Филтер по цена
Жанр
Автори
  • Лесни пари

    Лесни пари

    0

    Кога ќе го промените начинот на размислување за парите, ќе го збогатите сиот свој живот.

    Прекуглава ви е да живеете „од плата до плата“? Се чувствувате заробени од трошоците што секој месец ви се натрупуваат? Се прашувате како некои луѓе живеат финансиски спокојно и слободно, додека други остануваат заглавени?

    Cè започнува од начинот на размислување. Cè додека не ги промените вашите мисли, чувства и однесувања околу парите, ќе продолжите да чекорите по истиот пат и ќе ги добивате истите резултати.

    Црпејќи од разговорите со врвни финансиски експерти во емисијата „Школа за извонредност“, од најновите истражувања за психологијата на парите и од неговото лично искуство на патот до успехот, Луис Хаус ви нуди практични совети и нова перспектива што ќе ви помогнат да стекнете вистинска финансиска сигурност и изобилие.

    Луис ќе ви открие како да го откриете вашиот „финансиски стил“, да го поврзете начинот на размислување за парите со вашата значајна животна мисија и да изградите 7 клучни финансиски навики за мир и слобода. Со овие алатки, ќе можете да создадете онолку богатство колку што сакате – без разлика на вашите околности.

    Ова не е само уште една книга за финансии или инвестирање. Ова е книгата што ви е потребна за да станете свесни за вашата вредност за да можете да заработувате повеќе и да го создадете изобилието што го посакувате.

    490,00 ден
    Додај во кошничка
  • Железен пламен (The Empyrean #2)

    Железен пламен (The Empyrean #2)

    0

    Сите, вклучително и самата Вајолет Соренгејл, очекуваа таа да загине во текот на првата година во воениот колеџ „Басгијат“. Но Вршидбата беше одвај првиот невозможно тежок тест, чија цел беше да ги истреби страшливците, недостојните, родените без к’смет.

    Дури сега, во втората година, почнува вистинската обука и Вајолет се прашува како ќе успее да преживее. Обуката не само што е истоштувачка и сурова, туку е смислена за да ја растегне способноста на јавачот да издржи болка над сите граници. А и личната мисија на новиот заменик-заповедник е да ѝ покаже на Вајолет колку е беспомошна – освен ако не го предаде мажот што го љуби.

    Иако телото на Вајолет е послабо и покревко од другите, таа поседува исклучителен ум и челична волја. А водството ја заборава најважната лекција на која ја научи „Басгијат“: јавачите на змејови создаваат свои правила.

    Но одлучноста да преживее нема да биде доволна оваа година, бидејќи Вајолет ја знае тајната што кралството со векови ја крие во срцето на „Басгијат“ – и можеби ништо, дури ниту змејскиот оган, нема да успее да ги спаси.

    1.090,00 ден
    Додај во кошничка
  • 5 типа богатство

    5 типа богатство

    0

    Отфрлете го стандардниот пат, дефинирајте ги вашите приоритети и постигнете трајна среќа со овој преобразувачки водич за живот од соништата – живот што се темели врз петте типа богатство.

    Сите го посакуваме истото, а тоа нема толку многу врска со парите колку што си мислиме. Од млади претприемачи до пензионери, од нови мајки до родители чии деца го напуштиле семејното гнездо, од богати адвокати до професори, совршената иднина изгледа зачудувачки слично за сите.

    Сите сонуваме за повеќе време, длабоки врски со драгите луѓе, добро здравје и цел што ќе нè води низ животот. Сепак, растени сме со убедувањето дека парите се единственото богатство. Во реалноста, нашиот богат живот може да ги вклучува парите, но на крајот ќе биде дефиниран од сѐ останато.

    По три години истражување, детални експерименти и илјадници разговори со луѓе од целиот свет, Сахил Блум создаде револуционерен водич како да го изградите животот кој ќе се темели врз петте типа богатство: временско, социјално, ментално, физичко и финансиско.

