-
Робинсон Крусо
0159,00 денМорнарот Робинсон Крусо завршува на пуст остров како единствен преживеан
по катастрофалниот бродолом. Оставен на милост и немилост на суровата природа и на самотијата, тој го пронаоѓа патот до културата и цивилизацијата.
Учи занаети, гради куќа, обработува земјиште и припитомува животни, но сèуште е сам. Сето тоа се менува кога ќе го спаси Петко од човекојадците и заедно
ќе го планираат враќањето дома…
-
РОБОТЧЕТО Р1
0200,00 денШто е тоа? Дали навистина Боби направи роботче!? Јипирипи! Со помош на Зина, Зази и Биби, роботчето Р1 оживува и почнува да прави неверојатни работи. Тоа не само што ја претвори гаражата на Боби во суперопремена лабораторија, туку отвара и – портал! Портал што ќе ги однесе Биби, Боби. Зази и Зина… Каде? Ќе прочитате во оваа книга…
-
Рок на траење
0390,00 денОд авторката на бестселерите на „Њујорк тајмс“, За пет години и Едно лето во Италија, пристигнува љубовна приказна што зборува за љубовта и животот на една цела генерација. Дафне Бел верува дека универзумот има план за неа. Секогаш кога ќе запознае маж, добива ливче хартија со неговото име и број – точното времетраење на нивната врска. Знаеше дека со Мартин во Париз ќе има три дена, пет недели со Ноа во Сан Франциско, три месеци со Хуго (нејзиното поранешно момче а сега најдобар пријател) … и уште многу други во текот на дваесет години. Потоа треба да има состанок на „невидено“ со Џејк – а на ливчето го пишува само неговото име. Нема број. Нема крај. Дали конечно е дојдено нејзиното „засекогаш“? Но како што се развива нивната приказна, Дафне почнува да се сомнева во судбината. Што ако молкот на ливчето не е ветување за среќа, туку предупре дување? Особено кога таа крие тајна што може да уништи сè. Раскажан со препознатливата топлина, духовитост и емоционална длабочина на Ребека Серл, Рок на траење е возбудлива, трогателна приказна за љубовта, изборот – и за тоа дали некои нешта се навистина создадени да траат.
-
Романса со господин Бриџертон (Бриџертон #4)
0520,00 денСите знаат дека Колин Бриџертон е најшармантниот маж во Лондон. А Пенелопе Федерингтон потајно го обожава братот на нејзината најдобра пријателка… па, се чини отсекогаш. Со оглед на тоа дека половината свој живот го набљудува Колин Бриџертон од далечина, смета дека знае сѐ што може да се знае за него, сѐ додека не налета на неговата најдлабока тајна… кога одеднаш почнува да се плаши дека никогаш воопшто и не го познавала.
На Колин му е смачено од тоа што сите го сметаат за обичен празноглав шармер и особено му е смачено од колективната преокупација со озлогласената колумнистка на гласишта и озборувања, Леди Вислдаун, која како да не може да објави издание без да го спомне токму него во првиот параграф. Но кога се враќа од патувањата во странство, открива дека ништо во животот повеќе не е исто – особено не Пенелопе Федерингтон! Девојката која го прогонува низ соништата. Но кога дознава дека и таа има своја тајна, овој недопирлив ерген мора да реши… дали таа е најголемата закана за него – или неговото ветување на среќен крај?
-
Рудникот
0450,00 денТи не знаеш што има таму. Никој не знае што има таму.
Третиот роман на Миодраг Мајиќ е пишуван со намера што е очигледна уште од првата реченица. Исповедта на Богдан Бањац можеби е вистинита, а можеби е плод на трауматизираната фантазија, но во секој случај е веродостојна на неговите сеќавања. Тој е поранешен адвокат што се наоѓа во санаториум и поради тоа неговите навраќања кон минатото можат да бидат земени со резерва од јавноста.
