Филтер по цена
Жанр
Автори
  • Оставена пред олтарот

    Оставена пред олтарот

    0

    Животот на Слоун Карик се врти околу љубовните приказни и среќните краеви. Таа е новинар што пишува за венчавки за списанието во кое работи и од мала верува во нивната магија – сè додека свршеникот не ја остави пред олтарот. 

    Сега секоја црква, секој завет, секоја прослава ја потсетува на животот што го изгуби. Заколнувајќи се дека никогаш повеќе нема да љуби, Слоун се посветува целосно на работата, но една работна обврска ја спојува со последниот маж што ѝ е потребен во моментот: шармантниот, арогантен и неподносливо неодолив Вајлдер Хејс.

    Украдените погледи и забавното препирање набрзо се претвораат во нешто подлабоко. Доколку си дозволи да љуби, ризикува сè, а Слоун не е сигурна дали е доволно силна да преживее уште едно разочарување.

    Сепак Вајлдер можеби вреди за ризикот. Бидејќи понекогаш, љубовта не влегува во твојот живот кога си подготвен… туку кога најмногу ти е потребна.

    550,00 ден
    Прочитај повеќе
  • Кревки нешта

    Кревки нешта

    0

    Април, 1906 година. Разорувачки земјотрес го тресе Сан Франциско токму пред изгрејсонце исплукувајќи го пеколот на површината на земјата. Многу животи згаснуваат, но некои се раѓаат од пепелта засекогаш променети.

    Софи Вејлен, млада ирска имигрантка, е очајна да се спаси од мачниот живот во Њујорк, па одговара на огласот за невеста во весникот и се согласува да се омажи со маж што не го познава. Вдовецот Мартин Хокинг е занесно згоден и има неверојатни очи, но е воздржан и многу често патува по работа. Петгодишната ќеркичка на Мартин, Кет, веднаш ѝ го освојува срцето на Софи, но чудното однесување на новиот сопруг ѝ разгорува сомнеж дека нешто не е како што треба во нејзиниот нов живот.

    Животите им се менуваат една ранопролетна вечер кога непозната личност им се појавува на врата. Судбините им се испреплетуваат вечерта пред ужасниот земјотрес впуштајќи ги на опасно патување на кое ќе ги откријат својата сила и сознанието дека љубовта умее да го победи стравот.

    „Кревки нешта“ е емотивна приказна за силата на мајчината љубов, женската солидарност и пријателствата.

    550,00 ден
    Прочитај повеќе
  • Луција

    Луција

    0

    Луција има сè во животот – стабилен брак, успешна кариера и обично секојдневие. Но некаде помеѓу очекувањата и обврските, го има изгубено единственото нешто што не може да го замени – себеси.

    Кога возбудливата порака од дамнешната младешка љубов ѝ ја напукнува површината на нејзиниот контролиран свет, Луција е вовлечена во тивка, но моќна внатрешна бура. Бура што ја тера да се запраша дали го живее животот што го посакувала.

    Додека сомнежите ја јадат, а страста ја растреперува и буди, Луција наоѓа неочекувано, а сепак толку едноставно прибежиште во… мирисот на лавандата. Тој ја потсетува на чувството што не смее повторно да го занемари.

    „Луција“ е интимен портрет на една жена; приказна за копнежот, храброста да се направи различен избор и новите животни почетоци.

    380,00 ден
    Прочитај повеќе
  • Вети ми

    Вети ми

    0

    „Вети ми“ е сликовница за нештата кои не смеат да бидат заборавени, без оглед на тоа колку време ќе мине: топлината на прегратката во која мајката го држи своето новороденче, гласната смеа од која се затресува целото детско телце, начинот на кој малото детско раче секогаш ја наоѓа мајчината дланка – со комплетна доверба чија убавина погодува в срце. Но и за тоа колку брзо, речиси неправедно, минува сето тоа.

    Оваа сликовница не се обидува да ја спречи таа неизбежност – таа знае дека времето е непобедливо. Наместо тоа, нежно моли: „Само вети ми дека ќе се сеќаваш… и дека ќе се враќаш кај мене секогаш.”

