-
Монографија Манчевски
0900,00 денНа 650 страни, монографијата Манчевски е извонредно исцрпна и студиозна компилација од есеи, биографски текстови, авторски белешки, цртежи и фотографии. Неколкукратно наградуваното монографско издание овозможува длабински увид во досегашната кариера на еден од најоригиналните и најиновативни современи режисери и уметници. Аспектите на творештвото на Милчо Манчевски како филмски автор, фотограф, концептуален уметник и писател во оваа книга се истражени низ продлабочени анализи на осуммина филмски теоретичари, филозофи и историчари на уметноста од САД, Велика Британија, Германија, Австралија, Ирска, Шведска и Македонија.
-
Мајки ДВД
0350,00 денТри приказни, сите вистинити, една документарна.
Мајки за првпат поставува иновативна кинематографска структура со која се истакнуваат деликатните односи меѓу вистината и фикцијата, драмата и документарното.
Приказната за Владо Танески го обиколи светот и го инспирираше овој филм кој на оригинален начин ја испитува природата на вистината.
Режија и сценарио: Милчо Манчевски
Улоги: Ана Стојановска, Димитар Ѓорѓиевски, Владимир Јачев, Ратка Радмановиќ, Салаетин Билал, Диме Илиев
-
Сенки ДВД
0350,00 ден“Понекогаш мртвите зборуваат погласно од живите.”
Д-р Лазар Перков е млад и згоден, има убава жена, прекрасно синче, голема куќа и добра работа. Сė му е како што треба – ама сепак нешто фали. Кога ќе доживее катастрофална сообраќајка и ќе биде мистериозно спасен од сигурна смрт, неговиот живот почнува да се менува…
Режија и сценарио: Милчо Манчевски
Улоги: Борче Начев, Весна Станојевска, Сабина Ајрула – Тозија, Салаетин Билал, Ратка Радмановиќ, Филарета Атанасова, Диме Илиев и Владимир Јачев -
Прашина ДВД
0350,00 ден“Каде ли ти оди гласот, кога те нема веќе?”
Патиштата на еден крадец од Њујорк (Еџ), една силна стогодишна баба (Анџела), двајца браќа од Дивиот Запад (Лук и Елајџа), еден комита спремен да загине за слобода (Даскалот) и една лична трудница (Неда) им се вкрстуваат во оваа приказна која се протега на два контенента и низ три века.
Филмот Прашина го нарекуваат македонската Герника поради епскиот замав, но и поради кубистичкиот пристап кон наративот. Ова „моќно, амбициозно парче филм“ („Њујорк тајмс“) дело го отвори фестивалот во Венеција.
Режија и сценарио: Милчо Манчевски
Улоги: Џозеф Фајнс, Дејвид Венам, Адријан Лестер, Ен Броше, Розмари Марфи, Салаетин Билал, Николина Кујача, Владо Јовановски
-
Пред дождот ДВД
0350,00 ден“Времето никогаш не умира. Кругот не е тркалезен.”
Пред дождот е легендарен филм, дело по кое светот дозна за Македонија, македонски културен производ кој е меѓународно најнаградуван и најизучуван.
Пред Дождот се смета за едно од најважните дебитантски остварувања во светската кинематографија воопшто (Анет Инсторф) и за еден од најзначајните филмови на 1990-тите (Ен Киби), а „Њујорк тајмс“ го вброи на листата „Најдобри 1.000 филмови на сите времиња“.
„Пукај, бе, братучед. Пукај!“ „Кажи му да ми го бричи. Со зелено џамче.“ „Да ти ибам времето англиско“. „Умре. Во такси.“ „Нема тука да пукне, мирен е народот. – Така и за Босна викаа.“ Ова се неколку од репликите од филмот кои станаа дел од македонскиот фолклор.
Победник на фестивалот во Венеција и прв македонски филм номиниран за Оскар.