Сепак, читателот лесно станува негов сојузник, дури и кога нема да поверува во сè што кажува. Според приказната на Бањац, тој се наоѓа во средиштето на комплексна мрежа од интереси на крупниот капитал, политиката и на институциите… А рудникот богат со кобалт во селото на неговата баба наликува на премин кон некој друг, страшен свет, кој е пандан на ужасите што се случуваат во овој, нашиот свет.
Потреба за раскажување е последниот обид на Богдан да го реконструира минатото за да ја состави целосната слика за сегашноста и така да дојде до – вистината.
-
-
Сè е за*бано : книга за надежта
0390,00 денОд авторот на интернационалниот мегабестселер „Е, баш ме заболе“ доаѓа контраинтуитивен водич за проблемите со надежта.
Живееме во интересно време. Материјално, сè е подобро од кога и да е, но некако сè изгледа како да е непоправливо и ужасно заебано. Што се случува? Ако некој може да ја именува нашата моментна малодушност и да ни помогне да ја решиме, тоа е Марк Менсон.
Во „Сè е заебано“, Менсон исцртува планини од психолошки истражувања базирани на безвременската мудрост на Платон, Ниче, Кант, па и на Том Вејтс, за да ги дисецира религијата, политиката, парите, забавата и интернетот.
Со неговата препознатлива комбинација од ерудиција и хумор, Менсон нè предизвикува да бидеме почесни кон себеси, отворено спротивставувајќи се на нашите дефиниции на верата, среќата, слободата – дури и на надежта. Еден од најголемите модерни автори напиша уште една книга што ќе ја постави агендата на годините што доаѓаат.
-
Сè уште мислам на тебе
0450,00 денДали искреноста е секогаш најдобра опција?
Сè уште мислам на тебе е роман полн со приказни за стари пријателства, нова љубов,страста која ја носи со себе и сомнеж дали искреноста е секогаш најдобра опција.
Таш и Рич се луди еден по друг. Заплеткани во нивната љубовна бајка и возбудени за иднината, тие ја планираат нивната венчавка на француските алпи.
Рич се среќава со своите стари прија тели од факултет, а таш е возбудена бидејќи ќе ги запознае луѓето со кои се дружел и со кои созревал.
Но, таш ќе добие повеќе информации отколку што очекуваше, ќе дознае тајни од минатото на Рич…
Дали таа сè уште може да ја планира својата убава иднина со Рич штом ќе го дознае неговото валкано минато? -
Сè што заборавила Алиса
0550,00 денАлиса Лав има дваесет и девет години, лудо е вљубена во сопругот и наскоро треба да стане мајка.
Замислете само колку ќе се изненади кога ќе се освести по падот во вежбалницата (во вежбалница? Па таа мрази да вежба!) и ќе открие дека има триесет и девет години и три деца на кои не се сеќава. Се разведуваат со љубениот сопруг Ник, кој ја мрази, а од сестра ѝ Елизабет, поради некоја причина, необјасниво се отуѓила.
Сега мора да сфати зошто одвај разговараат со сестра ѝ и како се претворила во една од оние преслаби мајки облечени во прескапа облека. Како можело за десет години нештата да тргнат толку наопаку? Зошто не се препознава самата себе – и што е уште полошо, зошто оваа нова Алиса ни најмалку не ѝ се допаѓа?
Алиса мора да се сети на сè што заборавила, одново да ја изгради сликата од изминатите десет години и да дознае дали работите можат да бидат како порано. А пред сè, мора да дознае дали заборавот е благослов или проклетство и дали е навистина можно човек да почне одново.
-
Сè што изгубивме во огнот
0350,00 денДванаесет раскази во кои вешто се спојува аргентинското секојдневје, обликувано од крвавите траги од суровоста, грабнувањата и убиствата во бурното минато, со натприродните елементи.
Во книгата се распостилаат моќни приказни за патолошки личности, сериски убијци, мајка што го продала детето за да преживее, туристи што ги посетуваат местата на најтешките злосторства за разонода, ќе прочитаме за животот на луѓето во опасните и бедни квартови, полициската бруталност, за локалните празноверија и обичаи.
