-
Лебарки
0500,00 денСѐ додека има болка, ќе има и живот.
Во еден сомнителен мотел во Бангкок е најдено телото на норвешкиот амбасадор во Тајланд, прободено со ритуален нож. Дали бил жртва на грабеж или се работи за убиство од политички причини? Обидувајќи се да избегне скандал, Осло го праќа мамурниот инспектор Хари Хуле на специјална задача. Набргу тој талка по бангкокшките улички помеѓу опиумските дувла, храмовите, рекламите за туристи, малолетниците што се проституираат и го-го баровите.
Сите кријат нешто и истрагата тапка во место. Кога Хари ќе дојде до една сомнителна снимка, работите уште повеќе се комплицираат. Можните сведоци ненадејно исчезнуваат и трагите не водат никаде. Но неуспехот во расветлување на убиството не е единствената казна што може да ги најде непретпазливите. Зад мрачните ѕидови на градот владее подземен свет на високи финансии, меѓународна шпионажа и педофилија.
Има ли некој комушто Хуле може да му верува во непознатиот град?
„Несбе цврсто управува со сложеното дејство и драмскиот развој на ликовите, но особената привлечност на овој роман е што Хари Хуле совршено се вклопува во живописната реалност на Бангкок и Тајланд, иако Несбе го префрлил во крајно ненорвешко опкружување.“
– Индипендент
-
Левораката дама
0280,00 денСега и филм на „Нетфликс“ со Мили Боби Браун, Хенри Кавеил и Хелен Бонам Картер!
Енола Холмс е во бегство! Зад петиците ù е, ни помалку ни повеќе, туку нејзиниот постар брат, Шерлок Холмс. Сепак, додека се обидува да му измолкне на легендарниот детектив – во најголемиот, најмрачниот и највалканиот град на светот – таа ги открива неочекуваните цртежи на Леди Сесили, што ù оставаат силен впечаток. Но, Леди Сесили е исчезната без трага. Храбро трагајќи по левораката дама низ темните улици на Лондон, Енола ризикува повеќе од што треба. Ги ризикува сопствениот идентитет и сопствениот живот, во случај многу покомплексен од обично исчезнување на една леворака дама.
„Левораката дама“ е втората книга од серијалот „Мистериозните случаи на Енола Холмс“ од веќе признаената авторка Ненси Спрингер – совршена приказна за вљубениците во Шерлок Холмс, детективската фикција и мистеријата.
-
Лејла
0420,00 денОд број 1 авторката на бестселери на „Њујорк тајмс“ – Колин Хувер – ни доаѓа роман што го истражува животот по трагедија и неуништливиот дух на љубовта.
Кога Лидс ја запознава Лејла, уверен е дека со неа ќе го помине остатокот од животот – сè додека не доживуваат неочекуван напад што таа едвај го преживува. По неколку недели во болница, Лејла закрепнува телесно, но емоционалните и менталните лузни ја менуваат жената во која се вљубил Лидс. Сакајќи да ја спаси нивната врска, Лидс ја носи во пансионот во кој се запознале. Но, кога ќе стигнат таму, нивниот однос доживува чуден пресврт. А тоа е само една од многуте необјасниви појави. Чувствувајќи дека се оддалечува од Лејла, Лидс набрзо пронаоѓа утеха во Вилоу – уште една гостинка во пансионот со која го поврзуваат заеднички проблеми. Како што расте интересот на Лидс за Вилоу, неговата одлука да ù помогне да најде одговори го доведува во опасност здравјето на Лејла. Лидс набрзо сфаќа дека мора да избира меѓу Лејла и Вилоу, бидејќи не може да им помогне на двете. Но, доколку донесе погрешна одлука, тоа би можело да биде погубно за сите.
-
Лејла и Танчар
0250,00 денЛејла не може да поверува на својата среќа поради тоа што оди во Академијата за еднорози! Го обожава својот бодар еднорог, Танчар, иако премногу се плаши да скока и да јава брзо како нивните пријатели.
Кога дрвјата околу Волшебното езеро ќе почнат да умираат, Лејла мора да собере храброст и да го поведе Танчар во возбудлива авантура за да го најдат лекот!
