Хариет Констабл е британска писателка, новинарка и режисерка од Лондон. Нејзините текстови се објавувани во медиуми како The New York Times, BBC, The Guardian и Financial Times.
Нејзиниот дебитантски роман „Виолинистката“ (The Instrumentalist) е инспириран од вистинската приказна за музички талентирана девојка од Венеција и светот на Антонио Вивалди. Романот стана меѓународно успешен и беше објавен во повеќе земји.