• img-book

    Сара Џио

Попуст!

ISBN: 978-608-4672-92-0

Темјанушки во март

од: Сара Џио
4.58 од 5 од 12 оцени на читатели
12 оцени од читатели

Во дваесеттите години, Емили Вилсон е на врвот на светот: таа е авторка на Њујорк Тајмс бестселер, има сопруг што изгледа како изваден од некоја насловна страница и сигурна е дека ја очекува само среќа до крајот на животот.

Десет години подоцна, кругот се врти и нејзината среќа пука како меурче од сапуница. Таа нема идеи за нови книги, сопругот ја остава и целосно се распаѓа, но без да пушти солза. Па кога нејзината тетка Би ја кани да го помине месецот март на преубавиот остров Беинбриџ, Емили прифаќа, надевајќи се дека океанот ќе ја исцели. Кога почнува да истражува за нова книга, Емили наоѓа еден црвен кадифен дневник од 1943 година и се сепнува кога сфаќа дека дел од работите во него се поврзани со нејзиниот живот. Воодушевена од љубовната приказна во дневникот, не може да престане да го чита и да мисли на лудо вљубениот пар од неговите страници.

Делумно мистерија, делумно љубовна приказна – Темјанушки во март е книга што се чита во еден здив.

button-new

400 ден200 ден

Количина:
Клучен збор:
Запознајте се со авторот
avatar-author
1978
Сара Џио е автор на 8 бестселери според Њујорк Тајмс и USA Today. Таа воедно е новинарка која има пишувано за Glamour, The New York Times, Redbook, O: The Oprah Magazine. Живее во Сиетл со трите мали синчиња.
Книги од Сара Џио
Рецензија на уредник

Сè уште нема. Проверете повторно за некое време.

Детали

ISBN: 978-608-4672-92-0
Издавач: Издавачка куќа Сакам Книги
Година на издавање: 2018
Број на страници: 300

  1. :

    5 out of 5

    Емили по 6 год. брак со Џоел ќе стави крај на нивниот заеднички живот. Тогаш таа ќе замина кај тетка и Би. Таму Емили е ставена во улога на таен агент за да ги откри сите причини, пречки во животот на Естер и нејзина приказна напишана во дневник. Кој се крие позади имиња на самата приказна? Како ќе заврши животот на Естер? Кој е среќник во љубовта што го избра Емили?

  2. :

    5 out of 5

    “Жена со скршено срце налетува на стар дневник и навлегува во љубовниот живот на жената што го напишала.”

    Емили Вилсон пред осум години била на врвот на светот, но и на листата на Њујорк Тајмс за најпродавани книги, имала сопруг што изгледа како изваден од некоја насловна страница и била сигурна е дека ја очекува само среќа до крајот на животот.

    Десет години подоцна, таа нема идеи за нови книги, што и да успееше да напише на хартија, му недостасуваше имагинација, сопругот ја остава за друга и таа целосно се распаѓа.

    Потресната приказна која ја имаше прочитано, можеби беше причина поради која таа престана да пишува. Тоа беше приказна за љубовта, загубата, прифаќањето и тајните страсти. Приказна која успеа да и го промени начинот на кој таа гледаше кон сопственото пишување.

    ” Срцето можеби сакаше да остане, но мозокот знаеше подобро.”

    Сцената од нејзиниот крај со Џоел и се вртеше во глава.
    “…кога ќе се сетам на тоа утро, го чувствувам мирисот на изгорени јајца со табаско. Да знаев дека така ќе мириса крајот на мојот брак, ќе земев да правам палачинки.”

    Утехата во целата ситуација таа ја наоѓа во нејзината најдобра пријателка, Анабел. Таа води истражување, каде ги анализира браковите и разводите на нетипичен начин. Според нејзините пронајдоци, стапката на успешност на бракот може да се открие со помош на името на мажот.

    “Островот има начин на кој те повикува кога е време.”

    Додека бара инспирација за нова книга, тетката на нејзината мајка, Би ја вика на посета на островот Беинбриџ. Емили ја прифаќа понудата, но кога пристигнува таму сфаќа дека Би има неколку тајни.

    “Луѓето не се секогаш такви какви што ти изгледаат.”

    Таа наоѓа дневник од 1943 година кој и припаѓал на Естер. На почетокот смета дека некои работи се само имагинација, но подоцна сфаќа дека работите во него се поврзани со тајните во нејзиното семејство. Воодушевена од приказната во дневникот, не може да престане да чита и да размислува за лудо вљубениот пар.

    “Имав чувство дека сите луѓе  на островот знаеја некоја голема тајна- тајна што никој немаше намера да ја сподели со мене.”

    Книгата паралелно ни раскажува за Емили која бара инспирација за нова книга, но и за Естер која пред многу години живеела на островот.

    “Ги штитиме тие што ги сакаме од одредени работи.”

    Ова е книга во која ќе ве научи што е љубов, пријателство и пожртвуваност, ќе ве натера да се запрашате зошто тие тајни биле криени долги години.