Последниот расказ, по кој воедно е и насловена книгата, ја раскажува историјата на група жени што решиле да се самозапалaт откако други жени загинале фрлени во оган од своите партнери. Инспирација е вистинскиот случај на фемицид на Ванда Тадеи, која починала неколку дена откако сопругот ја запалил.
Расказите не даваат одговор за судбината на ликовите, читателот не дознава кој е човекот што наведува една девојка да се самоповредува, што се случи со девојката што ја одведе напуштената куќа, кое е момчето со крвави заби што седи на креветот или каков е тој порив на жените за самозапалување како порака кон заканата од насилство. Се чини дека светот едноставно има потреба од жртви
-
Сè што оставаме
0390,00 ден„Сè што оставаме“ е продолжение на романот „Сè што чуваме“ и втора книга од трилогијата на најдобро продаваната авторка на „Вол Стрит џурнал“, Кери Лонсдејл.
Два месеца пред неговата венчавка, финансискиот раководител Џејмс Донато го следи неговиот брат Фил кој е вмешан во матни зделки, во Мексико, каде што исчезнува во морето и го прогласуваат за мртов. Шест и пол години подоцна, тој се буди од состојба на дисоцијативна фуга во Оаксака, каде што живее како Карлос Домингез, вдовец и татко на два сина, со неговата балдаза Наталија Хејес, некогашна професионална сурферка, која му помага да се одржи во живот. Но, неговата свршеничка и најголема љубов, Ејми Тирни, продолжува со својот живот. Таа е омажена и има дете.
Разочаран од сознанието, Џејмс и неговите синови се враќаат во Калифорнија. Но, Фил наскоро ќе излезе од затвор и ќе го побара Џејмс, кој посведочил нешто во Мексико што би можело повторно да го врати Фил зад решетки. Под сè поголем притисок на семејството, Џејмс заедно со синовите патува во Куаи, барајќи засолниште кај Наталија. Како што Џејмс почнува да ја открива мистеријата зад неговиот идентитет, опасноста се чини постојано блиску, а Наталија можеби е единствената личност на која може да ù верува.
Раскажан низ двојна перспектива на еден човек, „Сè што оставаме“ е мешавина од неизвесност, мистерија и романса при разоткривањето на загубата, издржливоста и силната потреба по секоја цена да ги заштитиме оние кои ги сакаме.
-
Сè што правиме во мракот
0500,00 денПарис Пералта е осомничена дека го убила својот славен сопруг, а нејзиното минато што долго време го криела сега се заканува да ѝ ја уништи иднината.
Парис е уапсена во нејзината бања. Покриена е со крв и држи жилет, додека сопругот лежи мртов во кадата зад неа. Таа знае дека ќе биде обвинета за убиство. Но, колку и да изгледа лошо сето ова, тоа не е она што најмногу ја загрижува. Поради непосакуваното медиумско внимание што сега ја опкружува, прашање на време е кога некој од нејзиното минато ќе ја препознае и ќе ѝ го уништи новиот живот кој толку напорно работеше да го изгради.
Дваесет и пет години претходно, Руби Рејес, позната како Ледената кралица, беше осудена за слично убиство во судскиот процес што ја разбранува Канада во почетокот на 1990-тите. Рејес знае која е навистина Парис и кога неочекувано излегува од затвор, се заканува дека ќе ги открие сите нејзини тајни. Оставена без избор, Парис мора најпосле да се соочи со мрачното минато од кое мислела дека избегала еднаш засекогаш.
Бидејќи единственото нешто полошо од обвинение за убиство се две обвиненија за убиство.
-
Сè што син ми треба да знае за светот
0300,00 денПред себе имаме длабоко проникливо обраќање од првите борбени редови на едно од најзастрашувачките животни искуства на секој маж: татковството.
Бакман ни дава интимен увид во односот меѓу татковците и синовите. Проникнувајќи длабоко во сопственото искуство и обраќајќи се директно на своето дете, Бакман ги разгледува перспективата и алатките што ќе му бидат потребни на неговиот син за да се снајде во светот.
