-
Погрешно место, погрешно време
0520,00 денМожеш ли да спречиш убиство откако веќе се случило?
Крај на октомври. После полноќ. Го чекаш својот осумнаесетгодишен син. Тој доцни. Додека гледаш од прозорецот, тој се појавува и сфаќаш дека не е сам: тој оди кон еден човек и вооружен е.
Не можеш да поверуваш кога ќе видиш што прави: твојот забавен, среќен син тинејџер, убива некој странец, токму таму на улицата пред вашата куќа. Не знаеш кој. Не знаеш зошто. Знаеш само дека твојот син сега е во притвор, неговата иднина е уништена.
Таа ноќ заспиваш во очај. Сѐ е изгубено.
Додека не се разбудиш. . .
. . . на вчерашен ден.И тогаш повторно се будиш. . .
. . . на завчерашен ден.Секое утро се будиш ден порано, уште еден ден пред убиството. Со уште една шанса да го запреш. Некаде во минатото лежи одговорот – причината за ова злосторство – и немаш друг избор, освен да ја откриеш. . .
Goodreads Choice Award
– Номинирана за најдобра мистерија и трилер за 2022 година -
Под ѓаволовиот мост
3490,00 денКлејтон е почитуван семеен човек; татко, сопруг, професор, тренер и училишен советник, кој пред повеќе од две декади го признал бруталното убиство на ученичка, тинејџерката Лена Раи. Но зошто ја убил? Причината отсекогаш била мистерија.
Во низа ексклузивни интервјуа од затвор, Клејтон ја споделува вистината за она што се случило таа ноќ под Ѓаволовиот мост. Но вистината е далеку од она што го очекуваат сите во Твин Фолс. Клејтон сега вели дека тој не е убиецот. Дали лажел тогаш, кога го признал убиството? Или лаже сега?
Но во приказната недостасува еден клучен играч? Рејчел Волзак, пензионираната детективка која ги разоткрила изопачените нагони на Клејтон и го сместила зад решетки. Таа не е заинтересирана да ја игра играта на Клејтон, но случајот се здобива со толку голема популарност што почнуваат да се откриваат нови детали и во Рејчел се будат сомнежи за сѐ што мисли дека знаела во минатото. И со секое ново интригантно откритие на Клејтон, сѐ повеќе станува јасно дека тој не е единствениот во градот со тајна.
-
Подарок за сеќавање
0430,00 денДарси Арчер работи во мала книжарница на Менхетен. Верна на своите соништа, одбива да се заљуби во некој што не е речиси совршен маж, некој што нема да ја собори од на нозе… буквално. Еден ден, на патот до книжарницата, возејќи велосипед, Дарси случајно ќе налета во убаво облечен маж со куче на поводник. Тој паѓа во несвест и итната помош мора да го однесе во болница, додека сиротото куче ќе остане само. Исполнета со чувство на вина, Дарси го зема кучето и размислува како да го врати на сопственикот што за целото тоа време лежи во болница и не може да се сети на ништо што се случило пред несреќата. Додека му помага на непознатиот маж да се сети на својот живот и семејството, го открива неговиот свет на книгите, патувањата, авантурите и сите оние работи за кои дотогаш само мечтаела. Дарси полека го спојува мозаикот за овој таинствен човек и почнува да се прашува, дали е тој ЕДЕН ЕДИНСТВЕН… Но, дали реалноста и мечтаењето се едно исто? И што ќе се случи кога на принцот на белиот коњ ќе му се врати меморијата? Дали Ајдан е навистина оној што го чека и со кој ќе живее среќно…
„Пријатна и слатка божиќна романса!“
‒ Паблишерс викли„Магична, топла и забавна.“
‒ Клоузер„Заплетот на оваа книга е исклучителен и ме натера да го видам крајот.“
‒ Marie’s Book Boutique -
Подарокот
0550,00 денМилан Берг стои на семафор кога одеднаш до него застанува возило. На задното седиште седи ужасно преплашено девојче со солзи во крупните очи. Таа очајно се обидува да залепи една порака на прозорецот за да му каже нешто.
Дали бара негова помош или се работи за нешто друго?
Милан не може да ја прочита пораката – тој е неписмен. Само еден од над два милиони луѓе во Германија кои не знаат да читаат и пишуваат. Но чувствува во себе: девојчето е во смртна опасност.
Кога тргнува да ја бара, за него почнува една кошмарна одисеја, а на крајот го чека злокобно сознание: понекогаш вистината е премногу ужасна за да можеме да живееме со неа, па способноста за игнорирање е најголемиот подарок што може да постои!