    Оваа инспиративна книга ќе ви помогне да дејствувате согласно вашите приоритети за да влијаете позитивно врз своето секојдневие, да носите подобри одлуки и да живеете живот за каков што отсекогаш сте сонувале.

    button-new

    600,00 ден
    Додај во кошничка
  • Букет од женски срца

    Букет од женски срца

    0

    Малата Ана решава да направи подарок
    за сите жени што ја учат што значи љубов –
    мама што грее како сонце, баба што мириса на колачиња,
    дада што знае сè, братучетката што чува тајни,
    тетката што никогаш не старее, другарката што лечи со смеење,
    наставничката што верува во секое дете и сите девојчиња на светот –
    што со својата нежност создаваат сила.

    „Букет од женски срца“ е сликовница што ќе ја читаме
    заедно со нашите ќерки, внуки, ученички – повторно и повторно,
    секој 8 Март, но и секојпат кога ќе посакаме да се потсетиме
    колку е убаво да се биде Женско Срце.

    320,00 ден
    Додај во кошничка
  • Последна понуда (Dreamland Billionaires #3)

    Последна понуда (Dreamland Billionaires #3)

    0

    Калахан

    Јас сум братот што сите го озборуваат зад затворени врати. Богат наследник, пропаднат спортист, љубител на чашката. Но постои само една личност што вистински ме познава – Лана Кастиљо, мојата најдобра пријателка од детството и единствената жена што некогаш сум ја сакал. Кога ѝ го скршив срцето пред шест години, ѝ ветив дека никогаш повеќе нема да стапнам во куќата на езерото Вистерија. И си стоев на зборот сè додека дедовиот тестамент не промени сè. За да го добијам наследството морам да го поминам летото во семејната куќа на езерото пред да ја продадам. Барањето звучи мошне едноставно, но планот ми се руши уште првиот ден. Излегува дека Лана не само што живее во куќата, туку тврди и дека ја поседува.

    Алана

    Беше грешка што се вљубив во Калахан Кејн. Самиот тој ми го кажа тоа пред да ми го скрши срцето и да го уништи нашето пријателство пред шест години. А кога вети дека нема да се врати, наивно му поверував. Но Кал повторно се појави и тоа со намера да ја продаде дедовата викендичка. Само што има еден голем проблем. Моето име стои на имотниот лист.

    Прогонувани од спомените на едно среќно минато, двајцата ќе мораат да го најдат одговорот на прашањето дали нештата можеле поинаку да се одвиваат.

    И можеби да ѝ дадат втора шанса на иднината што ја пропуштиле.

    590,00 ден
    Додај во кошничка
  • Кога повторно ќе се сретнеме

    Кога повторно ќе се сретнеме

    0

    Кога Изи Астор се качува во авион на лет за дома, не очекува којзнае што. Вообичаеното патничко искуство како секој турист: гужва, бучава, стрес. Но тогаш го забележува човекот кој седи до неа и тој дефинитивно не е вообичаен патник. Со кусата темна коса, сините очи и зарипнатиот глас, Нејт има неодолив природен шарм на кој Изи не може да одолее. Искрата помеѓу нив е инстантна. Изи никогаш претходно не верувала во судбина, но сега почнува да верува.

    Само деведесет секунди по полетувањето, авионот паѓа во реката Мисури.

    Нивните животи се менуваат. Тие се менуваат. Нејт се насочува кон воена кариера, а Изи си го наоѓа патот во политика. И покрај неколку случајни средби низ годините, тајмингот за нив двајца секогаш е некако погрешен. Тогаш следи нова опасна средба во Авганистан, каде Нејт има задача да го штити животот на Изи. Тој ќе направи сѐ за нејзината безбедност. И сѐ за да го освои нејзиното срце.

    570,00 ден
    Додај во кошничка
  • Тутор за совршена љубов

    Тутор за совршена љубов

    0

    Ени Вокер е во потрага по совршениот партнер, со кого ќе го мине остатокот од нејзиниот тивок живот во Рим, Кентаки, водејќи ја цвеќарницата. Таа точно знае каква личност ѝ е потребна… но откако ќе слушне како ја нарекуваат „неверојатно здодевна“ почнува да верува дека проблемот не е во мажите, туку во неа. Дали е предоцна да стане заводлива и забавна како хероините во нејзините омилени љубовни филмови?

    Можеби ѝ недостига само малку вежбање за да стане поумешна во флертувањето… а таа точно знае кој може да ја подучува: Вил Грифин.

