-
Р.Л Метјусон
Сосед од пеколот
од: Р.Л МетјусонХејли е тивка, кротка девојка која нема многу луѓе и задоволства во својот живот, па ужива во малите работи кои ја исполнуваат: нејзината работа како професорка во средно училиште и нејзината прва самостојно купена куќа со прекрасна градина.
Меѓутоа, се случува една работа која ѝ ги уништува и тие мали задоволства и ѝ го протресува целиот живот од корен. Во соседната куќа се доселува вистински ѓавол! Гласна музика, нездрави забави, пијани друштва, кршење прозорци со палки и топчиња за голф… Џејсон Бредфорд е вистински сосед од пеколот. И како тоа да не е доволно, тој исто така е професор во средното школо каде што предава Хејли, па ѝ го уништува животот и додека се на работа…
Срамежливата Хејли е мирна и повлечена, но нема избор освен да му објави соседска војна… Но и Бредфорд има свои оружја, а тие се опасни во војна против која било жена. Неодоливиот сосед не се плаши да нападне со својот шарм и пеколно добриот изглед пред кои потклекнуваат и многу посилни жени од Хејли…
380 ден266 ден
Моментално недостапна
Хејли е тивка, кротка девојка која нема многу луѓе и задоволства во својот живот, па ужива во малите работи кои ја исполнуваат: нејзината работа како професорка во средно училиште и нејзината прва самостојно купена куќа со прекрасна градина.
Меѓутоа, се случува една работа која ѝ ги уништува и тие мали задоволства и ѝ го протресува целиот живот од корен. Во соседната куќа се доселува вистински ѓавол! Гласна музика, нездрави забави, пијани друштва, кршење прозорци со палки и топчиња за голф… Џејсон Бредфорд е вистински сосед од пеколот. И како тоа да не е доволно, тој исто така е професор во средното школо каде што предава Хејли, па ѝ го уништува животот и додека се на работа…
Срамежливата Хејли е мирна и повлечена, сакајќи да избегне конфликти и расправии, таа секогаш излегува наивна и им дозволува на луѓето да ја влечат за нос, но соседот од пеколот ги преминува дури и нејзините граници. Таа нема намера да се откаже од својата работа и не може да ја продаде својата куќа, па така нема избор освен да му објави соседска војна…
Но и Бредфорд има свои оружја, а тие се опасни во војна против која било жена. Неодоливиот сосед не се плаши да нападне со својот шарм и пеколно добриот изглед пред кои потклекнуваат и многу посилни жени од Хејли…
ISBN: 978-608-4672-22-7
Издавач: Издавачка куќа Сакам Книги
Година на издавање: 2013
Број на страници: 252
d.sara – :
Интересна и забавна приказна!
Ива – :
Преубава, релаксирачка романса! Книгата ме насмеа максимално 😄
Изабела – :
Прекрасна книга! Ме воодушеви и насмеа до солзи ❤
Стефани (го има купено овој производ од сајтот) – :
Одлична книга за релакс,се изнасмеав❣
Слаѓан Бишковски – :
Се смеев од срце! Предобра книга исполнета со хумор и еротски нијанси! 😀