-
Подарокот
0450,00 ден„Подарокот“ е напнат психолошки трилер со неочекуван пресврт од перото на Луиз Џенсен, авторката на големиот светски бестселер „Сестрата“. Џена добива уште една шанса за живот, примајќи срце од друг, девојка по име Кали. Вечно благодарна на Кали и на нејзиното семејство, Џена се зближува со нив. Наскоро открива дека совршеното семејство на Кали крие мрачни тајни… Родителите на Кали се во жалост, но Џена знае дека не ѝ кажуваат сѐ. Каде е Софи – сестрата на Кали? Ја уверуваат дека е во странство уште од смртта на сестра ѝ, но нешто не е во ред со нејзиното отсуство. Кога Џена ќе го запознае Нејтан, момчето на Кали, доаѓа до неверојатно откритие. Џена не верува дека смртта на Кали е несреќен случај. Но, како умрела? Решава да ја дознае вистината, но тоа може да ја чини сѐ: нејзините најблиски, здравиот разум, па дури и животот…
-
Подарокот – Едит Егер
0400,00 денОвој практичен и инспиративен водич нè учи како да ги прекинеме деструктивните навики и заробувачки мисли за да пронајдеме слобода и да уживаме во животот.
Моќната прва книга на Едит Егер, „Изборот“, ја раскажува приказната за нејзиното преживување во концентрациони логори, нејзиното бегство, исцелувањето и патешествието кон слободата. Опра Винфри вели, „Засекогаш ќе бидам променета од приказната на доктор Егер“. Илјадници луѓе од целиот свет ѝ пишувале на Егер за да ѝ кажат колку нејзината книга ги трогнала и ги инспирирала да се соочат со сопственото минато со цел да се обидат да најдат лек за својата болка, истовремено молејќи ја да напише уште една книга со повеќе практични и детални совети како нејзе ѝ успеало во тоа. Па така сега, во „Подарокот“, Егер се осврнува на исцелувањето и ни дава многу корисен прирачник кој нежно нѐ охрабрува да ги промениме своите мисли и однесувањето кое нѐ прави затвореници на минатото.
Егер објаснува дека најлошиот затвор за неа не бил затворот во кој ја сместиле нацистите, туку оној што таа самата го создала за себе – затворот на нејзиниот ум. Потоа ги опишува дванаесетте најзаробувачки проблеми со кои се соочила – како, страв, тага, лутина, тајни, стрес, вина, срам и одбегнување – и алатките кои ги открила за справување со овие универзални предизвици.
Со многу емпатија, стручност и хумор, Подарокот ќе ви даде охрабрување и совети за да се ослободите од сопствените затвори и да уживате во животот.
-
-
Подвижна гозба
0300,00 ден„Ако сте имале среќа во младоста да живеете во Париз, подоцна каде и да ве однесе животот, тој ќе остане во вас, бидејќи Париз е подвижна гозба.“
Во овие мемоари – објавени постхумно, во 1964 година − Хемингвеј се навраќа кон своето помладо јас, во времето кога бил непознат писател кој секојдневно талкал низ париските ателјеа, музеи и кафулиња, обидувајќи се да се пронајде како писател. Главните ликови што се провлекуваат низ овие дваесет приказни се денес култните имиња на уметноста и културата на раниот XX век: Френсис Скот Фицџералд и неговата сопруга Зелда, Силвија Биџ и книжарницата „Шекспир енд компани“, незгодната Гертруда Стајн, благородниот Езра Паунд, вечно пијаниот Жил Паскин, Форд Медокс Форд, Џејмс Џојс и ред други. Книгата „Подвижна гозба“ е еден од најпознатите и најомилените прикази за Париз во дваесеттите години на минатиот век – темел за низа други дела, каков што е филмот „Полноќ во Париз“ од Вуди Ален.
-
Подоцна
0390,00 денПОНЕКОГАШ РАСТЕЊЕТО ЗНАЧИ СООЧУВАЊЕ СО ТВОИТЕ ДЕМОНИ
Синот на една самохрана мајка, Џејми Конклин, сака обично детство. Но, тој не е обично дете. Роден со натприродна способност, за која мајка му му вели да ја чува во тајност, Џејми може да го види она што никој не може да го види и да го дознае она што никој друг не може да го дознае. Цената на користењето на оваа способност е повисока од она што тој може да си го замисли – и Џејми го открива тоа кога детективка од њујоршката полиција ќе го вовлече во потрага по убиец, кој се заканува да нападне од зад гробот.
