Како гори пепелта
400,00 ден
Тројца блиски другари одат на технофестивал во тунелите под Брисел. Лазар е писател среде авторска блокада и рецепционер во луксузен хотел. Лусија е фотографка опседната со својот мачор. Даниел е диџеј чија кариера тукушто започнува.
Во текот на ноќта, Даниел слуша дотогаш нечуена фреквенција што сака да ја улови за следните проекти, па тројцата влегуваат во тунелот низ ’рѓосаната врата. Излегувањето оттаму ќе ги соочи со прашањето: кој сум јас? Нивните документи повеќе не важат. Во нивните станови живеат други луѓе. Одеднаш, никој не се сеќава дека некогаш постоеле. Потрагата по тоа што точно се случува ќе ги принуди да се соочат со личните стравови, трауми и неостварени соништа кои долго време биле потиснувани.
„Како гори пепелта“ е урбан роман во кој откриваме друг Брисел зад европските институции и костумираните службеници, како живописна палета од различни култури, јазици и животни приказни кои се лепат по неговите улици. Брисел во овој роман е град на гласна музика и уште погласна осаменост.
Меѓу неизвесните ноќи во запоседнати простори, техноклубови, подиуми за играње и сивилото на градот, ова е вистинска одисеја за пријателството и за потрагата по сопственото место во светот.
2 на залиха






