• img-book

    Мирјана Проданова

Сите ја сакаат Марта

од: Мирјана Проданова
5 од 5 од 1 оцени на читатели
1 оцена од читател

Марта е девојка каква што најчесто постои само во книгите и на филмовите. Девојка која им помага со тешките кеси на бремени жени. Девојка која им помага на стари бабички да преминат улица. Девојка која е секогаш ведра, љубезна и насмеана, прекрасно воспитана и културна со сите. Девојка која ја знаат сите во градот и за која сите имаат само убав збор, никогаш лоша мисла ниту поглед попреку. Но набрзо по нејзината матура, се случува нешто ужасно. Марта е убиена. Градот е во шок. Никој не може да поверува. Но како е можно? Кој би можел да го стори тоа? Та нели сите ја сакаат Марта. Зошто тогаш некој би ја убил девојката ангел?
Млад детектив од главниот град е испратен на југот на земјата да се обиде да го реши со години старото убиство и конечно да им даде малку мир на родителите на Марта, нејзините брат и сестра, но и сите жители на малиот град кои со цело срце ја сакале младата мила девојка. Но кога тој попатно почнува да развива симпатии кон сестрата на починатата девојка, работите дополнително се комплицираат…

300 ден

Количина:
Запознајте се со авторот
Книги од Мирјана Проданова
За книгата

  1. :

    5 out of 5

    Прекрасна романтична драма со доза на мистерија која нема да ја испуштите од рака,
    се’ додека не ја завртите и последната страница. Приказна за вторите шанси, себепростувањето
    и моќта на несебичната љубов. Ја препорачувам на сите 🙂