-
Леле каков гостин
0200,00 денЕдно палаво гостинче ќе ѝ дојде на Биби во посета. Таа е возбудена и сака заедно со Боби да му покаже што се прави додека е дома. Но, гостинот е немирко и не знае да се однесува убаво. Да не ве потсетува ова однесување на некого? Па, да, тоа е диносаурусчето Даро! Јееј!
-
Леонардо да Винчи
0250,00 денРоден на 15 април 1452 во Винчи, Италија, Леонардо да Винчи бил отелотворување на поимот „ренесансен човек“. Надарен со љубопитност и остроумност, Да Винчи ги истражувал природните закони, што влијаело на неговата работа како сликар, скулптор, архитект, изумител, воен инженер и технички цртач. Неговите идеи и дела – што ги вклучува „Последната вечера“ и „Мона Лиза“ – извршиле влијание на безброј уметници, а Да Винчи го зацврстиле на водечката позиција во италијанската ренесанса.
Oва извонредно забавно биографско дело дава одлично оформена слика за животот и особините на еден од најголемите умови во историјата. Генијалноста на неговите замисли одекнува низ понорот на вековите, а со оваа светски популарна книга веројатно ќе дознаете и зошто.
-
Лепчето што расте
0350,00 денОд сон сите дечиња
мирис сладок ги буди –
баба златни печива
на масата им нуди.
Ѓевречиња, кифлички,
меки кроасани,
пеат низ кујната
од сите страни! -
Лесната принцеза
0159,00 денМногу добро е познато дека на новородена принцеза може да и биде фрлена клетва, особено ако нејзините кралски родители заборават на крштавањето да поканат важен роднина со волшебни моќи. Но, никогаш не се чуло за таква клетва каква што ќе биде фрлена на Лесната принцеза. Освен што нема гравитација, таа не умее да сфати никого сериозно. Уште полошо, таа може да биде оддувана и од најмалото ветре! Но, дали може убавиот принц да и помогне да застане на земја?
-
Лесни пари
0490,00 денКога ќе го промените начинот на размислување за парите, ќе го збогатите сиот свој живот.
Прекуглава ви е да живеете „од плата до плата“? Се чувствувате заробени од трошоците што секој месец ви се натрупуваат? Се прашувате како некои луѓе живеат финансиски спокојно и слободно, додека други остануваат заглавени?
Cè започнува од начинот на размислување. Cè додека не ги промените вашите мисли, чувства и однесувања околу парите, ќе продолжите да чекорите по истиот пат и ќе ги добивате истите резултати.
Црпејќи од разговорите со врвни финансиски експерти во емисијата „Школа за извонредност“, од најновите истражувања за психологијата на парите и од неговото лично искуство на патот до успехот, Луис Хаус ви нуди практични совети и нова перспектива што ќе ви помогнат да стекнете вистинска финансиска сигурност и изобилие.
Луис ќе ви открие како да го откриете вашиот „финансиски стил“, да го поврзете начинот на размислување за парите со вашата значајна животна мисија и да изградите 7 клучни финансиски навики за мир и слобода. Со овие алатки, ќе можете да создадете онолку богатство колку што сакате – без разлика на вашите околности.
Ова не е само уште една книга за финансии или инвестирање. Ова е книгата што ви е потребна за да станете свесни за вашата вредност за да можете да заработувате повеќе и да го создадете изобилието што го посакувате.
-
ЛЕСНИОТ НАЧИН ДА ПРЕСТАНЕШ СО ПУШЕЊЕ
0450,00 денСекој може да се фати во замката на зависноста. И секој може исто толку лесно да се ослободи од неа.
Зависноста е самотно место. Кога ја отстрануваш од своите навики, не се „откажуваш“ од ништо. Откажувањето подразбира некаква загуба. Во овој случај, ти имаш само придобивки.
Научи како да имаш целосна контрола врз својот живот. Потребен ти е само лесниот метод на откажување – не само од пушењето туку и од сите негативни навики што му штетат на твоето здравје. Алкохолот, долговите, коцкањето, рафинираниот шеќер… сè што создава зависност.