Режија и сценарио: Милчо Манчевски
Улоги: Кетрин Картлиџ, Раде Шербеџија, Грегоар Колан, Лабина Митевска -
Киберијада
0400,00 ден„Киберијада“ претставува уникатна збирка научнофантастични раскази за „најпрочуените конструктори“ Клапациј и Трурл, кои опиваат со својот хумор. Овие несекојдневни бајки и сказни го опишуваат барокот на Космосот. Говорат за кралеви и кралства, за витези и змејови, но временски сместени десетици илјади години во иднината, во светот на роботите и на интелигентните машини, кои еволуирале и оформиле различни општествени заедници во кои се случуваат секакви згоди и незгоди – трагични, хумористични, вџашувачки, необични. На овие страници роботите и ракетите се рамо до рамо со пиратите и вештерките. Во нив истовремено може да се распознаат и алузии на актуелни збиднувања од периодот на објавувањето на ова ремек-дело (1965).
Станислав Лем има изјавено дека „Киберијада“ е најубавата книга што ја напишал. Еден од неговите раскази („Патешествие седмо“) бил инспирација за компјутерската игра „SimCity“.
-
Ајде да ти раскажам
0280,00 денШто треба да направиме за да бидеме среќни?
Според Хорхе Букај, за да тргнеме по вистинскиот пат треба да си одговориме на следните прашања: Кој сум? Каде одам? Со кого? Не треба патот да нè определува кои сме, ниту пак човекот кој нè придружува да одлучува каде одиме. По патот треба истовремено да се забавуваме и да научиме да го цениме она што го имаме, и ако е потребно да почнеме од почеток, да го направиме тоа без да престанеме да веруваме во себеси.
Тоа се лекциите што психотерапевтот Хорхе се обидува да му ги пренесе на студентот Демијан, дојден кај него да најде решение за своите животни дилеми. Тој добива одговори во облик на случки кои Дебелиот (тоа е прекарот на необичниот терапевт) ги црпи како од животот, така и од античките митови, од зен-мудростите, од народните и од суфи- приказните и од автори како Егзипери и Лафонтен.
Тие случки ќе ве трогнат, ќе ве насмеат или едноставно ќе ве натераат да се замислите, но едно е сигурно: нема да ве остават рамнодушни.
-
ЧОВЕК ШТО ПЛАЧЕ ОД СМЕЕЊЕ
0400,00 денОктав Паранго во 90-тите работи како копирајтер, во 2000 е моден агент, а во 2010 година открива нова професија…
Човек што плаче од смеење е заокружување на трилогијата на Октав Паранго за современите отуѓувања. Суров и смешен, циничен и искрен, со духовити забелешки за човековиот живот и актуелниот миг, овој роман изобилува со емоции и очајни исповеди. Користејќи го своето алтер его, Фредерик Бегбеде пишува памфлет против недостатоците на западното општество, особено во медиумите.
За жал, сѐ е точно во оваа смешна и очајна сатира!
-
САКАМ, ЗНАЧИ ПОСТОЈАМ
0380,00 денСАКАМ во себе содржи цел еден друг свет на МОЖАМ! Тоа e оној внатрешен импулс на проактивност за подобрата ЈАС, подобар живот, подобар свет.
Се движам по тркалото на животот… Застанувам само пред сопките на љубовта, болката, слободата, емпатијата, родителството, дискриминацијата, егото и интегритетот. Сепак… се движам бунтовно и храбро кон неправдата во светот, сиромаштијата на духот, човековите судбини и човековите права, женската слобода, консумеризмот, технолошкото ропство, културата на шопинг-центри, проституцијата на уметноста, но и проституцијата на духот. И така, качена на велосипедот на животот, го барам ѕвончето со кое ќе свирнам за ПРОМЕНА! Некогаш тивко, некогаш гласно, но секогаш со верба дека овој комплициран свет може да се спаси со добрина и љубов.
По трнливиот пат на мудроста, не знам дали успеав да ги „фатам“ состојбите на невралгичните премрежја на нашето време и на нашите души, но се обидов. Она што ми беше неочекувано во целиот процес е што сфатив дека да се биде набљудувач на најчовечкото во себе е уште потешко отколку да се биде набљудувач на времето и светот.
САКАМ, ЗНАЧИ ПОСТОЈАМ е духовно патување од и кон себеси. Качи се на тркалото на животот!