„Подоцна“ е најдоброто од Стивен Кинг, застрашувачка и емотивна приказна за изгубената невиност и предизвиците што го тестираат нашето чувство за добро и погрешно. Со ехо од неговиот класик „Тоа“, овој роман е моќно и незаборавно истражување на она што е потребно за спротивставување на злото со сите негови лица.
-
Позајмени сништа
0300,00 денМу должиш на детето во тебе да се бориш за неговите соништа, му вети, се сеќаваш?
Понекогаш посакувам да се вратам во минатото, но не за да ги променам работите, туку да ги почувствувам по втор пат. Верзијата од него што таа ја креираше во нејзиниот ум, не е негова одговорност.
Тејлор ја уништи бајката во која Еден живееше со години. Егоистичен, брутален, но никогаш доволно искрен за постапките кои мораше да ги направи шест години претходно. Сè уште ја посакува, а таа е крајно недостижна. Неговиот ноќен живот и забавите не се некое ветување за созреана личност. Кој ќе биде „тригерот“ да го натера да застане на сопствени нозе?
И тогаш сонот се заплеткува со реалноста. Секоја вечер продолжува каде што застанал. Дали ја имаме таа моќ да управуваме со него или тој е дел од мислите што го окупираат нашето секојдневjе? Што кога и двајцата се присутни во истиот сон и свесно одговорни за секоја постапка која ја преземаат?
-
Поканата
0450,00 денГо запознав Хадсон Ротшилд на свадба. Неочекувано имав добиено покана за во еден од најелитните ресторани во градот. Хадсон беше кумот и веројатно најпрекрасниот маж кој некогаш сум го видела. Ме покани да танцуваме, а хемијата помеѓу нас беше неопислива, речиси нереална. Знаев дека не беше добра идеја да се плеткам со него со оглед на тоа на чија свадба се наоѓав. Но конекцијата беше ненормална и одлично си поминував.
Но забавата нагло запре кога Хадсон сфати дека не сум таа што реков дека сум. Видете вака, во врска со неочекуваната покана што ја добив. Па, таа всушност не ми беше испратена мене – ѝ беше испратена на мојата бивша цимерка, која ме зезна за киријата за последните два месеци и побегна некаде сред ноќ. Сметав дека ми должеше барем едно добро скапо излегување, но технички, бев падобранец на свадбата. Па кога бев разоткриена, побегнав најбрзо што можев. И мислев дека успешно избегнав проблем… сѐ додека не ми текна дека си го оставив мобилниот на масата. Погодете кој го нашол?
Тоа е лудата приказна за запознавањето со Хадсон. Но верувајте ми, ова не е ништо во споредба со сѐ што следеше.
-
Поканата,
0590,00 денТешко на секој што ќе ја прими…
Во текот на продолжен викенд на Алпите, Марла Линдберг прифаќа покана за петгодишнина од матурата. Но брзо по пристигнувањето сфаќа дека постои само едно поопасно нешто од напуштањето на изолираниот планински хотел ноќе, на подмрзаниот снег, а тоа е… да не го напушти.
Спомените на Марла се кристално јасни: чудната порака што ја намамила во напуштена породилна клиника. Ликот што се обидел да ја убие. Страшната кашлица со граден свиреж на психопатот за време на борбата за живот.
По години психотерапија, високо интелигентната млада жена сега знае дека сето ова се само лажни спомени. Марла страда од прозопагнозија, односно нарушување на перцепцијата за човекови лица што води до неспособност за препознавање ликови. Во екстремни ситуации, нејзиниот мозок си игра со неа, обидувајќи се залудно да ги препознае луѓето по нивните лица.
Кога Марла ја добива поканата за собирање на класот на Алпите, таа се надева дека средбата со старите другари ќе ѝ врати убави спомени. Кога пристигнува во завеаниот планински хотел, сите соби се веќе зафатени. Каминот гори, има чинии на масата, но таму нема никој. Почнува да ги бара останатите. И тогаш повторно ја слуша. Таа морничава кашлица со граден свиреж, во студениот мрак…
-
Поклони се и почни
0250,00 денПоклони се и почни“ е ведра, игрива сликовница за заедништвото, забавно поттикнување на децата (и животните!) да учествуваат во најразлични собирања и прослави по секакви поводи – „раѓањето на десетмилијардитото ливче во шумата“, во конкретниов случај. И кога знаат и кога не знаат да пеат, да играат, да пишуваат песни и да римуваат, децата треба да се собираат како и животните од сликовницата (штурчето Свирче, богомолката Богдана, бумбарот Јакоб, дабарот Дрварко и црвеношиестиот валаби), бидејќи шансите да го научат она што го сакаат се многу поголеми кога околу нив има повеќемина што можат да помогнат. Или барем само да слушаат. Односот помеѓу штурчето Свирче, главниот херој во сликовницата, кое сака а не знае да пишува во рима и дабарот Дрварко кому не му е гајле за рима а одлично ја владее, е прекрасен пример за волшебната моќ на дружбата. На крајот од сликовницата има и работен додаток за совладување на римите, така што сите, и ликовите и читателите, излегуваат од оваа духовита, несекојдневна книга на Владимир Лукаш и Љубиша Камењаров оспособени за дружење и… римување.