    И токму во таа нежност, токму во тоа тивко молење, лежи моќта на оваа книга.

    Приказна која децата ќе ја обожаваат, а мајките ќе ја читаат со кнедла во грлото.

    350,00 ден
    Прочитај повеќе
  • Запишано со крв

    Запишано со крв

    0

    Ако тој ти го запише името, тогаш тоа е смртна казна…

    Лос Анџелес, 5 декември – само неколку недели пред Божиќ. Анџела Вуд, експертот за џебни кражби, штотуку завршува со „работата“ за денес – 687 долари – не е лошо за нешто помалку од петнаесет минути работа.

    Додека прославува за профитабилниот ден со коктел, вниманието ѝ го привлекува еден од гостите во локалот, кој е многу дрзок кон друг постар човек. Анџела решава да му одржи лекција, па му ја краде кожната чанта, која делува мошне скапо.

    Но внатре нема пари… нема лаптоп… ништо вредно. Барем не за Анџела. Само црн нотес со кожни корици, изненадувачки тежок. Љубопитноста ја совладува, па во мирот на својот дом, Анџела почнува набрзина да го прелистува.

    И тогаш започнува најголемиот кошмар во нејзиниот живот.

    Ова не е обичен нотес.
    Ова е нешто што се чита само на свој ризик и одговорност.

    570,00 ден
    Прочитај повеќе
  • Вистински бои

    Вистински бои

    0

    Сестрите Греј отсекогаш биле блиски, но по смртта на мајка им стануваат и најдобри другарки. За жал, на нивниот строг татко поважна му е репутацијата одошто сопствените деца и, години подоцна, тој сè уште бара од нив да ја одржуваат неговата позиција во општеството.

    Винона, најстарата, има најголема потреба од татковото одобрување. Таа никогаш не се чувствувала пријатно и вистински дома на ранчот што е во сопственост на семејството три поколенија. Знае дека не ги поседува квалитетите што татко ѝ ги цени, но, како најдобар адвокат во градот, решена е еден ден да му ја докаже својата вредност.

    Аурора, средната сестра, е миротворецот во семејството. Таа ги смирува сите кавги и се обидува да ги усреќи сите, истовремено криејќи ја својата болка.

    Виви Ен е неоспорната ѕвезда во семејството. Занесна убавица, сонувачка со срце од злато, таа е обожавана од сите. Сѐ ѝ оди од рака, сè додека во градот не се појави еден туѓинец.

    За миг, сè се менува. Сестрите Греј застануваат една против друга на начини на кои ниедна од нив не си замислувала. Лојалноста им е ставена на тест, се разоткриваат стари тајни, а шокантното убиство ќе ги потресе и семејството и целиот град.

    Емотивна приказна каква што само Кристин Хана умее да напише, „Вистински бои“ е незаборавен роман за сестринските врски, искупувањето, прошката, а најмногу за тоа што значи да се биде семејство.

    590,00 ден
    Додај во кошничка
  • Поканата

    Поканата

    0

    Тешко на секој што ќе ја прими…

    Во текот на продолжен викенд на Алпите, Марла Линдберг прифаќа покана за петгодишнина од матурата. Но брзо по пристигнувањето сфаќа дека постои само едно поопасно нешто од напуштањето на изолираниот планински хотел ноќе, на подмрзаниот снег, а тоа е… да не го напушти.

    Спомените на Марла се кристално јасни: чудната порака што ја намамила во напуштена породилна клиника. Ликот што се обидел да ја убие. Страшната кашлица со граден свиреж на психопатот за време на борбата за живот.

    По години психотерапија, високо интелигентната млада жена сега знае дека сето ова се само лажни спомени. Марла страда од прозопагнозија, односно нарушување на перцепцијата за човекови лица што води до неспособност за препознавање ликови. Во екстремни ситуации, нејзиниот мозок си игра со неа, обидувајќи се залудно да ги препознае луѓето по нивните лица.

