• Саем на книга 2016

Најнови статии

  • Саем на книга, 2016
    Повторно стигнавме до саканиот и долго очекуван саем на книга, оваа година од 12.04 до 18.04, со работно време од 10.00 до 20.00 часот. Годинава ви подготвивме 9 прекрасни нови наслови, кои ќе се продаваат по промотивни саемски цени, а…
    Коментирај
  • Старомодниот водич за љубов и романса - Кристи Гринвуд
    Старомодниот водич за љубов и романса - Кристи Гринвуд Не знам дали некогаш во животот сум прочитала позабавна книга! Мислам дека не сум уживала и не сум се смеела олку од времето кога бев заразена со Кинсела! Џесика Бим е девојка која знае да се забавува. Само што во…
    Коментирај Повеќе
  • Од минатото не се бега - Ерик Аксл Сунд
    Од минатото не се бега - Ерик Аксл Сунд Нова шведска сензационална трилогија, преведена во 46 земји! Наскоро и филм! Жанет Килберг сè уште не се откажува од случајот со убиените деца имигранти, но нејзината работа ја прекинува страшно морничаво убиство на бизнисмен во Стокхолм. На местото на злосторството…
    Коментирај Повеќе

Награди и подароци

Оцена
(9 оцени)

Откривањето на вистината понекогаш може да те направи побезнадежен од верувањето во лагите...

Тоа е она што го сфаќа седумнаесетгодишната Скај откако го запознава Дин Холдер. Типче со репутација која може да ѝ парира на нејзината и способност во неа да предизвика чувства за кои претходно не била ни свесна дека постојат.

Тој истовремено ја вади од памет и ја восхитува, сè тоа во само една средба, а во чувствата кои ги буди во неа има нешто што враќа закопани спомени од минатото – спомени кои е подобро да останат закопани.

Оцена
(21 оцени)

Пари и чувства

Уште една книга во препознатливиот стил на Меги Олдерсон.

Стела Фејн има едно правило. Кога ќе запознае некој дечко, ако ѝ се допаѓа го остава да чека... Но кога ќе го запознае Џеј сите нејзини правила паѓаат во вода и овојпат Стела е таа што не може да чека.

Кога ќе го запознае на една гламурозна забава на југот на Франција, тогаш сфаќа дека полоша работа од дечко без пари, е дечко со премногу пари. Нејзиниот татко, Лорд Монтекорт е потполно против наследството, а Џеј е еден од најбогатите наследници во светот...

Оцена
(39 оцени)

ОЧАЈНА МЛАДА МАЈКА...
Лошата среќа на Рејчел Стоун зема уште поголем замав. Со празен паричник, расипан автомобил и гладно петгодишно синче кое зависи само од неа, таа се враќа во градот каде што сите ја мразат. Но оваа решителна млада вдовица со скандалозно минато има поминато доволно во животот за да научи како да биде борец. Таа ќе направи сè за нејзиното дете да биде безбедно.

И ЧОВЕК БЕЗ СРЦЕ...
Гејб Бонер сака само да биде оставен на мир, особено од страна на прекрасната протерана жена која без дозвола го сместува своето привремено живеалиште - расипан автомобил - на неговиот имот.

Оцена
(4 оцени)

Карл Брендон има последна желба пред да умре и ја задолжува својата ќерка, Лора, да се погрижи таа да му биде исполнета. Тоа е навидум само една обична молба, да оди и да посети една жена со Алцхајмер во старечки дом. Како може да не се испочитува последната желба на човек на умирање?

Лора се чувствува обврзана да го направи тоа, но нејзиниот постар сопруг Реј покажува сосема спротивни емоции. Реј ја побарал Лора за сопруга откако таа забременила од друг маж, по една кратка авантура.

Сега тој воопшто не сака Лора да оди таму и смислува секакви изговори за таа да не го направи тоа. Но зошто нејзиниот сопруг би имал нешто против тоа?

Авторски Права

Сите права врз содржините на веб страната се задржани од страна на издавачката куќа САКАМ КНИГИ. 



Ниту еден дел од содржините не смее да се презема без писмена согласност на Сакам Книги.

Контактирајте нѐ

Вашето мислење ни е важно!

Можете да ни пишете порака преку нашата контакт страна . Со оглед на големиот број мејлови кои ги добиваме секој ден, се извинуваме ако не успееме да одговориме на сите.


contact@sakamknigi.mk
ivana@sakamknigi.mk

Тука Сме

сакам новости

Пријавете се доколку сакате да добивате новости за попусти и интересни настани!

Follow us on Twitter