-
Во затворот на умот
0450,00 денСè што ви се случува во животот е поради вашето незнаење. Вашиот најголем проблем е вашиот ум. Лутина, бес, страв, стрес, анксиозност, депресија, пекол. Сите овие работи се само погрешни записи во умот што вие самите несвесно сте ги ставиле и сега тие ве вртат како хрчак во круг. И вртат, и вртат. Секој ден. Од утро до мрак. И нема излез од тој затворен круг. И нема излез од тој магичен круг. Излез има, само вие не сакате да го најдете! Излез има, само вие не сакате да го видите! Книга од која ќе дознаете од каде навистина доаѓаат сите овие работи кај вас. Книга од која ќе дознаете како да ги тргнете сите овие работи од вас. Книга од која ќе дознаете како да стигнете до онаа радост од вашето детство, која никогаш не исчезнува. Книга која ќе ви ја открие најголемата вистина за животот.
-
РАЗМИСЛУВАЈ КАКО МОНАХ
0600,00 денДа размислуваш како монах значи да размислуваш како најуспешниот и највлијателниот мудрец на денешницата!
Додека растел во околина полна со сомнежи за неговиот успех, одбрал да ја следи сопствената извонредна интуиција, па наместо да присуствува на свеченоста за дипломирањето на факултетот, заминал во Индија за да стане монах. По тригодишна неуморна потрага по себеси, додека им помагал на сите околу него, го напушта монашкиот живот со цел глобално да ја рашири својата мудрост. И успева во тоа! Видеата на неговиот видеоканал, лансиран во 2016 година, имаат над 4 милијарди прегледи. Ова го прави еден од најгледаните луѓе на интернет во целиот свет.
Супермоќта на Џеј Шети не е само во тоа што успеал да го разбуди монахот во себе, туку и во тоа што својата мудрост ја прави достапна за секого. Неговата незаменлива книга-водич „Размислувај како монах“ ќе ги подготви сите храбри луѓе да ги истражат длабочините на својата душа и да му подарат на светот сè убаво што спие неоткриено во нив. Апстрактните лекции, совети и вежби собрани во оваа инспиративна, прониклива, длабока и практична книга се доказот дека секој може и секој треба да размислува како монах.
Спојувајќи ја древната мудрост со искуството што го стекнал во ашрамот, Шети ни открива како да се ослободиме од негативните мисли и да се препуштиме на смиреноста која лежи во сите нас. Тој докажува дека секој може – и треба – да размислува како монах. Разумно борете се со секојдневните предизвици! Да се размислува како монах повеќе не е избор, туку потреба!
-
Тајна
0480,00 денДелови од Големата тајна биле откривани низ столетијата во усмената традиција, во литературата, во религиите, како и во филозофиите. За првпат сите делови од Тајната се собрани во ова неверојатно откровение кое ќе го преобрази животот на сите оние кои ќе ја доживеат. Од оваа книга ќе научите како да ја користите Тајната во секој сегмент од вашиот живот: пари, здравје, односи, среќа.. ќе почнете да ја разбирате скриената, непозната моќ што јаи ма во вас, а тоа откровение може да донесе радост во секој аспецт од вашиот живот. Учејќи за Тајната, ќе осознаеш на кој начин можеш да имаш, да бидеш и да го правиш она што ќе го посакаш. Ќе осознаеш кој си, ќе ја осознаеш вистинската величественост на твојата силна волја и што може таа да направи за тебе.
-
Моќта
0480,00 денНамерата на Ронда Бирн е: РАДОСТ ЗА МИЛИОНИ ЛУЃЕ Своето патување во започнува со филмот “Тајната” кој го видоа милиони луѓе ширум светот. Потоа следуваше книгата “Тајната” , светски бестселер досега преведен на 46 јазици. Сега со “Моќта” , Ронда Бирн ја продолжува нејзината револуционерна работа, откривајќи ни ја најголемата сила во нашиот универзум. СУДЕНО ТИ Е ДА ИМАШ НЕВЕРОЈАТЕН ЖИВОТ! Во оваа книга сакам да го покажам патот до неверојатен живот…Има толку многу нешта кои треба да ги откриеш за животот, и сите тие нешта се добри. Всушност, тие се и повеќе од добри. Феноменални се! Животот е многу полесен отколку што мислиш и кога ќе почнеш да разбираш како функционира животот и Моќта што ја имаш во себе, тогаш во целост ќе ја искусиш магијата на животот – и тогаш ќе имаш неверојатен живот! Сега, дозволи да започне магијата на Твојот живот. -извадок од моќта-
-
Сè што син ми треба да знае за светот
0300,00 денПред себе имаме длабоко проникливо обраќање од првите борбени редови на едно од најзастрашувачките животни искуства на секој маж: татковството.