    Кога Марла ја добива поканата за собирање на класот на Алпите, таа се надева дека средбата со старите другари ќе ѝ врати убави спомени. Кога пристигнува во завеаниот планински хотел, сите соби се веќе зафатени. Каминот гори, има чинии на масата, но таму нема никој. Почнува да ги бара останатите. И тогаш повторно ја слуша. Таа морничава кашлица со граден свиреж, во студениот мрак…

    590,00 ден
    Додај во кошничка
  • Касиа

    Касиа

    0

    Васет, 1446 година пред Христа: Десетгодишните близнаци Елиел и Мириам робови од Гошен се спријателуваат со младиот благородник Небамон; два различни светови. Близнаците раскажуваат за Очите на Ра, два скапоцени камења кои се украдени од нивното племе. Со дух полн бунт и потреба за слобода, Небамон решава да им помогне Во потрагата на овие мистериозни скапоцености.

    Каиро, 1894 година после Христа: Младиот авантурист Јустинијан „Јуст“ Грифит ја поседува мистериозната книга „Списите од Александрија“, која во себе содржи тајни локации на скриени богатства, вклучително и онаа на Очите на Ра. Во придружба на неговата сопруга Изабела и локалецот Адел, Јуст треба да одгатне три загатки кои во себе ја чуваат скриената локација.

    Египет, 2025 и 2026 година после Христа: Исаак, Крсте и Агата се нурнуваат во древноста на Египет после смртта на Сотир Андов, таткото на Исаак. Низ едногодишното трагање по Очите на Ра, им се придружува мистериозниот Исмаил и Александра, мајката на Исаак. Трите убиства и натопениот песок од крв само ќе ги замрсат веќе испреплетените конци кои беа почнале да се одмотуваат уште од Охрид и Оксфорд.

    Како е смртта на Сотир поврзана со Очите на Ра? Зошто, покрај сите богатства Јустинијан решава да го бара тоа за кое има најмалку информации? Како другарството на Елиел и Мириам со Небамон ќе одекне низ минатото и сегашноста? Во ова второ продолжение од првата трилогија, оние нешта кои беа откриени и изнедрени во Охрид и Оксфорд се превртуваат, дополнително откриваат и ги изронуваат сите, а посебно Исаак и Крсте.

    400,00 ден
    Додај во кошничка
  • Товарот на вистината

    Товарот на вистината

    0

    Една мајка одбива да се откаже. Еден детектив е принуден да се сомнева во сè. А вистината одбива да остане закопана.

    Шест месеци по исчезнувањето на Тамара Калајџиева, случајот почнува да се води како нерешен. Без нови траги и докази, полицијата е принудена да го посвети вниманието на тековните задачи. Само мајка ѝ, Ружица, е заглавена во минатото. Уништена од загубата и болката, во живот ја одржуваат единствено надежта и вербата дека нејзиното чедо еден ден ќе се врати.

    И по шест месеци, се случува незамисливото. Повик во ноќта ја прекинува тишината и гласот што една мајка никогаш не би можела да го заборави го оживува нерешениот случај.

    Младиот инспектор Стефан Михајловски го наследува случајот од кој сите други кренале раце. Воден од инстинктот и личните принципи, продолжува да копа подлабоко и сфаќа дека ова не е само обичен случај на исчезнато лице, туку нешто многу помрачно. Нешто внимателно скриено. Делчињата од вистината избиваат на површина и она што личело на очајна измислица на една мајка, полека се претвора во вознемирувачка реалност.

    400,00 ден
    Додај во кошничка
  • Зрак надеж

    Зрак надеж

    0

    Во текот на мојот прв ден во Монтана, ќе настанеше тепачка за количка за пазарување во продавница. Најзгодниот маж кој некогаш сум го видела ги смири тензиите пред да ме покани на состанок. И за малку ќе прифатев… но тогаш ми го кажа своето име.

    Како сопственик на ранчот Хејвен Ривер, Џакс Хејвен не ми беше шеф. Но и делумно ми беше. Работите беа комплицирани. Па, единствената опција ми беше да го одбијам, да побегнам, а потоа да се преправам дека не се знаеме на првиот работен ден. И многу јасно, не смеев да си дозволам да се дознае дека потајно бев малку зацапана во него.