    Згодниот, тетовиран и недостижен Вил е привремено во градот, како личен агент за заштита на Амелија Роуз пред нејзината венчавка со Ноа Вокер, братот на Ени. Тој има само една лична цел додека е на задача: да се држи што подалеку од Ени Вокер и од сите нешта што би го задржале во тоа здодевно гратче. Но кога Ени го замолува да ѝ даде неколку „лекции по заведување“, тој не може да ја одбие. Се согласува да ѝ помогне да ја најде љубовта на нејзиниот живот, иако тој не би променил ништо кај слатката Ени и многу добро знае дека некојси обичен повлечен тип нема да ја усреќи.

    Во текот на жешките, но стриктно „образовни“ средби, Ени открива дека зад стоичката маска на Вил се кријат цели светови. Додека границата меѓу пријателството и љубовта станува сѐ понејасна, Ени почнува да ги преиспитува своите желби. Можеби љубовта не мора да биде совршена или внимателно испланирана. Можеби само треба да биде вистинска.

    570,00 ден
    Додај во кошничка
  • Италијанската вила

    Италијанската вила

    0

    Додека се тетерави низ шумата кон чадот и она што е останато од нејзиното изгорено село, таа ги гледа ранетите, сите тие познати лица прекриени со пепел и крв, и се присетува дека не е само жена; таа е доктор и сега е потребна тука…

    1938 година: Млад италијански пар се збогува во сенките на планината Монтевино за време на војната. Си ветуваат дека ќе останат заедно, без оглед на сѐ, и кројат план тајно да се венчаат пред да побегнат во шумата за да се приклучат на Отпорот.

    Сегашност: Кали сѐ уште не може да си дојде на себе од откритието дека е посвоена кога заминува од Тексас и се упатува во Монтевино во потрага по одговори, стегајќи ги во рака клучевите од штотуку наследената прекрасна вила на брдо. Во плакарот на биолошката мајка, наоѓа дневник кој ѝ припаѓал на жена по име Елиса Стела, една од првите студентки на медицина во Италија. Така Кали ја открива приказната за страсната млада докторка која ризикувала сѐ за да се омажи за својот сакан, која била предадена од страна на сопствените луѓе и принудена да се крие за време на нападот на Монтевино.

    Инспирирана од вистинити настани и напишана во стилот на Сара Џио, Италијанската вила е страсна, срцепарателна и апсолутно занесна приказна за две исклучителни жени кои наоѓаат храброст да бараат светлина на најмрачните места.

    500,00 ден
    Додај во кошничка
  • Бунтовен (Sinners of Saint #2)

    Бунтовен (Sinners of Saint #2)

    0

    Велат дека животот е прекрасна лага, а смртта болна вистина. Во право се.
    Никој никогаш не ме натерал да се чувствувам поживo од типот што ми служи како постојан потсетник дека мојот часовник отчукува.
    Тој е моето забрането, сјајно јаболко.
    Мојата најслатка грешка.
    Тој е исто така и поранешното момче на сестра ми.
    Едно нешто треба да знаете пред да ме осудите; јас го видов првa. Јас копнеев по него прва. Јас го засакав прва.
    Единаесет години подоцна, Дин Кол се враќа — посуров, побунтовен и решен да ме направи своја. Бара втора шанса. Сака да биде мојот Бронзен коњаник.
    Но, мојот часовник отчукува. Видете, јас не сум како сите други. Имам болест. Понекогаш јас ја победувам. Понекогаш таа ме победува мене.
    Љубовта со него не е само забранета — таа е трка со времето.
    Мојот бел витез конечно пристигна. Се надевам дека не е предоцна.

    570,00 ден
    Додај во кошничка
  • Четврто крило (The Empyrean #1)

    Четврто крило (The Empyrean #1)

    0

    Добре дојдовте во суровиот и елитен свет на воениот колеџ за јавачи на змејови

    Дваесетгодишната Вајолет Соренгејл од мала се подготвува да влезе во Квадрантот на писарите, каде што ќе живее мирен живот, опкружена со книгите и историјата. Но нејзината строга мајка, генерал на воениот колеџ „Басгијат“, има други планови. На нејзина заповед, Вајолет им се придружува на стотиците кандидати кои сакаат да ја поминат опасната обука и да станат дел од кралската елита: јавачи на змејови.