Бакман ни дава интимен увид во односот меѓу татковците и синовите. Проникнувајќи длабоко во сопственото искуство и обраќајќи се директно на своето дете, Бакман ги разгледува перспективата и алатките што ќе му бидат потребни на неговиот син за да се снајде во светот.
Делумно мемоари, а делумно љубовни писма, оваа книга претставува прирачник за големите, но и малите животни лекции, подеднакво важни како и првите. Од тоа како да се излезе накрај со љубовта до тоа како да се монтира парче мебел од ИКЕА. И нешто уште поважно – зошто таткото понекогаш ќе му ја стега дланката малку поцврсто од обично.
Ова е Бакман каков што досега не сте го виделе – интимен, ранлив и храбар. Оваа книга, пред сè, претставува омаж на љубовта меѓу родителот и детето.
-
Животот на нашата планета
0450,00 денЗемјата ја делиме со другите животни и со растенијата – најсовршениот замислив систем за одржување на животот, конструиран милијарди години. Стабилноста на планетата почна да се губи паралелно со намалувањето на разновидноста на живиот свет – овие две нешта се меѓусебно поврзани. Затоа, за да ја обновиме стабилноста на планетата, мораме да го обновиме биодиверзитетот, токму она што го уништуваме сега. Тоа е единствениот излез од кризата што ја предизвикавме самите. Мораме да ја вратиме дивината во светот.
Животот на нашата планета
Моето сведоштво и мојата визија за иднината
Имам 94 години. Имав извонреден живот. Дури сега сфаќам колку извонреден.
Како младич, додека шетав мислев дека ја гледам дивината, дека го искусувам негибнатиот свет на природата – но, тоа беше илузија. Трагедијата на нашето време се случуваше насекаде околу нас, едвај забележливо од ден за ден – исчезнувањето на дивината, намалувањето на нејзиниот биодиверзитет.
Бев сведок на ова намалување. Животот на нашата планета е моето сведочење, но и мојата визија за иднината. Тоа е приказна за тоа како ја направивме нашата најголема грешка и како, доколку дејствуваме веднаш, можеме да ја исправиме.
Имаме уште само една, последна шанса да го создадеме нашиот совршен дом и да го обновиме волшебниот свет што сме го наследиле.
Сè што ни треба е волја.
Сер Дејвид Атенборо е најпознатиот британски автор на природонаучни филмови. Неговата кариера на природонаучник и телевизиски презентер опфаќа речиси седум децении. Тој се здобил со почесна витешка титула во 1985-та, а во 2005 година му бил доделен Орден за заслуги. Член е на Кралското друштво и се занимава со теми поврзани со изумирањето на видовите и нивното сочувување.
-
ПРИКАЗНИ ОД МЈАУКЕДОНИЈА
0350,00 ден„Приказни од Мјаукедонија“ е прво дело на младата и талентирана мачка Емилија Џамбазова-Бавчанска. Таа е родена околу 1 јули 2011 година, во околината на Радовиш, поточно во една од плевните кај радовишките бавчи. Нејзината потресна приказна започнува токму на денот кога таа прогледува, па оставена од нејзината мајка почнува да талка по шумата. Првиот хомо сапиенс на коj ќе налета е нашиот познат актер и водител, Игор Џамбазов, кој подоцна ќе стане и нејзин сопственик. Емилија духовито ќе забележи – МОЖЕБИ ТОЈ Е МОЈОТ СОПСТВЕНИК, НО ЈАС НЕ СУМ НЕГОВА СОПСТВЕНОСТ.
И така, малечката Емилија тргнува во големиот град. Тој по обичај, не ја ни пречекува. Следуваат сцени какви што само животот може да изрежира. Започнува таа вечна борба на сите млади провинцијалки и лажниот граѓански дух.
Многу подеми, уште повеќе падови. Многу ѕвездени моменти, уште повеќе разочарувања. Емилија е распната помеѓу новото и традиционалното, помеѓу омразата и љубовта, помеѓу животот и смртта…