    Па така, колку што се трудам за работата, двојно повеќе се трудам да се преправам дека Џакс не постои. Не си дозволувам да мислам на неговите сјајни очи или шармантната насмевка. Игнорирам колку нездраво добро изгледа во пар избледени фармерки. И не ме интересира колку секси му стои каубојскиот шешир – Џакс е дистракција што не можам да си ја дозволам. И сѐ одеше по планот до вечерта на забавата, кога испивме малку повеќе. По една ноќ во неговиот кревет, веќе нема теоретски шанси да го игнорирам Џакс Хејвен. Барем не сега кога носам негово дете.

    520,00 ден
    Додај во кошничка
  • Лесни пари

    Лесни пари

    0

    Кога ќе го промените начинот на размислување за парите, ќе го збогатите сиот свој живот.

    Прекуглава ви е да живеете „од плата до плата“? Се чувствувате заробени од трошоците што секој месец ви се натрупуваат? Се прашувате како некои луѓе живеат финансиски спокојно и слободно, додека други остануваат заглавени?

    Cè започнува од начинот на размислување. Cè додека не ги промените вашите мисли, чувства и однесувања околу парите, ќе продолжите да чекорите по истиот пат и ќе ги добивате истите резултати.

    Црпејќи од разговорите со врвни финансиски експерти во емисијата „Школа за извонредност“, од најновите истражувања за психологијата на парите и од неговото лично искуство на патот до успехот, Луис Хаус ви нуди практични совети и нова перспектива што ќе ви помогнат да стекнете вистинска финансиска сигурност и изобилие.

    Луис ќе ви открие како да го откриете вашиот „финансиски стил“, да го поврзете начинот на размислување за парите со вашата значајна животна мисија и да изградите 7 клучни финансиски навики за мир и слобода. Со овие алатки, ќе можете да создадете онолку богатство колку што сакате – без разлика на вашите околности.

    Ова не е само уште една книга за финансии или инвестирање. Ова е книгата што ви е потребна за да станете свесни за вашата вредност за да можете да заработувате повеќе и да го создадете изобилието што го посакувате.

    490,00 ден
    Додај во кошничка
  • Игра на душата

    Игра на душата

    0

    Во 2011 година, грозоморно злосторство го тресе Њујорк – 15-годишно девојче е пронајдено распнато во една приградска црква откако било прогласено за исчезнато.

    Мирен Тригс, истражувачката новинарка од „Менхетн прес“, одлучува да го истражува случајот откако добива мистериозен плик со фотографија од друго исчезнато девојче со едноставна порака: „Џина Пеблс, 2002 година“. Заедно со Џим Шмоер, нејзиниот поранешен професор по новинарство, ја следат трагата за девојчето од фотографијата додека истовремено го истражуваат и скорешното распнување. Истрагата ги води до една религиозна институција чии членови извршуваат ритуали далеку повознемирувачки отколку што си замислувале.

    Двајцата партнери се соочени со три прашања:
    Што ѝ се случило на Џина?
    Кој ја пратил фотографијата?
    И колку далеку води оваа мрачна игра на душата?

    Некои тајни се закопани со причина, а нивното растајнување би можело да ги чини живот.

     

    550,00 ден
    Додај во кошничка
  • Тајната на Тоскана

    Тајната на Тоскана

    0

    Ана е скршена по смртта на мајка ѝ, која ѝ остава во аманет кутија со дневници, испишани на италијански и пожолтени од времето, и ветување дека во нивните страници ќе ја открие вистината. Заминува во Италија, во селцето Рофеле, каде што го запознава Франческо, кој ѝ помага со преводот на дневниците. Ана полека почнува да закрепнува истражувајќи го минатото на мајка си. Среќните денови исполнети со смеа, семејни вечери и мелење жито во Ил мулино биле нагло прекинати од пристигнувањето на нацистите. Составувајќи ги измешаните парчиња од сложувалката, Ана дознава за мајчината улога во отпорот, за британскиот војник кој го криеле и за причината за нејзиното заминување од татковината.