    Меѓутоа кога си ниска и кревка, смртта те демне зад секој агол… зашто змејовите не се поврзуваат со слаби човечки суштества – ги спалуваат. Освен тоа, многумина се подготвени да ја убијат, бидејќи кадетите желни за слава се побројни од змејовите кои се подготвени да се поврзат. А други пак, како Зејден Риорсон, бескрупулозниот и опасно привлечен крилен заповедник, би ја убиле само зашто го носи омразеното презиме Соренгејл.

    Вајолет ќе мора да ја искористи сета своја итрина ако сака да го дочека изгрејсонцето. Со секој изминат ден, и војната станува cè пожестока, магичните штитови на кралството попуштаат и бројот на жртвите расте… А најлошото е што Вајолет почнува да се сомнева дека раководството крие ужасна тајна.

    Пријатели, непријатели, љубовници. Сите во „Басгијат“ имаат сопствени мотиви и планови. Затоа што, штом ќе влезеш во Квадрантот на јавачите, постојат само два начина да излезеш: да дипломираш или да умреш.

    Силата на храброста е поважна од физичката сила.

    890,00 ден
    Додај во кошничка
  • Убавина во бело

    Убавина во бело

    0

    Нора Робертс срдечно ве поканува да ги запознаете другарките од детство Паркер, Ема, Лорел и Мек – основачките на „Завети“, една од најпрестижните фирми за планирање свадби во Конектикат.

    Нејзините фотографии често ги красат насловните страници на списанијата за невести. Мекензи „Мек“ Елиот најудобно се чувствува зад објективот, додека ги доловува среќните мигови во животите на другите кои никогаш не ги доживеала самата додека растела. Нејзиниот татко го заменил своето прво семејство со второ, а мајка ѝ, која понатаму го продолжила животот со друг маж, еден од многуте, постојано бара од неа внимание и пари. Темелите на животот повторно ѝ се затресуваат неколку мига пред важен состанок за планирање свадба кога налетува на братот на идната невеста… средба од која и двајцата гледаат ѕвезди.

    Картер Мегваер дефинитивно не е нејзин тип: стабилен е и безбеден. Дури е професор по англиски јазик во нивното поранешно средно училиште. Но кај него има нешто кое ја наведува Мек да помисли дека опуштена кратка врска е токму тоа што ѝ треба за да си ги одврати мислите од напорните невести и од постојаното избегнување на повиците од мајка ѝ. Но минливата врска може да се претвори во нешто повеќе токму кога најмалку очекуваш. Со помош на нејзините три најдобри другарки – и деловни партнерки – Мек мора да научи како да создава свои среќни сеќавања.

    490,00 ден
    Додај во кошничка
  • Невестата

    Невестата

    0
    550,00 ден
    Додај во кошничка
  • Љубов пред Божиќ

    Љубов пред Божиќ

    0

    „Ако во изминативе неколку дена научив нешто, тоа е дека човек треба да се бори за среќата.”

    По тешкиот развод и непростливото предавство, Џој Канделаро повеќе не може да му се радува на Божиќ, нејзиниот омилен празник. Без размислување купува авионски билет за Канада, очајна да исчезне од познатото опкружување. Кога по неочекуваната несреќа ќе се најде среде дивина, Џој ја зграпчува шансата да исчезне на некое време, да го напушти својот тажен живот и да подише со полни гради.

    Во малото гратче Рејн Вели, наоѓа засолниште во зафрлената куќарка на Даниел О’Ши и неговиот шестгодишен син Боби, кој треба да го дочека првиот Божиќ без мајка си. Повлечен и изгубен во својата тага, Боби зборува само со своето замислено другарче – сè додека не ја запознае Џој. Додека таа им помага на Даниел и Боби да закрепнат, нешто сончево и неочекувано почнува да свети во нејзината душа: кревко ветување за нов почеток. Но ниту во Рејн Вели не е cè така како што изгледа и во еден ненадеен момент, новиот свет на Џој е уништен.

    На бадниковата ноќ исполнета со чуда, невозможни избори и надеж што мислела дека е изгубена засекогаш, Џој мора да собере храброст да се бори за љубовта, семејството и втората шанса што не верувала дека некогаш ќе ја добие.

