во сарајот Јилдиз. Додека се приближува крајот на династијата и соборувањето на султанот Абдулхамид од престолот, на другата страна од времето, Босфор трага да го најде чудовиштето зад серија убиства коишто ја згаснаа светлината на градот.
Што имаат заедничко девојките со исто име?
И двете живеат за едно нешто. Да ѝ најдат смисла на смртта.
-
Крпач, Кројач, Војник, Шпион
0490,00 денКрпач, Кројач, Војник, Шпион (1974 година) е ремек-дело на Џон ле Каре и еден од најголемите шпионски романи во 20 век. Со ненадминлива атмосфера, длабочина на ликовите и морална двосмисленост, овој роман на Ле Каре постави нови стандарди во жанрот. Делумно инспириран од вистинскиот случај на Ким Филби – двоен агент што се пробил до врвовите на британската тајна служба додека тајно работел за Советскиот Сојуз – романот ја следи потрагата на Џорџ Смајли, ненаметлив и интелигентен шпион во пензија, кој има задача да го открие предавникот, кртот што инфилтрирал длабоко во редовите на британската тајна служба – Циркусот. Преку низа интервјуа, стари досиеја и болни сеќавања, Смајли ја реконструира приказната што води до четворица високи функционери – секој од нив потенцијален предавник. Во свет каде што ништо не е така како што изгледа, Ле Каре маестрално ни прикажува мрежа од измами, тајни и морални дилеми. Ова е интелигентен, напнат и суптилен роман за довербата, предавството и за цената на вистината – класик што го надминува жанрот и останува еднакво моќен и денес.
-
Вечно туѓа
0350,00 денВо еден мал град во Прованса, луѓето од памтивек раскажуваат за еден прастар погром и за едно скриено богатство. Стефан Хертманс ја заснова „Вечно туѓа“ на историски факти и го следи животот на една истакната христијанска благородничка што го напушта својот дотогашен живот поради љубовта кон едно еврејско момче.
Во зората на крстоносните војни, 17-годишната Вигдис Аделаис, ќерка на полукултивиран Норман што живее во Руан, еден ден поминува покрај јешивата и го здогледува Давид Тодрос, син на главниот рабин од Нарбона. Иако нејзиниот татко го критикува поттикнувањето омраза кон Евреите, кога дознава за забранетата љубов, ја затвора Вигдис во манастир. По успешното бегство, Вигдис го зема името Хамутал и, иако се чини дека ќе најдат мир за себе и за своите деца во планините, Давид и Хамутал не се ни свесни за искушенијата и трагедиите што ги очекуваат.
Брилијантна реконструкција на едно неверојатно патување од средновековна Европа до Египет и нераскажана приказна за заборавени документи и забранета љубов. Настаните, иако се случиле пред речиси илјада години, изгледаат неверојатно современи.
Со извонредно насликаните ликови и атмосфера, како и со длабочината на своето историско разбирање, „Вечно туѓа“ е несомнено ремек-дело на авторот што веќе се прослави со „Војна и терпентин“.
-
Во понеделник ќе не сакаат
0400,00 денВо романот е раскажана судбината на една девојка од маварско потекло, ќерка на емигранти од Мароко, која поминува проблематични пубертетски години во строго контролирано и претежно муслиманско соседство во предградие близу Барселона за време на 1990-тите години.
Постојаната присила да се покорува на закоравените религиозни правила и на машката доминација, типични за мало мароканско село од каде што доаѓа нејзиното семејство, се судираат со современото шпанско општество во кое живее Наима. Спротивставеноста на културите наспроти потребите и желбите на младата девојка се засилува по средбата и силното пријателство со уште една маварска девојка, која поседува смелост да живее на свој начин. Таа ја поттикнува Наима и самата да се впушти во потрага по сопствената индивидуална слобода.
Нахат Ел Хачми ја води нарацијата непристрасно, прикажувајќи го лицемерието на „демократското“ општество во кое двете другарки ќе треба да се соочат со стереотипите создадени врз основа на полот, потеклото и социјалната класа и поради тоа да платат висока цена.
„Во понеделник ќе нè сакаат“ во 2021 година ја добива наградата „Надал“, една од најпрестижните награди за книга напишана на шпански јазик.
-
Рок на траење
0390,00 денОд авторката на бестселерите на „Њујорк тајмс“, За пет години и Едно лето во Италија, пристигнува љубовна приказна што зборува за љубовта и животот на една цела генерација. Дафне Бел верува дека универзумот има план за неа. Секогаш кога ќе запознае маж, добива ливче хартија со неговото име и број – точното времетраење на нивната врска. Знаеше дека со Мартин во Париз ќе има три дена, пет недели со Ноа во Сан Франциско, три месеци со Хуго (нејзиното поранешно момче а сега најдобар пријател) … и уште многу други во текот на дваесет години. Потоа треба да има состанок на „невидено“ со Џејк – а на ливчето го пишува само неговото име. Нема број. Нема крај. Дали конечно е дојдено нејзиното „засекогаш“? Но како што се развива нивната приказна, Дафне почнува да се сомнева во судбината. Што ако молкот на ливчето не е ветување за среќа, туку предупре дување? Особено кога таа крие тајна што може да уништи сè. Раскажан со препознатливата топлина, духовитост и емоционална длабочина на Ребека Серл, Рок на траење е возбудлива, трогателна приказна за љубовта, изборот – и за тоа дали некои нешта се навистина создадени да траат.