    Но една тајна останува неоткриена. Средбата со старецот што живее сам и подалеку од сите, кој се сепнува при споменување на името на мајка ѝ, ја наведува да помисли дека можеби тој ги има одговорите. Но некои тајни од војната не треба да бидат раскажани…

    Трогателна приказна инспирирана од вистински настани за трагичните последици од војната кои ги чувствуваат и следните генерации и за љубовта која умее да нè извлече и од најмрачните периоди.

    570,00 ден
    Додај во кошничка
  • Сопругата на мојот сопруг

    Сопругата на мојот сопруг

    0

    Иден Фокс оди на трчање пред нејзината прва ликовна изложба што со душа ја чека. Но кога се враќа во домот во кој неодамна се досели, шармантната стара куќа во Хоуп Фолс што мештаните ја нарекуваат Двогледот, ништо не е како што треба да биде. Клучот не влегува во бравата, непозната жена што морничаво многу наликува на неа ѝ ја отвора вратата, а сопругот настојува дека таа туѓинка е неговата сопруга.

    Една куќа, еден сопруг, две жени. Некој лаже.

    Шест месеци претходно, Бирди, самотничка од Лондон, добива ужасна дијагноза и писмо од кое дознава дека е наследничка на Двоглед. Неочекуваниот подарок од одамна изгубената баба ја враќа во убавото крајбрежно селце Хоуп Фолс. Но кога Бирди ќе дознае за лондонската клиника што тврди дека умее да го предвиди точниот датум на смрт на секој човек, вклучително и нејзиниот, се чувствува приморана да поправи некои дамнешни грешки.

    570,00 ден
    Додај во кошничка
  • Железен пламен (The Empyrean #2)

    Железен пламен (The Empyrean #2)

    0

    Сите, вклучително и самата Вајолет Соренгејл, очекуваа таа да загине во текот на првата година во воениот колеџ „Басгијат“. Но Вршидбата беше одвај првиот невозможно тежок тест, чија цел беше да ги истреби страшливците, недостојните, родените без к’смет.

    Дури сега, во втората година, почнува вистинската обука и Вајолет се прашува како ќе успее да преживее. Обуката не само што е истоштувачка и сурова, туку е смислена за да ја растегне способноста на јавачот да издржи болка над сите граници. А и личната мисија на новиот заменик-заповедник е да ѝ покаже на Вајолет колку е беспомошна – освен ако не го предаде мажот што го љуби.

    Иако телото на Вајолет е послабо и покревко од другите, таа поседува исклучителен ум и челична волја. А водството ја заборава најважната лекција на која ја научи „Басгијат“: јавачите на змејови создаваат свои правила.

    Но одлучноста да преживее нема да биде доволна оваа година, бидејќи Вајолет ја знае тајната што кралството со векови ја крие во срцето на „Басгијат“ – и можеби ништо, дури ниту змејскиот оган, нема да успее да ги спаси.

    1.090,00 ден
    Додај во кошничка
  • Куќната помошничка гледа сè (The Housemaid #3)

    Куќната помошничка гледа сè (The Housemaid #3)

    0

    Порано чистев туѓи домови – а сега не можам да поверувам дека оваа куќа е навистина моја! Се наоѓа во тивко и безбедно соседство, има шармантна кујна и голем двор каде што децата можат да си играат. Со сопругот со години штедевме за да им го дадеме на нашите чеда животот што го заслужуваат.

    Иако нашата нова сосетка г-ѓа Ловел не ми влева доверба, решаваме да ја прифатиме поканата за вечера во нивниот дом. Вратата ни ја отвора нивната куќна помошничка. Носи бела престилка, а косата ѝ е стегната во строга пунџа. Точно знам како е да се биде на нејзино место. Но од нејзиниот студен поглед ме полазуваат морници…

    Куќната помошничка на Ловелови не е единствената чудна работа на тивката уличка. Убедена сум дека гледам силуета како нè набљудува, мојот сопруг излегува од дома доцна навечер, а кога ја запознавам жената што живее во куќата отспротива, нејзините зборови ме стаписуваат: пази се од соседите.

    Дали направив ужасна грешка што се преселив со семејството овде? Мислев дека ги оставив моите мрачни тајни во минатото. Можно ли е ова тивко соседство да се покаже како најопасното место?

    button-new

     

    550,00 ден
    Додај во кошничка