    450,00 ден
    Додај во кошничка
  • Аномалија

    Аномалија

    0

    Кога летот 006 на Ер франс од Париз до Њујорк го зафаќа епска олуја, животите на патниците засекогаш се менуваат. Авионот безбедно слетува на аеродромот „Џ. Ф. Кенеди“ во март, но на сечие изненадување, во јуни на радарските екрани се појавува истиот авион, со истите патници, кој слетува на воениот аеродром во базата Мегваер.

    Што ќе прават патниците, но и владите? Како да ја објаснат оваа појава, кои протоколи да ги земат предвид, што да прават со двојниците? Тие се само некои од прашањата што си ги поставуваат политичарите.

    Но што да прават самите патници? Кој е вистинскиот ЈАС, кој има право на живот или како да продолжи да живее заедно со својот идентичен двојник? Што ако некој починал меѓу март и јуни? Никој не може да го објасни овој невиден настан кој покренува бројни морални, теолошки, научни и егзистенцијални прашања.

    Бестселерот „Аномалија“, добитник на најпрестижната француска награда „Гонкур“ за 2020 година, критичарите го нарекуваат „зачудувачки книжевен експеримент“ и „единствена комбинација од трилер, научна фантастика и психолошки роман”, а во светот исполнет со страв писателот ни го поставува прашањето: кои сме ние?

    520,00 ден
    Додај во кошничка
  • Жена на дното

    Жена на дното

    0

    Нејзините зборови едно време палеа огнови во срцата на читателите. Но по фијаското со филмската адаптација на една од нејзините книги, гневните онлајн напади на разочараните читатели ја принудуваат Петра Роуз да се повлече, а тоа резултира со пробиени крајни рокови и неплатена хипотека. Обележана како измамничка и гладна за слава и пари, Петра си ја учи лекцијата што се случува кога интернетот ќе се сврти против тебе. И оттогаш не може да пишува повеќе.

    Сега, со речиси целата заштеда потрошена и само груб нацрт план за нејзината следна мистерија, се повлекува во изолирана колиба покрај езеро, надевајќи се дека ќе пронајде инспирација таму. Тоа е нејзиниот последен обид да си ја спаси кариерата, но и себеси.

    И тогаш се појавува тој. Детективот Натаниел доаѓа со вознемирувачки вести, а самото негово присуство потпалува креативност. Зборовите брзо почнуваат да се враќаат, а фиктивниот детектив страшно наликува на оној реалниот, кој станува нејзина муза. Нивното „истражување“ ги преоѓа границите на фантазијата и реалноста. Секој поглед, секој допир ја вовлекува во светот во кој мислела дека никогаш повеќе нема да се изгуби. Никогаш не се чувствувала пожива. Но олку моќна инспирација си доаѓа со цена… Кога тој почнува да си ја сфаќа својата улога во нејзината кариера малку пресериозно, Петра е принудена да се соочи со новосоздадениот хаос.

    550,00 ден
    Додај во кошничка
  • Танци со коски

    Танци со коски

    0

    „Секогаш имате избор. Запрашајте се дали вреди за тоа што ќе го добиете.“

    Навидум едноставна приказна за еден несреќен патологанатом. Северин не го ценат на работа и малку го плаќаа; во личниот живот му се случува нешто неразбирливо, а самодовербата му е на нула. Кога ќе се најде практично на дното, ја прифаќа можноста да заработи.

    Предлогот не е сосема легален и тешко може да се очекува нешто добро од пазарот на трансплантација на органи, но примамливата помисла конечно да си го обезбеди животот е посилна од сомнежот. На крајот на краиштата, треба да земе само мала „ситница“ од веќе починати луѓе на кои тоа повеќе не им е ни потребно. Засега од починати. Засега ситница.

    Чекор по чекор, одлука по одлука, Северин постепено се менува – од пренебрегнат човек што спасот го бара во алкохолот, за првпат почнува да чувствува самодоверба. А со неа расте и неговата неспринципиелност.

    Откако еднаш ќе изврши злосторство, второто и третото доаѓаат многу полесно… Тоа што до вчера го сметал за недопустливо, станува негова нова норма.

    Дали е способен да запре? И колку далеку може да оди човек што еднаш ја преминал границата?

    550,00 ден
    Додај во кошничка