Делумно мемоари, а делумно љубовни писма, оваа книга претставува прирачник за големите, но и малите животни лекции, подеднакво важни како и првите. Од тоа како да се излезе накрај со љубовта до тоа како да се монтира парче мебел од ИКЕА. И нешто уште поважно – зошто таткото понекогаш ќе му ја стега дланката малку поцврсто од обично.
Ова е Бакман каков што досега не сте го виделе – интимен, ранлив и храбар. Оваа книга, пред сè, претставува омаж на љубовта меѓу родителот и детето.
-
Сагата за Рајна
0350,00 ден„Сагата за Рајна“ е роман базиран на вистински настани и вистинската животна приказна на Рајна Алексова, првата школувана аптекарка не само во Македонија, туку и на целиот Балкан.
Родена во 1883 година во Битола, по тешкото детство и смртта на нејзините родители, радост пронаоѓа единствено во учењето и цврсто решава дека ќе го исполни ветувањето дадено на нејзината покојна мајка, дека ќе стане некој и нешто. Со неизмерната љубов кон образованието, Рајна урива бариери и стереотипи во Османлиското Царство. По завршувањето на Француската гимназија во Солун, нејзиниот постар брат Ристо Шпицарот (на турски аптекар), кој ја имал првата аптека во Битола и бил трговец и приучен аптекар, во 1902 година ја однел во Лозана, Швајцарија, и ја запишал на Факултетот за фармација, на нејзина голема радост, со желба да дипломира и потоа заеднички да ја водат аптеката. Рајна во Битола се вратила како европска дама, со диплома на фармацевт. Нејзината и радоста на брат ѝ Ристо траеле кратко, бидејќи, откако веста за школувана каурка стигнала до тогашниот управител на Битола, започнуваат мачните денови, месеци, па и години за најучената жена во градот на конзулите. Турските власти не ѝ дозволувале да ја врши аптекарската професија. Но Рајна не се откажувала. И така продолжува нејзината животна приказна, вистинска сага…
Но „Сагата на Рајна“ не е само роман за професионални достигнувања, туку и приказна за семејни радости и болки, скршени срца и залечени надежи; делумно љубовна, делумно трогателна, делумно позитивна и покрај сето црнило. Во секој случај, наша и исклучителна. -
Сакај ја диво
0360,00 денСо искреност, трогателност и романтичен занес, во „Сакај ја диво“ е поместено сето она што истовремено е необработено и култивирано, и во најмалите и во најголемите мигови во животот: првиот изблик на нова љубов, ноќно возење проследено со потпевнување на песната што свири од радиото во автомобилот, незадржливата бујност на женскиот дух, едноставното задоволство што го нуди доброто виски… Атикус ги дестилира највозбудливите занеси и најголемите разочарувања од животот и од љубовта и ги поместува во неколку кратки редови, така осигурувајќи се дека неговите зборови ќе останат врежани во мозокот на читателот – и ќе го разбудат чувството за авантура кај него. -
Сакам дома!
0275,00 денИ така падна одлуката. Во истиов миг поаѓа во потрага по нови родители. Само уште да смисли каде да ги најде. Во соседството? Во некоја соседна држава? Во Европа? Африка? Австралија? На Северниот Пол? Во огласите? На „Фејсбук“? Стоп! Ништо од сето ова. За едно толку симпатично и умно момче, каков што е Никола, родителите можат да се најдат само на некоја друга планета.
Деца, појдете со Никола во потрага по совршените родители. Ве очекуваат комични, всушност, космички авантури, преполни со мали чуда, џиновски солзи, смешни зборови и опасни игри.
Предупредување:
– Кај искусните читатели може да се јави желба книгата да се прочита уште еднаш.
– Кај читателите-почетници можна е појава на самостојно читање.
– Што ќе се случи со оние што не знаат да читаат не вреди да се пишува, затоа што нема да можат да прочитаат.