Ален Кар бил страстен пушач повеќе од 30 години. Во 1983 година, по многу неуспешни обиди, престанал да пуши без никаква мака, без употреба на цврста волја и без да се здебели. Така го открил лесниот начин за откажување од пушењето и почнал да го шири низ целиот свет претворајќи го во своја мисија. Тој го разоткрива митот дека пушачите уживаат во пушењето, дека тоа е личен избор, дека ослободува од стрес и опушта. Тој ни покажува што точно стои зад сето тоа – вистинските причини поради кои луѓето почнуваат да пушат и не престануваат, како и јасен метод за брзо и безболно откажување.
Објавена на 40 јазици и продадена во над 14 милиони примероци, оваа книга е светски бестселер токму заради нејзината моќ. Зошто да не ја примениш и ти?
„Поинаков пристап за загарантиран успех.“
„Сан“
„Оваа книга е просветлувањето што ме ослободи од зависностите.“
Ентони Хопкинс
-
Летна романса
0470,00 денДОБРИТЕ СТРАНИ НА СЕКОЈА ЛЕТНА РОМАНСА:
секогаш е слатка, секогаш е кратка и никој никогаш не завршува со скршено срце.Нема доволно стаклени тегли на светот за да го соберат хаосот што ѝ се случува на Али Морис. Мајка ѝ почина пред две години, сопругот ја напушти, а таа не памети од кога нема облечено панталони со патент. Заработува = организирајќи ги туѓите домови, а нејзиниот е катастрофа.
Дента кога одлучува да го извади венчалниот прстен и да ги смени старите тренирки (комбинезонот се смета за пристојна облека, така?), го запознава Итан. Поточно, нејзиното куче го избира одбележувајќи го, помочкувајќи му се на ногата. Тој прави таа да се чувствува помлада и похрабра – како поранешната Али, а не како изморената, збунета самохрана мајка на три деца. Сега најмалку посакува да ѝ се искомплицира животот, но една невина летна романса никогаш никому не наштетила, така?
Забавен, лесен, а длабок роман, кој нè потсетува како да испливаме од животните неволји, да наоѓаме задоволство во малите работи и да направиме простор за љубовта.
-
Летниот непристоен предлог
0490,00 денГо запознавам на состанок на слепо. Макс Јервуд е неверојатно згоден и забавен и ги има најубавите дупчиња на образите. Хемијата меѓу нас е неспоредлива… Но во тој миг доаѓа личноста со која, всушност, требало да се сретнам. Какво разочарување!
Пред да си замине, Макс ми остава билет за хокејски натпревар. Се обидувам да уживам во состанокот со договорениот маж, но никако не можам да престанам да мислам на Макс. Одејќи си, одлучувам да отидам на натпреварот и да си ја пробам среќата. Но седиштето до моето е празно! Во мигот кога се свртувам да си одам, еден од тимовите дава гол и целата публика спобудалува. На екраните го даваат лицето на играчот што го постигнал голот. Иако носи кацига, се стаписувам кога се насмевнува – нема шанси да ги утнам тие дупчиња на образите. Не ме поканил заедно да гледаме натпревар, туку да го гледам како игра.
Така започнува нашата луда авантура, со многу смеа, секс и нови предизвици. Но има еден проблем – Макс се сели во нов тим за неколку месеци. Ми предлага да го поминеме летото заедно и да ми помогне да го заборавам бившиот. Може ли врската да стане сериозна кога е со рок? Планот не е лош, но знаете што велат за плановите…
-
Лето во Тоскана
0500,00 денПолина Фонтана е жизнерадосна старица која со години е отуѓена од своето американско семејство. Но сега ги поканува своите правнуки Емилија и Лучана да ја придружуваат на патувањето во нејзината родна Италија. Им ветува дека на нејзиниот осумдесетти роденден ќе ја сретне љубовта на својот живот на скалите од катедралата Равело и ќе стави крај на проклетството што ги следи сите второродени ќерки во семејството Фонтана.
