• img-book

    Ел Кенеди

Попуст!

Договорот (Off-Campus #1)

од: Ел Кенеди
5 од 5 од 1 оцени на читатели
1 оцена од читател
Таа ќе склучи договор со најлошото момче на факултетот…
Хана Велс конечно наоѓа некој кој ја возбудува. Но и покрај тоа што е многу самоуверена на секое друго поле во нејзиниот живот, носи огромен товар кога станува збор за сексот и заведувањето. Ако сака да му го привлече вниманието на типот кој ѝ се допаѓа, ќе мора да излезе малку од својата комфор зона и да го натера да ја забележи. Па дури и по цена да мора да му помага во учењето на иритантниот, арогантен капитен на хокеарскиот тим во замена за фиктивно рандеву.
…и ќе биде страаашно добро.
Животната желба на Гарет Грахам е професионално да игра хокеј по дипломирањето, но расипаниот просек на неговите оценки претставува закана за сѐ за што напорно се трудел цел живот. Па затоа не му е проблем да прифати да ѝ помогне на една саркастична бринета да предизвика љубомора кај друг тип – подготвен е на сѐ за да си ја осигура позицијата во тимот. Но кога еден неочекуван бакнеж води до најлудиот секс во нивните животи, Гарет брзо сфаќа дека нема да се задоволи со преправање и глумење. Едноставно мора да ја убеди Хана дека човекот што го бара е тој.

450 ден270 ден

Количина:
Запознајте се со авторот
Книги од Ел Кенеди
За книгата

  1. :

    5 out of 5

    ,,Уште од мала, музиката отсекогаш ми беше бегство. Кога пеам, светот околу мене исчезнува. Остануваме само јас и музиката и длабокото чувство на мир кое никогаш не сум можела да го пронајдам на ниту едно друго место, без разлика колку упорно го барам.”

    Хана Велс е девојка која мајсторски го положи предметот ,,Филозофска етика”. Не направи ништо посебно, освен што пишуваше бесконечни глупости со цел да ги пополни празните линии на тестот.

    ,,Најдобриот начин да се заборави лош спомен, е да се замени со добар.”

    Хана конечно наоѓа некој кој ја привлекува. Таа е многу самоуверена личност на секое поле, но кога станува збор за љубовта- тоа е нејзината слаба страна. Во текот на петте години по силувањето, срцето и биело само за двајца. Првиот ја откачи, а вториот не ни знае дека таа постои.

    ,,Стравот е дел од животот. Не дозволувај да те обесхрабри, Велси. Сите го чувствуваме.”

    Ако сака да му го привлече вниманието на типот кој и се допаѓа, ќе мора да го натера да ја забележи. Па, дури и по цена да мора да му помага во учењето на иритантниот, арогантниот и најзгодниот капитен на хокеарскиот тим во замена за едно фиктивно рандеву.

    ,,Знаеш, ако вложиш исто толку енергија во испитот колку што вложуваш во разубедување со мене, ќе добиеш десет плус на поправниот.”

    Гарет Греам има само една животна желба, а тоа е професионално да игра хокеј по дипломирањето. Сите мислат дека спортистите кои играат на Брајар речиси секогаш завршуваат во редовите на најдобрите професионални тимови, па за време на двете години тука, добиваат се на сребрен послужавник- вклучувајќи ги и своите оцени. Но, не е се така сјајно како што изгледа. Гарет напорно учи за да добие добри оцени и да го задржи својот просек.

    ,,За некои работи вреди скапо да платиш.”

    Неположениот испит по ,,Филозофска етика”, лошо влијае на неговиот просек. Претставува огромна закана за се што напорно се трудел и постигнал во својот живот. По секоја цена, сака да го положи испитот. Па, токму затоа нема да му претставува проблем да ја прифати понудата, со цел да и помогне на една саркастична бринета за да предизвика љубомора кај друг тип.

    ,,Не се врти? Зарем луѓето не сфаќаат дека тогаш дефинитивно човек ќе го стори спротивното?”

    Еден неочекуван бакнеж, ќе успее да ги смени нивните животи од корен. Хана цел живот бара некој кој ќе успее да ја натера да почувствува нешто за некого. Греам цел живот е посветен на хокејот. Но токму тој, ќе направи се за да ја убеди Хана дека тој е човекот што таа го бара за себе.

    ,,И како, по ѓаволите, треба да го убедам дека не сакам да бидам со него, кога ни самата не можам да се убедам во тоа?”

    Неодолива романса која ќе ви ја стопли душата. Хана и Греам имаат животни приказни кои вредат да бидат раскажани. Дали ќе дозволат љубовта да влијае на нивните соништа? Дали ќе успеат да ги надминат своите стравови од минатото? Дали ќе се соочат со сите пречки кои ќе им се појават на патот? Има многу прашања кои вредат да заслужуваат да бидат одговорени. Оставам на вас да ја откриете нивната приказна.

    ,,Веќе не гледам назад. Гледам само напред.”