    Љубовна и мистериозна приказна која ќе пробуди многу прашања, различни мислења кон одредени личности и многу емоции. Ова е книга која ќе ја прочитате во еден здив. Книга која ќе ви делува кратка и ќе барате уште.

  3. (го има купено овој производ од сајтот):

    5 out of 5

    “Ги штитиме тие што ги сакаме од одредени работи.”

    Ова е книга во која ќе ве научи што е љубов, пријателство и пожртвуваност, ќе ве натера да се запрашате зошто тие тајни биле криени долги години.
    Љубовна и мистериозна приказна која ќе пробуди многу прашања, различни мислења кон одредени личности и многу емоции. Ова е книга која ќе ја прочитате во еден здив. Книга која ќе ви делува кратка и ќе барате уште.

  4. :

    5 out of 5

    Одлична ❤

  5. :

    3 out of 5

    Дури и 3ка е висока оцена за книгава, мене ми беше многу спора и досадна, на крајот само има малку динамика ама и таа ми беше прозирна.
    Ова ми е прва книга што ја читам од Сара Џио, ја имам и Зима со мирис на капини, се надевам дека таа ке надокнади за оваа.

  6. (го има купено овој производ од сајтот):

    5 out of 5

    Книгава ми е за срце❣
    Значи толку емотивна приказна,толку измешани емоции пробуди во мене,толку се внесов во неа што се соживеав! Преубава,Сара знае како да ти го задржи вниманието и да те држи буден цела ноќ. Толку убава приказна одамна не сум читала,иако не го посакував таквиот крај…ептен ми беше жал за Елиот,не можам никако да ја разберам Естер, зошто такви одлуки донесе.Но,сепак поучна приказна,те тера да размислиш многу за сопствениот живот,дека времето тече побрзо отколку што мислиме ние и дека треба да го правиш она што навистина го сакаш од срце.😊
    Топло ви ја препорачувам,чиста 10-ка❣

  7. (го има купено овој производ од сајтот):

    5 out of 5

    Многу интересна и необична приказна.🥰
    Мене ми се допадна книгава и стилот на писателката е одличен!😊
    Втора книга од Сара Џио читам и сега дефинитивно и третата ќе ја прочитам❣

  8. :

    5 out of 5

    Прекрасна книга.

  9. :

    4 out of 5

    Се сложувам со Марија, Естер полека почнува да ми станува најомразениот фиктивен лик. Мислам-Who does that? Ја сфаќам сите донесуваме импулсивни одлуки, ама она е врвот, посебно на крајот, да ги повредиш луѓето што ги сакаш, да ги отргнеш од твојот живот од апсолутно себични причини, и од гордост! Исто така не сфатив, зашто Би и е тетка на Емили, кога нели не и баш тетка, барем не по крвна врска, мислам зашто баш она? Тука можам да додадам и за малото учество на мајката на Емили, цела приказна се врткаше околу неа(добро знам е главен лик) ама па сите околу неа беа-треба да најдеш одговори, бла бла, кога мајката на Емили е онаа која треба да ја знае вистинската приказна и да знае што точно се случило… И на крај ќе додадам за љубовната врска… ми фалеше жар, емоции, подлабоки разговори, искри… Причината поради која и дадов 4 како оцена е магијата која ја почувствував додека ја читав. Јас едноставно уживав! Толку ми беше убаво, што не сакав да заврши. Одвај чекам да читам други книги од Џио, затоа што оваа ми е прва.

  10. :

    5 out of 5

    Совршено четиво за романтичари.

  11. (го има купено овој производ од сајтот):

    3 out of 5

    И ми се допадна и не ми се допадна. На крај ликот на Естер ми стана нај иритантен, поради тоа што му се “бута” на читателот да развие симпатичност за неа, а всушност е нај лошиот лик. Лик кој во целата приказна беше за мене неправедно издигнат како нешто нај посебно. Лик кој донесува тотално непромислени одлуки, лекомислена, прегорда да даде шанса и да сослуша, без да размисли за последиците што ќе ги остави, а после кука. Естер најмногу им нанесе болка на луѓето што ја опкружуваа одошто тие на неа. Пола животен век изиграва кукавица свесно избирајќи да ги повреди сите дури и оние кои не заслужија како нејзиното дете, за исто толку кукавички да се интересира за истите луѓе кои ги повреди и уништи на некој начин, права лицемрка. Целата приказна можеше да биде многу подобра. Не ми се допадна што од 300 страни во првите 200 шат пат се случува нешто, но ништо посебно, помалку досадникаво, за во последните 100 страни и најмногу во последните 50 да се случува се. Сара Џио може мнооогу подобро, Зима со мирис на капини е прекрасна книга од истата авторка.

  12. :

    5 out of 5

    Се губам во книгите на Сара Џио; доволно ми беше да прочитам една и да ми стане една од омилените авторки, како Кристин Хана и Лусинда Рајли. Нејзините приказни прават да се чувствувам некако убаво и разнежнето додека ги читам. Ја обожавам!