Проклетството веројатно е само обична случајност, древен мит. Сепак, неоспорно е дека со векови, ниту една второродена ќерка во семејството Фонтана не пронашла љубов.
Што би се случило ако се растури клетвата? Дали Емилија и Лучана ќеуспеат да ја најдат својата вистинска љубов? Покрај кривулестите венецијански канали, на тосканските полиња и во волшебните селца на брегот на Амалфи, расцветуваат романси, се остваруваат судбини и се откриваат долго чувани семејни тајни – тајни кои се повознемирувачки од проклетството старо со векови..
-
Лето како во „Мама миа“
0390,00 денЛорел не ризикувала никогаш во животот. Сепак, како што се приближува летото, решена е да го направи она што никој не би го очекувал од неа. Инспирирана од музиката од омилената група АББА и уште поомилениот филм „Мама миа“, го зема пасошот и се качува на лет за Скопелос, подготвена да доживее летна авантура. Со звукот на брановитe, опкружена со прекрасни предели, Лорел го истражува островот и ужива во дружењето со ексцентричната сопственичка на шармантната вила во која е сместена. Волшебните зајдисонца, остриот вкус на виното, мирисот на морето, преубавите плажи: сето тоа и прираснува за срце. Меѓутоа, кога ќе се наметне прашањето за враќање во Лондон, ќе мора да донесе важна одлука…
-
Летото смени сѐ (Браќата О’Нил #2)
2450,00 денТемпераментната Французинка Елиз има опасно лош ден. Не само што ѝ пропаѓаат плановите за отворањето на нејзиното сакано бистро, туку, згора на тоа, и Шон О’Нил е вратен во градот. Тие двајца минатото лето поминале една незаборавна ноќ заедно… и спомените сега навистина ѝ отежнуваат на Елиз да се држи до нејзиното строго правило: „не повеќе од една вечер со маж“! Нејзината глава знае дека Шон ќе замине кога-тогаш, па не ѝ преостанува ништо друго, освен да пробува да го игнорира своето срце пред да експлодира од копнеж по него.
Од друга страна, враќањето во Вермонт – па макар и само привремено – е најстрашниот кошмар на хирургот Шон О’Нил. За него, враќањето во ресортот Снежниот Кристал значи принудно соочување со сите причини поради кои го напуштил, но особено со вината што ја чувствува за одбивањето на руралниот животен стил на неговото семејство пред многу години. Но дознавањето дека Елиз сега живее во Вермонт и дека од неа сѐ уште му зоврива крвта е добредојдена дистракција. Тој е во искушение да ја убеди на реприза од минатото лето, но истовремено, не може да заборави колку беа добри заедно и знае дека тоа ќе му го отежни заминувањето…
-
ЛИДЕР БЕЗ ТИТУЛА
0380,00 денПовеќе од петнаесет години најуспешните компании и најбогатите луѓе на светот ја применуваат формулата на Робин Шарма – еден од најбараните гуруа на денешнината. Оваа формула сега ви е достапна и вам, преку вдахновените пораки за тајните на успехот и личната среќа.Книгата Лидер без титула ќе ве научи:
-Да бидете исклучителни во својата работа, без оглед на функцијата што ја имате
-Да ја искористите секоја шанса во тешките времиња
-Да изградите одличен тим и да станете продавач број 1
-Да ги совладате тактиките за ментална стабилност и физичка снага
-Да се изборите со стресот, да размислувате позитивно, да ослободите енергија и да постигнете хармоничен живот
Без оглед на позицијата што ја заземате во компанијата и на моменталните околности во својот приватен живот, не заборавајте дека поседувате моќ да станете лидер. Оваа книга ќе ве научи како да ја стекнете оваа моќ и да го измените не само својот живот туку и светот околу вас.Дајте го својот максимум!„Од калуѓерот што го продаде ферарито до лидер без титула, Робин Шарма нè води по вистинскиот пат. Врзете се и уживајте во возењето“.Кевин Робертс, Сачи & Сачи
„Робин Шарма има ретка дарба да пишува книги што вистински им го менуваат животот на луѓето“.Ричард Карлсон
„Лидер без титула е книга што ќе ви го