„Поклони се и почни“ е симболичен поттик за секое дете да го земе микрофонот на своите желби в раце и да ја започне забавата на детството по сопствена мерка. Како вистинска, среќна „ѕверка“!
-
Покорувајќи го војводата
0500,00 денТаа ја ризикува својата иднина за него, а тој го губи своето место во историјата заради неа.
Англија, 1879 година. Анабел Арчер, брилијантната но сиромашна ќерка на селскиот викар, се изборува за место во првата група студентки на Оксфорд. За да возврати за добиената стипендија, мора да го поддржува движењето за глас на жените. Нејзина должност: да ги придобие мажите да се залагаат за женските права. Нејзина цел: Себастијан Деверо, студениот и тврдокорен војвода од Монтгомери кој ја води британската политика под контрола на кралицата. Нејзин предизвик: да не попушти пред моќната привлечност на војводата, која е невоможно да се игнорира.
Но ниту тој не може да остане рамнодушен, колку и да се убедува дека му е потребна сопруга со ист социјален статус и со наследство. Умешниот стратег потклекнува пред зелонооката Анабел…
Растргната меѓу љубовта и волјата за слобода, Анабел ќе открие што е потребно за да се покори еден војвода.
„Данмор го доловува духот на ерата со блескава живост, разбивајќи ги стереотипите за викторијанска Англија, запознавајќи нè со група извонредни жени кои одбиваат да живеат како случајни минувачи во своите животи.“
Ентертејмент викли
„Шармантно, заводливо и апсолутно возбудливо – токму како што треба да изгледа една историска романса!“
Паблишерс викли
-
Поларна светлина
0420,00 ден„Поларна светлина“ е првиот том од трилогијата „Темната граѓа“ (оригинален наслов His Dark Materials). Делото е напишано уште во 1995 година и е добитник на многу награди, а од 2019 година е и критички и комерцијално успешна серија на Би-би-си и Ејч-би-о. Денес, романите на Филип Пулман се сметаат за модерни класици на детската литература.
„Без детето, сите ќе умреме.“
Лира Белаква и нејзиниот дајмон живеат разуздан и безгрижен живот меѓу професорите на Колеџот „Џордан“ во Оксфорд.
Судбината ќе ги однесе во далечните, смрзнати предели на Арктикот, каде што вештерски кланови се борат меѓу себе, а поларните мечки имаат свое кралство.
Невообичаеното и возбудливо патување на Лира ќе има огромни последици, што ќе ги надминат границите на нејзиниот свет…
-
Полиња со диви нарциси
0250,00 денПисмото што останува непрочитано во џебот на едно палто е причина за едно долго патување кон секој изминат и иден миг од животот. Сто и осум жолти ливчиња со непромен- ливата порака: Разбуди ме. Страниците од дневникот, испишани во потрагата по себе, се единствената нишка во лавиринтот на љубовта и неверството. Митови што еманираат од нашето најсекојдневно постоење. Доброволни прогонства и разделби ни ги отвораат портите кон вечно живите детства. Мириси што можат да ги разбудат најскриените агонии на животот, секогаш еден чекор пред нас. Како можеме да го најдеме она што ниту сме знаеле дека воопшто ни припаѓа. Противречноста на очекувањето. Да проникнеш во човекот е исто како тој да се роди повторно. Дали тоа, што еднаш суштински се скинало, може совршено да зацели?
Најновиот роман на Винка Саздова, Полиња со диви нарциси, е необична приказна за едно неверство. Особено восхитуваат веќе докажаното мајсторство во монтажата на нарацијата и суптилната инверзија во која ни се откриваат ликовите. Староста преку младоста, минатото преку иднината. И едното и другото судбински вкрстени во вечното сега.
