-
БОНТОН ЗА ДЕЦА (ПРАВИЛА ЗА ДОБРО ОДНЕСУВАЊЕ)
0350,00 денСо оваа книга ќе научиме бонтон, односно правила за добро однесување.
-
Заврти боја и облик
0390,00 денКвизот содржи табла со бои и форми и ротирачки стрелки за избор на жетон со добиената боја или форма, жетони со различни бои и форми и 12 картички со задачи. Играчите најпрво ги вртат сите картички надолу, а потоа секој од нив извлекува по една картичка на којшто е фигурата што треба да ја направи. Играчот ја завртува или стрелката со форми или со бои, и на тој начин определува што може да извлече од она што му е потребно да направи фигура со картичките.
-
А ЗОШТО?
0200,00 денЗошто Сани и Стела сакаат да дојде ноќта?
Зашто се собирачи на ѕвезди! А зошто? „А зошто?“ е бескрајна игра на прашања. Колку повеќе „А зошто?“, толку повеќе одговори. Да ги одговориме и да ги запишеме сите љубопитни прашања! А зошто? Затоа што со секое „А зошто?“ стануваме собирачи на знаења.
-
Херој-Р.Бирн
0450,00 денОва е приказна зошто сте овде на планетата Земја.
На некој начин сте посебни. Сте се родиле за да станете некој и да се занимавате со нешто според коешто сосема ќе се разликувате од другите седум милијарди луѓе. Постои живот што би требало да го живеете и патување на кое треба да тргнете. Оваа книга зборува за тоа патување.
Дванаесет исклучителни современици ќе ви ги раскажат своите на изглед неверојатни приказни и ќе ви покажат дека сте се родиле со сé што ви е потребно за да го остварите својот најсјаен сон, дека со тоа ќе ја исполните својата мисија и буквално ќе го промените светот.
Некогаш живеел херој. -
Малерите на Макс Крамбли – Хаос во основното училиште
0270,00 денО не, Макс Крамбли повторно се најде во незгода. Вториот дел од серијалот за вашиот омилен палавко.
-
Малерите на Макс Крамбли – Херојот од шкафчето
0270,00 денМАКС КРАМБЛИ ЌЕ СЕ СООЧИ СО најстрашното место каде што некогаш бил: основното училиште „Саут Риџ“.
Има многу одлични работи во новото училиште, но има и еден голем проблем – Даг, училишниот силеџија, чие хоби е да го затвора Макс во неговото шкафче. Кога само Макс би можел да биде како херојот во неговиот омилен стрип. За жал, необичната, речиси натчовечка способност на Макс да намириса пица на оддалеченост од еден блок не може да спаси нечиј живот или да ги победи лошите момци.
Но, тоа не значи дека Макс нема да го стори сѐ што може за да биде херој каков што му е потребен на неговото училиште!! -
Проклетството на Палмизанови
0400,00 денТој имаше право: црешите повторно ќе расцутат и ќе даваат сочни плодови. повторно ќе се врати времето на црешите, без оглед на драмата, што таму некаде ја проживуваат синовите на проклетата апулија.
Пред крајот на Првата светската војна, меѓу маслинките и лозјата во едно зафрлено селце на југот на Италија, две жени одлучиле да ја сменат судбината на тукушто родениот Витантонио Палмизано, надевајќи се дека така ќе го заштитат од семејното проклетство и смртта за време на војна. Како дваесет и прв во редицата машки во фамилијата Палмизано, Витантонио го замениле по раѓањето и го воспитувале како брат близнак на Џована Конвертини, родена истиот ден во една од најбогатите фамилии во Апулија. Витантонио и Џована заедно растеа, врзани со тајната, а војната изгледа како некој далечен, одамна заборавен кошмар.
Ама облаците на новата, уште покрвава Втора светска војна се појавуваат на хоризонтот и се закануваат да уништат сè што една храбра и пожртвувана мајка се обидела да зачува. Палмизанови е италијанска трагедија, што се одвива меѓу владеењето на Мусолини и надежите за ослободувањето, запишана од мајсторското перо на реномираниот каталонски писател Надал…
Незаборавна сага за две семејства и за едно момче кое се бори против судбината… Приказна за пријателството, војната, соперништвото, за невозможната љубов на двајца кои веруваат дека се брат и сестра. -
Последниот воз за Истанбул
0220,00 денОД ИСТАНБУЛ И МАЈСЕЈ, АНКАРА И КАИРО ПА СЕ ДО ПАРИЗ И БЕРЛИН, ОВА Е ПРИКАЗНА ЗА ЉУБОВТА И БЕГСТВОТО, ИСПРЕПЛЕТЕНА СО ИСТОРИЈАТА НА ЕДЕН ОД НАЈРАЗБРАНУВАНИТЕ ПЕРИОДИ ВО ЕВРОПА…. ,, Кога Селва, ќерката на еден од малубројните преостанати отомански паши, се вљуби во Рафаел, младиот Евреин, нејзиното семејство му се противи на бракот и ја отфрла. Решени да започнат нов живот, Селва и Рафаел заминуваат за Франција, меѓутоа, среќата и таму им го врти грбот.Почнува Втората светска војна, а младите љубовници ќе бидат вовлечени во ужасите на Хитлеровата идеологија. Додека нацистичката мрежа се стега околу нив, тие живеат во постојан страв дека ќе бидат фатени и испратени во концентрационен логор. Во исто време Турција и очајнички се обидува да избегне да биде вовлечена во војната, внимателно балансирајќи меѓу силите на Оската и Сојузниците….” Проткаена со волшебните мириси на Истанбул и мистичната атмосфера на Истокот, ова е приказна посветена на сите обични луѓе, неопеани херои кој заради идеалите ги ризикуваа животите.