-
Сите сите песни паф
0400,00 денНајголем дел од моите рани дела во стих се во манир на книжевна игра, со хумор и автоиронија. Во тие алатки најдов засолниште, начин да се приближам до поезијата без да ѝ пријдам директно да ѝ се доближам со насмевка, со приказна, со закачка, со игра на зборови и со интертекстуални релации. Сметав дека така, можеби, ќе го надминам стравот: ако ѝ се насмееш на сериозноста, ако поиграш со тотемите, некои сенки ќе бидат оттргнати.
Жарко Кујунџиски„Уникатен наслов за средба со поетското писмо на овој исклучителен писател и како заокружена целина ги разоткрива неговите поетски хоризонти, кои во постојани промени сведочат за неговиот лирски светоглед. Неговата поезија е гласот на тој светоглед, начин за поврзување на елементи на искуство од различни времиња и традиции кои откриваат комплексно дело во поетскиот јазик, поради што звучната димензија на неговите песни добиваат живот, сила и автентичност. Преку луцидна јазична разиграност и самосвесна поетска основа, Жарко Кујунџиски ги открива слоевите на воспоставените мислења и преживеаните конвенции, поради што неговата книга поезија не е само духовита и возбудлива туку и интелектуално провокативна.“
Славе Ѓорѓо Димовски„Поезијата на Жарко Кујунџиски е жива и жарка, автентична и автоиронична, реална слика на егзистенцијата, критички настроена кон секојдневието, напати со хармсовски урнебесни каламбури, остра и остроумна – токму како што кажуваат почетните букви од неговото име. Тој твори искрено и интуитивно, како што и единствено може да се пишува поезија. И во историските и библиските и во темите од секојдневието, и кога пишува за дома, за родниот град и за светот, и кога зборува за малиот човек и малите народи и за светското наследство со кое е на на ’ти‘, видливо е дека е ’киднапиран од Музите‘, дека е поклоник на ’тихата реч‘ што се излева од ’превојот на мислата‘.“
Виолета Танчева-Златева„Како на луда железница, читателот се пробива меѓу младешките фасцинации, различните влијанија, стилови, поетики и теми околу кои Кујунџиски го гради јадрото на својот уникатен поетски универзум. Некогаш е минималист, некогаш наративен и екстензивен во изразот, но секогаш неговите зборови имаат прободувачка моќ или осветлуваат некои темни ќошиња на човековиот дух, во кои не секој се осмелува да погледне. Читајќи ја ’Сите сите песни паф‘, лесно можеме да го замислиме поетот како трча бос во цик-цак стил низ градските улици и плоштади, вешто избегнувајќи ги куршумите на повторливоста и предвидливоста.“
Иван Шопов„Инспирацијата на песните од оваа збирка на Жарко Кујунџиски извира од неограничениот простор на слободата која вообичаено (свесно или несвесно) се препознава во форма на игра, играта со звуци, зборови, стихови и слики – од митски до историски и религиски. Поезијата на Жарко Кујунџиски е субверзивна по однос на владејачките конвенции на поезијата врамена во идеалот на сеопштата симболичност (метафоричност), длабоката сериозност, интимност и универзалност. Пред читателот е книга која заслужува внимание и побудува љубопитство и задоволство во читањето.“
Катица Ќулавкова -
Остави го светот зад тебе
0390,00 денАманда и Клеј стигнуваат во еден далечен дел на Лонг Ајленд на одмор: вистинско одморање од животот во Њујорк, минување квалитетно време со нивните син и ќерка тинејџери и вкусување на добриот живот во луксузниот дом што го изнајмиле за претстојната недела. Но, доцна во ноќта, тропање на вратата ја крши магијата. Рут и Џ. Х. се повозрасна црна двојка – куќата е нивна и тие пристигнуваат во паника. Ја носат веста дека градот го снашло ненадејно затемнување. Но, во оваа рурална област – со телевизорот и интернетот исклучени, како и без мобилните телефони – тешко е да се знае во што да се верува.
Дали Аманда и Клеј треба да му веруваат на овој пар – и обратно? Што ли се случило во Њујорк? Дали викендичката каде што се наоѓаат, изолирана од цивилизацијата, е навистина безбедно место за нивните семејства? И дали се тие безбедни едни од други?
Напнат и провокативен, овој роман на Румаан Алам е во силен дослух со сложеноста на темите како што се родителството, расата и класата. Остави го светот зад себе истражува како нашите најблиски врски се преобликуваат – и се создаваат нови и неочекувани – во моменти на криза.
-
Чиракот на архитектот
0500,00 денЗаедно со необичниот дар за султанот во отоманската престолнина пристигнува и малиот Џахан кој го има само Чота мудар и редок бел слон. Како скротувач во царската менажерија тој се спријателува со султановата ќерка Михрима и се вљубува во неа. По игра на судбината момчето го запознава главниот царски архитект Синан кој го зема под своја закрила и заедно со слонот ги создаваат највеличествените градби во историјата. Но додека ги градат овие ремек-дела меѓу четворицата чираци на мајсторот се јавува завист а под површината се насетуваат опасни струи…
Бајковит историски роман за уметничката слобода и креативност, за судирот меѓу науката и традицијата. Облеан со боите на Османлиското царство, кога Истанбул е плоден центар на една цивилизација, Чиракот на архитектот е магична приказна во која љубовта и верноста се во постојан судир со желбата за моќ.
„Величествена слика на Истанбул во екот на подемот и моќта, град преполн со магија и интриги.“ Дејли тајмс
„Мајсторски исткаен и раскошен роман, со шекспировски заплети и мистерии, судбини во кои се исполнуваат пророштвата.“Индипендент