-
Себастијан Фицек
Патник 23
од: Себастијан ФицекВо просек, 23 луѓе годишно исчезнуваат од бродови за време на крстосувања. Обично, таквите ги отпишуваат како жртви на несреќи или самоубиства со скокање од брод. Но, што ако не се?
Пред пет години, Мартин Шварц, полициски психолог, ги изгубил сопругата и синот. Биле на одмор на брод, на крстосување, кога тие двајца едноставно исчезнале. Слабата истрага не успеала да открие што се случило – судскиот вештак заклучил дека се работи за убиство и самоубиство. И тој заклучок го прогонува Мартин уште оттогаш, загорчувајќи му го животот. Но тогаш го контактира една постара жена, писателка, која тврди дека има информации за тоа што се случило и инсистира тој веднаш да се качи на бродот „Султанот на морињата“.
Таа му објаснува дека неговата сопруга и син не се единствениот таков пар кој исчезнал. Му кажува дека пред само неколку месеци исчезнале друга мајка и нејзината ќерка. Писателката е убедена дека има сериски убиец на бродот.
Но кога исчезнатата ќерка одеднаш се појавува – со мечето на исчезнатиот син на Мартин во рака – станува очигледно дека вистината може да е многу, многу пострашна…
450 ден
3 на залиха
ISBN: 978-608-260-056-7
Издавач: Издавачка куќа Сакам Книги
Година на издавање: 2020
Број на страници: 350
Sanja – :
Spored mene najdobroto od Ficek
Александар Николовски – :
За мене најдобрата книга од Фицек, досега. Одлична приказна и реализација. Не ја испуштајте ни под разно. 🙂
igor – :
knigava e vrv ! 10/10 👍
Фросина – :
Odlicna e🤩
Nadja – :
Два пати читана, прејака книга!!!
Ме фасцинираше книгава, а ретко која да има таков ефект врз мене! 💙
Слаѓан – :
Книгава е лудило! Многу неочекувани пресврти до самиот крај, една од најдобрите на Фицек 🙂