-
Кој сака да биде космонаут?
0200,00 денПисателот за деца и млади со своите стотина објавени книги наменети за нив, авторот на десетина книги за возрасните читатели, хумористот и сатиричар Александар Кујунџиски продолжува со потрагата по нови творечки хоризонти (и вертикали!) по планетата Земја; и не само по неа…
Неговата јубилејна 120-та книга, публикувана во 70-тата година од животот на авторот, под наслов „Кој сака да биде космонаут?“, посветена на децата од предучилишна и од рана училишна возраст, претставува мини-роман со макси-творечки новитети. Публикувана во Библиотеката МК (С)ликовници, таа пленува со својата необична и ретковидена концепција, со духовитоста и со инвентивноста на сториите, но и со прекрасните недовршени илустрации со кои и децата стануваат дел од содржината и од создавањето на убавината.
Илустрациите во неа се дело на познатиот ликовен уметник и илустратор Жарко Туниќ, а нивната надградба може да стане дело на идните проследувачи и коавтори на ова оригинално издавачко остварување.
-
Завети
0700,00 ден„Нашето заедничко време, читателу, се приближува кон крајот. Веројатно на овие мои страници ќе гледаш како на кревка кутија со богатство, која треба да се отвори со крајна внимателност. Веројатно ќе ги искинеш или ќе ги запалиш: тоа често им се случува на зборовите.“ „Во рацете држиш опасно оружје наполнето со тајните на три жени од Галад. Тие ги ризикуваат своите животи заради тебе. Заради сите нас.“ „Пред да влезеш во нивниот свет, наоружај се со овие мисли: Знаењето е моќ и Историјата не се повторува, но се римува.“
-
АЗБУКА БОЕНКА (СТЕЛА И САНИ)
0199,00 денА како авион, или Б како бубамара, сите букви
во боенкава прават шара.
Обојте ги буквите и научете нов збор!
Стела и Сани помогнаа да се одберат зборовите,
а вие забавувајте се со нивно боење! -
Малата црвена кокошка
0315,00 денЗапознајте се со сите животни од фармата преку оваа интересна приказна. Преку звучниот модул, вашето дете може да го слушне текстот од секоја страница и самостојно да ужива во приказната.
-
ПОВТОРНО ОТКРИВАЊЕ НА ЖИВОТОТ
0250,00 денМногу ретко се појавува книга што може вистински да ви го промени животот. А Повторно откривање на животот е една од нив.
Ентони де Мело е еден од најголемите духовни автори на XX век чие учење го обиколи светот. Повторно откривање на животот е неговото последно дело, напишано според предавањето што го одржал само неколку месеци пред смртта. Во него тој ни укажува како да ја спознаеме подлабоката смисла на животот и да најдеме едноставни решенија што ќе нè ослободат од негативните чувства – осаменост, гнев, тага или депресија. Со други зборови, Де Мело ни нуди нов светоглед што ќе ни го преобрази животот.
Повторно откривање на животот е еднакво безвременска и сочувствена книга како и класиката Будење. Книга што ќе ве направи свесни за убавините на човечкото постоење и ќе ве научи да ги гледате насекаде околу себе.
-
-
Украдени души
0400,00 ден#2 Дора Гудмундсдотир
Зимата 1945 година. Четиригодишно девојче е затворено во чуден отвор во дворот на својата куќа. Како овој настан, шеесетина години подоцна, во 2006 година, е поврзан со две свирепи убиства – игли во стапалата на телата, детски плач што се слуша во маглата, коски во скриениот бункер за јаглен?
Клиентот на адвокатката Дора Гудмунсдотир сака да ги тужи претходните сопственици на земјиштето на кое се наоѓа неговиот хотел, за кое тврди дека е опседнато од духови. Не верувајќи во натприродни сили, Дора оди во посета на неговиот „њу ејџ“ хотел на полуостровот Снајфелснес. Таму, таа и нејзиниот љубовник Матијас стануваат сведоци на една мистерија. Архитектката што работела за сопственикот на хотелот е брутално силувана и убиена. Тој е обвинет. Два дена подоцна, убиен е уште еден човек. Во обид да го расветли случајот, Дора влегува во заплетканата историја на семејството на двајцата браќа што живееле на имотот. Растргната помеѓу нивната и сопствената семејна приказна, во која таа е самохрана мајка на четиригодишна ќерка и на шеснаесетгодишен син што наскоро треба да стане татко, Дора не се откажува од расветлувањето на случајот. Возбудлив трилер сместен во карпестите исландски пејзажи.
-
Ереб
0450,00 денЕРЕБ е игра. Таа те набљудува, разговара со тебе,
те наградува, те проверува, ти се заканува…Ник е опседнат со Ереб, компјутерската игра што во неговото училиште се пренесува од рака на рака. Правилата се многу строги: секој има само една можност да одигра. Притоа мора да биде сам и за Ереб не смее да зборува со никој. Кој ќе ги прекрши овие правила или нема да ги исполни задачите, отпаѓа од игра и повеќе не може да почне пак. Најнеобичниот дел е што задачите на Ереб, мора да се исполнат не во виртуелниот, туку во вистинскиот свет.
Кој е всушност Ереб и што бара од играчот? Може ли Erebos, Богот на подземјето да убива? Дали мртвиот автор преку играта што ја измислил имал намера да убие за одмазда?ЦЕЛТА НА ЕРЕБ Е ДА УБИВА!
„Трилер на годината“ ‒ Die Zeit
„Волшебен роман за млади за опасностите што ги крие виртуелниот свет“ ‒ Brigitte Magazine
„Исто како што играта ги опседнала главните ликови на овој роман, така и нас оваа книга нѐ маѓепса и не ја испуштавме од рака додека загатката не беше разрешена“